Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пирамидални шеми, мултилевел маркетинг...

Дискусија во 'Барање работа' започната од Lilit, 31 март 2023.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Ќе парафразирам: Не сакам да работам за млм компанија.
    Ниту пак купвам од такви

    Можи вака?
     
    На Just.do.it, JoyJoy и Biljarkata им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.881
    Допаѓања:
    179.010
    Можи ле.
    Мада тоа не го решава проблемот од погоре, тој со џемперите.
     
    На JoyJoy и Feminka22 им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Не прочитав се'.
    Сакав само да се произнесувам дека не верувам на МЛМ компании
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.063
    Допаѓања:
    66.816
    Пол:
    Женски
    Никој не те убедуваше дали е несигурна инвестиција или да ти каже што ти треба да правиш (иако не треба да се инвестира, како што исто ти укажаа), туку дека е различно од проневера, што ти тврдеше на почетокот дека е исто, еве се гледа од цитатите. Ама испадна не е исто, па ај не ме убедувајте да инвестирам.

    Значи, не е проневера, докажано со факти. Ти секако ептен сакаш факти, па еве, можеш во конретниов случај да прифатиш дека не е проневера млм, различно е од пирамидална шема.
     
    На ALISA0000, PaLaVa, asdas и 14 други им се допаѓа ова.
  5. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Вајлд го употреби зборот проневера што очигледно не важи за Авон и екипата, ама разликата е дали ќе пропаднеш само социјално, или социјално И финансиски. Поентата е дека сите MLM компании се неетички и не треба да постојат. Не знам дали е легално малолетни девојчиња да се регрутираат, ама и да не е, наоѓаат некој лупхол ваљда зашто знам уште од основно некои влечеа каталози со нив. Да беше стварно добро и корисно за тие најдоле, немаше да постои. Едноставно користат луѓе, меѓу кои и деца, за евтин труд. Притоа им ги уништуваат социјалните врски зашто секој нов човек го гледаат како потенцијален ,,нов член на тимот". Секако ќе заработат и без да регрутираат нови, ама ако сакаат да ,,напредуваат во бизнисот" мора да регрутираат нови. И тука имаме пишување фб пораки на луѓе што едвај ги виделе во животот, а и такви што не ги виделе. Успат продаваат филм за girlboss феминизам што мислам дека е најлошиот дел од сè. Нема ништо добро во вакви ,,бизниси", едноставно влегуваш во вртлог на капитализмот и се надеваш дека нема да се опсесираш до степен јеховин сведок.
     
    На Cosmic Girl, CameliaMiller, PaLaVa и 13 други им се допаѓа ова.
  6. sweet dreams **

    sweet dreams ** Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2023
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    953
    Пол:
    Женски
    млм не е проневера како лајонес (пирамидална шема), продаваш продукт добиваш процент, но нема такви унапредувања како што ветуваат или има минимално унапредување, главниот профит е во најгорните левели, што на некој начин е исто превара затоа што она што го ветуваат практично е несдостижно и не вреди да се инвестира.
     
    На JoyJoy и NoirSerpentine им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Факт е дека не верувам во МЛМ бизнис моделот.
    И нема што да ме убедувате дека треба да мислам поинаку.
    Да, се обидувате да ми го наметниот вашиот став.

    Реков сто пати.
    Кој како сака нека прави, јас не им верувам... и тука треба да заврши муабетот.
    Мислам.. за глупости се расправаме.

    Прво се фатија за 'инвестирам', оти не може да инвестираш време, енергија и ресурси... мора да се само пари.
    Треба саати да посветам во врбување некого да купи производ, или да се зачлени.
    За шо?
    За да земам на попуст шминка од Орифлејм?

    Ова го поминав пред 30 години

    *Ми текна на кого ме потсеќаат.. На Јеховини Сведоци.
    Истиот концепт е.
    Имам искуства од прва рака и со едните и со другите
     
    На CameliaMiller, GirlLove, winnie02 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.090
    Допаѓања:
    26.923
    Јас никаде не видов некој да убедува или поддржува млм. Најмалку па некој тебе да те убедува. А и на тие од млм најмалку им треба поддршка туку им требаат членови кои ќе ги лажат и влечат кон дното. На тебе само ти посочуваат ШТО е млм пошто очигледно не знаеш. Млм е пирамидална шема каде што ИМА производ и каде што се прави ненормална експлоатација на членовите. Не е како Лајонес каде НЕМА продукт, само трчи лажи. Не знам како да ти кажам ама никој ништо нема да добие од твојата поддршка на млм на анонимен форум.
     
    На Anomys, Orchidea, JoyJoy и 3 други им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.063
    Допаѓања:
    66.816
    Пол:
    Женски
    Никој не те убедува да веруваш. Ти се објаснува дека не е проневера, што ти го тврдеше.
     
