Сакам сама да си ставам пирс на увото, нормално со медицинска игла ама ме интересира постои ли некој спреј како за анестезија локална, да го умртви местото ?
Плис плис пишете ми добро студио за пирсање,чисто да биде и да си ја знаат работата. Сакам на папок да ставам ама не знам добро студио помогнете ми и да идам конечно да си ставам
Дечки имав nostril piercing сега сакам септум да правам, некој да ми каже дали поише боли и дали брзо заздравува?
1500 ден. Штрумфовски Искуства со Bobitattooinks или Tattoo Skin Art за septum пирс? Дали би ги препорачале? (Имам другарка што се испирса во Skin Art и после неколку месеци го извади зошто многу ја болеше, ама тука гледам многу задоволни од нив и би сакала да слушнам уште некое искуство)
здраво девојки не сум запознаена со пирсинзи ама ме интерисира колку е ризично на папок?вмуками запна да си стави и тоа една недела пред да оди на море колку е ризично да се капеш и колку време заздравува,другарка и ставила некој ден пред одмор и као нишо немало ме тера да сум одела со неа јас ја убедувам дека е ризично што мислите вие? позз
Дефинитивно не. Пирсингот на стомак сам по себе не е страшен, меѓутоа после ставањето треба многу да се внимава, редовно да се чисти, дезинфицира. Јас лично воопшто не препорачувам да се става пред одмор. Прво ќе има еден вид на раничка, ќе и течи крв, ќе става јод и се тоа во комбинација со море и песок? Никако. Нека отиде на одмор, па после ќе стави. Треба доста време за да заздрави целосно.
Искрено не се сеќавам точно, меѓутоа знам дека му треба подолг период за целосно да заздрави. Крв секако дека не течи цело време, само првиот, евентуално вториот ден ако не е внимателна, но боли, треба редовно чистење за да не загнои. Затоа во никој случај не препорачувам да го става пред одмор. Нека си го стави кога нема да планира повеќе да оди на плажа за ова лето, ниту да се капи во базен. Така е најбезбедно.
Не е ризично, ако оди кај некој што е обучен за таа работа и ако редовно го чисти, меѓутоа во никој случај не смее да се бања во базени,езера и сл. минимум еден месец. Јас имам пирс на стомак веќе три месеци и не ми течеше воопшто крв освен кога ме пирсаа. Дури ни црвенило немав после една недела. Откога ќе се испирса треба да го мие со антибактериски сапун, и одвреме навреме да му става физиолошки раствор (тоа може колку пати сака во денот, вода е). Треба исто така да не спие на стомак и секогаш да лежи на чисти површини исто така и да го мрда малку горе-доле кога го мие. Пирсот скроз заздравува за околу 9 месеци, не би требало да има проблем ако го чисти и ако го пази да не го закачува со облеката. За пирс на стомак ги препорачувам Штрумфовски бидејќи користат титаниумски пирс кој не може да предизвика алергии.
Имам јас два. Боли отпосле дур заздрави ама не е нешто неиздржливо. Некое време не можев баш да спијам на таа страна или се случуваше да ми закачи на косата, па да ме заболи наеднаш. Ако сакаш да ставиш, не мисли воопшто на болката, ништо страшно.
Ќе пукнам за септум пирс, го пратам Андреј Трајковски од мг тату ама некако не ми се допаѓа како изгледаат пирсовите. Ако има некој што има пирсано нос во скоро време ве молам да ми препорача место.
Zdravo jas sum nova na forumov. Sakav da prasam za iskustva za pirs na jazik. Vcera go staviv ama denes od dole pocna kako da mi gnoi od dupkata. Se mackav so jod ama pece mnogu. Neznam sto da stavam. Samo od dole gore nemam nisto. Prvo mislev e jadenje ostanato okolu pirsot ama otkako go iscistiv gledam povtorno se pravi belo. A nesakam da go izvadam
Од каде купувате пирсови за на уво? Сакам нешто нежно, налик обична обетка, но да се затвора со топче. Знаете ли каде можам да најдам? Да бидат сребрени или од медицински челик.