Jас да ви кажам сега еден рецепт, не се баш пирошки, ама се пржат, како мекици нешто, ептен се вкусни A богами и лесни се за правење Cостојки 300 гр сирење 350гр брашно 3дл млеко пола квасец лажица сол лажица шеќер 50гр путер или маргарин Kвасецот промешајте го со лажица брашно, лажичка шеќер и сол, и вода се остава тоа да остои. Oдкако ќе отстои се додава ова во 350 гр брашно, се топи путерот и се додава, се додава и млекото и сирењето. Cе замесува и се остава малку да нарасне,се прават топчиња и се тапкаат со рака да бидат тенки, и после се пржат во врел зејтин
абе нели има едни со обланда се прават? Ги јадев некаде ама не ми текнува кај за да ја побарам рецептата, ама се прават ептен малечки една пирошка едно залче и ептен се вкусни, ај ако ја има некој рецептата нека ја пише
Едно од моите најубави јадења, предјадења. Би можела да го рангирам во топ 5 јадења . Имам пробано скоро на сите начини да направам, но најубави ми биле оние со палачинка. Тие што се од тесто, некако многу ми личат на обично бело пециво, кое не ми дава некоја посебна карактеристика на пирошка. Ама овие другите ми се незаменливи. Крцкави надвор, а внатре сочни и убави. Задржан вкус и мирис, што за мене е некако важно, за мој вкус. Еве ви едно сличке да ве застрвам и да си направите, па да честите после .
Ммм обожавам пирошки.Само да не се со многу мрсни,така не можам да ги поднесам.И да се внатре полни сакам.Уште и кога има тартар сос мм милина.Сега таман иде славата наша па ќе правиме. Секогаш чекам кога ќе си отидат гостите да ѕирнам по масите да не има уште од пирошките и сите за мене си ги собирам. Прво за нив се фаќам...
Ги обожавам,често ги правам по оваа рецепта...многу се лесни за правење,и се баш пирошки не се како од обично тесто...баш денеска ги правев 3 шољи вода,3 лажици зејтин и малку сол се става да зоврие,откако се ова ке зоврие се додава 3 шољи брашно и пола пециво и се убаво се меша со дрвена лажица,треба да биде меко тестото. Откако ке се олади тестото зема од него мало топче се расукува се става внатре по желба(сирење,салама итн) потоа се ставаат пирошките во јајце па во презла и се пржат... Ако се мери со шоља за млако излегуваат околу 30 пирошки големи колку една педа. Преубави се и многу се вкусни Еве и слика во прилог
1кг. брашно 1 квасец 500мл. млеко 1 голем филџан зејтин 3 лажички сол 1 лажичка шеќер сирење (дробено)
Јас кога си правам палачинки си правам и пирошки... Од истото тесто... Сецкам шунка кашкавал понекогаш и краставички однадвор со презла и јајца ги правам... и ги пржам... Еве слики до нет што ги најдов..за тоа како ги правам...
И јас секогаш ги правам со палачинки, ама кај и да е ќе пробам со тестото со компири што е. Ги правам палачинките, најчесто ги премачкувам со тенок слој мајонез, ги полнам со фил (шунка, кашкавал, варен компир, печурки, кисели краставички, оригано, ќечап или мајонез), ги виткам, ги валкам во јајца и презла и ги пржам. Преубави ми се, крцкави и вкусни
Како се прави тестото? Сакам да ја изненадам мајка ми со лично зготвен ручек, а. само пирошките сите ги сакаме. Ако може сѐ по ред, бидејќи се случува ако не е пишано до детал, јаас да го заборавам тој детал
ke napravis palacinki (so 2 jajca brasno,voda ,mnogu malku sol gi matis so mikser -potoa vo tavicka za palacinki ) koga ke se napravat palacinkite ke se izrenda kaskavalot salamata i kiselite krastavicki i ke pocnes da gi motas.jas imam 14 gi pravam odlicno D so srekaa =prevkusno,ako treba nesto slobodno prasaj
Јас најпрво правам палачинки а потоа ги полнам со прилог по желба. Најмногу ги сакам полнети со пржен спанаќ и јајца ме потсетуваат на суканото што ми го правеше бабами вкусот им е сличен
Ова е најубавиот рецепт за пирошки кој постои. Клучно е во тестото да има компири, и да се макаат само во белки. Порано ги јадев, кога јадев јајца, повкусни пирошки од овој рецепт немам пробано никаде !!!
Италијански пирошки Потребни сосотојки ½ коцка квасец 1 децилитар млако млеко Лажица шеќер ½ децилитри масло 1 килограм наменско брашно 1 јајце 30 грама сол 3 децилитри кисела вода Фил 200 грама шунка 200 g 400 грама кисела павлака 400 грама кашкавал 200 грама бело старо сирење 200 грама кечап Сенф Оригано или босилек Подготовка: Стопете го квасецот во млекото и додадете лажица шеќер. На работната површина ставете брашно и сол, и направете вдлабнатинаво брашното и внатре додадете млеко со квасец, малку измешајте, па искршете го јајцето, додадете масло и кисела вода. Замесете глатко тесто, ни меко ни тврдо, отприлика како за леб. Измесеното тесто ставете го во поголема пластична кеса која е подмачкана со масло од внатрешна страна и оставете го на собна температура додека не постигне трипати поголем волумен. Тогаш тестото поделете го на осум делови, измесете го уште еднаш секој дел и развлечете ги во димензија 15×25 сантиметри во облик на круг. Во средината ставете два листа шунка, на шунката додадете павлака, потоа додадете рендан кашкавал и бело сирење, додадете кечап, сенф, рен и зачини по желба. Преклопете го тестото по долгата страна, потоа спој те ги краевите и преклопете го тестото и од друга страна. Со лесно стегање спој те го тестото, затворете ја пирошката, па преку пирошката изрендајте кашкавал и ставете малку кечап. Печете на 200 степени околу 15 минути.
Пирошки од бриош лепче. Секоја коцка од лепчето Бриош убаво со сукало ќе ја расукате, на почетокот од лепчето од каде што ќе почнете да виткате, ставата малку кашкавал или здренка и малку салама (не на целото лепче зошто во спротивно ќе ви се отворат). Во една чинија матите 1 јајце со малку млекце, а во друга чинија презла. Ја виткате кришката, мацкате во јајцето со млеко па во презла и кратко ги пропржувате во загреан зејтин. Ги спуштате прво на страната каде што завршува кришката за да фати кора прво тука да не се отворат. Немте поим како се вкусни, и брзо се прават.