Ако постирам конкретен линк, тогаш 'кузнај кој го пишал' Ако постирам гугл срч, тогаш како доктор шо му вели на пациент: Најди си лек. Како да постирам, за да ви биди таман? И ни еднаш не тврдев дека се сосема нелегални. Ова со инсуинирањето, да не е заразно, па сите шо го користите? Или не знајте да читате?
Па баш и можам стручно да објаснам Не знам што те навреди, не те нападнав тебе, кажав само дека не е така. Што е потребава од сарказмов? НЛП е алатка за комуникација со себе и другите базирана на користење на јазикот и телото, најпросто кажано. Но често, неетички се користи за убедување на луѓето кон нешто. Нема врска со понзи шеми или не знам што. Ако паметно и совесно се користи пред се ти помага себе да се разбереше, а потоа светот околу тебе, те ти овозможува посвесно да комуницираш со себе, наместо да кружиш во магичен круг.
Затоа што фактурата стигнува кај оној кој порачал пакет. Пакетот го праќа фирмата и во него вклучува фактура. Тврдиш дека се разбираш во економија, а се чудиш за вакви основни работи
Како потрошувач ТРЕБА да добијам фактура или не? Или "потрошувач" е "вработениот"? Ако ми препродава, каде е неговата фактура према мене?
Од официјална страна ти ставив скриншот, официјална страна е тетка Сузе? Тие "зачленетите" што ќе добијат јахта, за нив те прашувам Шефе, ама преблиска личност ми е сопственик на франшиза. Дај не се мачи да ми објасниш колку е добро За личноста и најгорниов дел од пирамидата е супер, ама за оние најдоле, кај што секој мисли дека може да продава, а нема купувачи колку продавачи, фала Богу дека НИШТО не заработуваат И си купуваат стартер пакет, да, не им е бесплатен "бизнисот". Ајде да речеме поима немам. Зошто да сум ваш соработник, агент? Што треба да правам за да заработувам ПРОСЕЧНА плата, не јахти? Еве дур трошиш време да ми кажеш дека јас не знам, попаметно потроши го и објасни за да дознаеме. И не туку бегај од тема, во соодветна слободно тагни ме и ќе си направиме муабет за доктори и нивни бизниси и мое мислење. Овде збориме за тоа дека јас тврдам дека ти мене не можеш да ми понудиш чесна работа и чесно однесување кон потрошувач. Повели, дај пример за чесен млм, дај пример за како во твојот млм чесно да работам без да малтретирам мајки и шајки. Имате вработено и сметководител, ама за нив не зборам, не се прави наудрен
Да побарам? У продавница како бе сами знаат да ми дадат? Зошто специјални услови за тетка Сузе? Кој е овде бизнисот? Кому рекламирам проблем? Сузе? Хербалајф?
Ако принтаат фактура за секој (не кој не му ни треба) и дома немаат принтер, пола од заработката ќе им отиде во принтање непотребно трошење хартија. Сериозно.... Бараш проблем каде што нема и токму овој дел е баш легитимен. И толку се различни давање фискална во продавница и ова што оди преку фактура....... (Ова за порано важи) на некој му треба сметкопотврда ама ако не побара немаше му дадат. Порачај си директно од фирмата наместо од некој член и и тебе ќе ти стигне фактура. Ништо спорно нема овде.
Па тоа и го правам кога сакам нешто од Авон. Еве тврдам дека имаат најдобри лакови за нокти, друго ништо не им вреди. Порачувам од нивната страна, не од каталози. Ајде кажете веќе еднаш како легално да си работам млм и да си стигнам до пензија, не сум во право, та не сум. Ако не сум, како е? Знам од ШТО тие горе имаат пари, а тоа не е од продажба Едит: со развивање на интернет продажбата фала Богу се' повеќе ќе нема млм, предноста им беше што не идеш во продавница. Сега ни за леб не мораш да одиш, и се' повеќе бизниси имаат и ќе имаат онлајн продажба, со реални вработени луѓе, а не "соработници".
И не ти стигнува фактура? Баш чудно. Јас мислев пишуваш за некој од кој имаш порачано кој не ти дал фактура, а не директно од нив. Не знам, тоа треба да ги прашаш тие што го ветуваат тоа. Како што пишав веќе неколку пати - овде пишувам за разлики и за значење, а не убедувам никого дека е добра или лоша работа. Со такви работи може единствено да се извади нешто ситно. Ако се вложиш можеби ќе може да се стигне до нешто повеќе. Истото сакав да го пишам ама го избришав
Ми стига, знам дека не стига преку претставник, тоа и го потенцирав. Дека тетка Сузе ми препродава без документ.
