Сѐ што пазарам од претставништвото ми се даночи 18%, а плус на бонусите што ги добивам месечно, ми одбиваат 10% персонален данок. Не знам што толку се фати за тој данок, ко божем сите пријавуваат данок, па тие од МЛМ се паметните и не пријавуваат.
@Lella само еден од моите другари работи со МЛМ, никој друг не работи, па не сум ги спамал. Компаниите немаат за цел да ти го уништат твојот живот. Ако некој ти го уништува животот тоа е поединецот. Разбираш ли дека до сега ќе им дошло крајот ако биле толку штетни за околината/населението? Јас не го наметнувам МЛМ-от како систем, туку пробувам да ви дадам до знаење дека не е во ред да тврдите за нешто, а не сте запознаени со него доволно. Како може да тврдиш дека е превара или не, а не си работела? За мене МЛМ системот е најдобро нешто. Зборам за системот, не за соработниците и нивното лажно ветување. Еве, јас работам повеќе години со МЛМ, па уште не возам јахта. Зависи колку ќе работам, може никогаш и да не возам, ама со досега сработеното јас сум презадоволен. Е сега, може за тебе и еден куп други не функционира, и нема ништо спорно во тоа. Ради Сузевци и Трајковци што се на дното на МЛМ системот и се канцерот на тој систем, вие пробувате да оцрните систем кој е граден со години и функционира.
Таа твојата тетка Сузе што ја верглаш цело време. Самата компанија одбива 10% од заработката и плаќа персонален данок за тебе. А плаќа и 18% ДДВ. Се гледа дека баш и не си запознаена, ама да се пишува нешто. Успат, ти кажува некој кој работел со ова, имал редовна работа, напуштил и отворил свој бизнис.
Абе ти се разбираш ли од збор? Добро, се согласувам дека МЛМ не треба да се карактеризира како свој бизнис, еве јас обожавам да го наречам ХОБИ. И мене не ми се допаѓа то што зборат дека е СВОЈ БИЗНИС. Претставниците плаќаат персонален данок на сите нарачки кои се направени во нивна мрежа, директно во претставништвото. А ти ако сакаш да нарачаш нешто од кај тетка Сузе, наместо директно од претставништвото, тогаш ти си директен поддржувач на сивата економија. Ако ти си пазариш редовно од нивната официјална продавница, плаќаш данок, а на тетка сузе и се префрла бонус, со веќе одземен персонален данок од 10%. Ако платам приватен час 600 денари на проф. Марина математика, таа не плаќа данок никаде. НЕМАМ НИКАКОВ ПРОБЛЕМ со тоа! Оваа држава и тоа како не заслужува да и се плаќа данок. Пре би плаќал данок на Германија, со моиве приходи тука, него на оваа дупка од држава.
Не може да се нарекува ничив бизнис освен на сопственикот. Јас кога работам хобистички, надвор од редовниот работен однос, ме плаќаат на сметка и плаќам данок. НЕ ДДВ. Плаќам 11% персонален. Сите плаќаме ДДВ. На се'. Не е спорен тој ДДВ, туку "ќарот" на тетка Сузе. Платила ДДВ на производите кои ги препродава, не плаќа персонален на парите кои ги зема од препродажба. Ама ти викаш не ти се допаѓаат даноци, јас викам ми се допаѓаат многу, тоа е. И упорно со тоа докторите се вакви, политичарите се такви, СЕ ПРАВДАШ за својата неетичност, или што сам би рекол "па ништо не е етично". Шознам, ако така поубаво спиеш, сите се срање, па што не и јас, ок.
Тогаш не работите сите исто. Две знам точно како работат, ПРОДАВААТ на "тетка Сузе", и со тоа завршиле. Тетка Сузе купува по набавна цена со секако, пресметан ДДВ. И финито
Страната е на официјалното претставништво регистрирано во Македонија. До после ќе ги прокопам и другиве, Хербалајф посебно.
Поединецот како го контролирате? Како ја контролираш тетка Сузе што прави во име на твојата фирма? Или нарачките се битни, а не што прави Сузе?
Тука за млм збориме, не за другите. Ти реков еднаш, за кои други сакаш ќе збориме, тагни ме во соодветна тема. Јас не би платила на црно час, не сакам ама ништо нелегално да правам и да учествувам. Млм се матни, прематни, ДДВ нормално дека плаќаш, а тие 10% не се секаде, ако се кај тебе. Како подобро запознаен од мене, сигурно знаеш за останатите млм, која како работи. И после 10 страни една не посочивте скроз чиста. Едит: за млм немам работено, за Топ Шоп да, кратко, пред многу години. Понеетички бизнис не постои во земјава, ни према купувачи, ни према вработени. Нит сум купила од нив нешто кога видов како работат, нит ќе ги препорачам некому. Да не зборам за перењето пари со 1500 годишно членство.
Јас немам потреба да ја контролирам таа твоја тетка Сузе, веќе ти реков. Тоа ќе си прашаш таму горе врвот за кој што работи тетка Сузе. И ќе ти објаснат се. И зошто бе кога немате факти и аргументи одма се оди на напад? И уште не се согласуваш дека е до тетка Сузе, а не до компанијата? И уште вергламе дека МЛМ е исто што и понзи шема? Правете разлика, убаво е да научите нови работи.
