Жено и ти не плаќаш данок од твојата хонорарна работа, плаќаш само 10% персонален. Плаќаш ДДВ? Регистрирана си како фирма? Плаќаш придонеси? Што е разликата меѓу тетка Сузе и ти како хонорарец? Ми го разбираш прашањето? Ги спомнуваш Топ Шоп, и они се на процент. И они гњават луѓе да купуваат за да заработат. И досадни се. Ама разликата меѓу правосмукалка од Топ Шоп и облак од Лајконет е огромна. ОГРОМНА. Сега правиш разлика? Врти го муабетот колку сакаш, мислам дека нема да ја разбереш поентата. У право си Камелија, тоа сакаш да слушнеш?
Знам дека сум у право, пошто и ти кажав дека со апсолутна сигурност знам дека тетка Сузиња не плаќаат (и не им одбиваат 10% персонален). Ајде ќе го ставам ПРИМЕР Авон (не знам како е таму, ги користам за пример). Тетка Сузе прави нарачка, фирмата тоа го третира како завршена работа - продала производи на некого, платено ДДВ, финито. Ама тетка Сузе тие производи ги препродава, по повисока цена од таа што ја платила, остварува заработка која НЕ е пријавена НИКАДЕ. Еве пример јас лично нарачувам лакови Авон, од нивната страна, фала Богу не ми удираат 10% затоа што сум потрошувач. Епа има и млм кои сите агенти, соработници, така ги третираат. Тие си го решиле проблемот (продале на некого), а тој некој на црно препродава. Баш како да идам у Тинекс да испазарам леб за цела зграда и да им го препродадам по Х цена, ТАКА БИЗНИС НЕ СЕ ТЕРА. За Топ Шоп немам подобро мислење него за било кого во млм светот, тоа го нагласив, зарем не? Легално работат, ама неетички. Тоа што имаш производ или услуга, не го прави работењето поетично, не можеш да заработиш реални пари во млм без регрутација, а ти тоа најдобро го знаеш, нели? * наведов и други лажги врзани за млм. Кога гледаш реклама за некој производ и толкава извиканост, скептичен си, ама не те боли баш пошто тоа си е, реклама. Од друга страна, која другарка ти / братучетка ти те муфтосува, ич не е сеедно. Ај пак Топ Шоп, не случајно разни баби и дедовци дрндаа за лични искуства за магнети за колена Колку производот ти го препорача некој со кој можеш да се соживееш, ти изгледа како некој за верување, поголеми се шансите да го купиш. Ти кажувам дека тие "стратегии" иако не ги работам, ги сведочев и учев, точно како кого да "обработиш" се учи, ама и тоа го знаеш Си имаш тука многу психологија, ама ајде, ќе глумиме дека ствааааарно се' живо е најпрекрасно и ствааааарно треба секој да го купи и да ја почувствува магијата. Мислам, глупи реклами идат секаде, ама кога ќе проба некој "мој" да ме обработи, среќо, екскомуникација, итно. Баш скоро, една што не сум ја чула барем 5 години, се сети на мене кафе да сме пиеле. Одма сумња. Малце покопав, па секако дека е дел од најдобриот, најпрекрасниот бизнис, шанса што не смеам да ја пропуштам
Пак велиш тетка Сузе не плаќа данок, не плаќаш ни ти од твојата хонорарна работа. Во што си ти подобра од тетка Сузе? Не ми одговори. Имаш регистрирана фирма? Плаќаш придонеси и даноци, освен персоналец? Или не сакаш да одговориш оти ништо од ова не правиш? Ама таа тетка Сузе ти е трн во око, твоето е и морално и етички исправно И пак даваш примери за кои си признаваш дека не знаеш како функционираат. Како рекле, на човек со сила можеш да му земеш, не да му дадеш.
Плаќам 10%, Сузе не плаќа. Аман. Плаќам даноци од работното место, знаеш, кога земам плата, 30% ми се давачките према државата. Што се заплетка? Тетка Суза ја "измисли" колега ти, не јас
Од страната на Авон Дали ова значи дека обврската за подмирување на данокот е пренесена на претставникот, Авон се оградува? Претставникот краен клиент? Интересно
Побогу, од хонорарна работа се плаќа персонален данок, како што 14 пати нагласив, да, плаќам. Разни претставници ПЕРСОНАЛЕН не плаќаат. Не знам кој дел не е јасен? Уствари не знам ни што сакаш да докажеш? Подобра сум од таа што не плаќа персонален, секако Ама јас сум во работен однос. Ако не сум да речеме, баш е интересно прашање како би регулирала пензиско и здравствено.