@CameliaMiller очигледно некој те има заебано пред 10 години, и сега пробуваш да ги оцрниш сите што се занимаваат со тоа. Тоа што си го пратила ти како официјална страна (повторно лажеш), го најдов на ФБ и е од некоја си тетка Мира. Повели, еве ти линк до официјалната страна на ТианДе Македонија и кажи ми каде ветуваат такво нешто. https://www.facebook.com/tianDeMakedonijaproizvodi Ти сериозно мислиш дека на компанија која тежи милиони, за некои смешни пари и е дојдено да се брука и да го става здравјето на човекот под ризик? Пак ќе речам, претставниците за да дојдат до повеќе продажби на почеток, пробуваат и со преувеличување и убедување да дојдат до повеќе нарачки, и тоа НЕ ГО ОПРАВДУВАМ. Ти кажав, ти ако порачаш од тетка Сузе еден лак за нокти кој е 200 денари, тетка Сузе во претставништвото мора да испазари за 1500 денари (или колку и да е минимум). Она добива фактура на порачката од 1500, меѓу кои и е твојот производ. Ако сакаш само за твојот производ да добиеш фискална, тогаш или треба да го нарачаш без попуст, или да направиш минимална нарачка од 1500 денари или колку и да е кај секоја компанија. Просечна македонска плата со добар МЛМ можеш да вадиш после 9-12 месеци активно и правилно работење. И тоа не со 8 саати на ден, туку 10-12 саати неделно. А ако поседуваш комуникациски вештини, знаеш многу повеќе за областа од која се производите, знаеш и за самите производи, а и сама имаш видено ефект од истите (Пример за ТианДе), можеш и побрзо да ги стигнеш. Не е правило, има исклучоци, но сепак е многу подобро од фиксна работа. Да се разбереме, немам проблем со фиксна работа, ако тоа ти е желба/сон. Но повеќе сакам да бидам флексибилен и да си работам за себе, и да работам од кај сакам. Воопшто не е лесно, си бара едукација, си бара испробување различни техники на работа. Ама пак е полесно од било која неквалификувана работа, кога би споредиле саати работа со заработка. Со развивање на интернет продажбата, баш напротив, МЛМ-от допрва ќе зема замав. Сите добри МЛМ компании имаат свој онлајн шоп, со кој што преку реферален линк може да заработувате од нарачки онлајн, од цел свет. Така да сѐ што кажавте дека ќе го бутне МЛМ-от, уствари го издига само нагоре. Нормално е дека тетка Сузе ќе ти го даде производот без документ, затоа што не е фирма, не е правно лице. По правило, тетка Сузе треба да те прати во претставништвото и сама да си испазариш. Ама ти бидејќи си презафатена, она се нуди да ти го донесе до дома, што тебе и тоа како ти одговара. Тетка Сузе може да ти даде фактура и фискална, за нарачки над одредена сума, така да немој многу да шириш невистини, те молам. Разбери дека не ти е доволно познато, а си земаш за право да се докажуваш на истата тема. Јас на пример не сум доктор, ниту сум учел медицина, за сега да кажувам ти како треба да работиш, или како ти не треба да работиш. А исто гледам дека зборите за некакви пензионирања и слично. Успеваат тие што се истрајни, и што чекаат да тргне работата. Нормално е на почеток дека ќе имаш минимален ќар, па може и да си во минус. Ама после година дена веќе, се очекува да заработуваш и тоа океј сума. Ама тоа е индивидуално, на некој да му дадете и 10 години, ништо нема да направи. Мене ако ме прашувате, јас би правел психички тестови на секој еден што сака да работи со МЛМ. Не треба секоја будала да го работи, и да го нарушува угледот на компанијата. На крај краева, има и други бранши во кои се заработува повеќе, ама ја нема таа флексибилност.
А зошто поентата на темава да е дали се легални, а не дали се етички. Ко океј, легални се, исто како и сто други бизниси кои се легални и неетички. И што сега? Мислам утврдивме дека се подобри од понзи шеми и дека се полоши од компании кај што си пријавен. И знаеме дека има различни степени на неетичност и кај трите, ама стои фактот дека се неетички. А темава се однесе во непознат правец зашто многу беше битно да докажеме дека Авон не оперира нелегално. А за другото, они си знаат, ние само да ги оправдаме дека се чисти пред законот.