Сузевци и Трајковци сами зачленувате, за да добиете профит од нив. Тоа е поентата на пирамидата, без тие во твојата структура да продаваат (и зачленуваат), не, нема да бидеш толку задоволен, а ни тој под кој си ти. Тој канцер вам ви е потребен. Да е директна продажба (препродаваш од фирма) без создавање пирамиди, точно, нема да имате сузевци и трајковци, ќе имате продавачи и ќе биде нивниот број ограничен. Не може да има повеќе продавачи од купувачи, затоа дури по некои амерички пресметки, 97+% од зачленетите не само што не заработеле, изгубиле пари.
Moja bliska lichnost zaglavi so lyconet, so istite lagi: jahti ke vozish, reshen ti e zhivotot, nema sho da se mislish vekje za zhivotot i sl. Proba i mene da me vkluchi vo ova so istite lagi, kako nego shto go lazhea. Nekoja chlenka tuka imashe video objaveno za Myworld t.e. poraneshno lyconet. Go gledav videoto i lugjeto koi shto bile del od layconet ova go kazhuvaa: osven sho ke "kupish" oblak za 2000evra, sekoj mesec treba da uplakjash 50 evra za ako imash isplata vo toj mesec da mozhe da ja podignesh, vo sprotivno ti propagja isplatata. 50evra sekoj mesec?? Toa ne e vlozhuvanje? Zoshto nikoj ne pravi presmetka dali tie 50 evra mesechno voopshto se vrakjaat na toj sho gi vlozhil?!? Prevaranti..ne znam kako ushte lugje im veruvaat
Правите, ама тешко ви оди. Едно е Лајконет и слични, друго е Авон и слични. Никако да разберете дека овде има физички производ. Ти продаваат физички опиплив производ кој ти задоволува одредена потреба, разбираш? Што ти продава Лајконет? Кој физички производ ти го продава Лајконет?
Сигурно Камелија од МК, знае што е легално, а цел свет не знае, и ги остава како такви да си функционираат. Секој еден што се зачленува во МЛМ компанија е врз база на договор потпишан лично, со кој се согласува со сите услови кои таа компанија ги има поставено. Никој не е зачленет без негова волја. За страната на ТианДе, немој да тврдиш нешто за што не си во право. Нивната официјална ФБ страна: https://www.facebook.com/tianDeMakedonijaproizvodi/about Нивната официјална ВЕБ страна: https://tiande.eu/?fbclid=IwAR0c9zXiCtZx7E0N9-igfhHLqqW8MyVMhUmCDB5L7XUEmYSX1iXx85RiHTM Лајконет е пирамидална измама, и ќе ве молам да не ги мешате во ист кош со другите МЛМ компании. Фирмата од која би продавал директно, е веќе пирамидално поставена. Еве за пример ќе земеме продавница за бела техника. Тој што е продавач за 25.000, ако продаде плус нешто, ќе добие некој бонус. На 10-тина од тие вработени, стои на позиција менаџер на сектор/оддел, кој зима да речеме 50.000 денари плата. Ако неговите продавачи остварат бонус, тогаш и тој остварува бонус. Пирамида, нели? Па ти како ќе бидеш задоволна докторка, ако нема пациенти кои ќе дојдат да се лечат кај тебе? Еве да речеме приватна болница. Ако во Жан Митрев 3 месеци по ред не влезе ниту еден пациент, дали мислиш дека докторите ќе добијат плати, или ќе бидат избркани како кучиња?
Сами што се зафркнаа може ќе извлечат поука. Ама што си уништија сите социјални и фамилијарни врски затоа што единствено кафе кое го пијат е ако си потенцијален таргет е тешко поправливо.
Па не регулирам, зошто би го регулирал? Тоа е приход, и за него си плаќам 10% персонален данок. Не сум осигуран ни здравствено ни пензиско. Ако ми се деси нешто утре, ќе си ја платам целосната сума или ќе се лечам приватно. Зошто да плаќам пензиско и здравствено, кога имам пари да си платам приватно лекување? Колку има што работат со странство, колку има што работат свои бизниси, па се пријавени на минималец, другото си го зимаат на рака. Престанете со тоа релативизирање, кој што сака ќе си прави, како на него му е убаво. Демек ти цел живот не проаѓаш на црвено, не фрлаш ѓубре на улица, не си работела хонорарно ништо. Секогаш си добивала фискални и секоја една постапка ти е во границите на етиката и на моралот. Не мислам дека си толку совршена како тука што се претставуваш. Сигурно на пациентите им викаш, не ти треба лек, напиј се чај и прегорен шеќер и ќе ти помине. Пошо еве ти си кралица на етиката и совршенството. А цело време зборуваш за некаква си франшиза. Што ти значи тоа? Да не мислиш директор на претставништво? Ако е само обичен претставник на МЛМ компанија, и е меѓу најуспешните, слободно прашај го како да станеш и ти најдобра.