Не сум запознаена со Лајконет, ама физички производ не продаваат ниту осигурителни компании, па се млм. По ново има млм финансиски услуги нудат. Тоа што постои производ, ги прави легални. Тоа што врбуваат луѓе, затоа што само од продажба, без мрежа под себе немаш ќар, ги прави неетички. Многу луѓе изгубиле пријателства поради тие политики на "поддржете го мојот мал бизнис" и "зачленете се" замарања и напнувања. На повеќе од еден семинар сум била да ти кажам, пак, поради х и у причини, језив е "говорот" еднаков на "мотивациони говорници". Брда и долини и тако даље. Не знам за сите млм, пак ќе кажам, зборувам за најмалку две - вака е, за третата не сум 100% сигурна.
Абе доста за други ми збориш Не те прашувам за други, темава не е за други, темава е млм. Што ти е човече? Да, не сум работела на црно, не фрлам ѓубре на улица, на црвено не поминувам, на пациенти немам што да им нудам (а чаеви сигурно не се лек и треба да си тотално идиот да не ги лекуваш со - лекарства), совршена не сум сигурно, ама намерно да правам и правдам неетички и нелегални активности, не, не го правам тоа Туку зошто не си купиш приватно здравствено? Од исто млм колеги. Озбилно те прашувам. Или доброволно, некои 2-3000 е. Зошто би плаќал приватно кога има сосема легални начини (што не се "невработен" во аврм)? Едит: ден денес работам хонорарно + од редовниот работен однос, ме плаќаат на сметка со одбиени 10%
Ова е веќе поконструктивно мислење од претходните. Еве што ми одговори ChatGPT на прашањето дали MLM компанија која продава производи е легална и етичка. A multilevel marketing (MLM) company that sells legitimate products and operates within the boundaries of the law is generally legal in many countries, including the United States. Whether or not such a company is ethical depends on its specific practices and business model. If an MLM company that sells products prioritizes product sales over recruitment, provides its members with adequate training and support, offers fair compensation plans, and is transparent about the potential risks and rewards of joining the business, it can be considered ethical. However, if an MLM company relies heavily on recruitment and prioritizes it over product sales, engages in deceptive practices or makes false income claims, or pressures members to purchase large quantities of products, it may be considered unethical and potentially illegal. In conclusion, while MLMs that sell products can be legal and ethical if they follow best practices and operate within the boundaries of the law, it's important to research the company and evaluate its specific practices before getting involved to ensure that it aligns with your values and goals. Значи, најчесто она што ги прави неетички, се дел од луѓето во неа. Јас не практикувам да лажам луѓе, ниту да им ветувам брда и долини. Секој што купува од мене и работи со мене, дури добил повеќе од што јас лично сум ветил. Затоа велам, како систем е одличен, и се додека се работи по него, ќе биде најдобар за сите. Штом некој сака да се направи паметен и да го заебе системот, се руши све.
Па не знам колку е етички тоа што лажеш, и тврдиш нешто дека познаваш а не е така. За други ти правам споредба, како иначе да ти споредам предноста/сличноста на МЛМ во однос на другите? Работам во фирма плус, не се секирај, обезбеден сум и пензинско и здравствено. Лекарствата за посериозни болести можеби помагаат, ама за настинки и грипови и некои полесни заболувања се тотална превара. Епа и мене ме плаќаат на сметка со одбиени 10% и не гледам што е чудното тука. Проблемот го адресираш на погрешно место.
Дали си ти сопственик или прв човек под сопственикот во некој млм бизнис? Од таму ми е инфото. Што ТИ правиш е ТИ, ама одлуките за маркетингот, стратегиите, кој ги прави? Ако сопственикот на франшизата (ај добро знаеш дека се франшизи сите - Авон, Хербалајф, Фармаси, Тианде, Лајонес, Орифлејм...) претпочитува да лаже и обеќава мерцедеси, ти што сакаш прави, бизнисот е негов. Ако тој на основа на лажги и мотивациони говори, патувања и сличнимити веч виѓени лажни трикови од млм амерички реши да работи, ќе му ја смениш политиката, да биде почесна? Намерно избегнуваш прашање, пак еве прашувам - што треба да правам таму кај што ти правиш, за да заработам 700 евра бруто?
Еднаш приватно си плаќаш, еднаш работиш осигуран во друга фирма... ај ок. За настинка сигурно не ти препишале цитостатици, ама ајде, не е темата за тука.
Заради ваквиот став на некој како тебе оваа држава е дупка. Зашто не плаќате данок. А користите услуги. 10% не е данок од кој се полни пензиски фонд, здравствен фонд, образование и слично. А и како официјално невработен ти следува да користиш услуги на јавно здравство, јавни образовни институции и слично. Инаку МЛМ како бизнис модел е ОК. Ако поедицните потоа не сакаат преку леб погача и ако секој сам за себе потоа си плаќа данок (ама не само мочани 10% и да чекаш другите да платат 40% од нивниот бруто приход). А за да заработиш пристојно од МЛМ треба да си прилично агресивен во пристап на продажба. Во смисла нудење на производи, укажување на бенефиции и слично. Ах да и зачленување на нови членови.
