Можно е да се зачленуваат со имињата на нивните родители. Проблемот во Македонија е тоа што работа за лица под 18 години е речиси невозможно да се најде освен на црно па тоа е една од причините зошто би се зачлениле. Кој не би сакал да си заработи свој џепарлак. Поттикнување на „претприемачки“ и „бизнис“ дух е всушност добрата работа на млм. Учење како да се менаџираат некои работи уште од млада возраст (што кога ќе размислам, со недостаток на практична работа, недостаток на вонучилишни активности и настани на кои би оделе младите, ова е едно од ретките можности некој да се запознае со сето тоа) е всушност релативно добра работа. Секако, ова да биде со помош и надзор од родителите.
Млм е модифицирана, легална понзи шема. Повеќето. Нашле начин како критичните точки да се како што треба по закон, додале производ за да не е ветер во магла, ама начинот е ист. Тоа што производот е претплатен и останатите пари што се вишок се префрлаат од еден на друг баш како понзи шема, игнорирате. Би било ок доколку само продаваш и не си опседнат со користење на производите и регрутирање и идеја дека ќе станеш милионер еден ден, ама така ги учат и ретки се оние што психички здрави пристапуваат кон ова или остануваат такви. Кога би имало за сите профит не би рекла ништо. Ама губат пари најголем дел од нив со лажни ветувања пошто као секој може да заработи...курац може. Повеќето не би продале ни вода во пустина не па производ 3 пати поскап од она што можеш да најдеш по продавници. Малретираат блиски луѓе да купуваат оти бизнис имале, свашта. Можам до утре да пишувам, не ми се верува дека млм се брани ко добра бизнис шанса.
Се врти дискусијата во круг оти се меша легалност со етика. Никој не поддржа MLM, ниту ги пофали, ниту рече дека е паметно да се вложи во нив (било финансиски или со време и енергија). Поентата беше дека легално се имаат оправдано, на овој или оној начин, исто како што се оправдуваат и fast fashion брендовите за користење слабо платена работна рака во сиромашни земји. А никој не го оспорува тоа да не ги сакаш затоа што не функционираат на етички начин. Обвинете ги законите што го дозволуваат тоа . Се согласувам дека е добро да се учат тинејџери на сите работи што ги спомна, ама мислам дека причината зошто не им е дозволено да работат е поради тоа што немаат капацитет да расудуваат и лесно можат да се експлоатирани и залажани. Самиот факт што се деца, дисбалансот на моќ меѓу возрасен и дете може да овозможи „оправдување“ кај шефовите зошто децата да им ја вршат „валканата“ работа, т.е. она што ниеден возрасен не би се нафатил. Спомна под надзор на родител, ама не сум сигурна колку може да се изведе тоа и до кој степен, имајќи предвид дека и родителите се веќе презафатени за да го микроменаџираат секој чекор на децата, а некои од нив пак и едвај чекаат прилика да заработуваат на грб на свои деца... Може може да се изведе тоа со строга регулација што можат да работат, еве ко во Америка да разнесуваат весници (не знам дали уште се прави ова), што е релативно „невина“ работа - во смисла не дека којзнае како можат да ги лажат. Ама еве по кафиќи и слично, не знам искрено, си велам да не им влијае негативно, изложени се на скроз друга култура од она што родител сака да му го пренесе на своето дете и може да им го смени светогледот ако секојдневно се изложени на тоа. Единствени опции за „работа“ што ми текнуваат е поголем акцент на пракса во средно училиште, и тоа платена пракса, во склоп со училишните интереси на детето. Мислам, и ти сама спомена дека ова е недостаток, онака само се надоврзувам. Ама мислам дека ние сме предалеку од ова.. А еве конкретно во MLM, не сум сигурна дали повеќе ги учат тие вредности на кои алудираш, или како да се лековерни и да имаат нереални очекувања за заработка, каде се надеваат дека на брз и лесен начин ќе направат пари, преку „секташко“ привлекување луѓе во води кои не им се баш јасни и ним. Ако возрасни луѓе паѓаат на вакви работи, што останува за помлади... За учењето на тие вредности што ги зборуваш, ми текнува на едно видео каде што човек кажува дека татко му уште од мали нозе го научил во овој поглед на 2 начини: 1. Пред да купува импулсивно, секогаш да се запрашува дали нештото навистина му треба. 2. Учење за менаџирање на пари преку џепарлак; во смисла, еве ти толку и толку пари за трошење оваа седмица/месец, размисли добро како ќе ги трошиш.
