Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пирс

Дискусија во 'Тело' започната од MadeinHeaven, 9 февруари 2010.

  1. rozy

    rozy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    121
    јас сакам да си ставам пирс на устата но тато ке ме избрка од станот ако си ставам затоа кога ке си дојдам за македонија летото ке си ставам пирс на папокот и нема да мозе да ме виде хахах I LOVR THE WAY I LIE хаха :rofl: :rofl: :rofl:
     
  2. Argasi

    Argasi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    278
    Одмината мода се пирсовиве, посебно тие на веѓа... тапаааааа
     
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    не ми се допаѓаат пирсовите, а и сметам дека се доста ризични (пример веѓа,папок)
     
  4. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Имав пред 10 години, и тоа на неколку места, кај ли ми бил умот..
     
  5. guguence

    guguence Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    291
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    имав два пирса еден на веѓа и еден на брадата но повеке ги нема ;(
     
  6. MejkApGirl

    MejkApGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    58
    прва година гимназија сум, и обожавам такви работи.. мама ме остава да се бушам, али татоо нема шанси да знае. Напролет ке се бушам на нос.. а си правам планови во иднина кога ќе одиме низ еворпа да се дупнам на папок некаде од тие странските пирсинг студиа.. али има време тоа низ европа ќе биде мислам во 3та година.. како и да е само мама ќе знае за папокот, тато никакооо :D зошто само она ме остава и ке си бидам раат.
    Ако може да ме посоветувате за тоа папокот.. дали боли многу бидејќи мразам болки, но се убедувам дека нема да ме боли.. :lol:
     
  7. Shopaholic77

    Shopaholic77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    109
    Имам еден пирс на нос веќе го користам повеќе од 1г, и задоволна сум бидејќи од далеку не се приметува ,и не ми пречи :)
    Ама треба негување многу на почетокот бидејќи може да има ризични проблеми :|
     
  8. ane.n

    ane.n Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пирс на јазик и пирс на стомак, најбољи :)))))
     
  9. Butterfly77

    Butterfly77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    77
    Имам два на уше,и сега во јануари како поклон за роденден уште еден. :D
    А иначе сакам на веѓа,и тато ми дава,али потешко ќе биде треба да ја убедам мама. :D
     
  10. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Порано сакав да имам пирс на уста или на јазик, ама сега веќе не. Порано ми беа многу симпатични, а сега премногу одбивни. Дури понекогаш и на другите ми смета, иако тоа е нивен личен избор, само премногу ми е грдо кога една личност има премногу пирсови. Лошо ми изгледа.
     
  11. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.690
    Пол:
    Женски
    Имав на веѓа, но како што рече Аргаси погоре, помина модата :D ... Добро ми седеше, али ко се замислив- мајка, бутам количка, некако неубо се гледав во таа слика со пирс...де да знам, малце грубичко...ако ме разбирате... Инаку кога бев на 16-17 во едно село јужна Бугарија на морето си ставив пирс на јазикот :D таа дето ми го стави немала голем пирс :!: а прво треба таков (зш се подува јазикот-оток) а после се менува со по мал пирс :fubar: и ми стави мал, јас болна глава изгледа и дозволив на девојката. Пирсот ми влезна во јазикот после 2 дена маки и пиење само на сокче со сламка, без ни трошка ставено во уста...Мислев веќе, дека јазикот ќе ме задуши, толку беше подуен и ме болеше ужасно. Вечерта на третиот ден појдов да ја барам таа да ми го мафне. Со специална ножица се обидуваше да ми го изваде од јазикот топчето и со прст да ми го извинти. Но не можеше, многу врискав, ме болеше. Кажа неможам, ќе појдеме на доктор. Баравме, имаше гужва во центарот во 10 вечерта, туристи, веселба, музика од секој ќјош...али јас плачев ;( Најдовме стоматолог, пишеше на вратата телефон, таа му се јави, тој дојде, ми се скара прво на мене, ама јас дете-тинејџерка :!: после и се скара нејзе, како може да ми стави такво нешто во устата, ќе ја пријави, ја знае дека става и на други луѓе, но без лиценза и така на така. 1 саат на стоматолошкиот стол се виткав како црв, плачев, врискав. Накрај дадов му дадов идеја на човекот да проба одоздола да го фати (беше по разлабено) и да го развинти накај прозор. Така и направи. Кога го мавна, имам чувството, дека ми вади камион од устата...Ми препиша антибиотик. Таа 100 пати ми се извинуваше и после 2 дена ме најде и ми поклони голем пирс, ако некогаш решам да си ставам... Како не, после тој ужас, дали ќе си ставам пак :fubar: Може да сум луда, ама чак пак толку....
    Девојки, пред да решите да си ставате пирс кај и да е, побарајте човек кој не само го правил над 100 пати (таа го имаше правено), но и да има лиценза... :!:
    Благодарам ;)
     
