Ги фалат девојките од blingbling.mk на иснта во ГТЦ . Јас кај нив до сега не сум ставала, другарка ми има повеќе пати ставено кај нив и ги фали. Деновиве планирам да отидам имале мн избор на обетки - пирс.
Tattoo & piercing SKIN ART Тука имам ставано неколку пати, ок искуство. Во Буњаковец на прв спрат се наоѓа.
Јас кога ставав пирс работеше уште во МG и се беше педантно. Ако не се лажам повеќе не работи таму, така да најдобро пиши му на инста.
Здраво, дали некој скоро ставал пирс на папок во Скин Арт да ми каже дали уште цената им е 1000, не ми вратија на инста
Ставив пирс на нос пред скоро 1 и пол година, дали е нормално сѐ уште да боли на допир? Нема инфекција чисто е местото, нема крварење.
Кога ќе се сетам.. во средно бев цела со дупки од пирсови, но носев по два во исто време.. Бев избушена на едната веѓа две дупки, на другата една, на јазик, на усната, под устата, на страната.. Едниот го ставав кај професионалец, другите сама. Па и на другари и другарки после ставав Луди години
Сакам да пирсам трагус и монро, има ли некоја од вас искуство со вакво пирсање ама у некое студио? Ве молам само не ми ги препорачувајте блингблинг зошто таму пирсаат со апаратче што според моите убедувања е малце заебано од причина што медицинката треба да се носи минимум 14 дена и има поголема шанса да настане загнојување и џабе третирањето после со антибиотска маст. Ја преферирам класично директ со игла и пирс без медицинка.
Две прашања, колку дупчиња можам да дупнам на ушите одеднаш? И некое добро пирс студио да препорачате.
E vaka sakam da si stavam helix ama neznam dali e podobro so pistol ili so igla...helppp I uste edna rabota prashav na edno mesto dali stavaat helix pirsovi i zenata tamu mi rece ne bidejkji ima nekoi nervi pa dokolku ne go napravat dobro imalo shansa da se iskrivi ustata...Ve molam za nekoj sovet iskustvo...falaa
Секогаш е подобро со игла. Нема врска не може да ти го искриви увото, само оди со игла нека те напарават и добра ќе си.
Микродермален пирс на лице има некој, да каже искуство? Се вадат лесно? Дали боли кога мењаш приврзок?
Здраво. Ставив мигрена пирс пред медец ипол па сега почна да ме боли местото и ми се појавија топчиња, како на сликата. Чистам со хидроген и физиолошки ама нема подобрување