Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пирамидални шеми, мултилевел маркетинг...

Дискусија во 'Барање работа' започната од Lilit, 31 март 2023.

  1. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    877
    Пак успеа да го скокнеш делот со тетка Сузе и минималната нарачка. 10 пати ти објаснив зошто тетка Сузе и да сака не може да ти издаде фискална. Зошто си Карен, таму каде што најмалку треба? Сфаќаш дека повеќе наштетуваш отколку што правиш добро на обичниот народ?

    Бараш беља кај што ја нема, си подлажнуваш и тврдиш невистини, а сепак тука мислиш дека си пратена од Господ да ја оправиш земјата од нас престапниците.
     
    На L.i.n.a.a, Orchidea и NoirSerpentine им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.774
    Допаѓања:
    266.802
    Море чоече, што имам да скокам? Тоа е проблем што државата треба да го реши, а не тетка Сузе. Енде.

    Зошто сите па не ми одговоривте што значи извадокот од условите на Авон конкретно?

    Обичен народ сум и јас, со се' платено и подмирено. Кога ќе има помалку како тебе, а повеќе како мене, можеби земјава ќе просперира, шознам.

    Со Господ немам работа, ама барање некој да работи легално ме прави Карен, а? :D

    Абе ти реков, не сте за тука, за америките сте. Кај што ќе упуцаш некој за треспасинг.

    Ние овде прости сме ;)

    Не сум јас таа која лаже, за млм е суштински потребно да лажеш (за да си успешен)

    Иначе како ќе имаш профит? Нели, оди подлабоко и подлабоко, ама за тие под тебе да имаат профит (за ти да имаш профит) треба тие да регрутираат и тако даље. Што значи дека без оние што сам ги нарече "канцер" можеш да се сликаш, а не да заработиш.
     
    На neno0o, JoyJoy, Just.do.it и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.152
    Допаѓања:
    2.466
    Пол:
    Женски
    А ти ме читаш ли? Моја МЛМ? Мојата е ТП. Реков претходно, имам фирма, мој приватен бизнис. Кај, жити се, прочита дека работам МЛМ? Не скокај џабе.

    Порачуваш онлајн од Авон. Мислиш твоите пари одат директно на сопственикот? Не бе срце, пак одат овде кај некој, кој е на некое ниво во тоа МЛМ. Не можат да те заебат? Епа еве ти ги зимаат пак парите. Ама користиш лакчиња, а не облачиња. Овде треба да направиш разлика. А не упорно да ги верглаш тетка Сузе, редовната работа и персоналецот што го плаќаш од хонорарната. Оти и тетка Сузе може веќе работи некаде и дава 30% од својата плата за придонеси и мисли вака исто како тебе.
    И зошто мислиш дека мора да ти издаде фискална? Не мора. Може е занаетчија што работи со фактури. Знаеш дека постои и таква опција?

    И дај кажи конечно за која МЛМ збориш? Која те изгоре? Не ми давај примери.
     
    На BraBru му/ѝ се допаѓа ова.
  4. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    877
    Престанувам дискусија, очигледно е дека не може да се разбереш со некој што не се разбира а пробува да докаже.
     
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Одлично живее.
    Познавам личност што благодарение на него и влогов во Лајонес му дадоа кола и стан на Водно и тоа луксузен стан. Дечкото цела Европа ја прошета,семинари држи значи ипак ги бира само оние полесно за манипулирање.

    Како што реков претходно само просјаците успеваат да бидат мултимилионери, дека нели сиромашниот плаќа дупло.
     
    На JoyJoy и Sielo❤️ им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.774
    Допаѓања:
    266.802
    1. Сама кажа дека си работела со млм, треба да цитирам?
    2. Секој трговец, занаетчија, ама секој ДОЛЖЕН е да издаде потврда за продаденото. Ако купуваш роба над 30 000 денари, секако фактура ќе добиеш, ниту може секоја сума да биде на фискална, нели? Еве како сопственик на ТП, не сум во право? Има одредена сума до каде може фискална, а после фактура?
    Како сопственик на ТП, дали со должна секому да издадеш потврда за продаден производ/извршена услуга? Или не си?

    Речиси сите онлајн продавници *легални* работат со фактури, не со фискални. Сеедно, добивам потврда за купеното.

