Девојки каде во Скопје има убави пирсеви, ми треба за нос, освен блинг блинг бидејќи све им е од али експрес, а цените им се до плафон ..
Zdravo devojki si ako mozhe za sovet, bev da go dupnam uvoto i medicinkata ja izvadiv sledniot den i si staviv obetka.. eve vekje 3 dena si imam bolka ne e zazdraveno dupceto.. shto da pravam? Stavav hidrogen, betadin....
Медицинката треба да седи 4-6 недели за да заздрави. Премногу брзо е извадена. Ќе осетиш кога ќе заздрави зашто не боли толку и не се појавува големо црвенило. Не ставај никаква друга обетка додека користиш масти или хидроген може инфекција ти се има направено. Подобро врати ја медицинката да не ти се затвори дупчето и продолжи да дезинфицираш
Здраво девојки. Пред 6 дена ставив хеликс, во златара со пиштолче. Првите 2,3 дена осеќав само болка околу дупчето, ама сега веќе 3 ден ме боли цел дел р'скавицата, и е црвена и потечена. Жешко е увото ко температура да има. Ставам хидроген и гентамицин маст. Страв ми е инфекција да не ми се нсправила. Од искуство ваше со хеликс пирс нормални ли се симтомиве, и колку долго осеќавте болка? Поздрав
Да, мене ми се случи и ставав маст хидроциклин и за неколку дена ми се смири. Симптомите дефинитивно не се нормални но без грижи верувам дека ќе се среди.
Здраво девојки. Пред месец и нешто ставив конч. На почетокот знаев дека е нормално да боли, а по некое време ми падна и медицинката, не можев да си ја ставам сама, па ставив златно обетче како пирс. Сега местото ми е многу отечено како топче од задната страна на увото и многу ме боли. Невозможно е да спијам на таа страна. Што да правам? Планирам да одам пак кај што се пирсав и да прашам што треба да направам следно, дали да одам на доктор, дали пак да ми стави медицинка... Секој плус совет од вас е добредојден...
Извади ја, најверојатно ти се има инфицирано колку повеќе одкоговлекуваш толку повеќе ке те боли. Јас имав ставено 2 хеликси едно над друго. Исто и мене ми се појави топче и ужасно ме болеше коса само да ми се допре до увото а не нешто друго. Морав да го извадам едниот и со тек на време ми се смири и зарасна дупчето. Си останав со еден сега
Кај си се пирсала па ти ставиле медицинка?! Уште и на конч! Стави пирс со најголема должина, челик, титаниум никако бижутерија. Прскај се со солен раствор два пати на ден и мачкај антибиотска крема. И да идеш кај тој неписмениот што те пирсал и што те инфицирал да ти го врати парите.
Здраво. Јас направив пирс на јазикот и немам никаков ефект ама за секунда ми одлета првиот пат кога го прободе дупчето малото метално парче од пирсот ми излета од јазикот и го проголтав на несакајќи. А на вториот пат ми беше погодено, а јас не го ни осетив. Дали е нешто опасно или не ? И вие што имате таков пирс на јазикот дали зборувате убаво или имате некои промени во говорот?
Што конкретно се тие препораки, освен креми и нега? Колку време те болеше, дали гнои? Дали ти пречи на пантолони со висок струк?
Па не ме болеше воопшто, исто такс не ми гноеше. Ако гнои е знак на инфекција. Некогаш ми пречи на фармерки до фисок струк џатоа што горе копчето може да ми се закачи за пирсот.
Ќерка ми денес направи пирс на двете уши (хеликс), од едното дупче тече крв и по неколку часа. Го стави во 11 часот, тоа место не го фаќам 24 часа само ја чистам крвта ако потече надоле. Нема нема, ќе потече. Искуство некое? И околу дупчето многу крв има насобрано. Од утре ќе треба да го чистам отворот околу ушите , со физиолошки па со Белогент да мачкам.
Ууф, голема грешка што двете уши истовремено ги има испирсано, особено па хеликс што е најпроблематичен затоа што лесно се потфаќа на нешто и затоа потешко, подолго заздравува. И плус мислам спиењето ќе и е проблем. Јас летоска ставив конч (со игла, што е и препорачливо за сите пирсови) и за одржување ми кажаа да си купам Marisol - спреј за нос што всушност е морска сол. Сабајле и навечер да го прскам редовно и ништо друго, и никако спиење на таа страна, чепкање на пирсот и слично. Не се сеќавам добро, но ми рече може на почеток ќе ми се прават коркички околу пирсот(претпоставувам од крвта) и дека треба нежно со стапче за уши да го чистам после бањање(напред и назад околу пирсот). Не знам како е за хеликс, претпоставувам е исто. Многу е важно да не го чепка, удира и слично, затоа што лесно може да и потече и подолго да и заздравува. Мене за кончот ми рече 9 месеци за целосно заздравување и дека тек тогаш да го сменам пирсот со некој друг ако сакам.