1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пирамидални шеми, мултилевел маркетинг...

Дискусија во 'Барање работа' започната од Lilit, 31 март 2023.

  1. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.448
    Допаѓања:
    5.900
    Буквално мајка на познаничка вака се поставува кога ќе ја конфронтира семејството за HerbaLife :D.
     
    На JoyJoy и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  2. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    957
    Не би сакал да се нарекува мој/твој бизнис работењето со МЛМ, бидејќи не е тоа. Но фактот дека не те поддржуваат во старт си стои. Тоа е во менталитетот на луѓето. Еве, нека не е за МЛМ. Да отворам бургер хаус, пак попрво луѓето околу мене би ги шернале Бејкинг или Рустикана, отколку мојот нов локал. Знаеш зошто? Затоа што немале прилика да работат нешто за себе, за да видат како е кога не добиваат поддршка.

    Еве, јас приватно работам друго со услуги (консултации), па ретко од кого добив асална поддршка за мојата идеја и мојот вложен труд.

    Пола година пред ова со услугите се вработив во фирма за фиксна плата, имаше поддршка и честитки од сите страни за мојот успех како вработен.
     
    На Milobebence му/ѝ се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.654
    Допаѓања:
    273.393
    1. Го немам работено, останатото и те како добро го знам :)

    2. Не тетка Сузе, католози пролистај, абе остај саде лекови ќе најдеш. билки, дрндупки :) И јас овде во болницава ако ветувам дека скроз бе ќе те излечиме од 4 стадиум канцер не само што ќе ме избркаат, и кривична ќе си испијам, ама млм кур ги боли пошо, тетка Сузе не им е вработена ;)

    3. Затоа што не сакам да бидам на врв кој подразбира дека некоја тетка Сузе што нема пари за ништо и е лековерна, ме ставила таму. Онака, сум ја дупнала од лажење дека ќе вози мерцедес, ама уствари јас го возам :)

    4. Првото е подобро, знаеш зашто? Затоа што мојот стаж, осигурување (не млм осигурување, читај осигурителни компании баш поради што се млм немам и нема да имам животно), поддршка на корисници (ако целта ти е да ти е гајле за корисниците, нели), се онака, БИТНИ.
    Да не беа, немаше навистина најголемите светски компании да не бидат млм.

    5. Млм треба да се забрани со закон. Точка. Баш затоа што не ги боли кур што лаже тетка Сузе, а и другата тетка што ја има франшизата прави и ветува. Затоа што нема рекламации, затоа што кур ги боли за корисници. Затоа што лечат стерилитет, рак, осигуруваат живот (освен што да си ги земеш парите ќе ја најдат секоја дупка да не ти ги дадат), затоа што даваат ефект на филери на уста, затоа што ТЕ ЛАЖАТ дека си бизнисмен.
    Бизнис заснован на лаги, не, не треба да постои.
     
    На Lady D ❤️ и JoyJoy им се допаѓа ова.
  4. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    957
    Не е убаво кога не си запознаена доволно дека имаат исклучувано луѓе на високи позиции од својот систем баш поради такви превари, кои се докажани со факти. Не им се исплати да им се нарушува угледот за неколку стотици илјади евра.

    Тоа се мултимилијардерски компании. Нормално, кога имаш толкава маса на луѓе, не можеш да ги контролираш сите. Треба да се исчистат такви токсични луѓе, но изгледа е невозможно.

    Инаку, не е грешка да кажеш нешто дека не знаеш. НЕ, не знаеш како функционира МЛМ, кога го немаш ни детално прочитано, нормално, бидејќи не си го работела. Знаеш дека е нешто со пирамида, мрежа, проценти, но ниту еден детал тебе не ти е познат.

    Најуспешните компании во светот не се МЛМ, и тоа е точно. Кој вика дека МЛМ компаниите треба да се најдобри компании во светот?

