пирс на стомак значи најпрво се извинувам шо отварам нова тема,но напишав во веке постоечката а мислам дека никој не ни запримети ако сметате дека треба слободно избришете ја вака..сакам да ве прашам...сакам да си ставам пирс на стомак..е сега за 3 дена заминувам на одмор...охрид..ако го ставам еден ден пред одмор можи да има некакви компликации пошто сепак и водата во езерото не е нешто чиста дали можи да се инфицира? колку време треба да се мачка со јод по ставањето...ако воопшто треба?? и дали можи да има поголеми компликации освен то да загнои?? фала однапред
пирс на стомак мм вака значи јас имам пирс на уста а тоа ти е исто мислам пирс.. сега не е битно каде знам дека сигурно долго време сонуваш а го имаш тој пирс на стомак и сега ти е интересно на одмор да го покажеш ама јас би ти препорачала после одмор затоа што да може да се инфекцира и тоа како! знам дека не треба 1 месец да се бањаш.. и мене ме болеше неколку дена зашто јас 3 пати се бушев на едно исто место :/ и се мачкав со гарамицин мислам дека исто е тоа.. инаку гледај кај некој професионалец да се пирсаш зашто може доста компликации да ти направи.. сега за да не те предомислам... ако те интересира за пирсот на стомак што може да се деси ЛП. (како што и се деси на братучетка ми )
Порано сакав да имам пирсинг на веѓа, на јазик и под усната, значи во средно кога имав бубачки во главата Али сега немам, не направив ни тогаш, сепак пирсот си има и предности и слабости, тоа е тоа
Сум имала пирс на веѓа, јазик, уста и пупак во различно време и пригоди. Затоа ќе те советувам да НЕ ставаш пирс пред одење на одмор, освен ако не станува збор за МОРЕ. Мене морската вода дури и ми го спаси пирсот на веѓа. По пирсањето би препорачала 2-3 дена покривање со газичка, значи парталче газичка залепена преку пупак, не стегнато и не уз тело што се вика, повеќе е за заштита од други материјали кои не се толку чисти, прашина и слично. Исто така, јод користи што почесто, не оставај раната да се пресуши, туку убаво чисти ја. Најлесно ми беше мене во туш со шишенцето јод, го оставав да тече одозгора и убаво да помине секаде. Потоа со маста, и шипката ќе треба нежно да ја вртиш од време на време за да се размачка и влезе секаде маста, да не се исуши некаде и направи коричка. Би додала да се пирсаш со наједноставен и обичен пирс, без наредени украси на него, некој со тракатанци. Потоа откако ќе ти заздрави скроз дупката, смени го за било каков (алкичките се најфини бидејќи не се закачуваат за ништо, посебно ако е алкичка со едно топче). Поголеми компликации од загнојување може да настанат доколку опремата за пирсање не е стерилизирана и ’мајсторот’ не е профи. Краен совет- остави за после одмор. Поздрав
Може ќе забегам оф-топик, ама дали ќе ми каже некој како најлесно да се стави пирс на уво (не на 'рскавицата, на мекиот дел) ако предходно имало само медицинка во дупчето, значи не било проширено. Фала многу однапред
Angiie можеш да го прошириш дупчето каде што ти е медицинката со подебела игла, со кружни движења (ако сакаш да лизга за полесно да ти е, намачкај со масло за тело или некоја крема), а потоа стави го пирсот (може ќе те боли малце пошо така се раширува дупчето со помош на пирсот, ама ќе се навикне) и после немаш гајле Го знам ова пошо на левото уво имам 1 а на десното 3 пирсови... Поздрав
јас имам пирс на стомак го имам години ни под разно да не ти текнало пред да одиш на одмор да ставиш нема никаква логика еден месец местото треба да го мачкаш да го негуваш а не дај боже да го изложиш на толку јако сонце значи никако јас кога ја ставив обетката имав и болки неможев да се наведнам патики да облечам ако си сакала пирс за на плажа требало уште пред 3 месеци да ставиш сега послем одмор оти фатална грешка ќе направиш...
Фала многу,а ќе може да се прошири и со обична менѓуша или мора со подебела игла, и дали може да се прошири со самиот пирс? ЕДИТ-знам дека замарам, извинете
Да ви кажам јас сепак не го извадив пирсот од стомак за на одмор и фала богу не ми се појави никаква инфекција . Освен тоа и здравствената книшка си ја заборавив во мојот град. Нејсе. Помина Е сега сакам да прашам дали можам да вежбам со фолија на стомакот на орбитрекот? Да не се испотам па така да имам некоја инфекција или нема врска .. ? Вчера вежбав ама ми беше страв да ставам фолија па само така вежбав ,ама поубаво се чуствувам со фолија и незнам дали да ставам , што мислите вие?
Значи прво со подебела игла а потоа со самиот пирс, пошо сепак тој ќе ти биде на уво нели и со него треба да се навикне местото
јас имам пирс на носот,но сега сакам да ставам на стомак и мислам дека местото на стомакот е поосетлив дел и сакам да те прашам многу ли болеше и после тоа како треба да го негуваш?
Вајлд јас бев во Охрид да прашам колку пари е за ваков пирс и бев во студио и ми рекоа 2.000 ден ... еее сега да те прашам ако се имаш пирсано колу ти зедоа тебе ?
Jас имам моментално на устата и вегата и супер ми се нема шанса да ги извадам барем сега така размилсувам имав и на стомак но го носев само 3 недели и морав да го извадам бидејки го ставив на одмор и од водата или незз точно од што ми загнои. но повеке не ни сакам на стомак
а на јазик ко ќе клајш ке ти тропат ко ќе прајш муабет??????????? аман ,аман, да требало накази да се прајте самите ГОСПОД БОГ рогови ке ви закачел ко сте се родиле барем на кози да личите ! Аман можит и некој клопотарец на врат па на ѓаволот невестата да станите Како ви дозволуваат родителите да се унакажите така ЈАС незнам ! Е ЈАС не би дозволила моите деца да се нагрдуваат така .Знам ке речите старомодна можеби сум ама како мајка да го гледам своето дете унакажано неможам !
Jас имам на стомак долго време дури и самата заборавам дека устваро јас го имам, ко дел од телото ми е, секојдневие Hего на носот илјада пати сама се имам бушено, а и ко помали со другарките се бушевме,која на нос, која на уста и на една и излезе една тртка на носот, поголема од самиот нос, и уплав ме фати и од тогаш веќе не се бушев сама
јас имам на уста и мноооогу си го сакам нема шанси да го извадам,барем не сега а многу сакам и на веѓа ама ми е глупо да не одам многу издупчена
За жал не ми даваат..инаку баш убаво би ми стоел на левата веѓа Ги прашав дома и ми рекоа само „Напуни 18 години, и крши глава“ И сеа ќекам уште 5 години..