    И по 5ти пат, не ме има заебано млм, ваши газди (еден од нив), по игра на случајности ми е "домашен" како што и напоменав. :)

    Можеби знам и муабети што ни вие "соработниците" не ги знаете, ама ајде, на ранг на јеховини, тоа е :)

    П.С. Дали Сузе работи некаде или дома продава Тапервер, не ми чуе да ти кажам. Секој треба да си плаќа данок.
    И ај пак дисклајмер - немам поима дали Тапервер плаќаат како што тврдиш персонален за соработниците :)
     
    Последна измена: 6 април 2023
    На JoyJoy и Just.do.it им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.774
    Допаѓања:
    266.802
    А ти па што докажа?
    Добро е да не плаќаме данок?
    Абе што да ти кажам, тоа е тоа знаење длабоко.

    Упорно ми викаш не сум во право.

    Ок, ондак објасни ги барем 5те прашања поставени. Ама добро ги знаеш стратегиите. Без мрежа под тебе, за сончоглед ќе заработиш.

    Ти дадов релевантен извор за Хербалајф кои ти беа ок. Онака, не ни прочита :D

    Пак нека не разбирам јас, гледам од многу разбирање, тие ви се процентите, кои не ги измислив јас. За 3% да заработат, 97% треба да изгубат.
     
    На JoyJoy и Just.do.it им се допаѓа ова.
  8. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    877
    Точно, па тоа е и целта на МЛМ, да градиш мрежа од клиенти и соработници. Дали е лошо тоа? Да, ако не знаеш да работиш, и лажеш народ. Дали е добро, ако работиш по правилата? Одлично е!.

    Како иначе ти ќе станеш главна на оддел во било кој сектор, ако немаш мрежа од луѓе под тебе? Имате аверзија према МЛМ ради поединци што лажат и ветуваат јахти и не знам ти таму некои чуда. Со МЛМ не можеш и не треба да се збогатиш преку ноќ. Туку е долг процес, но ретко кој го сфаќа. Тоа е во човековата природа, нема врска дали е млм.

    Реков и претходно, просечниот македонец пре би прифатил да рмба од прв месец за 400 евра и да не учи, отколку да стекне знаење и вештини, и после 2-3 години да зима 1000-1500 евра.

    Не мора ни да е МЛМ, не мора ни да е свој бизнис, макар и за работа. Нема врска, може да ја затворите темата, и така е непродуктивна. Освен препукувања, ништо поучно не се извади. Вие избегавајте си ги МЛМ, никој не ве тера со сила. Не ни сакам да сте ми клиенти, во ниеден бизнис/работа, а најмалку во МЛМ. :)
     
  9. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    А просечниот млм проповедник ќе го погоди тоа што луѓето му го викаат бизнисот неетички, ќе направи цел профил само за три дена да се убедува сам себе дека бизнисот е леџит, па уште и дека има некои си знаења и вештини во него и секако дека е подобар од другите кои рмбаат за фиксна плата. :D Многу интересно е што никој од рмбачите не се ангажирал толку ревносно да го брани бизнисот за кој работи, за разлика од млм луѓето, ептен језиво и секташко.
     
    На JoyJoy, CameliaMiller, Lady D ❤️ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    За да успееш во млм треба да лажеш луѓе. Значи учиш како да лажеш и манипулираш.
    И во тој бизнис тешко дека ќе можеш да профитираш, освен ако не си највисоко на пирамидата.
     
    На CameliaMiller, Angie1432 и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.774
    Допаѓања:
    266.802
    1. Каде е крајот на млм мрежата? Може да заработуваш со повеќе понуда од побарувачка?
    2. Не се поединци, грото се. Зошто млм газдите се ок со оваа практика и не ја санкционираат?
    3. Ниту би ти била, ако не сум заштитена како потрошувач.
     
    На BraBru и Just.do.it им се допаѓа ова.
  12. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    877
    Па ширите невистини и тоа е тоа. Форумот го следам одамна, но сакав да ви објаснам некои работи, па го направив профилот. Инаку и јас рмбам за фиксна плата, не се секирај. Немам ништо против тоа. Ама некој со фиксна плата од 300-400 евра, да збори како ние со МЛМ сме се мачеле и сме лажеле, ми е апсурдно. За тоа колку работам, одлично сум платен, така да не го гледам проблемот во тоа.

    Никој немам излажано, сите околу мене се пресреќни, дали клиенти, дали соработници. Немам потреба никого да лажам, на долг рок секако не ми носи тоа резултати. На краток рок не ни размислувам.