    А знаеш тие најуспешни компании како се најуспешни? На експлоатирање евтина работна сила од најсиромашните земји во Африка, за да продадат производ од неколку илјадници евра. За да им се собере некој милион плус на сметката во месецот, почнаа да намалуваат квалитет, како и грамажа на производи.
    Скратување/уништување на производот не е еднакво со рекорден профит / успех.

    Сите луксузни брендови облека, накит, часовници, чанти се произведуваат во земји од трет свет за долар-два на ден во мизерни услови, за да ви се сервираат на нас/вас како нешто луксузно и отмено и дека треба секој да го има тоа парче материјал.

    Кока-Кола е поголемо срање од било што, Пепси, Мекдоналц и компанија се во исти кош. Сѐ тоа се фирми во кои човекот работи за минималец, а има стрес и последици по нивното здравје кое немаат цена. Најголемите ланци на луксузни хотели, имаат работници од Бангладеш, Филипини, Индија кои работат на законски минимум или под тоа ако се на црно, а едно ноќевање таму е 1000 евра минимум.

    Ама во таков свет сме се родиле, и ќе играме по нивните алчни правила.
     
    На Orchidea и NoirSerpentine им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.654
    Допаѓања:
    273.393
    Ај ја не знам важи ;)
    Дај пример на чесен и исправен млм. Еден.
    Пример тој кај што работиш. "Чесно".
    Си плаќате бе персонален?
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  6. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    957
    Да, си плаќаме, не се секирај. Тоа е најмал проблем :)

    Сите МЛМ кои имаат производ се исправни. Нечесното, неморалното или неетичкото што го гледате во тие МЛМ доаѓа од дел од луѓето кои работат со тоа. Ти реков и погоре, не можеш за вербални тврдења да го казниш/затвориш, затоа што такви се законите. Инаку на сите што ветуваат лажно за да заработат денар од очајниот народ, треба да им следи затворска казна. Без разлика дали е МЛМ или било што друго :)

    Еве, политичарите се преваранти, овие во конфекција се преваранти, овие со хотеливе се преваранти, овие газдиве на кафичиве се преваранти. ФИКОМ беше градежна превара.

    Па гледам, никој не работи ниту пак купува во/од тие гранки/области, од етички причини.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.654
    Допаѓања:
    273.393
    Не среќо.
    Сите што имаат сопствен бизнис ги поддржувам, бившиот мој 1 ден нема работено за друг ;) А цел живот бев со него.

    Бивш колега отвори своја сендвичара, појдов, продава срање по ненормални цени, нит ќе одам, нит ќе препорачам.

    А 90% од моиве имаат свои мали бизниси. И не е до менталитетот, тоа ви е изговор, од тука до Америка, не знам кој попрв го смисли. Пријателка, американка, бос бејбе е на Пјур Роменс. Нон стоп толчи како не ја поддржувале :D
    Ни јас не би, кога се тешко срање и замара и организира "женски вечери" кај што продава глупости за многу пари (специјален попуст ако се зачлениш! и купиш стартер сет!).
    Тапервер, чуеш ли ме :D

    Или ист менталитет имаме со американциве, или исто мислиме дека не треба да ве поддржиме во плаќање преценети производи со шема на врбување членови, ама полесно е да кажеш..... ех македонче, ми завидува :D

    Искрено? Пошто колку сакаш бладај дека е лЕгАлНо и добро, инсајдерски не по своја волја ви го знам бизнисот, не ви завидувам ИЧ.
    Се плашам од вас. Од оние кои треба да ми мислат добро, ама би ми продале срање без грам грижа на совест и без да ми кажат "со ситни букви" што е напишано.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    957
    Ако имаш купено некаков производ од било кој светски бренд во животов, не ми зборувај за преплаќање на производи. И јас купувам де, така да не е проблем преплаќањето производи кај човекот ;)

    Не може да е срање, а и самите да го користат тој производ. Има толку многу задоволни клиенти, кои НЕ се членови во компанијата. Но македонче како човек што знае сѐ, толку можеш да му докажеш :)

    Да не беше легално, немаше да опстојува 30+ години низ цел свет. Ако во Македонија не се замараат за легални ствари, сигурно би го затвориле во некоја друга поголема и нормална земја. Го направиле тоа? Не. Дали ќе го направат тоа за брзо време? Не.

