Од пред некој месец ми дојде ,,луда'' идеја да ставам пирс на веѓа. Има ли некој искуство? Не се плашам од болката колку од заздравувањето потоа, дали се' ќе помине како што треба...
Можеби е чудно но дали е можно да ми отече жлездата позади увото од тоа што пред неколку дена си ги дупнав увото горе на рскавицата? ме боли на допир само и се гледа дека е отечено.
Голем љубител на пирсови и тетоважи сум. Засега имам 3 пирсови, првиот го ставив за 18 роденден на уво, вториот на папок, па уште еден на уво. Да помине ова со короната, па ќе ставам и четврт. И татко ми има, не беа против, предности кога цела фамилија сте металци.
Ух, веќе подолго време сакам пирс на уста, ми се свиѓаат и snake bites или еден на средина под устата, и оној над ми е океј. Повеќе ме привлекуваат алки отколку топчиња, ама и тие се ок. Само што веќе имам алка на нос, па ту мач би дошло. А и мислам дека ќе ме иселат од дома ако пројавам ваква желба. На увото имам три дупчиња и кога бев средношколка ептен ми беше филм да носам пирсови и од оние полжавчињата. Па сакав да си го ширам едното дупче, со подебело полжавче да си ставам ама наеднаш ставив подебело и ептен ме заболе, мислам и крвче ми се појави и се откажав. Плус од што едно време носев претешки обетки/пирсови на едното уво, ми се деформираше, и до ден денес ми остана такво. Исто обожавав машки со каналчиња, ептен ми го правеа филмот, сега смешно ми е. А пирсеви на нос обожавам речиси кај секого, еве мојов веќе 6 години си го носам и ќе го носам уште долго.
Си го дупнав левото уво со пиштолче во златара уште на две места едното ми е на рскавец и еве веќе недела и 3 дена како поминаа и сеуште ме боли прилично, неможам да лежам на левата страна и ми е доста отечено. Два пати ги вадев и ги ставав сама бидејќи таму ми рекоа дека веќе по 4 дена може да ги менувам. Е сега ме интересира што можам да ставам за да ми сплане отокот и дали е нормално што уште боли и е отечено.
Јас го мачкав со хлоранфеникол може две недели и некако помалце ме болеше, правам разлика дека пред две години пак имав направено на рскавицата и мнооогу ме болеше и ми загнои морав да го извадам, а сега ми е супер. 3 месеци како го имам ме боли уште но не како преходно и можам да спијам на таа страна се трпи. Исто за една недела максимум купи си сребрено менѓушче и стај го, не треба да го носиш тоа што ти е сега долго време.
Pocekaj neka pomine, ne ti e bas zort bas sega da se pirsas sigurno. Ti zagnoi neso si naprais komplikacija kaj ke trcas. Pocekaj vo podobri vreminja kje bide. I jas sakam ama na stomak neka se sredi.
Чекам чекам ама немам трпение веќе . Година дена веќе му се спремам. Не се плашам за загноено туку општо при процесот некако да не дојде до зараза мада ни тоа не би требало.
Ептен ми е мерак да си ставам септум. Е сега, веќе имам "алка" на нос, и не знам дали би изгледало убаво и септум и алката, а не сакам да ја сменам во топче. Исто ме интересира, дали е голем интензитетот на болката за овој вид пирс и ако може некоја препорака за добро пирсинг студио.
Во скин арт сакам јас. Според мене преубаво стои алка и септум, планирам понатака и јас алка ама сега прво септумов нека помине . А од тоа што имам читано и гледано не би требало многу да боли пирсот ама сепак индивидуално е секако. Според мене од страна на носот повеќе треба да боли .
И ти сакаш септум? Абе мене овој пирс воопшто не ме болеше, јас 6 пати го препирсував носот со пиштолче. Знам дека требало во пирсинг студио да отидам, ама тогаш имав 18 години и не се ни замарав, а и пари немав. Сега сакам ако можат во истово дупче потесна алка да ми стават или да ме испирсаат одново, и некој потенок септум. Мајка ми додуше ќе ме фрли од тераса кога ќе слушне. Инаку, јас мислам да се стрпиме сепак одреден период, зошто ептен е лоша ситуацијава моментално, нема да ни побегне пирсот, ќе издржиме уште малку.