За пирс и пирсање папок во tattooskinart на инстаграм, цената е 1000 денари, мислам дека би била приближна цената и за индустриал, контактирај ги, многу се коректни и брзо одговараат на пораки.
Со што ги чистите дупчињата? Во краток период ги избушив целите уши, ми помина болката, сега само од време на време ме боли но приметив кога се будам постојано има крв, доколку нема крв, имам како засучено гној изгледа (иако воопшто не ми е ниту загноено ниту надувано) и ужасна миризба, избегнувам некој да ми се приблиува од толку што се чувствува Сега за сега само со алкохол ги чистам но највеќе заради миризбата ми е
Дали има некој искуство со labret? Го имав над 15 години, пред скоро 2 месеца поради изведба на царски морав да ги отстранам пирсовите, но изумив да ги вратам одма. По негде само 15тина денови едвај ги вратив освен тоа на усна. Дупчето се затворило. Од надворешната страна се познава, но внатрешно е затворено. Има некој искуство со реотворање одново на истото место?
Имам пирсови на ушите и на папокот, се размислувам за на брадавиците па ако некој има искуство нека пише, малку ми е страв
Ушето ми е дупнато три пати но второто дупче баш на средина никако не ми заздрави. Ми беше дупнато некако навнатре како на страна и кога и да ја вадев обетката и ја ставав повторно или имаше крв или малку како гној и не можев ниту да се допрам постојано ме болеше и решив да го извадам обетчето и да не го носам повеќе. Толку многу маки истргав и болки што сега ми д страв повторно да си ставам пирс, но ептен неубаво изгледа баш дека е второто дупче. Дали да го оставам убо да си зарасни или да го дупнам пак?? Ми е страв некако хаха
Подобро почекај да зарасни целосно па дупни го одново. Во меѓувреме чисти го со бетадин, миј го со камилица. Кога ќе го дупниш остави ја обетката барем два месеци, не ги менувај, посебно не со бижутерија нека си заздрави прво.
Дали знаете кај се продаваат пирсеви за трагус/уво а да не е преку интернет него негде во продавница во Скопје?
мислам после стопанска има продавница за долна облека или грешка сум. да не знаеш како се вика можеби?
Имам helix и еве го 7ми месец уште боли. Не како на почеток но сеуште е многу осетливо. Ќе се закачи у коса или детево ќе ме зграби лошо и ваљда постојно му правам траума. Некој што има да каже кога болката целосно исчезнува? 7 месеци го трпам тапа ми е сеа да го вадам. @Lotus Girl тебе те прочитав дека имаш.
Види дали имаш оток и дали е воспалено местото. Јас имав 2 еден над друг. Исто ми се случуваше 7/8 месеци да не можам да се допрам но едниот (тој што ми правеше проблем) најверојатно не беше убаво ставен не знам . Ми се смачи и го извадив. Останав само со 1 и немам никаков проблем. Менувам обетки спијам на таа страна супер е .