Се согласувам, само да дополнам. Проблем со ,,законите,, барем во мк е што се слепи и глуви дури некој дебело не се заебе. И пак никому ништо. Од кога постои темата за Лајонес на форумов, од кога лагано ЈАВНО се промовира како прекрасен бизнис концепт и пак никому ништо. И етикета на легалност си има заслужено, со тоа што некој (закони и спроведувачи на закони) спие на ушите со ГОДИНИ. А народ со толку кратка историска меморија, после тат и фиком пак да не му се пали сијалицата е сосем друг феномен, вреден за истражување. Во основа капитализмот е скаран со етиката, ама тоа е друга тема. А ако не го мрзи модератор да отвори нова тема за Млм со мислењата одовде би било фино, ама па викаат-колку пари, толку музика.
Тоа што млм е легализиран бизнис воопшто не го прави етички исправен ниту па има било каков конструктивен аргумент да се оправда зашто е легален таков пирамидален концепт кој се базира на превари и лажни ветувања. И треба биде нелегален само што во прашање се финанскиски јаки компании кои можат да удрат добар маркетинг на сопствениот концепт во книгите и сите афирмирани веб страници на кои слепо се придржувате. Наместо да размислите малку аут оф д бокс дека буквално се работи за скоро па ист преварантски бизнис и на никој не му се исплати не само на вајлд.
Не е забрането да работат лица под 18 години, напротив, законот дозволува но е тешко да најдат работа. Ова што го наброја е само обесхрабрување и од активни луѓе правење неспособни. И во делови од ЕУ не е забрането да работат лица под 18 години, само со скратено работно време за да не би го запоставиле учењето. Болдираното: тоа е и поентата. Дали тоа ќе се случи на 18 години, порано или подоцна - не е важно. Секое искуство е важно. Не е во ред деца да се чуваат под стаклени ѕвона. За останатото се согласуваме. Не е вредност, ама е искуство. Ако некој не им плати порачка, нареден пат ќе сфатат дека не се сите чесни. Ако останат со неплатена порачка, ќе мораат да се откажат од она што го заработиле (а можеби и дел од џепарлакот) како би ја покриле таа нарачка. (Овде може да додадам дека секој родител не е во можност да дава џепарлаци или да дава високи џепарлаци. Не смееме да го занемариме и тој факт.) Ако видат дека им оди - ќе продолжат. Ако видат дека не - се откажуваат. Ама се стекнале со едно поинакво искуство - дека секој е различен, секој не е чесен, немаат сите вредности како што имаат тие и (делот од погоре) ќе им се промени светогледот како што и треба. Напишаново воопшто не сакам да се сфати како поттик на МЛМ, само сакам да дебатирам на темата и како ралични луѓе различно гледаме на истото.
А може јас нешто да прашам? Даваш пари кога влегуваш во вакви млм шеми како појма немам, Авон ги спомна, или главната клаузула е- -заработка на процент? Појма немам, никогаш не ме интересирало продажба. За она другото- може некој да не плати, да научи дека не е секој чесен- искрено сум го заборавила тој мајндсет на лажи и превари. Со години не живеам на балкан, овде луѓето сеуште се чесни, на старо продавам ќе ти слика ако е нешто гребнато, пукнато. Се прашувам има ли врска чесноста со нивото на општествен добробит или нешто друго е во прашање.