Тие што повеќе ги интересира млм, можеби слушнале за LulaRoe. Има цели емиции за шемата и колкави проблеми тетки сузиња имале ради нив. Вака заврши тоа Според https://marketrealist.com/personal-finance/mlm-companies-to-avoid/ на листа на најлоши млм, први се 1. Хербалајф (ич незачудувачки), Останатите ги нема кај нас, ама чисто прочитајте си од што да бегате
1. Не постои такво нешто како сопственик на франшиза. Туку тој е директор/менаџер на ниво на држава. Денес може да биде он, утре може да биде некој трет. Ако одлучат да го сменат, или ако се откаже и слично. 2. Одлуките за маркетингот, маркетинг планот, стратегиите и настаните ги прави одбор на експерти на светско ниво, кои заедно одлучуваат што и како ќе се работи. 3. Ништо не се лаже на ниту едно предавање. Мотивационите говори за некои се добри, за некои се лоши. Да, ако работиш како што треба, се патува на места што просечниот МК граѓанин не може да си ги дозволи. 4. За да заработуваш 700 евра бруто, треба малку да се помачиш. Не очекувај да ги имаш во првата година, можеби и во првите две. Треба да вложиш време, пари и труд во едукација, комуникациски вештини, продажни вештини. Потоа, треба да ги запознаеш производите, да ги користиш, и своето позитивно искуство да го пренесеш на другите. Од 50 производи, тебе може 5 ќе ти бидат супер. Ако си задоволна, можеш да препорачаш, и да пробаат други луѓе, без да ги тераш со сила, и да ги лажеш. Ако сакаш веќе да почнеш да препорачуваш и да продаваш на други, треба да знаеш многу за производите, да читаш стручна литература (од компанијата, но и општа литература релевантна) и со тоа да ги знаеш сите предности и недостатоци на производот. Потоа, на потенцијален клиент, му ја даваш препораката за конкретно неговиот проблем или потреба. Ако се конзумираат според препораките, верувај дека ќе има ефект. Со овој начин на работење, можеш да стигнеш до некоја заработка 200-300 евра (од директна продажба). Тука највеќе замарање има за тоа колку ќар имаш, ќе бидам искрен. Потоа треба да се насочиш кон градење на мрежа, да ги учиш твоите соработници да го работат истото како тебе. Ако ти работиш добро, твоите ќе работат исто или приближно добро. Тие ќе бидат задоволни дека имаат добар ментор, ти ќе бидеш презадоволна затоа што имаш супер тим за работа. Треба да се држат обуки, семинари, разговори (јас 1 на 1 не практикувам, затоа што тоа ми е ептен лајонес муабет). Потоа добиваш пасивен приход (кој не е клати врата - зимај плата), според процентите во маркетинг планот но е супер ако се работи посветено и се следат правилата и препораките од компанијата. Да не го тупам многу, посложено е, ама на никој не му е во детали јасно. Може да се работи во цел свет (да се гради мрежа или само да се продава), па не сме ограничени само на МК. Тешко е, но функционира. До 700 евра се стига бруто, ако работиш посветено, барем 2 саата секој ден во просек (што ти кога сакаш ги работиш). Ако имаш мрежа под тебе што ќе работи како што треба, ќе направиш и многу повеќе од 700 евра бруто. На никој не му викам дека треба да даде отказ и да се посвети само на МЛМ. Али 700 евра бруто, за 50-60 саата од дома/кај сакаш и со кого сакаш е супер зделка да ти кажам.
Мојот социјален круг го немам изгубено, ниту планирам заради пари да го изгубам. Никој од моите пријатели не бил на презентација, ниту планирам да го поканам. А повеќето знаат што и како работам. Си работам со луѓе/клиенти што сакаат да работат или користат производи. Не се експонирам на социјални медиуми, ниту пак прикажувам лајфстајл што не го живеам. Ниту па коли, јахти и викендици ми се некаков предизвик.
Не се разбирам за тоа до толку. Мислам дека самата МЛМ компанија, пример ако е руска, дека од Русија се договараат да отворат фирма, на пример во МК. Некој од МК мора да е претставник/фигуративно лице, ама таа не е негова лична сопственост. Кај нас постои претседател/менаџер/како сакаш наречи го. Тој е директор, а не сопственик. Работи по строго утврдени правила, а не како него ќе му текне. Ако ја наруши политиката на компанијата, ќе лета уште истиот момент од фирмата. Македонија е незначителен пазар во однос на тоа колку промет се прави во другите земји. Дури и да го укинат работењето во МК, нема да им смени нешто значајно во однос на вкупните приходи на самата фирма. Само ние од МК мислиме дека светот се врти околу нас, или дека нас ќе не украдат, чипираат, наместат и слично. Ние сме тотално небитни кога се збори на светско ниво, во било која област/сфера!
Левел Јеховини сведоци, еве од некои уште не можам да се отарасам, ми вика ај на кафе и опа одма знаеш ако вака... ќе биде така...
Не, едноставно не ги интересира тој начин на работа. Инаку знаат за производите и они имаат користено производи дури и пред јас да почнам да работам. Од време на време си пазаруваат за нив или за нивните родители преку мене. Многупати и често јас сум подарувал производ. Не знам од каде таков заклучок. Јас користам, нема зошто јас да ти се правдам. Има приближно 100 производи, јас користам околу 10 постојано, а 20-25 вкупно периодично и по потреба. Нормално, не сите производи треба и сакам и имам потреба да ги користам. Производите се со врвен квалитет. Нема што јас да ти кажувам, си постојат сертификати, земи читај. Ти таков сертификат не можеш ни копија да извадиш, камо ли оригинал. Едноставно е, ако сакаш, повели, ако не сакаш, никој не те тера со сила. Барем јас не молам никого, ниту па зависам од посебни порачки. Инаку Камелија, работам и редовно во фирма, а работам паралелно и МЛМ, не знам што не ти е јасно.
Можеш до утре да не убедуваш дека вакви видови на работа е етички и во ред. На членовите од пирамидите на Лајонес им ветуваа јахти и луксузен живот. Гледам сите така живеат. Ама додека има овци, ќе има и волна.