    Го штитам МЛМ-от од вас што не знаете да направите разлика помеѓу МЛМ систем и пирамидална измама. Ако поединци во МЛМ лажат и се секта, вие викате дека цел систем е таков. Епа добро, тогаш во сите бранши има нечесни и неетични луѓе, манипулатори.

    Значи во болница е океј да си преварант и манипулатор, ама во МЛМ е срамота и неетично? (поединци се во прашање, компаниите сами по себе се чисти како солза).
     
  13. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Ако доволно се заработува од млм, ти зошто работиш плус друга работа?!
     
    На sweet dreams **, CameliaMiller и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  14. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    877
    Каде реков дека доволно заработувам со млм? Колку е доволно? МЛМ е предвидено како дополнителна работа за почеток, понатака ако ти тргне можеш и само тоа да го работиш.

    Сакам да си имам и кариера по струка, а секако работењето со МЛМ не ми попречува да работам фул тајм работа. Иако за инфо, со МЛМ заработувам повеќе од редовната плата.

    За некого се доволно 400 евра, за некој 600, за некој 5000 евра.
     
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.774
    Допаѓања:
    266.802
    И понатаму никако да одговориш каде крајот?
    Кога евентуално мрежата ќе го презасити пазарот?

    П.С. Никаде не оправдувам нелегално и неетично.
    Некако ја прескокна реченицата дека нудено мито не зимам?
    Овде на форумов јавно се збори кој колку како мито бара/нуди, јас глупава сум изгледа што го сметам истото за мизерија?
    Или ако сите земаат, и мене тоа ќе ме оправда?
     
    На Lady D ❤️, JoyJoy и Just.do.it им се допаѓа ова.
  16. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    За ова чисто се сомневам.
    За да можеш да заработуваш повеќе од ова, треба да регрутираш премногу луѓе и секако тие да ги користат "услугите" кои ги нудите.
    Самиот велиш "рмбам", така што се сомневам дека работиш за фиксна плата од своја желба, би рекла дека мораш да работиш за да преживееш, бидејќи и самиот знаеш дека млм е ветер во магла, а уште поглупо е што се обидуваш да не убедиш во нешто што сите знаеме како фунционира и знаеме колку можеме да преживееме со "милионите" заработени од млм.
     
    На Lady D ❤️, CameliaMiller, JoyJoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    877
    Не се занимавам со услуги со МЛМ. Второ рмбам може да го кажам на уште неколку начини. За среќа, твојата претпоставка околу моите приходи е грешна. Ако ова ми е преживувањето, каде ќе ми биде крајот кога ќе имам убави примања.

    Не се секирај за мене, и на работа одам со мерак, не сум искомплексиран.
     
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.774
    Допаѓања:
    266.802
    Да де, сфатив барем јас дека си од овие со физички производи.
    Небитно, што и да е, шемата е више-мање иста, само жити се', што и да продаваш, не лажи за здравје.

    Не лажи дека напитокот на Хербалајф е здрав (не е), не лажи дека влошки од Тианде лекуваат стерилитет (не лекуваат), не лажи дека средства за чистење од Фармаси се природни (не се), не лажи едноставно.

    Затоа што не работам млм, ама работам + хонорарно, кај мене не се тоа баснословни суми но се фини. Не ги лажам луѓето што ги користат услугите, иако повеќе ми се исплати нели, така. Не им ветувам дека ќе се случи со услугата нешто што нема да се случи. Не е човечки, не е коректно и не е фер, посебно кога станува збор за состав на производи или општо, здравје на луѓето.

    Да, има доктори што треба две раце да им скршиш за да не се веќе доктори (и за тоа во соодветни теми има мои мислења), но тоа не значи никако дека нивните колеги треба да речат: еј, оној дома си имал ординација, и јас ќе си имам.

    НЕ.

    Налет се' друго, само не продавај магла на ранливи луѓе.
    Толку.
     
    На Just.do.it и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  19. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.212
    Допаѓања:
    111.920
    Пол:
    Женски
    Да ме воведе некој?
    За тианде, лимес и ним слични е темава?
     
  20. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.152
    Допаѓања:
    2.466
    Пол:
    Женски
    И пак не кажуваш за кој МЛМ зборуваш :D и пак не правиш разлика. И пак моите газди :D
    Баш ме интересира и кои даноци ги плаќа тој твој домашен?

    @fana муабетот беше за Лајонес, или како и да се викаат сега, кои продаваат ветер и магла и лажат луѓе да инвестираат пари, ама ги избркаа работите па и овие ги ставија во ист кош.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.