    А ти одбегнувај ги слободно. Еве и јас одбегнувам цигари затоа што не се добри по здравјето. А се целосно легални. Тој што сака да се отруе, ќе си купи цигари. Тебе никој не те тера да купиш МЛМ производ. А ако некој те тера, пријави го за психичко малтретирање :)
     
    На Orchidea му/ѝ се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.654
    Допаѓања:
    273.393
    Абе дај од дрогата, не од влошките.
    Си идам накај дома и не ми се копа повеќе, ама еве ти Тианде.
    Викаш, медицински лица, нешо? Или ВЛОШКИ со цена ненормална, произведени во Кина?
    Да земам да копам по Авон, Орифлејм ќе најдам сигурно уште, за Хербалајф уста не ми се отвара.

    Здравје продавале бе. Тетка Сузе здравствениот советник, стручњак за се', од стерилитет до цистит, уз пат и нутриционист, понекогаш технолошки инжињер за прехранбени продукти.

    Седи раат и дај чесен пример.
     

    Прикачени фајлови:

    На Lady D ❤️ и JoyJoy им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.654
    Допаѓања:
    273.393
    Не ме тера и не може да ме натера, а богами ни да ми забрани да зборувам против :)
     
  11. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.239
    Допаѓања:
    34.933
    Пол:
    Женски
    Имаше конкретно прашање и дадов одговор. Никаде не пишав дека е понзи шема.
    Не сакам да се расправам ако обвинуваш дека нешто не е точно ај те молам напиши што е точно.
    Еве пошто ја сум очигледно нестручна те молам стручно објасни што е НЛП како техника. Пошто јас ништо ама баш ништо точно не напишав. Еве ти напиши што е точно.
     
    На Bezimenka90 и andrejko82 им се допаѓа ова.
  12. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    59.701
    Пол:
    Женски
    Не ми беше мене поентата да испомешам работи, само се надоврзав и прашав мене што ми беше чудно..ти благодарам на одговорот (се чуствувам виновна за мешањето на шемата со нлп)
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.071
    Допаѓања:
    2.611
    Пол:
    Женски
    Со ова објасни како функционира маркетингот.
    Оставено е на одговорноста на потрошувачот или во случајов на оној кој се зачленува. Овде не беше дискусијата дали е етички или не туку дали е легално или не.

    Тоа што продаваш производ не е дупка во закон. Не ми е јасно како можеш да го окарактеризираш тоа така кога имаш производ пред тебе и ти одлучуваш да го продаваш. За тоа колку се заработува повторно не е тема на муабет. Како што е опишано и погоре - ако гледаме така на работите, секоја фирма треба да се смета за пирамидална затоа што како оди нагоре хиерархиски, секој има поголем процент и на крај сепак директорот зема најмногу пари.

    Маркетингот постои за да те убеди да го купиш производот. Така да не знам што е спорно во случајов.
    За се´ си постојат закони. Ако тебе те убедиле да го купиш производот значи одговорноста паѓа на тебе. Ако подигнеш кредит од банка, ама не си прочитала една точка од 100-те страни на договорот кој ти го даваат да го прочиташ и сега не ти се допаѓа таа точка, кој ќе биде виновен? Секако дека ти, си потпишала. Исто е и овде.

    Да се повторам од пред некој пост: никого не убедувам дека е нешто добро, овде ги дискутирам разграничувањата на работите.
    Пишуваш дека убаво си запознаена ама пак спомна понзи што се пак различни работи.
    А со ова докажа дека всушност и не си запознаена толку добро како што пишуваш.


    П.С. Неколку млм знам и ниту една не бара на почеток сам да си ги купиш производите. Ако бара, на крај личноста одлучува дали ќе купи или не.
    Иако мислам дека пишуваме за многу различни работи според она што ти го опишуваш и според она јас што го знам.
     