Прво го тврдеше ова. После тврдеше дека не ти стигнува фактура. Па после ти стигало ако си порачувала од претставништвото ама не ти стигало од личноста преку која си порачала. Па ти беше проблем ДДВ. Докажавме дека плаќаат и тие. Па после излезе дека Па не, погоре докажавме дека таа плаќа данок. Тебе те боли „ќарот“ на поедина личност која ти направила услуга (за која таа плаќа и таков и таков данок и најверојатно и други трошоци) за која никаде не пишува дека не можеш и сама да си ја направиш ако толку ти пречи што некој ќе извади 2 денари од тоа, а што ти најверојатно ќе дадеш и 150ден за достава. Се´ е објаснето и од луѓе кои (до некаде) се разбираат и од луѓе кои работат. Како го тврдиш ова, мислиш си им брцнала во паричниците. Персонален данок се плаќа. Си размислила ли дека не плаќаат затоа што не оствариле некоја значителна добивка во одреден период? Колку сакаш да плати? 10% од 2-те денари од лакчето кое го имаш нарачано?
А зошто уште мислиш дека не плаќаат? Абе тетка Сузе не оди директно да плати, ти реков веќе, компанијата и одбива 10% од заработката и ги плаќа место тетка Сузе. Зошто хонорарната не ја регулираш правно? Можеш, законот ти дозволува. И од тоа можеш да плаќаш пензиско и здравствено. Здравствено можеш да регулираш и да имаш дури и ако си невработена. Не си ништо подобра од неа Камелија, ама она ти е трн во око. И од кај знаеш на кое ниво е претставник она и колку заработува и колку персонален плаќа? Нели овде зборевме за МЛМ? Што толку му се запна на Авон не знам, изгледа некоја тетка Сузе која ти продавала лакчиња те зезнала.
Ја не знам зошто толку пробувате да не убедите. Ако ви е добро во пирамидални шеми и слични измами, продолжете. Ама факт е дека во МЛМ не се заработува ако не регрутираш нови луѓе. Дека е измама и тоа е факт, сите знаеме што се случува со лајонес. Мене не ми е јасно едно нешто. Како бе не ви е срам да барате некој за кафе, при тоа тој човек не сте го виделе со години и не знаете ништо за него, не сте се јавиле да го прашате како е и наеднаш као ви текнува да го викнете за кафе, а во суштина го викате само затоа што ви требаат луѓе за да ги регрутирата во вашата мрежа за да имате поголема заработка. Не е ли тоа лицемерие?
Со ова и ти самата укажуваш дека не се прави заработка преку овие измами, само не знам зошто не сакаш себе си да си признаеш и не убедуваш тука напразно.
Ако го следеше текот на разговорот, ова е тоа таа што го тврдеше - дека од ова нема заработка (што нема да го барам за да го цитирам затоа што тоа не е темата туку темата е разграничување и правење разлика). Ако цитираш, цитирај ја целината на текстот без да биде изваден од контекст, а беше: Ова значи дека некој можеби не работел долго време и сега повторно се вклучува, а за повторно разработување треба време. Или едноставно сега почнува па додека го дознаат повторно треба време. Исто така ако го следеше текот на разговорот ќе сфатеше дека на неколку наврати го нагласив ова: Не знам зошто ви е толку тешко да сфатите дека не секој има придобивки од нешто туку едноставно не сака да се шират дезинформации за нештото, да се прави разлика и сл.
Абе ти ме читаш ли? Или за секоја компанија знаеш? Ти тврдам дека за оваа за која јас зборувам, НЕ ПЛАЌААТ ПЕРСОНАЛЕН НИКОМУ. Реков дека Авон го користам како пример, не реков дека за Авон станува збор. Всушност, Авон се меѓу ретките млм кај што можеш да ја дознаеш фирмата која е Не може да ме заебе никој млм Ама да, се' дур сакам, ќе зборувам против, па кој сака нека ме слуша, кој сака да верува дека ќе живее прекрасно со млм, нека не ме слуша Здравствено како невработена регулираш: 1. Како пријавена во АВРМ 2. Доброволно осигурување 3. Ако си во брак, можеш да користиш на брачниот партнер Ела излажи ме дека некој што заработува повеќе од минимална плата со млм, оди и си плаќа придонеси Мојата хонорарна работа е врзана со мојот работен однос, ВЕЌЕ плаќам придонеси, на плус сработеното - хонорарното, плаќам данок и плаќам проценти по други основи, законски предвидени. Можеби твојата млм плаќа персонален (а на приходи над минимална плата треба да е - фул придонеси), тоа не го прават сите. Ај ако не те мрзи, објасни ми го она што го постирав од Авон.
