Здраво дечки, имам желба да ставам пирс на стомакот, кажете ми ваши мислења, најмногу ме интересира дали e многу болно?
@koritsaki со здравје да си го носиш.Мене најубаво ми изгледа на нос ситен пирс како обетче,а на друго место не би ставила.Сега само уште да најдам каде точно ставаат во Скопјево и да одам Нека пише некој каде има ако ставал во брзо време
Хелооу ...како с епроубави времето сакам да си става пирс на стомак паа и за одмор хехе ее сега може ли некое мислење али може да има некои последици пример може ли да не ми го издупчи правилно ? ии сега исто сакам а ми каже некој за во Куманово каде имма салон ? Фалаа однапреед ! Убааав вечеер !
Во последно време се информирав повеќе за одржување на пирс. Кога одите на место каде што професионално ставаат пирс, треба да бидат и доволно обучени и да ви објаснат за тоа како треба да се одржува додека заздравува. Не знам дали koritsaki не знам дали ти имаат кажано бидејќи би требало, но алкохол на рана не би требало да се нанесува (особено не чист алкохол), а сметајќи дека и пирсот е еден вид на рана, истото важи и за пирс. За заздравување и одржување на пирс е препорачливо да се користи безалкохолен и сапун без надразнувачки елементи. Иако е таков, сепак треба да се разредува со вода и потоа се одмива под млаз млака вода. Задолжително е убаво исплакнување за да не се исуши местото и да предизвика иритации. Има посебни количини кои треба да се измешаат, а не без мерење. Еднаш во денот е пожелно да се прави испирање со солена вода. Солта треба да биде морска сол која може да се набави во (ако не се лажам) продавници за здрава храна, а можеби и аптека. Се разредува со млака вода и се накиснува пирсот околу 5-10 минути. Овие работи треба да бидат во умерени дози. Внимавајте како ќе ги дозирате зошто предозирање на сол или сапун може да предизвика дополнителни иритации и сушење на местото. Не го допирајте пирсот, не го допирајте пирсот, не го допирајте пирсот! Не го проверувајте и не го вртете инаку ќе си предизвикате дополнителни иритации и ќе бите потребно повеќе време за заразнување. Ако сте го надразниле местото од облека или спиење, препорака е да направите чај од чиста камилица и кога ќе е млак, оставете го местото со пирсот да отстои во тој чај околу 10-20 минути. За да спласнете оток од облека или спиење, додека го накиснувате пирсот во чај од камилица, ставете ќесичка чај од камилица (веќе припремена, нормално) во обичен фрижидер и така оладена оставете го на местото. Не треба да биде премногу ладна бидејќи ќе ги уништите добрите бактерии и ќе предизвикате дополнителни иритации. Затоа и се става во обичен фрижидер. Пред да направите одлука: имајте во предвид дека пирсот може да го извадите, но ќе ви останат лузни кои не зараснуваат до крајот на животот доколку сте помали, задолжително консултирајте се со вашите родители или оние кои се одоговорни за вас бидејќи тие не ви мислат лошо туку се обидуваат да ви помогнат и мислат долгорочно и за вашата иднина. сакале или не (поточно, колку и да не го сакаме ова), имајте во предвид дека пирс ќе влијае на професионалниот живот и на имиџот кој ќе го оставите проверете го местото и прашајте ја личноста која ќе ви го прави пирсот за одржување и за последици. Ако не знае да ви објасни, подобро обратете се на друго место. истражувајте на оваа тема и обратете се кај професионалци. И за совет и за одржување. прашањето околу болка е релативно. Секој има различно ниво на толеранција. Тоа што за еден може да биде многу болно, за друг може да биде идентично со убод од комарец. Следете си го вашето тело и послушајте го бидејќи вие најдобро знаете за самите. За сите останати: отворете го умот и почнете да ги оценувате личностите според карактерни особени, а не според изгледот. p.s. Сите овие работи се напишани само од самостојно разгледување бидејќи многумина мислат дека е во ред да се стави јак алкохол или некои други хемикалии кои најчесто се лош избор и затоа сакав да пребарам малку повеќе на оваа тема. Бидете одговорни и користете го вашето разумно размислување пред донесување било каква одлука или слушање било каков совет, освен оној од вашите родители или одговорни за вас. Јас не препорачувам ништо и ако одлучите да направите било што - тоа е на ваша одоговорност. До сега треба да знаете дека форум не е место за информирање туку споделување на мислења. Ова што го имам напишано е само „прирачник“ за тоа што би требало да бидат одговорите од професионалец и доколку ве советува да ставате алкохол или било што слично е подобро да се обратите на друго место. Ако не успеавте да го прочитате ова целосно и се изморивте уште на првата реченица, најверојатно е уште рано за пирс.