    На BraBru му/ѝ се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.654
    Допаѓања:
    273.393
    1. Сигурна си дека така функционира маркетингот? Дека смееш да лажеш за производот и да му препишуваш својства кои ги нема, не се докажани? Така е законски, слободна волја на продавачот?
    Викаш можам легално да продавам љубичици и јавно да рекламирам дека од мојот расад деца ќе изродат дома?

    Измама е, легална измама :)
    Законите знаеш, овие што легализирале млм, не се природни закони.

    Млм одат на работ на легалноста, користат секоја можна дупка, неетички методи за заработка имаат и треба да се забранат. Пак нека не знам, мое право :)

    Патем еве ми текна, зашо нема фискални?
     
    На Lady D ❤️, JoyJoy и sweet dreams ** им се допаѓа ова.
  15. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.071
    Допаѓања:
    2.611
    Пол:
    Женски
    Да, така функционира, барем еден дел од маркетингот.

    Имаш некоја погрешна претстава и најверојатно затоа и можеби ти се мешаат.
    Млм не е измама. Ти одбираш дали ќе се согласиш на условите кои ти ги нудат. Тоа што мислиш дека е измама е пирамидална измама. Ова се две различни работи.

    Пак пишуваш за етика. Океј, сфатив што ти е зборот. Ама нагласив дека овде не дебатираме дали е етички или не. И брзите кредити се легални па имаат за цел да ги претстави во најдобро светло и да изостави клучни моменти.
    На граница е и евазијата на данок па преку дупки во законот милијардерите пак не го плаќаат.
    Миле ми текна :rofl: (шала) затоа што има фактура :) Ако порачаш од интернет ти стига фискална? Не, ама ти стига фактура (некогаш ни тоа) :)
     
  16. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    957
    Не секој маркетинг е лажење, ама дефинитвно се претставува производот во подобро светло отколку што е. Топ-шоп и останати теле-маркетинг емисии исто имаат прескапи производи, па не ги затворија заради измама.

    Никој за кока-колата не направил реклама дека е полна со шеќери, дека ги расипува забите и го оштетува здравјето, па не ги затворија.

    Се рекламираат брзи кредити казина и кладилници на секој чекор, па не ги затвараат, што значи се (делумно или целосно) легални. Дали се етички, не баш. Дали вработените таму се етички и морално потковани? Според мене не, ама па носат леб дома.

    Фискални има, ама треба да отидеш до нивното претставништво, да се регистрираш, и да направиш одредена минимална нарачка, ама ќе те мрзи нели? МЛМ компаниите работат полегално од било кој Инстаграм бизнис во оваа дупка од држава. Сите вработени се пријавени, со солидни плати, имаат бонуси, имаат доста привилегии.

    Што се однесува до соработниците, си плаќаат персонален данок, Производите ги купуваат со фактури и фискални и се тоа си подлежи на данок. И сега, кој прави поголем криминал? Мене ако ме прашуваш, ниту еден данок не би платил на овој циркус од држава, па морам.
     
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.654
    Допаѓања:
    273.393
    Порачувам од бизниси легални, добивам фактури.
    Од Авон имам неколку работи, немам фактура добиено. Ни фискална.

    Апсолутно е забрането да рекламираш нешто како лек, а да не е тоа. Ај ако сакаш и по закони да копаме, може.
    Во право не се разбирам, во економија - да. :)

    Како што реков, ако е легално, не значи дека ТРЕБА да биде легално. Не знам како не се разбираме.
     
    На Lady D ❤️ и JoyJoy им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.654
    Допаѓања:
    273.393
    Кои вработени? Имаат вработени? Шо збориш? Оваа што ми носи каталози од сегде, решение има во болницава. Викаш уште 40 саати е пријавена во Авон, Тианде и Фармаси?

    Кока Кола НИКАДЕ не се рекламира дека ЛЕКУВА.

    Знаеш дека се има така рекламирано пред 100тина години? Знаеш зошто сега не се рекламира?

