Хелоу хелоу, девојки дали знаете каде можам добра конч алка да си купам, се превртев по Скопјево и секаде се пирсеви од Тему.
Ми се јави желба за пирс на стомак највеќе се мислам поради тоа што стомаков и не ми е баш рамен , и не знам како ќе стои. За блинг блинг мислев да закажам. Некој со искуство?
Сторено Кога го ставаше, искрено болеше од 1 до 10- 4ка , не многу. Вака ми се допаѓа многу. Ми рече за еден месец да дојдам да ми го смени.
Има ли некој пирс на брадавиците да ме поддржи во делузијата дека не е толку болно? Имам пирсови на други места, ок сум со толеранција на болка.
Баш убаво ти стои. Како се грижиш за хигиената во овој дел? Сакам да ставам ама ми е страв после дека ќе треба ептеен да пазам.
Јас имам на папок пирс преку 18 години, освен првичното чистење исто како и за после дупнување уши, ништо посебно не сум правела. Никаков проблем немав, дури ни после 2 бремености. Првите неколку недели се битни, ќе си следиш инструкции и нема гајле. Јас немав рамен стомак на 18 години кога го ставив, а сега на 36 па ич. Да не се замараш за тоа воопшто и со здравје да си го носиш.
@Angie1432 Благодарам мене ми е страв само ќерка ми помалата да не ми го поткачи , исто навечер веќе нема спиење на стомак , се надевам ќе се навикнам. А за хигиена ми рекоа солен раствор и Белогент. Јас немам Белогент и ставам Фуцидин. Два пати дневно , 10 дена. Ми рече почеток на септември да дојдам и да ми го промени со друг пирс , јас си викав да не е рано ама ќе правам како што ми кажаа.