Прашав, се мислев, и не знаев кај да го ставам рецептот за пирошки, па си реков нема да е на одмет да ја имаме темава, ќе споделиме и за нив начин на приготвување Ако е недискутабилна, или дупла(макар што пет пати вртев по темиве, ќе ја средат модераторките Јас најчесто правам пирошки на следниов начин, иако некоја од форумџиките се збуни дека не биле тоа, туку дека се крокети. Ама не , еве го рецептот: 400-500 грама брашно три средни компири варени убаво и испасирани 2 јајца и квасец 50 грама масло млеко или млака вода колку да се замеси. Се меси се одеднаш, излегува меко тесто, се остава малку, 15 минути да стаса. Откако ќе нарасне, пак малку да се измеси, се прават мали топчиња, за да се исучи кора колку палачинка, се става фил по избор, јас ставам салама, кашкавал, печурки и кечап, и се витка. Се макаат во изматени јајца, се валкаат во презла и се пржат во масло додека поруменат. Е сега, додуша јајцето, во тестото правилно треба да одат двете жолчки, а белките се оставаат за да се намакаат пред пржење, ама мене вака ми се поубави, и затоа ќе ви требаат уште две три јајца Овие пирошки се ептен меки, уште додека го работите тестото ќе ви се чини оти цело време се мекнее уште повеќе, ама за јадење се преровки, и плус варениот компир не дава да испие многу масло. Па, ако пробате, кажете впечатоци, ако не дајте друг рецепт. Мене пирошките од палачинки не ми се оригинал, и не ги сакам Добар апетит
супер, кате фала на рецептот ми изгледа така лесен за подготовка би сакала да го пробам. и така ми се јадеа пирошки и сега од темава уште повеке.. па уште утре ке ги направам поздрав
Ајде Ани.Таа, ако направиш, ќе ме каниш Се шалам Уште еден совет-дека тестово е меко, за да не ви се лепи, ќе си прснувате по малце брашненце, знаете мислам како, за да ја исучите кората без лепење
fala na receptot kate21 gi napraviv denes i super mi se pogodija.fala ti mnogu.poz pa pisi uste nekoj vakov brz i lesen recept.ke ve kanam dr pat oti veke letnaa site se razgrabavme doma.prevkusni bea.poz
и јас ги направив пирошките супер БЕА зошто не остана ниту една фала многу на рецептот.. па може и уште некој....поздрав
Еве и од мене еден рецепт 400гр брашно 1 чаша кисело млеко или јогурт 1 јајце малку сол, 1 пециво и малку квасец ( може една малечка коцкичка) Сето ова убаво се меси, не се оставаат да стасаат. Откако ќе се замесат одма се суче кора ( знаете како да не објаснувам внатре се става по желба: салама, сирење и др. и потоа се пржат во врело масло.
Сега ке пробам да ги направам,а да те прашам претходно не се валкаат во јајце и во презла?И колку птприлика излегуваат од оваа доза?
Еве јас нешто најдов: Потребни состојки - 125 грама Шунка - 1 лажица/ци Сол - 125 грама Сирење - 1 кесичка/ки Прашак за печиво - 400 грама Брашно - 200 милилитри Јогурт - 1 Јајца/це Начин на подготовка Исејте го брашното заедно со пецивото, ставете го во вангла. Направете вдлабнатина па додајте ги јогуртот, солта, јајцето, рендано сирење и ситно сечканата шунка. Замесете тесто па расукајте го и направете правоаголници. Испржете ги во во загреано масло. Испржени ставете ги кујнска хартија, убаво да се исцедат па послужете.
Јас не ги валам одма ги пржам, ако сакаш пробај со јајце и со презла би требало да бидат убави Ако сакаш да ти излезат повеќе можеш да ја зголемиш дозата, но зависи и од големината ако ги правиш поголеми ќе испаднат помалку
девојки јас сега пробувам да направам,ама тестото многу ми се лепеше,ставив 2-3 пати уште брашно,ама од што се лепеше ме заболеа рацете и го оставив да кисне на добар пат сум за пирошки?
Волфче, ако ги правиш моите, како ќе киснат така ќе си се лепат оти ептен така се мекнеат, затоа ќе си ги валкаш рацете со брашно, и ќе си прскаш на масата исто, и така ќе сучиш. Тестото да биде не меко, не тврдо, кога ќе месиш убаво да биде измесено, а не да се разлева
Еве и од мене еден рецепт -Прво се прават палачинки-тестото е ралично, јас го правам само со брашно, вода, сол и зејтин, а може и јајца да се додадат, кој како сака. -Потоа се прави да ја наречам смеса од рендана салама, рендан кашкавал, рендани кисели краставички и мајонез. -Во секоја палачинка се става од смесата на едната страна (пр.доле) и се виткаат како цигара, убаво на краевите се преклопува да не истече смесата. -Секоја свиткана палачинка се валка во презла и јајце и се пржат да заруменат. -Јас приготвувам и сосче од мајонез, кари и кисели краставички (рендани), и си мацкаш во сосчето со палачинката...три поголеми палачинки се доволни да те најадат...
Не знам, го најдов на нет и ми се виде убав рецептот, но се уште не успеав да го направам Изгледа не мора, штом не пишува не знам...
И јас слично како Лолита ги правам. Прво правам палачинки, ама во коцкасто тавче, зошто полесни се за виткање палачинките. Правам околу 10 палачинки, со средна дебелина. Откако ќе ги направам, ги филувам со кашкавал рендан, саламче...и што ви текне, тоа ставете. Смесата ја ставам во средината на палачинката и после ја преклопувам, така што излегува правоаголник. Вака замотани ги похувам, во јајце и презла и ги пржам. Обично ги јадам со кечап, лут. А понекогаш правам и сосче со мајонез, павлака и малку оригано. Лично, ретко практикувам да правам пирошки, зошто вака одземаат доста време. Затоа ако ги правите, ви препорачувам претходно да ги имате направено палачинките.
Ова е највкусниот рецепт за пирошки што некогаш сум го пробала. ПИРОШКИ СО ГОТОВИ КОРИ -500 г.кори -3 јајца -250 г. рендана шунка -една грутка сирење рендано -шампињони -1/2 л. минерална вода Јајцата се мешаат со сирењето,шунката и шампињоните. Се редат по три кори една врз друга.Првите две се попрскуваат со зејтин,а третата не.На третата кора најдоле се става зајрето и се мотаат како за баклава.Така замотано се реди во тавче за печење.Постапката се повторува додека не се потрошат и корите и зајрето.Потоа замотаните ролни од кори се сечат на четвртинки и се попрскуваат со минералната вода ,убаво да се надојат и да отстојат половина час. Потоа,во мало подлабоко тавче за пржење (може и во фритеза или тенџерче), во поголема количина зејтин се пуштаат една по една.Готови се штом ќе се вцрват.Се вадат и се цедат на книжна салфета. BON APETIT