Јас во средно се испирсав на јазик, моите не знаеа и го криев неколку месеци па го извадив зошто ако ми го видеа дома јазикот ќе ми го исечеа. Лани ставив на стомак и се беше ок, но после 2-3 недели една ноќ се будам од спиење со огромна болка. Околу пирсот ми беше потечено и страшно ме болеше. Го извадив, го исчистив местото и одма се смири, пирсот не го ставив од тогаш од страв. Сега сакам пак, но сеуште ми е страв. Не знам што се случи тогаш, зошто така ми се направи?
Инфекција. А од што, зависи од многу фактори, дали е ставан во стерилни услови, па и како си го чистела и пазела. Ако раната е зарасната веќе подобро почекај неколку месеци пред повторно да го бушиш.
Зависи каде. Јас кај што се пирсав на папок беше 500 ден + 300 ден со негов пирс. За брадавица не знам. Кај Хаџи прашував 2000 ден беше на папок. Премногу го пазев, барем така мислам. Инаку помина година и повеќе од тогаш. Зависи каде. Јас кај што се пирсав на папок беше 500 ден + 300 ден со негов пирс. За брадавица не знам. Кај Хаџи прашував 2000 ден беше на папок. Премногу го пазев, барем така мислам. Инаку помина година и повеќе од тогаш.
Како се одржува пирс на уво? Сакам да ставам три наеднаш затоа што до сега не ми се дупчени ушите да ги ставам наеднаш или една па после некое време друга? Страв ми е од болка
Инфициран пирс - читам на папок ,колку и да е непријатно не го вадете. Овозможува дренажа со самото присуство. Инфекцијата станува полоша без него, и обавезно на лекар, можеби ќе ви треба антибиотик. Причинител, лоша хигиена, неправилно одржување, пирс изработен од лош материјал и непогоден облик ( натежнува , премал , преголем - погрешни димензии на шипката ) неудобна облека која го иритира местото.
Пирс на уво ќе те боли скоро цел месец нема да можеш да спиеш на таа страна. Одвреме навреме чисти го местото со алкохол. Пирс имав на јазик, нос и на уво пред 4/5 години.
Боби тату студиото му е кај Валијант шоп близу кинескиот ресторант од карши му доаѓа. Јас таму ставав пирс на јазик. Чисто место и иглите и потребните работи кој ги користи ги отвара пред тебе.
Пред една недела се пирсав во TA2 Skin Art што се наоѓа во Буњаковец. Искрена препорака ако сакате да одете на чисто место, со стерилни инструменти и девојката што пирса си ја знае работата. На фб веднаш пишуваат доколку имаш прашање,консултација и слично. Имав мал проблем со зараснувањето(што е нормално), ме викна да ме види, ми кажа што маст да се мачкам и да одам повторно на контрола. Да не должам...нема да погрешите ако се одлучите за таму Во однос на цените знам само на една(мојата ) Ставив трагус пирс и е 500 ден биопласт па после 6-8 недели ќе се смени со друг титаниумски
Девојки јас сакам вагинален пирс да ставам. Па сега сакав да прашам дали некоја од вас има искуство со тоа и дали многу боли?
Јас премногу сакам да си ставам повеќе пирсови на нос, уста и јазик. Ама единствен проблем ми прават мајка ми и баба ми. Премногу се строги за тоа и не ми дозволуваат. Имаат конзервативни мислења за пирсови и тетоважи, како на пример дека такви ставале само оние наркоманите, дека било непристојно, ми векат да бидам скромна и да не ставам такви работи и дека од тоа се фаќало рак на кожа. Дали и другите родители имаат вакви мислења или само моите се? И некој да ми каже колку чини пирсот на носот и што се е потребно за неговата нега. Фала однапред
Каде да си ги дупнам ушите сакам плус 2 на левото обични, негде карпош влае и дали е со пиштол или со игла ?
Имам VCH пирс нешто подолго од три години. Докажано најбрзо заздравува, докажано најмногу нега му треба. Мораш да ги почитуваш сите правила за негова нега, и да бидеш ажурна во истата. Боли како некој да те каснал на кратко за клиторис. Информирај се какви се видови постојат,