    На Anomys, asdas, JoyJoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Не му реков на некој дека треба да мисли ко мене.
    Вие сте тие кои барате да се сложам со вас (не сум прифаќала туѓо мислење)
    Тоа што не се сложвам, не значи дека не прифаќам.
    Прифаќам да си мисли кој-како што сака.

    Јас мислам вака, ти онака.
    Јас ќе прам вака, ти онака.

    Стварно е опсолитен муабетов.
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.063
    Допаѓања:
    66.816
    Пол:
    Женски
    Не станува збор за мислење и нема што ти да го прифаќаш или не. Факт е дека млм не е проневера како што ти пиша. Е сега, ако не прифаќаш факти тоа си е твое, ама не е мислење, пак ќе кажам, факт е.
    Значи не се сложуваш со фактите и не ги прифаќаш и ќе си мислиш, погрешно во случајов, како сакаш. Тоа твое си е.
     
    На Orchidea, neno0o, Medea. и 3 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Факт е дека МЛМ ми е глупа инвестиција (на време, енергија и ресурси)
    Не ми се исплати.

    Појасно е сега?

    *Иначе за проневера, на работ на легалноста е, кога е во прашање современ бизнис модел
    Како деј трејдинг и тие шејди глупости
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.063
    Допаѓања:
    66.816
    Пол:
    Женски
    Не, тебе не ти е јасно.
    Ти тврдеше дека е исто како пирамидална шема и проневера. Не е исто.
    Дали тебе ти се исплатело или не никого не го интересира.
    Туку дека тврдиш нешто што не е така, и при изложени докази не го прифаќаш тоа.
    Тебе јасно ти е или само ќе се држиш до твоето како секогаш и ќе го збориш истото на милион страници?
     
    На Anomys, Gosh, Bratot и 6 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Па пирамидална заработка има.
    Грото од добивката се акумулира кај највисоките члениви, односно, оние што имаат најмногу во дрвото под нив.
    Тој најгоре, буквално прави профит од сите членови и клиенти колективно.

    Колку си погоре, толку поќе му го ситниш профитот на тие подолу

    *Ко ќе размислам, ко легален пимпинг е
     
    На CameliaMiller, Just.do.it, Didajo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.063
    Допаѓања:
    66.816
    Пол:
    Женски
    Добро, значи ќе си стоиш на истото и ќе го тврдиш до утре, без да прочиташ или разбереш.
    Јасно. Како и секогаш значи.
     
    На Orchidea, Ajronmen, Feminka22 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Да де, ако не се сложам со вашето височество, тогаш 'не разбирам'

    Која ароганција, да му се сневиди

    Си земаш за право и ти, како регулатор на форумов, да наметнуваш мислења на членови, па уште да ги навредуваш оти не се согласиле со тебе.
     
    На Didajo, Spicy Senorita и Аргентина * им се допаѓа ова.
  17. sweet dreams **

    sweet dreams ** Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2023
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    953
    Пол:
    Женски
    мала е разликата помеѓу млм и пирамидална шема само што овој млм преварантски бизнис го легализирале а пирамидална шема е позната како скем и гледаат 100 постотен профит да имаат.
     
    На CameliaMiller, Didajo, Spicy Senorita и 4 други им се допаѓа ова.
  18. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    2.294
    Пол:
    Женски
    Ти ми праќаш како е по гугл срч, јас ти кажувам како е by the book.
    Не мора мене да ми веруваш. Тоа што некои одбрале да ги искористат исто како што ги користат дупките на законите за да избегнат одредени работи е друг муабет. Затоа пишав дека не треба да се поистоветуваат поими.
     
    На JoyJoy и Angie1432 им се допаѓа ова.
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.480
    Допаѓања:
    165.851
    Пол:
    Женски
    Јас земам одредена сума. Мојот шеф зема поќе од мене оти е "над мене". Нашиот клиент зема далеку поќе оти е и "над" мојот шеф.

    MLM има свои недостатоци. Ама ова не е еден од нив барем во смисла дека секој чак и легитимен бизнис го има ова ( примерот со шефот и клиентот де, а и Безименка спомна истото). Ама убо имаше, Лела чинам, објаснато некои работи особено за овие со каталози и уствари кои се недостатоците на ваквите... Како и да се викат. Бизниси. Работи. Не знам.

    Иако поентата ми беше за менвањето мислење, кога никој не пробва то. Ама и недостатокот од флексибилност шо ми дојде ко изненадување.
     
    На Anomys, JoyJoy, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Не е така поставено.
    Шефо си зема негова плата, ама не зема процент од твојата, како шо е случајот со МЛМ.
    Пирамидална е заработката.