Кога бев помала имав некоја желба да си ставам пирс, но тоа беше само еден период. Се сеќавам бев многу силно решена да ставам , но незнм зошто никогаш не се осмелив. И подобро бидејќи сега многу ќе се каев. Ми станаа одбивни и воопшто не ми изгледаат убаво и нежно.
Имам пирс на нос од мојата 15 година, значи скоро 10 години, ептен е ситно и многу симпатично дури и не се забележува, се навикнав на него и едноставно е дел од мене.
Прашањево не е баш за во темава али друга слична не најдов а нова не знам да праам .. Најмалата сестричка сака да и ги дупнеме ушите ама и е страв . Дали знаете кај можам да купам пиштолче за дупнување уши ? Знам баба ми порано имаше , абе цела куќа ја превртев и не го најдов . Ај некој ако знае ве молам да ми каже
прв пат го дупнав носот на 13 годинки ,го носев 3 години и кога видов дека секоја втора девојка има пирс на нос го извадив ,у мегувреме ставив и на јазикот и под јазикот ,имав и над устата ,за ушите да не праам муабет наредени од горе до доле . сега никаде немам пирсови едноставно ми помина меракот на пирсовите а почна на тетоважите
Имам пирс на папокот, си го ставив шпиунски после матурата, ама ме виде мајка ми после 2-3 недели. Од тогаш, еве има преку 4 години, секогаш кога ќе го види вика: аман доста го носиш тоа чудо, извади го више... Ама уште сум на кејф и планирам да го носам дури не останам трудна
Имам 3 пирса на едното уво,сакам да ставам уште таму,а и еден/два на веѓата сега 15 години сум,сега засега си ги носам,некаде после дваесетата сигурно ќе ги извадам,гарантирам
Имам пирсови само на ушите и ги обожавам. Сакам да си стаам некое малечко на нос ама не ми дават моите па затоа сега за сега ке остане само на пирсовите на ушите
Јас во Грчка си купив еден како за на папок ама на уво си го ставив и едвај се изнамачив со него и тоа по како менѓушка, ама си го сакам.
Имав еден порано , под долната усна ,како Кристина Агилера што имаше. Многу си го сакав оти само јас во тоа време имав пирсинг. Сега не би ставила ,веќе се претура градов од напирсани фаци.
И јас обожавам пирсови и првиот го ставив на 14 години на веѓа кога почна таа мода ,но со текот на времето го извадив бидејќи ми помина меракот.Сега ќе си носам две дупчиња на веѓата засекогаш!! Затоа си ставив пирс на жилата под јазикот и не се замарам дали ми се гледа за на работа или незнам ти што и плус дали ке ми останат дупчињата засекогаш Иначе буквално целото тело ми беше испирсано каде што на повеќето места сама сум си се бушела што и не е баш за фалење
да ве прашам дали кога ги правевте дупчињата за пирс на горниот дел на увото болеше?има крв?ја сакам горе да си направам 2 на едното уво ама многу ми е страв
Се надевам дека не реагирам предоцна. Јас имам пирс на стомак и тогаш кога се решив да го ставам беше преку ноќ. Немав некоја особена желба ама знаев дека ако одложам за дру ден дека никогаш нема да го ставам. Отидов во куќата на еден другар које почетник за пирсање и го натерав со нова неотпакована игла да ме испирса. Него рацете уште му се тресеа што се вели , но го напрви тоа. Има две продупчувања едното е кога иглата влегува одоздола а другото е кога излегува одозгора. Тоа влегувањето не болеше толку ама затоа излегувањето на иглаа...богами ги видов сите светци.Јас не испуштив ни глас ама само јас си знам како ми беше После тоа неможев да спијам една недела на стомак како што си спијам стално туку само на грб и на страна. Сега после 2 години откако го имам ставено не жалам и баш убаво ми стои Мој совет : Ако планираш да си ставиш пирс на стомак оди кај некој што е професионален за тоа и добро си ја знае својата работа а не како мене да стравуваш да не закачиш некоја болест. Мене морници ме лазат и ден денека кога ќе помислам што се можеше да се случи!
Сестра ми ми вети дека пред полуматура ќе ме носи да ми стават пирс на уста. Тоа би требало да биде за 7,8 месеци. Кој ќе чека бре!? Сигурно некој ќе пишат мала сум ама сакам и тоа многу.
Јас сакам на јазик, нос и веѓа. Откачувам на млади години, тоа мора да биде јасно Другарка ми ме навлече, пуу бе и сега и јас мераклија
Имам 2 едниот на нос кој го ставив пред 2 години, имав минимална болка на почетокот а сега не го ни осеќам, другиот на папок го ставив пред една недела а имав желба мислам дека од како знам за мене хахах е како ме болеше алал да ми е,господ го видов, ме болеше толку мн првиот ден а сега мн малку е сеа страв ме фаќа дали некогаш кога ќе сакам да го извадам ќе ми останат дупки на тоа место?