Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пирс

Дискусија во 'Тело' започната од MadeinHeaven, 9 февруари 2010.

  1. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Јас немам пирс и искрено не сум ни имала, а нема ни да имам желба да ставам :lol: .
     
  2. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.242
    Допаѓања:
    6.713
    Sakav da stavam na jazik .. што мислите ? :D
    [mod-kirilica:1rpybgcz][/mod-kirilica:1rpybgcz]
     
  3. Kraljica

    Kraljica Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    Zdravo jas sakam da stavam pirs na papokot Ve molam ako mozete da mi kazete dali nekade vo Karpos ima legalno za pirsovi i otprilika kolku ke me cini pirsanjeto? Blagodaram
    [mod-kirilica:3g1bg9te][/mod-kirilica:3g1bg9te]
     
  4. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531
    Јас имав пирс на стомак, го ставив пред 8 години во тату во Буњаковец тогаш чинеше 1200 денари + 300 го платив пирсот. Ако си решена да го направиш тоа ќе те советувам на почеток да ставиш пирс со пластичен украс за да не ти прави проблеми на свежата рана.Мојот пирс го извадив пред 4 години по инсистирање на мојот дечко а и беше во право неможеше убаво да ми го бакнува стомакот а и нон стоп бев во штрек да не го закачам, да не се повредам па налет. Сега долната дупка ми се затвори а горната редовно ми собира прљавштини па што маки си имам со вадењето. Размисли убаво, помина модата на пирсовите. Имав и на нос па и таму што маки си видов нон стоп загнојуваше и после месец-два ја тргнав обетката. Пирсот бара редовна хигиена, на тоа задолжително внимавај. Се ќе ти кажат таму каде што ќе се пирсаш. Чистење со бетадин и мачкање со солкосерил за почеток :)
     
  5. Danny.T

    Danny.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    15
    Нешто што повеќе сакам од мојот пирс мислам дека не постои.. :$ :inlove:
     
  6. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Eдно време бев опседната да ставам пирс на вега,ама од кога го запознав мажот ми,ме предомисли,и не верувам дека би ставила,не би издржала,како што се знам себеси ке пробувам да го извадам :?:
     
  7. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    Во средно ставив пирс на папок, го обожавав ептен типка бев :D макар со мојов го мразеше многу али јас си го истерав ќејфот, и кога тргнав на факултет го извадив толку..
     
  8. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Јас сакав мн да ставам пирс ама од ко го запознав дечко ми ме предомисли па сега баш и не сакам пирс :?: сакам тетоважа некоја мала ама убава :rofl:
     
  9. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.483
    Хаххах јас сакав пирс на веѓа ама ми помина меракот а не ни стаив хаха а иначе сакам тетоважа шепа од куче на малиот прст на десната нога...ахах тоа е ненормална што уште нема да ми текне... :)
     
  10. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Во средно сакав пирс на папок, се распрашав и се исплашив од инфекции. Сега сакам тетоважа делфин на глуждот од ногата.
     
  11. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515

    ОУ ЈЕ!!!! :rock:

    Цитат на неделата ! [​IMG][​IMG]



    *не ме карајте за Офтопик неможев да премолчам....
     
    На x.Daisy.x му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Да ве прашам, дали industrial piercing можам да направам во златара, кај што бушат уши (една дупка горе, една на `рскавица), па после медицинката сама да ги спојам? :wasntme:
    Или мора во пирсинг студио?
    Стварта е што за ваму треба лична карта, па превземам ризик и срам по прашањево. :D
     
  13. number1

    number1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    4
    Каков пирс бре, мразам такви глупости |(
     
  14. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува да знаат да те избушаат вака во златара а не ти препорачувам да ризикуваш да пробаат во златара зашто можаат да ти погодаат нерв од кој ќе имаш константна главоболка,а тие во студио точно знаат каде да те избушаат за да не дојде до тоа.
     
    На Wild.Child му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Forgotten

    Forgotten Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    185
    Сакам пирс на веѓата и се надевам дека некогаш ќе добијам дозвола од моите. :D
    А за да си го дупнам ушето нагоре целото имам дозвола ама сама ми прпе, ми треба уште некој да се испирса со мене. :$
     
  16. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Јас во тинејџерските години бев ептен попалена по пирсеви. Сега некако ми помина меракот, ама за ништо не го давам тој на веѓа што си го имам. 8)
    Значи го убедив татко ми да ми дозволи, и заедно бевме на пирсање пошо дејството ќе се одвиваше во Виена.
    Коа ја видов иглата... :o Колку сакам да можев да си ја видам фацата во тој момент, очите ококорени и со рацете го стегнав столот. :D
    Али храбро издржав, воопшто не болеше само осетив мало пецкање.
    И одиме дома, и нормално мајка ми почна да паничи да му вика на татко ми :"Срам да ти е!"
    А баба ми кога ме виде, е тоа беше циркус. Жената почна да плаче викајќи:"Ја срамиш фамилијата никој досега не напраил вакво нешто, срам да ти е повеќе да не ми зборуваш..." :rofl:
    Па нормално немало прадедо ми Трпо покојни да стави пирс ебаго. |(
    Сега ми е смешно, али луѓе во тој момент многу тешко ми падна се почувствував несакана, иако беше за ништо, и нормално очекував таква реакција, знаев дека нема да ме пречекаат со радост во стил:"Јеа, колку ти е кул пирсот" |( Али таква сум ете. |(
    Потоа сакав да го извадам, али сестра ми брат ми и татко ми ме убедија дека убаво ми стои и да не го ваѓам и дека ќе се смират жениве. :lol:
    И така и си остана веќе 5 години. :)
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LadyMillion

    LadyMillion Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    60
    Jas imav pirs na stomakot, ama izgleda ne mi bese dobro staven pa cesto mi se vospaluvase. Nikogas ne se naviknav na nego. Ke go cepnev dodeka se oblekuvam ili sl i ke me zaboli. Ubavo mi stoese i sakam pak da si stavam, ama sto znam mozebi i nema, maka mi e od tie nekolku nedeli dodeka da zarasne!
    [mod-kirilica:33m2520j][/mod-kirilica:33m2520j]
     
  18. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Работата е што сум малку фобична од игли, а ова е најболниот пирс. :worried:
    Малку во МК го имаат, па нема ни кој да прашам.
    Ама најверојатно ќе ставам со пиштолче во златара, па што биде нека биде.
    Фала Битерсвит. :)
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    само на соодветно место легално за пирсинг поинаку никако ...
     
  20. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    Многу сакав да си ставам пирс кога бев помала.И секој месец сакав на различно место :rofl:
    Ама..не ставив пошто не ми даваа од дома и сеа сум им благодарна што не ми дозволиле.