Пирамидални шеми, мултилевел маркетинг...

Дискусија во 'Барање работа' започната од Lilit, 31 март 2023.

  1. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    957
    Системот си е супер, членовите во него го прават да не е. И тоа не сите. Не може ти да ме оцрнуваш мене, ради некој друг што те заебал. Разграничете ги тие две работи. Лајонес е измама, и не е МЛМ. Тоа што им ветуваат јахти и луксузен живот е нивен неетички начин на работа. А поголеми виновници се тие што потпаѓаат на тие ветувања. Еве јас работам со МЛМ, па не ти ветувам ни јахти ни ништо. Ни сам не ги возам.
     
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.652
    Допаѓања:
    273.362
    Секоја фирма има сопственик.
    И Мекдоналдс не беше македонска фирма, па беше фирма регистрирана во Македонија.

    Или ајде вака.

    Авон е друштво со ограничена одговорност - едно лице
    SmartSelect_20230405_154824_Chrome.jpg

    Орифлејм, Тианде, Хербалајф, освен на ЗК не можам да ги најдам, од старт шејди :D Кај нив на сајт нема шанса да видиш име на фирма :)

    Најдов Фармаси, такоЃе дооел
    SmartSelect_20230405_160241_Chrome.jpg

    Сите овие фирми имаат сопственици. Сопствениците на фирмиве купуваат франшиза (како скопска пивара за кока кола пример) и имаат точно, утврден начин како смеат да работат со франшизата.

    Да се сетиме дека на мекдоналдс му беше одземена франшизата во Македонија :)

    Е сега, зависи кој е првиот - најпрвиот и сопственик што ја продава/изнајмува франшизата (еден или 12мина) според тоа ќе функционира и фирмата.

    Ако тој таму некаде најгоре реши дека производов иако е кинески, ти ќе викаш ако е кинески, не е offlabel па лепиме етикети, наш си е, од наша фабрика, или ќе лажеш и ќе го збориш ова, или нема да бидеш успешен во тој млм.

    Обожавам раскринкување матни бизниси, не само млм.
    Во секоја сфера.
    :)
     
    На Lady D ❤️ и Just.do.it им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.652
    Допаѓања:
    273.362
    Не може да не плаќате данок, зашто некој го краде.
    Ти гледаш кај можеш да не платиш, со соработници таму на рака часови математика плаќаш.
    Лоџик.

    Оваа држава, и Европа генерално, се социјални држави. Така сакаме најголем дел од граѓаните.
    Сакам да има солидарен пензиски, здравствен фонд.
    Сакам сите да плаќаме даноци и сите да бидеме згрижени.

    Тој млм план успева во УСА затоа што се себични лигуши што само за себе гледаат. Во наш животен век, нема да се случи тоа на овој континент. За среќа.
     
    На Lady D ❤️, sweet dreams ** и Just.do.it им се допаѓа ова.
  4. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    7.921
    Пол:
    Женски
    Млм и Лајонес се исто срање.
     
    На Lady D ❤️ и sweet dreams ** им се допаѓа ова.
  5. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    957
    Девојче ти не раскринкуваш ништо. Ништо не ти е познато, а само тресеш зелени. Ти реков, не ми е баш познато ни мене. Не знам за сите компании, јас си зборам за мојата. Не мешај Мекдоналдс со МЛМ компанија/претставништво.

    Овие компании се многу посложени и посериозни отколку што ти можеш да замислиш. Ти реков, разбери, на никој не му е дојдено за смешни пари да си го ризикува интегритетот, брендот и историјата на фирмата. Таму се вртат милионски суми.

    За даноците, и јас сум да ги плаќаме, ама кога некој го краде, зошто да го плаќам? Што добивам јас од тој данок?

    УСА е една од послабите држави во било која МЛМ компанија, иако грото од нив потекнуваат од таму.

    МЛМ и Лајонес не се исто срање. Со инат никој ништо не постигнал. За се постои теорија и доказ. Вие за вашето, немате никакви докази, освен сведочења на лековерни луѓе, кои дале 2000 евра во облаци.

    Што да очекувам од такви луѓе утре? Зошто мене некој не ме заебе да инвестирам во крипто, лајонес и слично?
     
    На Orchidea му/ѝ се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.652
    Допаѓања:
    273.362
    Сите ветуваат... коли, врагови :D

    Пред повеќе години, пред да работам во болницава, не знаев како функционираат осигурителни друштва.

    И ме викаат на работен состанок. Ќе кажам и точно кои - Граве.

