Здраво малце касно ама ај да прашам Ставив пирс за анксиозност. Веднаш штом ми го најдоа нервот осетив нешто чудно. Ми се слоши и срцето почна да ми лупка Вчера се пирсав ок сум супер сеа за сеа. Ме интересираат искуства за истото пирсање фала однапред
@Gosh изгледа што ќерка ми ме повреди помодрено ми е од левата страна на пирсот.Дали е нешто сериозно? За нега користам спреј антибактериски .Прво прскам оставам да делува 1мин па бришам со кујнски бришач.Пирсерот ми кажа 3 пати дневно ама колку долго не прашав. Какви имаш ти пирсови?Овој мојот не сакаше одеднаш три,а сакав вака Спојлер: Вака
@Ava.84, не би требало да ти е ништо, нормално е да ти е помодрено ако добро те удрила... Ако имаш некоја инфекција пример, тогаш оди на лекар по антибиотик, ама не би требало да ти се појави, затоа што користиш антибактериски спреј. Јас би ти препорачала ако имаш спреј за нос или капки за очи т.е. солен раствор, прво со тоа шприцни, па избриши. И потоа стави антибактериски спреј, и не го бриши. Чисти сабајле и навечер, доста е. Јас користев цело време додека не престана секој ден да ми тече лимфа. Јас ја имам првата позиција дупнато како дете, после одеднаш ги пирсав 2, 3 и 4 на едното уво, и 2 на другото. Спојлер: Пирсови За тие позиции ти што сакаш, ретко кој се нафаќа да дупне и две, а камо ли повеќе, оти многу тешко зараснуваат...
Имам јас физиолошки оти со често болни деца тоа најмногу треба. Ќе пробам со физиолошки фала ти. Сакам уште tragus и lower helix и уште многу.Полека сите ќе си ги ставам до 40 може ќе успеам сите да ги имам .Како средношколка многу сакав на веѓата и под устата да си ставам немаше кај нас пирс студио.Под устата си ставав фејк. Другите луѓе имаат други цели во животот јас пирсови да си ставам.
Имам трагус пирс ставено, ама ми се појави како топче и не ми поминува веќе 2 месеци.. имал некој искуство како да го средам?
Јас имав на уво скоро на сите места и секогаш така ми се воспалуваа, на крај ги извадив сите пирсови. Ужасно ме нервираа тие piercing bumps, и сѐ у круг, ќе ми заздрави, па пак ќе ми се појави ново. Пробај со солен раствор - saline, да чистиш двапати дневно или можеш масло од чајно дрво да ставиш.
Da ti kazam iskreno jas go dupnav mi istece krv i posle samo mi padna toa kako zasirena krv sto mi ostana. Denes go izvadiv tragus piraot zasto nekako mnogu na kraj mi bese staven duri mislam i ke se skinese, na tolku malki se drzese skoro. Nekoj da mi kaze za kolku vreme od prilika zarasnuva za pak da stavam nov?
Гугл вика од 2 до 12 месеци ова за со накит,ако го извадиш може и побрзо не знам .Ама на раскавицата е ептен бавен процесот на зараснување.Кај тебе па и баш дебел е делот. Нареден пирс ќе ми е трагус. Имам Flat и Helix.
P Pa i ne e bas na debelo, ti vikam epten na kraj na rskavecor e duri mislam ke mi se skinese vo sekoe vreme zatoa i go izvadiv, se nadevam brzo ke zarasne zasto epten mi se sviga na toa mesto. Inace helix boli li? Jas sakam skrien helix da stavam.. kade se pirsase?
Helix ме болеше малку повеќе од flat, ама не дека е беше нешто многу болно.Од скала од 1-10 ќе го оценам со 2,5. Не живеам во Мк и не се пирсав во Мк.
Здраво, сакам да направам дермал пирс помеѓу клучните коски. Дали имате искуства и препораки за студио во скопје или охрид, каде што не е прескапо да го изработат.
Од секој пирс може да се јават компликации ако не се држиш по препораки од пирсерот , јас имам пирс на стомак и не знам воопшто не ме болеше пирсерот ми кажа што треба да правам се придржував до тоа и се помина во најдобар ред без никакви компликации. Доколку нешто друго те интересира слободно прашај..
Дермал со сите што имам зборено викаат дека многу лесно се вадат и дека не би ги дупнувале пак. И јас сакав меѓу гради и на образ, али се предомислив.