    На Инстаграм бизнисите им барам фискална или фактура, не сум луда да купам нешто без доказ. Ако не се легален бизнис, фала ама НЕ.

    До сега ОД СИТЕ сум добила доказ и можност за рекламација, заштита на потрошувач, нели.

    Него уште не ми кажа кој млм мислиш дека е чист во земјава.

    Фала Богу не се прашуваш ти за данок, ај ќе осамне ден за неплаќачите да се решат.
    Равна вам Америка, пуштете не' нас што сакаме социјална држава на мира.

    *се зачленил вчера бе да се објаснува тука. извини што ти го нападнавме "бизнисот".
    Освен ако немаш франшиза, тогаш, мирно ли спиеш лажејќи ја тетка Сузе?
     
    На Lady D ❤️ и JoyJoy им се допаѓа ова.
  19. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    957
    Тоа што не читаш пред да одговориш доста кажува за тебе. Да, сите МЛМ компании мора да имаат вработени кои ги произведуваат производите, дистрибуираат низ цел свет, како и оние кои се во претставништвата, да ти ги подадат и наплатат истите производи. Истите се соодветно платени, пријавени, со солидни плати.

    Таа што ти е колешка на работа со каталозите е СОРАБОТНИК/ПРЕТСТАВНИК, не ВРАБОТЕН.

    Фискални има, ама најчесто минималната нарачка е од 1500 денари нагоре, која верувам ТИ ја немаш направено. А и за да можеш да купуваш од таму со попуст, треба да си регистриран член. Во спротивно, можеш да си ги купиш, нормално без попуст. Ќе добиеш фактура, фискална, сѐ што сакаш.

    Кај те најдовме вака етички настроена, сигурно не купуваш ни пуканки во парк затоа што тетката не ти издава фискална.

    Кока-Кола никаде не пишала дека лечи точно. Ни МЛМ компаниите никаде не пишуваат дека лечат, ниту ветуваат такво нешто!

    Тоа го прави тетка Сузе и компанија. Истото јас можам да го правам. Да речам дека Камелија Милер лечи со свои лекови. Дали е точно? Не. Дали ќе се заебе да купи некој? Веројатно да. Кој е крив? Камелија Милер или јас што сум ја пренел пораката.

    Абе докторите имаат договори со некои лекови и медицински помагала да ги фураат и кога не ти е ништо, гледаат да ти увалат некој лек плус, па никој не ги пикна во затвор, ниту пак јавно ги обелоденува да ги избрука.

    Мирно спијам, совеста ми е чиста. Никој немам излажано, ниту лажно да сум ветувал нешто. Има такви, се согласувам, ама и ние се бориме против нив.

    Не мораш ништо да купиш, никој не те тера. Само кога веќе се дрзнуваш да дадеш мислење на тема која не ти е баш позната, успеваш да ги доведеш во заблуда другите.

    Тоа ти е исто како јас да земам сега за твојата болница, и да ширам информации кои не ми се баш познати, повеќе ми се од рекла-казала и да зборам на форум. Дали ќе ви го нарушам угледот? Да. Дали ќе бидам мета на критики? Да.

    Не значи дека со тоа што имаш повеќе години стаж тука од другите, ти дава за право да си зборуваш што сакаш и да го маскираш тоа како твое мислење. Еве јас можам да кажам дека си преварант од медицинско лице. И сеа, мое мислење, нели? Не бива така, нели :)
     
    На Orchidea му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.526
    Допаѓања:
    8.860
    Пол:
    Женски
    Ова за жал навистина постои и се практикува, веројатно поради дупки во законите. Колку фирми рекламираат 100% природни сокови, па оди прочитај етикета. Во една наша фабрика произведуваат "безглутенски" производи, ама кога напоменав дека треба на дете да се даваат тие производи, да видиш како се предомислија и се повлекоа. Се манипулира и тоа премногу. Оффтопик :D
     
    На CameliaMiller и JoyJoy им се допаѓа ова.