    Не доседов на "дружбата" после состанокот. Со луѓе кои ти викаат да ќаруваш на сопствени најблиски пријатели и семејство, да им продаваш услуги (не производи, услуги) кои не им се потребни, да нормално, ти прво мораш да си купиш животно осигурање :^) и сето ова не е трагично колку што не беа фокусирани на продажба на услугите на Граве, колку зачленување и зачленување нови. Што е реално, неодржливо за сите, нема толку побарувачка колку што има понуда (односно нудач/агенти/соработници) на животно осигурување.

    Ова повторно, беше доста одамна, ама знам дека тешко ме спамираа отпосле гравевци, а најголем дел од нив едноставно... не, не профитираа. Некои и заглавија.

    Претпоставувам (не знам сигурно) дека на ист принцип се останатите друштва.

    Да не зборам дека, чим некој се зачлени негде, одма се сеќава на мене, ако не сме се виделе со години и ништо заедничко немаме :D

    Пак ќе речам, шемата и начинот на заработка ми е објаснуван и објаснуван и објаснуван од први лица во една од млм компаниите во Македонија.

    Затоа велам секогаш, ништо немам против продажба на производи, ама ако не лажеш.

    Овие конкретно продаваат офф лабел производи (односно, не се нивни - нивни, во Кина им ставаат нивни етикети само и секако, идентичен производ продаваат и други, со своја етикета...) ама имам проблем кога НАИВНИ луѓе искористуваш.

    И не се само млм тука. Сите овие што рекламираат витамини и врагови, пример посебен вит Ц (дечки, ист е секој вит Ц, џабе ги преплаќате "извиканите", идентични се на најефтиниот на Плива), ама не е темата за нив.

    Проблемот на млм е што не се фокусира на продажба на производи, туку на зачленување и зачленување, и најчесто, истиот производ ќе го најдете за многу пониска цена во регуларна дрогерија (пример за козметика зборувам).

    Хербалајф врска немаат со здрава исхрана.
    Фармаси и Тианде не продаваат органска/природна козметика.

    Нема да заработите за живот со ни едни од овие, освен ако не сте баш високо во пирамидата, а и имате јак желудник да продавате лаги.

    Млм си се легални.
    Не се етички. Ни најмалку.
     
    На Just.do.it, Lady D ❤️, Vraloma и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.652
    Допаѓања:
    273.362
    Изгледа ти си тој што не знае, не јас.
    Авон и Фармаси ти ги дадов за пример :D
    Двете се дооел.
    Двете имаат сопственик кој си платил да си ги увезува/препродава, според начин утврден повисоко :)
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.652
    Допаѓања:
    273.362
    Како што е поразлично?

    Дали сфаќаш дека конкретните млм за кои зборувам, ги третираат тетка сузиња како купувачи, а не посредници? Не им плаќаат никакви даноци?

    Како да купам леб за 33 денари од маркет, со ддв нели, и дојдам тебе ти го продадам за 65?
    Разликата не е пријавена/оданочена.

    Сфаќаш за што зборувам или не?
     
    На Lady D ❤️ и sweet dreams ** им се допаѓа ова.
  9. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    Бараш млм ком. да успее во УСА што пиле да пролета знаат од кај до кај лета?
    Мислам вакви преварантски фирми можат да профитираат само кај што луѓето се доведени до животарење и им продаваат шарени лаги за богатење, исклучиво на тие горе.
    Убаво тоа девојче, што ја викаш не знаела ништо, ти објаснува.
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.652
    Допаѓања:
    273.362
    Уса се најзабегани со млм, и скоро сите истражувања се таму. А и судски спорови :D
    Процентуално (само за уса) 99% не заработуваат ништо и/или губат.
     
  11. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    957
    Ова мислење е многу поразлично од претходните што ги имаше напишано. Секој систем, па така и овој си има свои недостатоци, но секој ги прифаќа условите на игра. Не поддржувам терање на луѓе да се зачленат, само затоа што ти се пријатели. Тоа за мене воопшто не е етичко и не го практикувам. За Фармаси не знам, ама ТианДе и Хербалајф мене ми се океј, како производи. Ама можеш да дојдеш и ти високо во пирамидата, само треба да се искачиш до неа.

    А не треба никого да лажеш, ниту да му ветуваш брда и долини. Системот и и производите се доволно добри за да просперираат на пазарот. Дали се скапи, да, се согласувам. Ама се скапи кај нас, со наш стандард. Во Германија истиот шејк на хербалајф не е 5 пати поскап.

    Само што ако не лажеш луѓе, ќе ти треба повеќе време и труд да стигнеш до она ниво до кое некој стигнал побрзо со лажење. Секако, стојам на ставот, подобро поскромен успех, но да си бидеш чист пред себе и пред другите. Инаку ако сакав да бидам нелегален и неетичар, немаше да си го губам времето со МЛМ, ќе се занимавав со криминал. Барем таму се заработува 1000х пати повеќе.
     
