Побарај во Botoni, продавница за вакви работички е, во ГТЦ се наоѓа. Ако таму нема би требало да има во некоја продавница кај што продаваат бижутерии и слични работи.
Имав на носот, но три пати го губев и последниот пат не ставив. А сега огромна желба ми е да ставам на веѓа и на уста.
Кога бев помала имав на носот и доле под устата од десна страна. Ама кратко ги носев ми помина брзо желбата некако . Имав и трагус пирсинг (ваљда така се вика ) ама носев тешка обетка и не ми беше дупчето на место каде што сакав (баш на средина) па прекинав да го носам. Сега сум во план пак да си ставам, страшно многу ми се допаѓа како стои.
многуу сакам пирс под уста ама никако да најдам студио за пирсање тука во скопје и знае ли некој каде има и да ми каже точно каде се наога,и колку пари е.. за тука https://www.google.com/url?sa=i&rct...zIldLX1CqzHT_g_buW0PhPtg&ust=1416690231551596
Знам дека има пишувано наназад во темава за обетка на уво горе на рскавица знаете за каде велам но сепак... ќе ве молам за совет од некој искусен или поупатен. Имав многу голем кеф и се дупнав во златара пред година и некој месец. За хигена и одржување се разбиеа дека водев сметка и сеуште водам, редовно го чистам не ја ставам обетката не дезинфицирна но болката не ја снемува. Не можам ни капа да ставам а да не ме боли а не пак да легнам или да спијам на таа страна.. до што е? инаку на мекиот дел истото уво ми е дупнато трипати и немам никаков проблем со тоа. Морам да го вадам или???
леле темаваа ме потсети кога имав пирс ставено на јазик у прва средно (не ми се верува дека 7 год.поминаа од тогаш) толку голем мерак имав значи, а другар ми пирсови ставаше, неможев да одолеам. Воопшто не болеше кога ми го ставаа барем не како што мислев дека ќе боли, па уште си мислев ќе скријам од дома дека нема да ме приметат, и само што влегов дома здр здр ни едно ни друго, мајка ми што ти е тоа у уста? пирс? али воопшто не ми беше убаво чувството со пирс, мислев у секој момент ќе ми се раскине јазикот( посебно при бакување) башка што сум хипохондрик па на секој пола саат дезинфицирање, абе напор жива..за година дена го извадив (арно издржав и толку).
Не сакам пирсови, лично мене не ми изгледаат убаво и не би ставила никогаш. Е сеа на некој ако му изгледаат убаво ... негов избор.
Многу сакам пирсеви ,имав порано ставено на увото горе но сега неносам немозам некој асален пирс да најдам некое да биде поелегантно да не изгледа како од пазар ,ако знаете кај може да најдам пишете
Замени ја медицинската обетка со обетка од бело злато.Јас така направив со моите пирсови на увото, ги заменив со тие малечките обетки со едно цирконче што се, само моите се од бело злато и многу убаво стои, дискретно светка.И посигурно е, нема да закачеш некаква инфекција на местото каде што е боцнато, што е случај со обичната бижутерија.
Сакам да споделам ме искуство Од како побарав мислење и што може да се превземи, ми рекоја да клм обетка од бело злато.Од кога ставив таква обетка ситуацијат е мн подобра, болката е намалена не лачи течност што вероватно беше гнојче...Доколку некој има сличен проблем можеби ќе му помогни и него
Досега неколку пати имам носено пирс на веѓа (и хоризонтално и вертикално) , топ ми стоеше ама за жал морав да го прежалам пошто кожава не го сакаше... многу брзо ми се тенчеше местото и морав да го извадам.
Мислам дека пирсингов излезе од мода. Не ми се верува каков "бум" направи пред 15-20 години, нема кој не беше пирсан...па така и јас Прво ставив на пупак кога бев трета година средно, па кога почнав прва на факултет ставив и на јазик но таа ја носев само една година, добив некое грозно воспаление на усната шуплина, неможев ни да јадам две недели. Дали беше од менѓушката или од нешто друго, кој ли ќе знае...важно ја извадив и веќе не ја ставив. Ама кои ќејфови беа тоа нон стоп да купуваш различни менѓушки, те со циркони, те со привезочиња... Таа на пупак ја носам веќе 15 години......лелееее, многу се, сега гледам Дури и кога бев бремена специјално нарачав една која нема да "смета", ама кога ме виде докторот ќе ме утепаше