Растурени (брзи) пирошки 1 јајце 1-2 лаж.сол 1 пециво 200 мл. јогурт или млеко 150 гр. сирење 150 гр. сецкана шунка брашно по потреба (да престане да се лепи тестото) Се меша се заедно, се расукува како кора, се сечат облици и се пржат.
еве го и мојот рецепт за едноставни пирошки ама мн вкусни 1 кг брашно 1 квасец малку сол, вода по потреба салама, кечап,оригано, сирење брашното, квасецот и солта ги месиме, вода додаваме по потреба, откако ке го измсиме го оставаме тестото да скисне, откако ке скисне правиме поголеми топчиња од тестото, ги сплескуваме со рака, или сукало, па ставаме на средина по желба, салама, или сирење(јас имам пробано со се , со сирење,салама,маслинки)и ја преклопуваме, па со вилушка ја го стегаме делот каде се преклопени преку целата површина, и ги пржеме во загрено масло
Јас сакам да ги правам за вечера, но ме интересира колку излегуваат отприлика и, колку да биде дебела кората од која ќе ги сечам правоаголниците?
Јас ги сакам вака 1 квасец 200 мл млеко 1 лажичка шеќер 400 гр брашно 1 лажичка сол 1 лажичка вегета 2 жолчки 200 гр.варен компир Компирот се вари и се пасира,квасецот да надојде со малку млеко шеќер и брашно, и се замесува.Тестото да надојде едно 30-40 мин потоа се расукува и се филува по желба,завиткани се валкат во белките од јајца па во презла,Се прзат на не могу врело масло.Меки,вкусни,преубави
Море жени ај да ве попитам нешто. Што е финтата што некогаш пирошките си се убаво испржени а некогаш внатре ми остануваат како живи. До температурата на пржење ќе да е или до смесата? Знам дека прашањево ми е УПМ, ама многу се нервирам така ко ми се прај..
Ако пирошката, која валкана во презла ја пржиш на силен оган, потемнува одсгора, а внатре останува жива и глетава...Најдобро е за пирошките на тивок оган да се пржат за да бидат и внатре убави и крцкави...Кога се вадат најдобро на хартија да се стават за да се впие вишокот масло од нив...
Температурата на пржење е. Ако го вклчуваш шпоретот на најсилно, можеш да ги загориш цели, а внатре живи да си останат. Види си шпоретот твој според температурата, не верувам дека смесата нешто ти е утка, не би требало. ова знам од искуство. И јас порано си се думав за истово Пошо ме мрзи да чекам да се згрее тоа зејтинот и го вклучував на најсилно и ги ставав внатре. Изгледаат пржени, а внатре крш тесто. Инаку на темава. Сакам и правам, макар што не баш често. Ги правам внатре со што се имаме дома секој што ќе си посака тоа. Јас би рекла обожавам тестени работи, ама заборавам дека обожавав уствари едно време поодамна а веќе подолго време речиси и не јадам толку, ретко кога јадам. Не памтам последно кога направив пирошки... ама ете викендов ќе ги гојам љубимциве мои домашни со пирошки
Ами ето пусто вели пржете на загреано масло . Ама изгледа и јас сум малце буквалист . Ок женски, утре пак ќе им се изсилам
Епа тоа, ти почекај да се згрее маслото да, така треба, ама после намали го пример ако ти е на 3, намали на 2 или 2 ипол, зависи колку ти е силен шпоретот.. иначе ако не е згреано маслото ќе имаш тесто утоп зејтин.
Пирошки по рецептот на снаами Она ги прави од палачинки (прво прави палачинки значи) внатре со кашкавал, салама...(по избор) и ги валка во јајце и презла и ги прже...маа превкусни се
Најубави пирошки прави дечко ми сериозно подобри и од на мајка ми.. Ги прави со палачинка, а внатре салама, кашкавал некои зачини кои дават преубав вкус,кечап.
И ја си правам пирушки по рецептот на кате. Се откачив од моите па сум си сама дома и си правам ручек хехе.. Само ова ми е прв пат да правам пирушки.. па да видиме што ќе биде хаха
Ммммм ги божавам пирошките ма по тестото сум си јас. Вака читајки ве ми се пријаде пирушки, а кој да земе да ги прави на ова пекол време не се стои до шпоретот.
- 125 грама шунка - 1 лажица сол - 125 грама сирење - 1 кесичка прашок за печиво - 400 грама брашно - 200 милилитри јогурт - 1 јајце Брашното, заедно со печивото, ставете го во сад за месење. Направете вдлабнатина во средината и додајте ги јогуртот, солта, јајцето, сирењето (изрендано или изгмечено со виљушка) и ситно исечканата шунка. Замесете тесто од сите продукти, расукајте го и на крајот направете правоаголни форми од целото тесто. Правоаголниците испржете ги во добро загреано масло. Откога ќе се испржат, ставете ги на кујнска хартија за да се исцеди маслото.
Спојлер ууу што се заврткав во храна и рецепти, а гладна сум ми се јаде Ги правам со палачинка, ги имам правено и со компири, но овој ми е најлесен начин. Правам по 20-30 ги полнам со смеса и ги заледувам (ако не ми се правени за слава или за специјални гости), потоа ги вадам ги валкам во јајце и презла и уживам во јадењето омилени ми се
Љубам да јадам пирошки. Поготово со павлака одозгора или мајонез и лимон ... тартар сос. Ги има во Кам готови само да се испржат дома, многу се вкусни!