Konceptot e ist. toa sto ima karmin, ne go pravi nisto porazlicno od bilo koja druga piramidalna sema.
Исти шеми. Ми вели господинот „погледни какви коли се возат по улици, во секоја куќа по две три коли, народот има пари, знаеш УЈО објави тој еден од таа и таа населба имал толкав приход ( демек знае лични податоци тој и кој колку пари добива на сметка, па ќе ме убедува). Два часа се работело, лесно одело, се заработувало добро. Едвај чекав да станам и ми вели „ако се одлучиш“ да ни се приклучиш, чекаме до утре одговори ни. Ахахах, сигурно. Друго девојче, во автобус ја запознав. Ај еднаш ме изгњави добро, да сме пиеле кафе, после ја одбивам откако видов што е работата и пак ме кани на презентации со муабети „Тање, минатиот пат ме одби, се надевам дека сега те наоѓам во добро расположение, да дојдеш на презентација...“. Види богати, дури како жртва се прави.
ова им е извежбана реченица значи..као сега ме оставаш на цедило не доаѓаш ама еве ти пак шанса ..најверојатно и ова ги учат како да не се откажуваат од потенцијален клиент..па тоа семинари наградни патувања ехе
Како не оди? На скоро секоја менаџерска позиција платата расте само со зголемување на тимот, т.е. со секој нов вработен на кој си му менаџер / лидер / ментор добиваш повисока плата. Имаш искуство со работа во менаџмент што си тврдиш вака од ракав?
@WildMk Како бе исто е дали има кармин или нема? Уште за ова? Не е воопшто исто. Никој не ти бара влог, никој не те тера да мораш да купиш толку и толку. Купуваш и продаваш. Натаму не те интересира. Ако решиш да правиш тим и тогаш никој не ти вели вложи толку. Ако гледаме вака според тоа што го збориш и маалскиве продавници и маркетиве се измамници. Оти нели и они мора да купат за да продадат. Дистрибутер, мерчендајзер, комерцијалист, шеф, менаџер... И овде има нивоа, според тебе и овие фирми се измамници? Таму каде што има физички производ НЕ Е пирамидална измама, разбери. Упорно ти кажуваат стручни лица овде, ти објаснија уште одма разлики меѓу пирамидална измама, МЛМ и понзи шема. Каков менаџер е маж ти, во која област? Ај нека ти објасни ако знае и тој самиот, па пренеси ни овде.
И на сето ова твојот одговор е работи со Авон карактер си, бравос. Никој овде не те убедува да работиш со Авон и слични, ти објаснуваат разлики и што е што. Ама ти упорно со главата во ѕид и не сакаш да прифатиш факти, кои патем не ги измисливме ние, туку постои цела една наука.
Ох, боже. Дај да ја видиме таа наука За некои работи си во право, ама за некои не си. Како да ти објаснам дека прифаќањето дека не знаеме се, не носи чекор поблиску кон тоа да научиме? Сакаш лајф коуч да ти бидам
Немам време да барам линкови од вчера, зафатена сум со работа во пирамидално АД, некој мора и за акционерите да работи
Ова ме потсеќа на доктор и пациент. Пациентот му вели на докторот „седи сега јас да ти кажам кои лекови да ми ги дадеш зошто јас учев на гугл“ што секако не е лошо да се истражи ама во меѓусебна комуникација да се дојде до решение. Луѓе што знаат ти пишуваат какви се фактите. И повторно: тоа што некој избрал да користи дупки во ова како што се користат дупки и во закони, не значи дека млм се измамници. Дел се, ама тоа е веќе пирамидална измама. Што доведува до тоа дека двеве работи се многу различни. At this point на толку обиди да се објаснат разликите си мислам дека тролаш. Ама одиме напред, претходно тврдеше дека се сосема нелегални, а погоре имаш пишано дека се на работ на легалноста. Значи има уште простор
Луѓе што појма немаат како функционира МЛМ се дрзнуваат да кажат дека е превара или што ти знам јас. Баталете ги тие што се занимаваат со тоа за да направат брза пара. Повеќе би рекол дека е лесна пара, отколку дека е брза. Земете една МЛМ компанија за пример, прочитајте го целиот маркетинг план, разберете го како функционира (ако сте способни) и ќе видите дали е легално или не, дали функционира или не. Главна причина зашто МЛМ не функционира со целиот свој потенцијал се токсичните луѓе кои стануваат дел од нив, надевајќи се на луксузен живот после 1-2-3 години дремење. (без да работат)
