Ушите си ги имам долу дупнато како за менѓушка, и моментално носам медицинка, и сега сакам до неа уште едно дупче да си направам и да си ставам вакво. Само малку поголемо. Е сега, не знам дали се рачуна ова за пирс ама сакам да прашам дали ќе ми го собере со оваа дебелина во дупчето, јас имам проблеми и обична менѓушка кога протнувам, па затоа.
Јас се мислам веќе некое време за да направам на страничниот дел кај увото- vertical tragus piercing. Е сега викаат многу болело, а јас па и не сум човек кој трпи болка. Веројатно ќе почекам уште некое време. Ако некоја имала искуство, нека сподели, би била благодарна.
Боли ли на папок..Колку би ме чинело..Мора ли да сум полнолетна..Можатли да ми се јават проблеми и сл. пишете кој знае
^Имам читано различни коментари, некои велат дека за разлика од пирс било каде на лицето, воопшто не ги болело, други па велат многу ги болело, веројатно индивидуално е. Мислам дека нема врска, повеќето би те испирсале без согласност, другарка ми се пирсаше, ама она носот, така што не сум сигурна. Инаку, сакам да прашам каде да најдам вакво? Ама баш за овие две дупчиња, не оние горе и долу што се.
Дали ќе може да ми каже некој, кај може да се стави пирс на веѓа? Ако знае некој нека пише, или нека ми пише во ЛП. Тенкју
Дали сум единствената која не сака пирс? Мене ми изгледа премногу одвртно сето тоа, а освен тоа девојката која има пирс некако поинаку излгледа во мои очи,макар била и најубава, најскромна,најмила,најубава, најпосебна, некако ја ја губи женственоста. Буквално зборам за оној пирс на веѓи, уста, нос. На уво и на папок да стои ми е пак сосема ок, но за на друго место едно големо НЕЕ.
Мене единствено ми се свиѓа пирс на папок, ама зависи и од стомачето, како ќе стои. Нешто вака би сакала. Дај боже, некогаш ќе си направам
Го превртев цело Куманово мислам сите сребрари зашто нејќам да носам алка бижутерија на нос не се скапи сребрените до 200 ден максимум ама не се наоѓаат ми рекоа у стара чаршија по сребрари у скопје да идам ако знае некој нека пише кај има поздрав
Нема што сребрари да превртуваш, доаѓав во Ск одиш во Скин Арт тату и си зимаш пирс за нормална цена и тоа од титаниум. Бољи амин!
Шипката на пирсовите е направена од медицински челик...ама кому зборувам јас де... Плус, степенот на смрт на новороденчиња се зголеми исто со профитот на бижутериите. Lol.
DigY дај бре прошетај низ.. па... било каде и посочи ми една која не носи обетка од бижутерија! Мислам, нормалната се јави па ајде да и се поклониме сеа. А се чудам јас нешто во последно време сите само злато и сребро носат на уво па најдоа да се бунат за оние кои ставаат пирс на (пример) веѓа.
Мене лично не ми се допаѓаат пирсовите, особено на стомакот и тие што се како дупки , ама секој има различен вкус, а плус тоа тие можат да се извадат кога ќе посакаш
Душичке Диги тебе вака ке ти каже. Ако немаш пари за асален пирс-ич не се пирсај. Не е до пирсовите туку до луѓето што сакаат да носат нешто а немаат поим што ставаат. Титаниумски пирс воопшто не е скап, дури бежутериите повеке држат цена по некои места ко што гледам. А дали сум јас нормална или мила моја...па еве 9 год имам пирс на папок и од пред некое време на уста и ко што гледам жива сум, мрдам. Јбг мене не ме буши мојата другарка пубертетлика и не турам менѓуша од пазар. Пак ке речам-се е до луѓето, не е до пирсот.
За реченицата со „менѓуша од пазар“ пред да ги осудиш останатите ти порачувам убаво да разгледаш низ било која друга продавница кои ги нарекуваат „марки“ и во ниту една нема да најдеш ништо поразлично од бижутерија. Не е само до оние од пазар. И не е до луѓето што не знаат и немаат поим што да носат туку до оние кои иако не знаат, не се ни обидуваат да дознаат заради такви одбивни коментари како што е твојот. Исто и за останатите кои имаат предрасуди од истата причина зошто наместо да осудуваш, за промена, како некој кој има искуство во носење пирс можеш да ги посоветуваш или да напишеш некоја нормална реченица. Употреби си го сарказмот за друг, мене ми е непотребен.
Јас имам пирс на стомак од 2ра година стредно,имам пишано и по толку години уште си го сакам и со задоволство си го гледам мојот е чисто стребро никој не е будала да стави бижутерија на стомак а и незнам што се буните бре тоа е вкус и личен избор,јас мн сакам пирсој некој друг сака нешто друго,иако има одредени места каде што не би ставила пирс ама и тоа е вкус така да нека се смират страстите, а и нема посекси девојка со пирс на убаво стомаче фала многу пријатно