  12. scorpionphoenix

    scorpionphoenix Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    6
    Здраво на сите
    Ме интересира дали некој знае дали може да се стави пирс повторно врз претходно затворена дупка од пирс . Пред две години имав пирс на папокот и ми се затвори . Сега на тоа место имам келоид (лузна) , па не знам дали е во ред повторно да ставам врз истото место...
    Кој има искуство или знае нека каже...
    Поздрав
     
  13. SarahTayMomsen

    SarahTayMomsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    650
    И јас сакам на устаа и ќе си стаам :)
     
  14. song

    song Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    46
    Несакам пирсови,девојка со пиииирс :?: ,ете јас сум си по конзервативна по овие прашања изгледа,прво не ми е таков стилот,не ги осудувам другите туку јас за себе несакам,ама морам да признаам има многу убави машки со пирс онака баш ги личи :D
     
  15. Talita

    Talita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    Лани летото Охрид глеав на секој чекор БЕЗБОЛНО БУШИМЕ УШИ И НОС ... Јас сум заинтересирана за на нос пирс да си ставам .. Е сеа дали тоа безболно е ств безболно или .. И ако знаете цена од прилика ?? :D
     
  16. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    И јас многу сакам вакво пирс...... :inlove:
     
  17. anaanu627

    anaanu627 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Neubooo mn neuboo mrazam pirsoj sekade osven na uvo si imam 1 i mn si go sakamm mnn :D
     
  18. Dazzle

    Dazzle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.030
    Јас имав на јазик пирс. Жива глупост...
    Седмо бев, пубертетлија. Го извадив уште одамна (1ва мислам, или 2ра) ама џабе, се познава одоздола на јазикот дека имало дупка - не изгледа воопшто убаво.
    Не знам искрено кај ми бил паметот - уште кога ќе видам на порничине со пирсови на јазик, грозно ми изгледа и да не делувам многу осудлива, ама пирсот на јазик на постара девојка ми делува малкуу( повеќе ) промискуитетно :?: ...Освен кај девојки и машки што имаат таков стил. ( Готик или како и да се вика :) не се разбирам )
    Како и да е, имав еден другар, имаше пирс на страна на устата и стварно преубаво му стоеше.
     
  19. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    3.700
    Пол:
    Женски
    Едно време многу сакав да имам пирс.. Но мајка ми од дома ми кажа дека ако ставам она со клешти ќе ми го извади :D Па не ми се исплаќаше да го ваѓам за дома и да ризикувам инфекции..

    Сега сум и благодарна што не ме пушташе да ставам зошто стварно не ми се допаѓаат девојки со пирс..
    Помина модата на пирсот.. Што знам, веќе ми е излитено да имам пирс.. :D
     
  20. bibb.y

    bibb.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    355

    јас имам пирс на нос веќе 3год... коа го ставив само малку ме болеше и после се најнормално, само кога ќе го извадев наеднаш ме заболуваше...а на една другарка почна да и гнои и да ја боли многу..е сеа нз како ќе е кај тебе ... го ставив во златара, 200 денари беше тогаш а сеа може и да е поефтино :) :)