1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Писателите биле дно - дали се сложувате со ова?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Tanjamm, 9 јуни 2019.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.124
    Во некоја од темите стретнав мислење за писателите кај нас дека биле дно, но што вие мислите за тоа?Дали лично познавате некој и дали мислите дека е така? Јас мислам дека кај нас од моето скромно познавање, знам само неколку луѓе, суета има, и тоа многу. Од тој аспект лошо е да се биде суетен, суетата го убива човека. Што вие мислите?
     
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Некогаш порано писателите пишуваа затоа што имаа што да кажат или раскажат, за да им олесни на душата или си го пополнат времето. Денес имам впешаток дека многумина писатели пишуваат бидејќи се писатели.Некако ми мириса на его целата работа - чест на исклучоците.
     
    На S.W.A.G, LanaSGirl и Tanjamm им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.124
    Се сложувам, се гради име од ништо. Многумина немаат кредибилитет според мене, а ниту талент. Скоро читав една авторка, во колумна пишува дека жените имале гасови, оделе по голема нужда, ми се згади. Ако си автор земи пишувај колумни, ама за нешто саглам. Пишувај за литературата денес, но кога ќе имаш 10 книги, куп награди, преводи, кога ќе имаш грб и зборот ќе ти тежи.
     
  4. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    5.603
    Пол:
    Женски
    Не се писателите кај нас дно. Има фантастични писатели, само што за нив се слуша далеку помалку од "цитат-писателите", ако воопшто се слуша.
    Ова далеку повеќе кажува каква ни е читачката култура генерално, отколку какви писатели имаме. :)
     
    На Biljarkata, oblace1, CameliaMiller и 12 други им се допаѓа ова.
  5. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    4.395
    Пол:
    Машки
    Некогаш во минатото живееше и Оноре де Балзак. И тој пишуваше романчиња на километар...
    Така да секогаш е исто.
     
  6. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.704
    Пол:
    Женски
    Убаво кажа @dayla
    Се додека има луѓе кои споделуваат мудрости на фејсбук и читаат такви дела ќе имаме "писатели" како Драган Таневски и Сузана Турунџиева.

    Имам блиска другарка која пишува феноменални текстови ама никако да ги објави затоа што е убедена дека никој нема да сака да го чита тоа.
    Верувам има уште многу такви талентирани македонци кои умеат да творат квалитетно ама за жал не се толку читани и популарни како останатите.

    Пишување книга во државава во последно време стана како еден вид на себепромоција. Не гледаат она што ќе го објават да биде квалитетно и интересно за читање и да остави некаков белег во литературата, туку побитно им е да се направи добра промоција на книгата, да има што повеќе посетеност, сликање, интервјуа, потпишувања... 5 минути слава. Тажно.
     
    На candy.cane, oblace1, S.W.A.G и 4 други им се допаѓа ова.
  7. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.884
    Допаѓања:
    14.236
    Пол:
    Женски
    се сложувам со мислењево. Денес кој стаса писател стана епа не оди тоа така.
     
    На candy.cane, RainbowButterfly, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    Денес и писател и новинар може да биде кој сака, затоа една Оливера Кирковиќ ќе биде читана и бест селер книга ќе има тука поише од било кое македонче...
     
    На Tanjamm и Mrs. Lovett им се допаѓа ова.
  9. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Значи уште не ми се верува дека се потепаа за нејзината книга... А нашево тло е полно со дно писатели. Кога ќе видев како објавуваат цитати од лајла грејс, Коста Петров, Ксенија Николова, Драган Таневски и тн. и тн., не ми се веруваше. А во недостиг на креативност, на сите телевизии тргнувајки од утринска на телма па на даље немаше кој не ја викна Оливера во емисија, мислиш Мајка Тереза, а не криминалец. Не знам за вас, но не можам да им го дадам епитот што го имаат заслужено Матеја Матевски, Славко Јаневски, Кочо Рацин, Васил Иљоски, Блаже Конески, Петре М. Андреевски, Венко Андоновски ииии многу други до утре би набројувала.
     
    На S.W.A.G, Independent Girl и Tanjamm им се допаѓа ова.
  10. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    Точно, баш така, но, зошто е тоа така ?
    Приказната на Оливера е автентична, автобиографија напишана од самата неа, без ни малку додавање шлаг, а на нашиве све е со сила, ќе издадат по 1 автентичен роман, ќе се чуе за нив, па после со сила продолжуваат да творат, се е присилно, се е силувано...
     