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.903
    Допаѓања:
    186.798
    Ама за дрога у затвор се одело:D
     
  13. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    Така де, во уса ќе заработува некој вака, ама ај нека се лаже народецов, ќе врнат пари од онака:D
     
    На CameliaMiller и Biljarkata им се допаѓа ова.
  14. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    957
    Куповната моќ на македонците, и по бројот на луѓе е многу мала во споредба со останатите земји од светот. Немој да мислите дека мултимилијардерска компанија се надева на Македонците да пазарат. Нив главниот промет им е од земји од ПРВ свет.
     
  15. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    957
    Па ако украдам доволно, ќе имам пари да искочам од затвор. Ама не сакам да го правам тоа.
     
  16. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    Чекај сега ако не лажеш поскромен успех, ама регрутираш и лажовите тријат раце.
    А ако лажеш побрзо стигаш до врв со лажење и сега кој кого лаже, ај да повториме.
    Ти не лажеш ама растат овие што сушат лажат преку тебе и кој на крајот лаже у млм ком.?

    СИТЕ:D
     
    На Lady D ❤️, sweet dreams ** и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.652
    Допаѓања:
    273.362
    Ама Хербалајф и Тианде не ти кажуваат вистина, пошто ги спомна еве за нив ќе збориме.

    Тианде буквално продава офф лејбл производи, секаде каде што ги има одат со тој маркетинг, а е лага. Не се ни природни, ни органски, ни руски, ни тибетски.
    Ни вредат за парите.

    Хербалајф се пострашни, верувам знаеш англиски, повели прочитај.
    https://www.healthline.com/nutrition/herbalife-review
    SmartSelect_20230405_165512_Chrome.jpg


    Кај нив исто е доста страшно тоа со "коуч" менталитетот, рандом некој ти изиграва нутриционист.


    За мене не е до парите. Еве членките овде знаат дека користам доста козметика со повисока цена. Ама не сакам на слепо да преплаќам. Сите производи ми се детално проучени.

    Ако веќе плаќам органско, сакам да е органско.

    И и те како проверувам дали е оффлејбл или нивен производ.

    Топ Шоп не е млм, ама во Македонија се најголеми оффлејбл продавачи, 99% од нивните брендови, т.е. производи, се наоѓаат на Алиекспрес најбуквално.
     
    На winnie02 и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  18. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    Каде тоа, еве види како вика млм ком. гуруто
    Ама не сакал да го прави тоа, бугати:wasntme:
     
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Имам јас докази и нејќев ич да пишам сакав да видам до каде ќе оди дискуцијата. Облак немав купено, имам картичка која не ја користам бог знае од кога. Ама присуствував на еден од семинарите во Чешка чиј влез беше 250€ за тридневен семинар и тоа само влез,читај сместување и превоз сам си обезбедуваш. Играчите со големи влогови обично беа оние мултимилионерите кои си ги раскажуваа своите приказни како од просјаци станале мултимилионери.
    Како влегов јас? Гага. Не платив влез затоа што таму преку врски можеш на лице место да си добиеш картичка вредна 250€ за влез.

    Оно убаво е да се слушаат предавања ама се тоа се манипулаторски трикови. Значи они си го внеле маркетингот толку сликовито што дури и јас ќе поверував за малку, се дури на крајот Македонија беше на некое си место таму како најуспешна во бизнисот и дека добила некоја сума од главните демек шефовите ама право на таа сума немаат сите. Имам слики,имам се што сум запишувала ама не сум измамена оти не сум вложила. Ние бевме најмлад тим од Мкд што замина на тој семинар и Зоран беше со нас ама тој спиеше по хотели а ние во хостели. Разлика е нели. Се збогатувало многу,присуството демек ќе научиме нешто. За организацијата супер барем храна даваа за тие 8 часа внатре.

    И да резумирам на крај и да имаат купено облак ако не ја користат картицата нема да се поместат од мртвата точка. Целата работа лежи во самата картица и зачленувањето што повеќе луѓе и што повеќе мали и големи бизниси. Ти можеш да купиш еден облак - левел 1 и да не мрднеш од мртва точка,повраток на пари немаш па така за да не изгубиш ќе ти речат купи друг облак успех ќе имаш. И ќе полниш туѓ џеб а они со твои пари народски кажано ќе организираат скапи семинари и ќе манипулираат луѓе со цитати.
     
    На *Amethyst*, Lady D ❤️ и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  20. Sielo❤️

    Sielo❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    3.233
    Се извинувам што упаѓам вака само ме интересира што се случи со Зоран Витанов, дали уште ги лаже луѓето?
    Имав една познаничка што беше лудо заслепена од него, ја следев ми беше жал за девојчето незнам дали уште е во неговата секта.:worried: