Епа дечки, значи јас многу сакам да си ставам пирс на веѓа но не сум доволно информирана дали има некои последици, дали боли, колку чини отприлика а и од друга страна не сум се консултирала дома сеуште мислам дека нема да ми дозволат али ке видам. =] Па ако може да ми објасните се што знаете за темава. Ве сакам <3
едно типче, т.е. тип на сликите на Хај Фајв со кој се допишував лани го видов со пирс на вега и му кажав дека може да добие од присот Хепатитис Ц -жолтица, и ме послуша и го извади
Може да се добие и хепатит, и сида и сите можни заразни болести, ако иглата со која те бушат е нестерилна, а ако била нестерилна-веќе си се заразил со нешто, така да вадењето отпосле нема врска.
Јас имам веќе 6 години, како дел од мене ми е, многу си го сакам. Тогаш бушењето ме чинеше 600 ден, и пирсот 200ден, се бушев во едно студио во Скопје. Боли секунда-две, додека да ти го стават, после само се чисти со јод и со некоја маст се мачкав. А за дома и мене не ми даваа, па кога се избушив почна да им се допаѓа како ми стои
Ако иглата со која се пирсал била нестерилна, џабе му е и да го извади пирсот. Инаку имам повеќе другари што имаат пирсови на веѓа, едно време сакав и јас, баш ми беше типски. Не чини којзнае колку, боли само малку и можно е да ти се јави оток што поминува за неколку дена. Така што не е страшно
Не боли воопшто, барем од шо ми имаат кажувано. Бидејќи и онака кожата ти ја стегаат и затегнуваат. Но, малку е ризично според мене бидејќи е во близина на окото, сепак убаво делува. http://www.youtube.com/watch?v=478C10pYZuc ево ја постапката, ништо комплицирано за минута-две готов си.. но треба хигена после тоа
Солкосерил.. И јас си го мачкав папокот со таа маст првите недела дена. Инаку annah8 ќе те посоветувам да се пирсаш на проверено место. Во Буњаковец има пирсинг и тату студио. Распрашај се можеби има уште некое место, јас го знам само ова. Немој да те пирса било кој, можеш да добиеш некоја инфекција или болештина а не дај боже и компликација.
И јас одамна сакам пирс,меѓутоа некако немам храброст.Се надевам дека во скоро време ќе ставам,пошто супер изгледа.Ќе се распрашам по студијата сто ги спомнавте.Фала.
многу убаво мене ми изгледа сакам многуу ама моите од дома -.- има доста нервии таму може да се повреди нешто..па можело некоии инфекции ии затоа немам а многу сакам
Мене многу убаво не ми стојат пирсовите и сепак не би сакала да си ставам (сепак не велам ти да не си ставиш... )
Јас ставив пирс пред 3 години, околу 500-600 ден ме чинеше пирсањето и воопшто не ме болеше. Го носев отприлика година ипол и го извадив
Многу сакам решена бев готово пред некој месец да одам да се пирсам но како и на повеќето од дома не ми дадоа страв им било можело нешто да ми се случи -.-
И мене не ми даваа, но кога наполнив 18 веднаш трк на пирсање, и за чудо некое немаше којзнае какви расправии.
На мене никогаш не ми се допаѓало Како да не можеш да се покажеш со друго па со пирс! Но, сепак секој си има свое мислење и го почитувам...