Има ли лажни пирсови што се лепат? Баш вакво нешто сакам ама не сакам да правам дупка а не сум баш информирана
Во септември го бушев увото горе на р'скавица и од тогаш до сега ја немам извадено медицинката, секој ден ја чистам со вода само не и ставам алкохол, и си планирав да ставам бижутерија но велам ај ќе почекам уште малку оти кога и да бушам уво веднаш ставам бижутерија и добивам мала инфекција и крв секогаш ми тече.. И пред малку си ја вадам медицинката и гледам горе увото ми се инфекцирало и тоа многу, ми се појави едно кругче позади кај што ми е бушено, а пред да ми се појави, пред неколку дена гледав на youtube една девојка како зборува за инфекција како добила и го добила ова и кога го видов топчето подувано лелел колку се уплашив Ми е страв да не ми израсне вакво, тешко мене.. Не знам што да му правам?
Па за нос имам гледано , имаше порано по бижутерииве , види и по пазариве , баш кога бев мала со другаркиве се зафркававме
И јас имав топче едно 2 месеци додека не ми заздрави целосно, а и јас имам проблем со учниците и затоа медицинските уште си ги носам, а и со нив едното малце ми имаше загноено, ама среќа на време го приметив и го исчистив. Само да напоменам дека мене не ми е р'скавицата туку доле имам 4 ушничиња. Сепак не сум информирана многу, нека ти каже некој ако знае подобро.
Извади ја и не ја ставај некое време додека не ти се среди тоа а ако уште имаш проблеми со тоа по одредено време иди на доктор да ти кажат што како ... Не ми се верува дека има некоја опасност али остај малку увото да размисли дали сака пирс на рскавица.
Baby, биди оргинал, направи си дупка како сите нормални луѓе... Со пирсче на магнет во нос не е безбедно да се шеташ во никој случај.
@Prijatelot Абе што сака нека прави , штом прашува јас и одговарам , и пишав дека тоа го правев како мала, како 10 годишник а не сега Јас пред некој месец си го дупнав носот и не беше ништо страшно, сега ми се здосади и ја тргнав обетката.
Имав на веѓа десна, над усна црн пирс како бенка сакав. Имав на стомак и на нос, на стомак го извадив кога бев 5 месец бремена бидејќи ми растеше бебче,додека се породив зарасна и сега има лузна, на веѓа го носев околу еден месец и фати инфекција,бев да сменам да стават зелена боја едното топче другото метално и оттогаш се инфицира со гној итн и сама се отвори раната и излезе пирс и со маст за изгореници заздраве само сега на тоа место немам влакненца за веѓата па доцртувам,за на нос имав ставав ситно светликаво бело камче кога се гушкав со ќерками еднаш се боревме и несакајки се удрив со носот и ми се изгреба одвнатре ми се разрани и го извадов, сега имам само над усни еве слика, но некогаш го вадам, веќе скоро сите мои слики се без,го ставам за да не зарасни дупчето. Едит го скријав ликов да не ме гледаат ,предтоа ставив без срце
Како ти зарасна? И јас во 5ти месец ја извадив, гинекологот инсистираше иако почнав да носам пирсинг за трудници, и откако се породив без проблем ја вратив.
Имав испакнат папок скроз ми излезе нанадвор ,не ми беше како кај некои само раширен, и мачкав кремови постојано за да немам стрии и сега имам само лузничка, планирам бременост за скоро време па после тоа здравје би ставила пак
Да, те разбирам но чудно ми е за 4 месеци да се затвори ако си го носела подолго време. И јас мачкав креми, се оптегна кожата ептен, ама све се врати во нормала после тоа, а пирсингот без проблем одма го протнав кога се породив. Ти всушност ќе мора сега пак да го бушиш ако планираш да носиш
Сакам да ставам две дупчиња на р'скавицата горе (helix piercing), ама имам читано дека тие требале да се ставаат со игла, а не со пиштолче. Ако може да споделите искуства и мислења и да ми кажете како се движат отприлика цените за ставање со игла?
Вака.значи јас 1 год имам пирс на уста,и да кажам секој месец си ги мењавам ,и моментално овој сто ми е не сум го извадила едно 4мес зашо немозе топцето да ми се одврти,т.е топцето се врти ама како да е заглавено.многу значи се нер.не дека саакам д аго вадам туку сакаѓ да го сменам . АКО ЗНАЕ НЕКОЈ НЕКА МИ ПИШЕ ШТО Д АПРАВАМ секој ден се испомачувам но нејке да се одврти!
Од лошо напишаното речиси и да не те разбрав што имаш напишано. Обиди се да ставиш зејтин но само кај винтот зошто ако ставиш на топчето нема да можеш да го држиш за да го одвртиш. Нека отстои некое време. Ако не успее, повторно пиши, ќе бараме опции.
Порано обожавав пирсови и имав на стомак , но после 2 години носење некако ми помина ќефот и го извадив