Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пирамидални шеми, мултилевел маркетинг...

Дискусија во 'Барање работа' започната од Lilit, 31 март 2023.

  1. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.620
    Допаѓања:
    35.187
    Пол:
    Женски
    Менаџерите во многу фирми на годишно ниво земаат бонуси, покачувања и останати привилегии во зависност од тоа колкав профит ќе направат тие под него! Па, ете легално е. Не е етички, ама па во денешницава, особено во капитализмот, етика е непознат поим.
     
    Последна измена од модератор: 3 април 2023
    На Daniela93, Celltica, JoyJoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Не оди од твојата плата по налог, процент директно за шефовите
    Капитализмот е говно, ама ова е побетер, либертеријански е моделот

    У ствари... мене не ми се бендисва, ама тебе можи ти е ќеф од секоја нето плата, да даваш дел за тие над тебе.
     
    Последна измена од модератор: 3 април 2023
    На Серотин и daylight им се допаѓа ова.
  3. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.183
    Допаѓања:
    8.898
    Пол:
    Машки
    Зависи.
    Најчесто ти велат немаш трошоци ама уствари имаш скриени.

    Пример, последно за Лајонес теоретски не ти требаше почетен влог, ама уствари мораш да почнеш да трошиш твои пари за да купуваш производи за да се издигнеш малку погоре и да ти се качи процентот шо го земаш од клиенти што купуваат преку тебе. Ме мрзи детално да објаснувам.

    Исто е и со Хербалајф.
    Технички немаш почетен влог, ама уствари на почеток мораш да купиш пакет во одредена вредност.
    Ама не го рачунаат тоа у почетен влог пошо КуПуВаШ За СеБе.
    Исто и со лајонес.
     
    Последна измена: 3 април 2023
    На CameliaMiller, JoyJoy и Biljarkata им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Дури има овци, ќе има и волна
     
    На CameliaMiller, Tanjamm, Just.do.it и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.966
    Допаѓања:
    179.726
    Тукушто го дефинираше капитализмот денес:D. Секако дека од мојата плата давам дел на тие над мене, менаџер, менаџер на менаџерот, неговиот менаџер итн се до акционерите. Ама не е тоа темата, тоа у друга тема.
     
    На Celltica и JoyJoy им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Абе не е исто.
    Уште полошо е.

    Прашај некој економист, ќе ти објасни.
     
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.966
    Допаѓања:
    179.726
    Никој не рече дека е исто, фала богу знам што зборам. И креативно сметководство имам учено, ептен ми е јасно се.
    Мислам, се ми е јасно, освен како бај д бук илегални активности организираат јавни семинари. Го виде некој видеото за влоговите? 12.000 евра влог бе(facepalm). Не знам дали се за жалење или за памет нека им е.
     
    На CameliaMiller и oblace1 им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Ако имаш учено, тогаш треба да знајш дека е место каде нема шанса за реален напредок.
    Во борд нема да бидиш никако, освен со пари, ама ЦЕО, можеш.

    Е овде, тој шо е ЦЕО, е доживотно таму... или додека не се откажи сам.

    Рачунај, тој прв шо почнал, почнал in an untapped market
    Фактички, се' што е изградено од првиот, се слева директно кај него.
    Сега да почнеш, после 10-20 години работа на фирмата на овај мизерен пазар... futile

    *Да не прам муабет за то колку неќам sales.
    Најобрите продавачи се тешки социопати.
     
    Последна измена: 3 април 2023
    На sweet dreams ** му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.966
    Допаѓања:
    179.726
    :D
    Уф, само ова не го знаев, сега имам одговор на сите мои дневни фрустрации :D- да знам дека не е до мене. Фала:D
    (Јас, во секојдневна комуникација со продавачат (lalala) :drunk: :@ )
     
    На JoyJoy и WildMk им се допаѓа ова.
  10. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    56.704
    Пол:
    Женски
    @Lilit а дали покрај Катерина би ги сместила тука и Смилјан Мори? или Марина Анчевска со NLP?? чисто информативно-од радозналост ме интересира твојот став.
     
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.620
    Допаѓања:
    35.187
    Пол:
    Женски
    Оууууу, оди и тоа како ;) Колку поише ти им р'мбаш, толку поише они ќе имаат. И што е поразлично од шемиве што ги направи нелегални тука.
    Само... тешко е да признаеш дека грешиш. И не само што не признаваш, туку и другите криви ти се, па и жртва кај и да е ќе излезеш...
     
    Последна измена од модератор: 3 април 2023
    На Celltica, NoirSerpentine, Orchidea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Aнонимус_

    Aнонимус_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2022
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    1.459
    Пол:
    Машки
    Тие на најгорните левели се социопати пошто немаат проблем да газат преку луѓе и стигаат високо.
    Овој Витанов да имаше совест не би можел да покраде гомила луѓе.
     