    На Independent Girl и Tanjamm им се допаѓа ова.
  11. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Во напливот од многубројни имиња желни за себепромоција преку објавувања на мудри мисли и цитат-извадоци во виртуелниот простор, квази-писателите создаваат инстант-изданија што се прифаќаат и вирусно се шират меѓу читателите. Читателската публика е таа што го препознава квалитетот на книжевното милје по кое писателот станува вистински наратор со изграден стил, талент и вредност. Нејзиниот капацитет е одраз на културно- уметничкото достигнување што многу кажува за градење на односот писател-читател.
    За жал, писателството се повеќе се поистоветува со потребата за публицитет како и многу други животни сегменти.
    Квантитетот и присутноста земаат силен замав и ги засенуваат исклучоците кои книжевната дејност ја прифаќаат и третираат во вистинска смисла на дефинирањето, уметност на пишаниот збор.
     
    Последна измена: 10 јуни 2019
    На Tanjamm, dayla и Mrs. Lovett им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.124
    Квази писатели за мене се Сузана Турунџиева, Дарко Лешоски, Таневски, Ана Бунтеска, и ред други. Тоа се инстант писатели, кои не читаат, туку само штанцаат и тоа се гледа. Инаку, Петре М. Андреевски за мене е во топ 3, и мислам дека неговата книга Дениција може да се носи рамо до рамо со Нобеловци. Точно е дека пишуваат за себепромоција, и точно е како што пишаа погоре, ќе објави некој една, две добри книги, и тука веќе почнува да пишува изнасилено, лошо, а со тоа го губи епитетот на добар писател.
     
    На fana, supergirlmb и Mrs. Lovett им се допаѓа ова.
  13. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    6.306
    А што се случи со Лајла Грејс? Ми текна на неа и ја отворив на фб, последен пост и бил пред една година, и сега нешто за саем мислам објавила.. Џабе што брзо се прославуваат, кога уште побрзо се забораваат.
     
    На Tanjamm и Mrs. Lovett им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.124
    А реално која е таа девојка со име и презиме. Имам читано една книга од неа, но онака сеќавањето ми е избледено.
     
  15. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    6.306
    @Tanjamm Мислам дека се викаше Марија Јаневска. Страшни бљувотини пишуваше на времето, стилот петто накај шесто, ко јас кога си пишував во дневник за симпатиите..
     
    На Mrs. Lovett, oblace1, S.W.A.G и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.259
    Пол:
    Машки
    Писатели почитувам, ама не од типот како оној "кукле" (му го заборавив името), Турунџиева и компанија.
     
    На Mrs. Lovett, oblace1, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.124
    Лепотице, кифла еурокрем да поделиш, п.... на маса остави и пеес денари за кафето итн. Така пишува тој.
     
    На oblace1, CameliaMiller, sanja.burgundy и 3 други им се допаѓа ова.
  18. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.359
    Допаѓања:
    7.810
    Пол:
    Женски
    Па за човек кој пишува не би рекла дека е дно. Е сега што пишува,тоа е друго. А и наш е изборот што и кого ќе читаме. За мене македонски писатели на кои им нема рамни се еден и единствен Петре М. Андреевски ,Славко Јаневски, Живко Чинго Кочо Рацин,и многу други. Нивните напишани дела допираат во срцата и остануваат. Е сега не знаеме дали во нивното време биле ценети. Сега некако е модерно да си писател, многу галама, многу слава и се е тоа ок. Но ,кога ќе прочиташ зошто се тоа може да се разочараш. Па сега и со фб секој може да е писател. Мене не ме нервираат тоа што пишуваат,еве на пример Ана Бунтеска сте ја спомнале пишува искрени песни, четива за секојдневието и си има некој свој стил. Мене ми пречи непознавање на нашиот јазик, лоша интерпункција и др.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kukidi

    kukidi Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2015
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    173
    Пол:
    Женски
    Navistina Lajla mu bila vnuka na Slavko Janevski?
     
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.124
    Искрени песни, но еднолични. Сите се копи пејст. Сите се слеани, со повеќе од 30 реда, и кога прави компарација не пишува како туку користи термин „ко“, друго има и грешки некои како непознавање на јазик. Друга работа, ако си квалитетен автор нема зошто да лупаш една иста песна 20 пати на Фејсбук и на Женски магазин, ако веќе имаш читатели што би те нашле во библиотека. Петре М.Андреевски, Дениција е тоа ти се вика ремек дело. Според Ана, Дарко Лешоски во однос на Петре М.Андреевски и ќе видиш до каде се со квалитетот.