Имам нарачано пред години од претставник. Не само Авон, и Орифлејм. Од други колку што памтам немам нарачувано. Точно не добив никаков документ, престанав да нарачувам од тогаш. После Х години кога Авон почна онлајн да работи, повторно нарачав во неколку наврати, се' најрегуларно со фактура си се добива. ДДВ никаде не беше спорно, ама НИКАДЕ. Баш најди кај кажувам дека ддв не плаќаат. Точно посочувам за кој данок зборувам, а тоа не е ддв. Да, сакам да плати како и сите што е предвидено да плаќаат. Им брцам на сите нелегални во новчаници, ич не му ја мисли. И не-млм бизниси пријавувам за нелегално работење. Не е проблемот стриктно со млм. И спор со А1 имав и го решив оти нема никој да ме е*е. Не па тетка Сузе или Трајче што децата ќе те лажат дека си ги излечиле со глупости. Цел ден што копав, само Тианде имаат ставено на страната дека се должни да ти пратат фактура. Фино, што да кажам. Дур има овци, ќе има и волна.
Ти пак си вртиш онака како што ти одговара. Фактура се подразбира дека треба да се прати. Не знам зошто некој би морал да го напише тоа кога се подразбира ама во вакви случаи изгледа и за овде треба да се пишува затоа што има секакви искористувачи на работи кои би требало да се подразбираат, како што прават во САД и тужат за секакви глупости што би требало да се подразбираат или во нормален свет се комон сенс. Сега гледам дека Македонија веќе почнала да не припаѓа во тој комон сенс свет. Фактура погоре ти пишаа кој треба да ти даде и кој е обврзан да ти даде ама очигледно ниту ту одговара ниту сакаш да разбереш и после објаснувања на истите работи навистина нема веќе поента да пишувам зошто гледам дека со глава ѕид не се руши и на некому со сила не можеш да му ставиш знаење кога тој наумил да не го прифати. Како некој правник да отиде во лабораторија и да му кажува на микробиологот што да прави е муабетов....
Комон сенс за тебе и мене е можеби, не е за сите. Со причина е истакнато, или ајде, зошто мора СЕКОЈА продавница да истакне број од ДПИ и "побарајте фискална сметка" итн? Оти не е комон сенс дека и да не бараш треба да ти дадат, нивна должност е, не на потрошувачот? Во помали маркети до ден денес наопаку ме гледаат кога ќе си побарам фискална Очигледно не е толку комон сенс.
Ти упорно игнорираш тоа што ти се зборува. Ти кажав. Ако ти си порачаш од Авон производи, ќе ти стигне фактура и фискална. Ако порачаш од тетка Сузе, нема да ти стигне фискална и фактура, затоа што нема како она како физичко лице да ти ги издаде. За да ти стигне фактура и фискална а порачаш преку тетка Сузе, ќе си направиш минимална нарачка од сумата која е дадена од компанијата (ете нека е 1500 денари). Тогаш ќе добиеш и фактура и фискална и производи комплет. Ама претпоставувам дека ти немаш потреба да дадеш 1500 за лакови, па затоа зимаш од кај тетка Сузе, само еден. И тука нема ништо лошо де. Ти не сакаш да направиш минимална нарачка од ѓавол и пол, она нема како да ти издаде фискална под таа сума. Моралисти еден куп. Сигурно и ѓеврек кога купуваш од бабичката пред трговски бараш фискална или ја прашуваш дали си плаќа придонеси. Со барањето фискални и исправање криви дрини кај мали бизниси, го стимулираш богатењето на оние на врвот на онаа НЕ-МЛМ пирамидата (политичари, бизнисмени, мафијаши). Размисли вака, со секоја фискална што ја бараш, му даваш 18% од сметката на некој си таму лопов да си гради згради кај стигне.
1. Тоа го кажав и јас - затоа не купувам од претставници. 2. Купувам од пекара. Сабајлево купив. Сакаш да ти ја сликам фискалната? Што сама ја побарав? Не ја ни искуцаа дур не ја побарав? 3. Останатото срање, затоа опстојувате и ти и сите "невработени" во аврм, и политичарите се тие што се. Фала на размислувањето, не размислувам така и не сакам да размислувам така. Малце подалеку од својот двор гледам. Ич не пробувај на таа врата, збориш со некој што за 10 години денар мито нема земено