    На CameliaMiller, Just.do.it, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.926
    Допаѓања:
    31.671
    Пол:
    Женски

    Извини што вака реплицирам, ама „чесниот“ бизнис на Лајонес потекнува од Австрија. И таму има истрага за пирамидална шема.
    Накусо ние на Балканот ништо не измисливаме. „Топлата“ вода се измислува на убавиот исполиран Запад, а ние потоа тука го јадеме стапот. Не за друго туку затоа што нашите чукундедовци биле поробени додека нивните биле поробувачи (на пола свет отприлика и тоа таму каде што има мнгоу природни богатства).

    Еве еден текст каде што убаво се објаснува каде се оперирале овие Лајонес и во кои земји се веќе забранети https://www.scamrisk.com/lyoness-reviews/.
     
    На BlackNight, oblace1, Bratot и 4 други им се допаѓа ова.
  14. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    896
    ***Извинете за долгиот пост***

    Во голема заблуда сте сите оние кои не разликувате МЛМ систем од понзи шема, во која главен извор на приходи се парични (а и временски) инвестиции од жртви.

    1. Кај МЛМ има производи, кои може да се употребуваат во секојдневието. Некои се помалку добри, некои производи се одлични.

    2. Никој не те обврзува да пазариш секој месец ако сакаш да си само корисник (не мора да градиш мрежа од клиенти) - ова може не е кај сите МЛМ компании.

    3. Ако сакаш да почнеш да градиш мрежа и да заработуваш, твојот процент на заработки е НАЈГОЛЕМ од тие директно под тебе, а не најмал како што тука некои рекоа. Како што качуваш нивоа, твојот процент е сѐ помал и помал кон тие директно под тебе ако работат. (но имаш поголем промет, па затоа заработката е поголема). Личниот попуст е најголем, како што качуваш, ама за тоа треба буквално крв да имаш исплукано од работа. За да стигнеш до тоа ниво, треба да се оствари промет од баслословни суми.

    4. МЛМ не е само врбување да се купи производ (иако многу тетки го прават токму тоа). Има различни едукации (општо на интернет, не мора да се од компанијата), кои вклучуваат комуникациски вештини, продажни вештини, маркетинг цаки и слично.

    5. Тој што бил прв, добивал најмногу. Не е точно. Тој добива процент од неговата мрежа, и во некои МЛМ компании има ограничување до која длабочина во мрежата можеш да заработиш процент. Ако имаш ти 10 луѓе во длабочина, еден под друг, најчесто процентот ти е пресметан до 5-та длабочина да речеме.

    6. Ако вложиш време и труд во едукација, ќе научиш многу нови работи, кои со обична работа не би ги научил.

    7. Во било која компанија хиерархијата е поставена пирамидално. Ако ти работиш во маркет, и земаш 30.000 денари месечна плата, шефот на смена зима да речеме барем 50.000. Тој што е главен менаџер на тој објект може зема 80.000. (цифриве се пример). Ако тој истиот маркет забележи загуби (од икс причини), први на мета за кратење плата се вработените, а може да добијат и отказ. Во нормални држави не, ама во МК тоа е честа пракса. А пак ако маркетот го зголеми профитот за 50% проценти, вработените не добиваат 50% поголема плата, туку може некој бонус од 10-15% повисока плата.

    8. Менталитетот на повеќето луѓе е - попрво ќе купам од некој што не го познавам, отколку кај блискиот. Затоа на сите што работат со МЛМ, најголема грешка им е што се обраќаат на пријателите и блиските за помош на почеток.

    9. Тие што почнуваат со МЛМ да работат, грешат за очекувањата (кои за жал ги поставуваат нивните да ги речам ментори), и се надеваат на брзи пари уште првиот месец, и ако не е така веднаш се откажуваат.

    10. Кај нас менталитетот е - попрво би работел за 400 евра сигурна плата, отколку да почнам бизнис/работа (што не мора да е МЛМ), која во првата година би ми носела минимален ќар. Ова и го разбирам до некаде, бидејќи помалку од 10% од населението во МК, може да си дозволи да живее 12 месеци без приходи, а да не му се наруши стилот на живот. Еве тргнете од мене/вас. Колку од вас во банка/на страна имате пари за да живеете 12 месеци без да работите, а притоа да не се скратувате од ништо? Ако трошите 400 евра месечно, дали имате 4800 евра на страна, за не дај боже да почнете бизнис, или ако добиете неочекуван отказ/пропаѓа фирмата?

    11. Тој што е прв во бизнисот/фирмата/МЛМ, треба да си има одредени привилегии, дали се тоа парични или не знам какви. Не може вработен во фирма 10 години, и човек прв ден на работа, да имаат иста плата/привилегии.

    12. Никој не ја гледа работата на луѓето кои работат МЛМ, или општо бизнис. Кај нас, сите што заработуваат повеќе од вообичаеното (ајде да речеме дека тоа се 3000 евра месечно), се гледаат со завист, љубомора, дека така им се погодило, имале среќа, имале роднини што ги пикнале. Поминати се часови и часови во едукации, презентации, смислување планови за работа, работење, и малку среќа за сѐ тоа да испадне како што треба.