Немам ама баш ништо измешано, точно знам што е што. Тоа што продаваш производ/услуга, е дупка во закон едноставно. И понатаму профитот ти е од тие кои продаваат во твое име, т.е. зависи колку луѓе зачлениш. Нереално многу треба да продадеш за да профитираш од продажба. И да, парите во бизнисот влегуваат од продажба, но парите ги добива врвот само, кој продава 99,99% од времето тотално неетички (односно предмети и услуги кои не ги заслужуваат епитетите; ги немаат својствата; маркетингот е заснован на лаги и "напумпани" својства; или новиве, кои продаваат "услуги" (финансиски, ватевр). Млм речиси по правило ветуваат ИЗЛЕКУВАЊЕ на разни болести и состојби со нивните производи (а тоа Е лага и апсолутно треба да се гонат кривично), понатаму рекламираат "традиционално, органско", ама кога ќе го купиш производот и ќе прочиташ состав, ако знаеш што читаш, гледаш дека апсолутно не е органско и природно (повторно, за ова треба да се гонат), и за крај, ако е нешто легално, не значи и дека е исправно. Пред да дадам пример за болдот, ќе ги уфрлам тука секташките моменти (врбување за ченство), а и boss girls моментот, коли, јахти и останати ЛАГИ кои се резервирани за врвот кај што НЕ можеш да стигнеш, самата шема не ти дозволува. Свој бизнис? Млм НЕ Е свој бизнис. На таму некој што поседува франшиза за Хербалајф, Тианде, незнамтикој е бизнисот. Ти си непријавена, без стаж, без здравствено осигурување работна рака, лесно заменлива и немаш НИКАКОВ свој бизнис. Кога работиш за некого, лупам Систина, добро знаеш дека немаш ТВОЈ бизнис, работиш за некого. Овде ТЕ ЛАЖАТ, па почнуваш себе да се лажеш дека си бизнисмен(ка)... итн. За болдот. Партнерот ми е со инвалидитет и на колата има (и имам) знакче за инвалиди. Ни сам не паркира на места за инвалиди ако има други слободни, затоа што неговиот инвалидитет е минорен и може да пешачи. Некој во количка пример, не може. Можам и јас да паркирам и кога сум без него. Па не паркирам. Можам. Ама меѓу тоа што легално можеш и тоа што е етички и морално исправно, има разлика. Не секогаш ако нешто ти се може, треба и да го правиш. И да, запознаена сум со млм МНОГУ добро. Онака, врвовски. Точно знам како функционира. И се додека имам здрав разум, нема ни да учествувам, ни да оправдувам, ни да поддржувам. И екскомуницирав многумина, за жал, зашто почнаа да ме трујат левел Јеховини Сведоци. Понзи со дупка во закон, ништо повеќе. П.С. Мејбилајн плати казна за реклама на маскара кај што користеше вештачки трепки. Чекам казни за сите останати со магични својства, од стерилитет до рак лечење. П.С. 2 од сопственици на млм, да, треба да купиш производи за да почнеш. Почетен пакет за бизнисот, по специјални цени за новиот пословоЃа. Жити се'
Да, а работата подразбира психичко масирање на фамилија и пријатели, па и гилт трипање дека не ти го поддржувале "твојот" бизнис Седи раат.
За сѐ се согласувам, освен за овој дел. Не, не можеш да знаеш како функционира еден МЛМ ако го немаш работено, ја немаш прочитано деловната политика, ниту пак го разбираш маркетинг планот со процентите. Не си ни свесна какви ограничувања има во работењето, и какви се услови треба да исполнуваш за да заработуваш проценти од твојата мрежа. Самите МЛМ компании најстрого забрануваат лажни ветувања за своите производи, е сега што тетка Сузе за да земе 300 денари во џеб ќе те излаже, тоа никој не може да ја спречи. Т.е технички може, ама нема цврсти докази за истото. Ако само врвот собира, зошто ти не стигнеш на тој врв и ти да собираш? Или барем блиску до него? На форумиве кружат многу етички и морално потковани луѓе, а првата прилика да имаат да украдат нешто, ќе го направат тоа. Поради голем број на лажговци, затоа што секој може да се зачлени, се нарушува угледот на најдобите МЛМ компании во светот. Еве да речеме ти продаваш појма немам, украс за 1000 денари. Што е подобро, ти да направиш 1000 продажби по 1000 денари (1000 пати да го спакуваш, 1000 пати да го пратиш, евиденција, грижа за корисници, бла-бла). Или би дала на некој твој пријател/колега/соработник, украс по набавна цена за него од 800 денари, и за секоја продажба да земе 200 денари, а ти да земеш 800 без да се замараш за достава, евиденција и корисничка поддршка? Па еве да речеме дека тој пријател ке ти донесе уште еден пријател што ќе ги препорачува твоите украси, и ќе го зима за набавна цена од 900 денари, првиот твој пријател ќе земе 100, ти ќе земеш 800 повторно. Што е подобро? МЛМ како систем на продажба е НАЈДОБРОТО нешто што го смислил човекот во последниве 100 години. Тоа што голем број на нивни претставници пробуваат да го бутнат системот и пробуваат да манипулираат со народот сѐ со цел побрз ќар, е друг муабет, и за тоа треба да има и затворски казни, ако мене ме прашуваш.