Не даваш пари кога се зачленуваш, ама заработката ти зависи од тоа колку луѓе ќе зачлениш. Пишав поназад, во ни една друга дејност, шефовите не земаат процент од платата на оние 'под нив'. Во МЛМ, баш тоа е целта. Значи земаш процент од заработката (платата) на оние кои си ги регрутирал, па процент од заработката на тие што се регрутирани од оние кои ти си ги регрутирал... и така низ дрвото на хиерархијата. Значи, тој што почнал прв со продажба во МК, зема процент од заработката на сите членови во МК. Е тој, можи ќе напрај и стотици илјади евра, а ти, ако си онаму на 'најмалите гранчиња', ќе треба да се задоволиш и само со попуст за нивните производи. Да не прам муабет колку е дегутантно да врбуваш луѓе, ко да ги регрутираш во култ.
Не знам дали има, ама мислам дека нема...барем поголем дел од нив немаат. Да, заработката е од процент со тоа што оние кои имаат зачленето повеќе можно е да им доделуваат повеќе привилегии (не знам точно, си измислувам) како презентери и некои слични работи така што она што се споменува дека е пирамидална заработка - колку повеќе се заработува сепак носи одговорност. И на балканот се чесни. Само има многу сиромаштија, не е дека од нечесност се прават некои работи. А секако има и исклучоци кои се толку големи што ни оставаат впечаток дека сите се нечесни. Тие што ги пишав се само примери кои ретко се случуваат. Да не заборавиме од каде е излезен терминот „Понзи шема“ што има многу допирни точки со пирамидалните измами. И секако, да не заборавиме дека многу случаи во САД па и многу други држави се одговорни за настанувањето на овие поими, а на балканот оние кои ќе ги направат овие работи се мисли дека не се чесни затоа што овие првиве немаат пари да се сокријат како што би го направиле тоа луѓето во пр. САД.
Одредена фирма (која НЕ е млм) во која работиш, ти дава ваков вид на привилегии откако ќе се покажеш како добар работник кој си ј завршувал работата одговорно и на време, поточно ти ја покачува платата и сега ти имаш повеќе овластувања, а тоа носи поголема одговорност. Некаде ова може да значи и унапредување. Барем така функционираат. Дали ова значи дека и тие се култ? Мислам дека Македонија до толку има лошо влијание што сте заборавиле како може да изгледа нормална работа и дека некои имаат поинаков систем на работење.
Методата која ја користат култовите, ја користат и МЛМ компаниите. Башка што е со цврсто воспоставена хиерархија и тој шо е долу, секогаш ќе биди долу. Социјалист сум. За мене е нехумано. Вие, како сакате
Не сфаќам како би било нехумано ако некој би заработувал. Или ако некој би заработувал повеќе и сега има одредени привилегии (пример производ гратис за остварени одреден број нарачки). Тоа е сосема фер. Ова пак покажува дека забелешката „ако е долу секогаш ќе остане долу“ не е најточна. Секако, заработката е минимална и зависи од многу фактори па на секој останува да види дали ќе се откаже или ќе продолжи. Впрочем, дури и на форумов има еден вид на хиерархија од админи и модератори до теми недостапни за одредени профили. Само што не е шема на пари туку шема на привилегии. Ако во одредена фирма не работиш - добиваш отказ. Ако во млм не сакаш да правиш порачки - престануваш да работиш без никакви обврски и ова е клучната разлика меѓу пирамидална измама и млм компанија. Методата е таа и за млм и за немлм фирми. Ако сакаш да ја наречеш така, тогаш во ред.
По ново се Лајконет и постојано имаат вакви собири со доста народ насекаде низ државава, народ кои се надева дека ќе се добере до јахти во Монако. Има и посебна тема: Lyoness cash back картичка
Нема да коментирам за тоа што сте збореле претходно, ама сите што ги знам што се поврзани со овие организации(лајконет, хербалајф) ми се како дел од секта според постовите што ги ставаат по социјални мрежи.