    13. Во МЛМ компании, за ширење на мрежа, најчесто се зачленуваат мрзливи луѓе и луѓе кои сакаат да го заебат системот, а со тоа му наштетуваат и на бизнисот а и на блиските околу него. Многу од тие што работат МЛМ, не го знаат маркетинг планот, ниту производите, а сакаат да продаваат. Така не ја бива работата.

    14. Со МЛМ се заработуваат одлични пари (со оглед на тоа колку е сработено). Да, има осцилации, има успони и падови, ама со МЛМ може да стекнете флексибилност и слобода, која ја немате со редовна, неквалификувана работа. (Тие што се програмери, доктори, адвокати, менаџери некакви, имаат повеќе од солидни примања)

    15. МЛМ може да го работи секој, но не е за секој. Имав прилика да искочам на кафе со претставници од неколку МЛМ компании, и се виде нивната некомпетентност во зборувањето. После тоа се откажаа и престанаа. Сега работат нешто безвезе, колку да се преживее.

    16. Секоја работа/бизнис/одлука си има свои позитивни и негативни страни. Па и да се погреши некогаш, сѐ е лекција во животот. Некој таа лекција го чинела време, некој пари и слично. Пример, јас со моите лоши одлуки, најчесто сум губел време за непотребни работи. За пари, не инвестирам дури и да е сигурно, а камо ли нешто сомнително (Може и да сум грешка со ова размислување, но ете.)
     
    На Orchidea му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.188
    Допаѓања:
    156.715
    За нив не знам, не знам што промовирале.
     
    На andrejko82 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.926
    Допаѓања:
    31.671
    Пол:
    Женски
    NLP е техника на работа односно начин на поставување на прашања преку кои клиентот треба са да дојде до решение на проблемот. Во принцип некому текнално дека ако направи разводенување на Когнитивно-Бихејвиорална терапија (правец во психотерапија) и го продава како начин да се освестиш себе си и да заработиш нешто ако сакаш (со работа со други). Инаку е техника за работа која не бара да си психолог/психијатар/психотерапевт. Е сега има луѓе кои ги знаат лимитите и ова го применуваат како што треба. Други се прдоваат себе си како да се богови. Е тие што не знаат кај им е границата може да креираат огромни проблеми на луѓе преку нивниот несоодветен пристап. Дел од оние со NLP што ги знам аборуваат работи што од аспект на официјална психологија/психијтарија се комплетно несоодвенти. Дел зброуваат работи што постојат и се прифатени само за нив користат други имиња (за да нема нели потреба да бидеш психолог/психијатар). Иксрено тие што го имаат измислено ова прават добри пари. Тие под нив (што дебело плаќаат за обуки) не знам колку се во ќар. Ама не е понзи шема. Имаш еден гуру и куп луѓе што го следат.

    Е мотивациски говорници е луѓе на кои треба да им се поклониш до земја за нивната способност од ветер и магла да направат пари. Ги бива за јавно говорење и толку. Ќе се изнакажат клишеа, ќе зачинат со кобајаги лична приказна и ќе соберат едно чудо луѓе што платиле огромна сума на пари за карта (за ништо да не научат или барем не нешто корисно) и ќе си заминат.
     
    На Cosmic Girl, CameliaMiller, Bratot и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.966
    Допаѓања:
    179.726
    И тоа го знам и го имам елаборирано во соодветната тема, кајшто ме убедуваа дека само што не излегле на берза. После почнувањето на судски постапки во Австрија, Италија, не знам каде, нема проблем, ќе го прекрстиме од Лајонес во МајШотијазнам или како беше, и ќе тераме даље.
    https://behindmlm.com/companies/lyoness/myworld-review-cashback-world-lyconet-lyoness-in-2021/
    Уанворлд -нема проблем, и во Норвешка од пред х месеци е под истрага. И така...да се чуди човек.

    Не реков дека се измислила топла вода на балканот, ама на толку мала земја и толку отворено пропагирање, да не ти светне сијалицата, е...штознам...
     
    На JoyJoy, CameliaMiller, oblace1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.926
    Допаѓања:
    31.671
    Пол:
    Женски
    Еве мене на пример никој ништо такво не ми понудил. Искрено пак се работи за барање „соодветен“ профил на луѓе веројатно.
    Знам за ова (сум слушнала дека постои) ама до денес не знаев ни како функционирало ни ништо.
     
    На andrejko82 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Еве стучно објаснато шо ме нервира.
     
  20. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    56.704
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам на одговоров. Не ми беше сосема јасно ама цената за добивање NLP сертификат (превисока за наши услови) од личност која де факто направила пари од тоа и со чија диплома "чии врати отрвараш" баш не ми беше јасна ама тоа е тоа, нашле луѓето механизам на земање пари од ништо..
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.