Ја имав пирс на ушето..Иии само тато осети дека имам 2 обетки на едното уше ии го извадив... Па еднаш излегов ии кога се вратив дома го нема..
]Колку пари е пирсање на јазик? Ќе ставам шо сака нека е! Овој на веѓа си го обожавам, плус малку е потскриен бидејќи имам шишки, а овој на јазик никој и нема да ми го гледа.
Зависи кај кој, како што знам до кај 600 денари е најмногу. Туку, јас ќе поставам едно глупаво прашање, зошто така сум слушнала а не знам дали е точно . Дали има некаква опасност од пирс на градите, не на брадавиците туку на местото каде што е означено на сликата Спојлер (нормално освен општата опасност од инфекции кај сите пирсови што ја има) заради близината со срцето и млечните жлезди?
Пирс на стомак Драги феминки Сакам да ставам пирс на стомак летово,но не сум доволно информирана околу тоа.Некои ми викаат дека на стомак е најризично,други дека не е.Па сакам да слушнам и ваши мислења,искуства или ако некој знае нешто повеќе околу тоа. Спојлер Знам за темата пирс,но мене ме интересира конкретно за пирс на стомак,се надевам не сум единствена
Пирс на стомак Имаш тема за пирс, не отворајте нови теми за џабе, таму прашај ќе ти одговори тој шо знај
Драги феминки Сакам да ставам пирс на стомак летово,но не сум доволно информирана околу тоа.Некои ми викаат дека на стомак е најризично,други дека не е.Па сакам да слушнам и ваши мислења,искуства или ако некој знае нешто повеќе околу тоа.
Јас имам пирс на стомак веке 8 години...се пирсав у бунјаковец горе кај игор, фала богу до сега никакви компликации ни инфекции не сум имала ако се одлучиш да си ставиш би те советувала максимално да си водиш хигиена особено првите 3 недели со користење на маст ... а самата постапка на ставање пирс на стомак не е болна нема ништо да осетиш.. поззз
Јас на уши носев неколку, ми здосадија и ги извадив сега пак ме фаќа мерак ќе си купам некои интересни и пак ќе се редам.. Инаку лани во ноември си ставив на нос ја носев некаде до април-мај не ми текнува точно до кога ама не можев алка да си најдам и ја извадив, сеа пак сакам ама здравје да заврши школската година и да си потсоберам пари за златен или сребрен прис..инаку многу сакам да си ставам на јазик ама страв ми е пошо имам слушнато демек можело да ми погодат некој нерв и слично, ама сепак не е чудно и да ставам
Си ставив пирс на нос пред 2 денаа.. хуххх се прерадвав.. и тоа со дечко ми бев, мислев дека ќе боли ама ушето да го бушиш повеќе болело.. во секој случај пресреќна сум.. само малку нега си бара со алкохол инаку си тераш
Едно време ме пукна филм да си ставам пирс на веѓа, бев во некои луди години со недефинирани чувста, па не знаев ни јас што сакам. Ама за брзо време се предомислив, си реков: Зошто па да си го дупчам лицето, кога си имам нежна кожа. Веројатно ми беше некоја пролазна желба, и добро е што не се решив да ставам.
Имав пирс на веѓа ама не го носам веќе 3 години...сега пак сакам да ставам па ако знае некој колку пари е пирсање со мој пирс нека ми каже и секако на сигурно место пр.таттоо Немам појма како идат цените бидејќи минатиот сама си го ставив
Отсекогаш сум сакала пирс на стомак, на лице не, ама на стомак обожавам. Немам дозвола од мојте, иако имам 18, можно е во иднина, ама сепак се двоумам, не е мала работа, и знам дека боли На левото уше имам 3 дупчиња и едно на р'скавица, си ги обожавам, со голем ќев си го ставив то на р'скавица, болката е минлива, ама после не можев да спијам на та страна неколку дена, не жалам ич што го ставив.
Сакам пирс на уста, но не планирам да ставам затоа што мислам дека нема да ми стои, а и сега за сега рано е.
До пред некое време бев против пирсови, ама последниве неколку дена размислувам да си ставам на веѓа. Вака на други убаво ми изгледа ама незнам мене како би ми стоело. А и професијата ми е таква, што доколку ставам пирс ке си имам големи проблеми. Ке подразмислам уште некое време...
Јас имам пирс на нос веќе 2 години , се пирсав во златара со такво пиштолче како за уво, прво медицинка ми ставија и ми кажаа да ја носам 10 дена , но веќе вториот ден ја извадив затоа што бев на роденден ме болеше малку..ама одма пирс бутнав. Мој совет ви е ако ставате пирс на нос, откако ке ви ја стават медицинката да ја носите 6-7 дена затоа што ако одма ставите пирс ке ве фати паника зашто многу боли и имаш осеќај дека повторно ја пукаш 'рскавицата .
Јас имав 4 пирса, од кои сега само еден носам, веке 6 год Сама се бушев освен на папок, таму ме бушеше Иво.. за другите не ми беше фрка пошто ме биваше на времето