Не гледам што е етички во светов, те молам. Тргни од докторите. Еве за пример Жан Митрев (и другите не се поарни). Следни би ги дал како пример градежните компании. Што е етичко тука? Градење на станови од 40 квадрати и продавање како да се двособни, со фуш материјал и никаков квалитет и сигурност. Образованието, факултетите со подмитување и барање мито од страна на професорите за преодна оценка? Етика има ли тука? Судството, полицијата? Казината, кладилниците? Етиката е застапена многу малку во денешно време, џабе ја барате. Како прво, насловот на темата е погрешен. Исто е како сега јас да ставам наслов Сериски убијци, силувачи, професори и доктори.... Заедничкото за нив е дека сите се живи битија, ама не се исти и нема никаква основа да се стават во исти кош, освен ако ги разгледувате биолошки Дури и луѓе што не се занимаваат со МЛМ ви ја кажуваат разликата која е помеѓу МЛМ систем и Пирамидална шема. После не плаќале данок, го докажавме спротивното, што е следно? Разликувајте неетичен МЛМ систем, и неетични негови претставници. Образовниот систем е етички, нели. Претставниците негови се тие што го прават неетичен, односно со нивни активности ги заебуваат останатите. Полицијата ја има истата служба и во Германија и во Македонија. Па кај нас тие што се дел од неа ја прават да ти се одмили. И сега, системот не чини, или луѓето? Не мора да работите со МЛМ, ама да тврдите дека подобро е да работиш за просечна плата кај друг е лудост. Повеќе сум за мал бизнис, свој, отколку за плата кај друг. Не мора да е МЛМ, нека биде и обичен дуќан.
Ај не лажи, знам дека така ве учат. https://www.tiandemk.mk/katalog/sekojdnevni-vloshki-in-top-so-srebro/ Никој ме нема заебано, никад не сум била член на млм ама треси си, слободно Ќе се прашаме дал нешто ќе го издигне, се' повеќе има свесност Ај до после ќе прочепкам и по другиве, пошто ти не пофали ниту една, само мене ми кажуваш дека не знам Важи. Цел концепт ви е срање. Како што и сам кажа на почетокот, фирмата нема што да се замара со купувачите, тетка Сузе нека му ја мисли. Среќа купувачите се помалку паѓаат на тие глупости.
МЛМ НЕ Е СВОЈ БИЗНИС. Бизнис е на СОПСТВЕНИКОТ. Точка. И претставниците НЕ плаќаат персонален данок, затоа што "приходот" од препродажбата е кеш, така што на таа разлика која ја заработуваат НЕ ПЛАЌААТ НИШТО.
Која Сузе плаќа данок? Ни еден што јас го познавам а препродава млм, не си пријавува приходи, оп топ кеш у џепче
Каде сум кажал такво нешто? Реков дека не може да се контролира голема бројка на луѓе и дека секој може да си каже што сака. Фирмата се бори против тие луѓе, ама без пишан доказ е речиси невозможно. Исто како што на суд не проаѓа осуда кажана со зборови, без сведоци. Купувачите се целосно заштитени, може да ја вратите робата во секое време ако не сте задоволни од неа, ако имате фактура и фискална. Можеш и договорот како соработник да го прекинеш кога сакаш. А истиот тој договор го потпишуваш ти свесно, никој не те киднапира за 100 евра ќар, не се исплати. Како прво, таа страна не е на официјалното претставништво. Еве ти ја нивната страна https://tiande.eu/ Како што гледам, текстот е ист и не гледам ништо спорно во него. Лечат ли нешто? Пишува дека спречуваат инфекции. Си ги користела, за да знаеш дали спречуваат? Ако не си задоволна ти, може некоја друга личност е задоволна. Сама си се дозакопуваш со глупости. Цел систем е срање, ако работев во водовод и канализација. Вака, не ни знаеш за каков систем станува збор. Самите компании не смеат да лажат и да преувеличуваат за нивните производи и строго се оградуваат од тоа. Многу се големи казните, за да пробаат тебе да те излажат. Значи ако читаш од веродостојни извори, ќе си прочиташ сѐ што те интересира и може да ти помогне. Ако читаш од рекла казала муабети, фб страни и групи, може да пишат дека треба влошките на чело да ги носиш за да ти помине главоболка, па не значи дека е точно.
,,Океј јас го удрив Петко, ама Трајко го удри Стојко, па оправдано е." Има основа, пирамидалната шема е МЛМ, додека не сите МЛМс се пирамидални шеми. Ја знаеме разликата, ама според мене разликата во овој контекст е небитна, сличноста е битна. МЛМ како бизнис модел е самиот проблем. Некои компании што го употребуваат уништуваат животи, а други уништуваат другарства. И не се вторите автоматски добри само затоа што првите се лоши. Па секако дека системот не чини зашто системот е дефиниран од тоа што го прават луѓето. Ако системот им дозволува (и ги мотивира, и им овозможува) на неетичките луѓе да ги прават нивните неетички работи, тогаш системот е неетички. Зошто лудост? Еве тебе ти одговара така да работиш. На друг му одговара на друг начин да работи. На крај краева сите ги мериме бенефитите кои ги добиваме наспорти жртвите кои ги правиме. Ама мора да се напомене дека вакво опсесивно наметнување непропорционално се среќава во МЛМ круговите. Ти велиш дека тоа се само поединци, ама не приметуваш дека и ти истото го правиш тука.