Јас кога ќе видам некој со пирс ми се гади одвратно е Незнам како можат да стават никогаш не би ставила пирс ни на уво
Не сум размислувала на таа тема, не ме многу привлекуваат пирсовите но АКО еден ден ставам тоа би било на веѓа.
Јас имам пирс на увово како на сликава, ама зараснато ми е дупчето пошо многу време не го имам носено. Го ставив кога бев во фазон рок музика, металци, даркери, пирсови, кратка коса Ама сеа не сум веќе таков тип и до пред некое време си носев убетче во форма на цветче и сега скрос ми е зараснато. Иначе имам полно убетчиња што ги имав за на уво специјално купено, со боцки, алки малечки, смајлиња итн... + алергична сум на бижутерија, злато и сребро и секогаш ко ќе си носам убетчиња ме боли, едно време ми имаше и загнојано тоа кај пирсот и крв ми течеше и сега избегавам да ставам обетки воопшто на ушите.
Мене ми се допаѓа, би ставила на уво(во скоро време), нос, уста... Само да наполнам барем 16 год. и одма одам да ставам на на нос
ич не ми се допага кога ке видам некоја девојка со пирс лелеее ми се ежи главата ,а посебно па на јазикот лелееее
Како што разговарав со мајка ми, она е вечно против. Тоа значи дека работава малку ќе ја одолговлечам, но секако ќе ставам. Или на веѓа или на увото. Се надевам дека нема да има преголеми инциденти дома. Држете ми среќа, ќе ми треба.
Секогаш ми се допаѓале пирсовите. Пред некое време носев на двете уши,ама ме нервираа понекогаш ми се закачуваа во коса и ќе ми паднат ќе ги изгубам,ме мрзеше секој пат нови и нови да купувам. Сега планирам на веѓа да ставам,само кога ќе биде тоа не знам.
и јас многу сум за пирсови, но ми имаат кажувано дека се добива рак од нив затоа ни од дома не ме оставаат да ставам..
Пирсеви Имам 14 години и планирам наредно лето, кога ќе наполнам 15 години да си ставам пирс на веѓата и на устата. Е сега некој ми викаат немој, можеш да добиеш некоја инфекција и др. И сега не знам што да правам. Знам дека има уште многу време до летен распуст, ама јас имам огромна желба да си ставам таму пирсеви :/
Пирсеви a чекај си размислувал/а ли на тоа дека ке ти останат дупки . да интересно е и јас сакам , и изгледа интерсно и привлечно но, знаеш ли кога еден ден ке сакаш да го симнеш дека ќе имаш дупка на устата и веѓата. некои луѓе си имаат од несреќи а ти да се дупчиш од забава свати го ова како најдобронамерен совет можеш да си ставиш од оние со магнет мислам беа , не се ни дупчиш ни ништо ,кога ќе сакаш ке го носиш кога не не , сега незнам дали ги има тие во Македонија де и дали ќе можеш да си дозволиш али не е убаво еден ден кога ке станеш мајка/татко да имаш дупка на веѓата и на устата најдобронамерно ти го кажувам ова и ја имав вакви моменти ,но кога размислив подобро сватив дека не вреди да се дупчам па ако не најдеш подобро стави си повеќе обетки на увото тоа не е толку страшно ,но да се дупчиш јас мислам НЕ !
Имам спомнато дека имам пирс на стомакот, ушите ми се партали до рскавицата.Следен проект ми е да си ставам на јазикот, отсекогаш сакав.
јас имам пирсинг на нос,веѓа и уво имав и на стомаче и морав да ја извадам пошто сум бремена.јас незнам што ви е то толку гадно
И јас имам на стомакот веќе повеќе од 5 години, и најверојатно ќе го вадам кога ќе останам трудна. Еднаш не го носев пирсот неколку недели (го изгубив штрафчето, па додека си купам ново), и кога пак го ставив можев да осетам дека дупчето ми беше малку стеснето. До кој месец од бременоста го носеше, и дали ти зараснало? Можеби не би си го вратила после бременост, ама сепак ме интересира дали би можела да го задржам дупчето. Ако зарасне сигурно нема пак да се пирсам (на стари години )...