Се испирсав на нос со пиштолче пред две години на одмор, без да знаат моите и ми падна после 2-3 дена во спиење. Ама пошто меракот беше голем, помина скоро година од тогаш и ја известив мајка ми дека ќе си ставам, па колку сака нека се буни. Повторно беше со пиштолче, ама не ми се допаѓаше местоположбата па уште два пати се пирсав... Сум немала што да правам, ај. Го носев тој пирс до неодамна, и го сменив со алка пошто не сакам циркони/топчиња арно ама алката многу тенка и кога ми здосади не можев да го сменам за стариот пирс, па ми се затвори дупчето. Пред месец дена пак го дупнав, и иако не ми е погодено местото за 1мм, последен пат ми е зошто не можам да се тормозам веќе. Само, ако знаете каде можам да најдам подебела алка за нос, т.е било каква? Настрана моиве патешествија, пирсот си го чувствувам како дел од мене, не ми е здосаден воопшто, со него јас сум си ЈАС, како да се изразам.. Вака дека го носам долг период веќе не го ни заприметувам, ама да си го извадам одма ми има разлика. Инаку, за побрзо заздравување, ставете на чепкалка хидроциклин и мачкајте го од внатрешната и надворешната страна. Ако го ставите со пиштолче, безбедно може да го смените за 3, 4 дена, јас секогаш така го менував, но последниот пат ме болеше многу и чекав да ми заздрави, па го сменив за околу две недели. Така што, слушајте си го сопственото тело, ќе видите што е најдобро за вас.
Вака се избушив на носот и папокот. Али пошто сама се бушев со канила ја пресеков од двете страни и залепив топчиња хихи Е сега ме интересира после колку време можам да ја извадам канилата и да ставам пирс? Какви искуства имате во врска со првото менување на пирсот?
Во средно имав кратко време пирс на уста, ама многу брзо ми помина меракот за него. А долги години, до пред извесно време, имав пирс на јазик. За жал, морав да го извадам, пошто си скршив заб со него. Ама размислувам пак да го ставам... ми фали
Па така за да се отвори местото. Него ме интересира по колку време можам да ставам друг пирс без да се затвори одма дупката?
имав пирс на папок ама го извадив пред 6г и сега сакам пак дали знае некој дали може да ме испирсаат повторно на истата дупка ?
Јас многу сакав на веѓата како Слаткар да си ставам ама мајка ми ќе умреше па не направив ништо сега сакам на стомакот ама ќе боли
Здраво дечки, нова сум. Имам пирс на папокот веќе 3 месеци. Често имам болки и црвенило, а денес кога станав забележав (едвај АМА) траги од крв. Страв ми е зашто црвенилото е веќе постојано...Сите доктори различно ми кажуваат. Некој за совет? Да го вадам? Да го мачкам јод? Или маст? Помош!
Сакав да ве прашам дали знаете колку земаат за да се дупнам на уше со игла? Како се движат цените во Скопје? Сакам вака како на сликава да изгледа https://s-media-cache-ak0.pinimg.com/564x/b5/3e/4d/b53e4dd2382b8fae64dcfe7f58d2cdb8.jpg
@Ketchup малку подоцна ама еве и мое искуство, јас не сум толерантна на болка, плачка сум за се и сешто, така моите беа убедени дека ми е само моментален хир и дека ќе помине за некое време и нема шанси навистина да го направам тоа. Ама бев решена. Болка скоро и да немаше на мое изненадување исто и крв. Никогаш сум немала проблем со него. Освен на почеток кога сеуште го чувствував како страно тело. Брзо престанав да го чувствувам и стана дел од мене. ******************* Извадок од мое мислење од пред некои скоро 4 години, значи се направиле 10 до сеа Сеуште не можам да си го замислам животов без него. Составен дел од мене е и мој идентитет. На почеток почесто купував и почесто ги мењавав, последниве години не баш. Одамна немав купено нов, па летово си земав. Титаниум и сваровски и апсолутно сум заљубена во него. И апсолутно е елегантен. Ниту еднашка не се покајав што се пирсав и планирам да биде дел од мене уште долго. ********* Најдобронамерни little tips што е најбитно да знаете, за оние што скоро се пирсале -не чувајте бижутерија на вас, постои ризик да се инфицира и доста подоцна не само на почеток. Пирсот секогаш треба да е титаниум. За оние што им е во план да се пирсаат -немојте да експериментирате по дома. Можеби најчесто се покажува и изгледа дека е безопасно, но зошто да ризикувате?