Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Писателите биле дно - дали се сложувате со ова?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Tanjamm, 9 јуни 2019.

  1. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    Она девојчено што е ,,Мртва меѓу живите", што има издадено, е тоа не можев да го читам, тоа треба да се класира за недоразвиени тинејџерки, таа беше прва книга што ја остаив на едни цигани што продаваа на зелено пазарче, зашо не сакав да ја фрлам....
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.954
    Допаѓања:
    12.631
    Така се вика книгата? Која е авторката?За што пишува?
     
  3. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    https://kupikniga.mk/product/zhiva-megu-mrtvite/

    Има блог жива меѓу мртвите, а ете повеќе инфо за книгата. Ја девојката не ја знам, ништо против ама толку изнафалена книга, толкав бест селер, а внатре ни малку уметност.... тоа кажува све за творештвата денес.
    @Tanjamm
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Elenpelen

    Elenpelen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    929
    Пол:
    Женски
    За компарација се користат ко и како, тука нема грешка. За се друго се сложувам.

    Никако да се роди некој како Петре М. Андреевски или мојот омилен, Гане Тодоровски. Дали сепак грешката лежи во се' послабиот образовен систем? Во се' поголемата суета?
     
    На Tanjamm и Mrs. Lovett им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.954
    Допаѓања:
    12.631
    Ок е „ко“, не зборев од јазичен аспект, туку дека е монотоно и еднолично. Не велам дека е грешка.
     
    На Elenpelen му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.202
    Пол:
    Женски
    Имаше и Македонија добри писатели и поети. Овие современиве стварно не го задоволуваат вкусот на читателите. Сѐ македонско што сум прочитала во последнава година е многу лошо. Лошо изразување, многу грешно напишани зборови, содржина без некоја посебна идеја, без некоја посебна поука, без да се развие имагинацијата на читателот. Некако плитко.
    Винка Саздова може да пројде. Друг не ми текнува.
     
    На Biljarkata, Tanjamm, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.924
    Допаѓања:
    81.208
    Пол:
    Женски
    Јас пак имам чувство дека никој не слушнал (или не сака да слушне) за квалитетните домашни автори, а истите да не се Петре М. Андреевски и нему сличните.
    Мислам, мене Венко, Петре и сите останати ми се нешто што е задолжително да се прочита некогаш во животот, ама дека не постојат други квалитетни автори не се согласувам ама воопшто.
    И притоа, епитетот квалитетни не го насочувам кон автори како Лајла Грејс и Лешоски.

    Имаме толку квалитетни, пред сè нови и млади автори, што без сомнеж можат да им парираат и на великаните, па и на светските книжевници.
    Фросина Пармаковска - одлична! Мислам дека еден од романите скоро беше преведен и на Српски, што значи ја чита поширока публика исто така.
    Игор Станојоски на пример. Немам сретнато подобар автор на трилер од нашиве простори - „Диссомнии“, а гледам никој не го спомнал и знак прашалник дали покрај Лајли и Смајли дошол на ред да се продискутира за неговите издадени дела.
    Оливера Ќорвезироска, пишува одлични раскази. Жарко Кујунџиски е исто така поет и писател кој заслужува внимание, е тоа е според мене баш квалитетен автор кој заслужува да биде спомнат и пофален. Книгите му се преведуваат во соседството па и пошироко. И навистина е одличен во тоа што го пишува, а никој не го спомнал.

    Сè едни исти кружат, сè нашето не чини, за никаде ни се авторите, сите сакаат да бидат славни.
    Немала земјава наша квалитет, како па да не. Инста-писатели, мижи да те лажам. Од толку што им се дава внимание на блиц-автори како претходно наведените во темава, луѓето добиваат впечаток дека НЕМАМЕ што да понудиме, а богами реалноста е сè спротивно на тоа, само ете, треба да се влезе во книжарница и да се пробуричка низ полици.

    Не се само Лајла Грејс и Ксенија Николовска домашни авторки, имаме многу повеќе од тоа.
     
    Последна измена: 11 јуни 2019
    На irrelevant, Tanjamm, dayla и 12 други им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.954
    Допаѓања:
    12.631
    Фросина ја имам читано, ок е, го читав Одбројување, и на Ќорвезировска скоро ги читав расказите за сите скопски улици во кои од секоја улица имаше по една приказна. Од Игор не сум читала, но ќе прочитам.
     
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Не треба да се влезе и да се буричка, треба промоција, треба препораки од некои што веќе ги читале, реклама треба. Зошто не се спомнати погорните во ниту една тема? Можеби се но не сум начекала. Треба да се потрудат пишаното да им се рекламира. Денес барем е лесно, па и бесплатно низ социјални мрежи. Тој што редовно чита веројатно ќе ги најде, но поголемиот дел чекаат на препораки.
     
    На Disconnected и Elenpelen им се допаѓа ова.
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.924
    Допаѓања:
    81.208
    Пол:
    Женски
    Има промоција, Антолог не се баш некои од издаваштвото што не внимаваат на овие работи.
    А и општо, Фејсбук врие од препораки, Гудридс, низ книжевните фб-групи често се вртат овие имиња. Не е дека никој не ги спомнува, туку едноставно ретко кој посегнува по наш автор.
    Можеби ингорантниот став на купувачите кај нас (читај - ќе плукаме мкд автори, сите ќе ги ставаме во ист кош) и насоченоста спрема комерцијалната литература си го прават своето. Особено второто.
     
    На irrelevant, dayla, Oxymoron и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Elenpelen

    Elenpelen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    929
    Пол:
    Женски
    Последно добро што прочитав е од Јагода Михајловска-Георгиева, и од уметнички, и од креативен, и од литературен аспект.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.954
    Допаѓања:
    12.631
    Јас веќе неколку месеци читам македонски автори, само македонско. Има шаренило, не дека се сите лоши, да се разбереме, но темата беше пред се за оние кои се слаби, а секаде бомбардираат со својот неквалитет, на социјални мрежи, по медиуми, по емисии и слично. Поезијата на Игор Исаковски ми се допадна и на Виолета Танчева Златева, ова е свежо од она што скоро читав.
     
  13. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Затоа денес да бидеш писател и не е толку голема работа бидејки како да кажам и е смален капафитетот и рејтингот. Сите пишуваат книги со глупости, ако си богат или славен тогаш пишувај книга а дали имаш речник тоа не е битно. Не е исто како порано што пишувале Ристо Крље, Петре.М.Андеревски и др.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Хахаха Таневски ли како му беше името. На секој збор пријателе и брат пошо нема речник човекот. И што пишува внатре се е крадено од цитати од Пауло Коељо и др познати и возвишани писатели.
     
    На Mr. Right и Tanjamm им се допаѓа ова.
  15. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Се прашувам само кои будали им ги купуваат книгите.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  16. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    А да ти кажам не се ни ефтини 400 500 денара..
     
    На Mr. Right му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.954
    Допаѓања:
    12.631
    „Мојот маж“ од Румена Бужаровска е добра збирка раскази. Ја преведуваат веќе во регионот.
     
    На Mrs. Lovett и Sandrin4 им се допаѓа ова.
  18. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    7.820
    Пол:
    Женски
    Па да, затоа пишав еден и единствен е. И другите кои ги набројав од некогашното време. А ете членка ги набројала поквалитетните од погоре. Само дали некој чул за нив. Сега испаѓа дека кој има пари, се промовира, потпишуува се слика а дали вреди сетоа тоа не е битно. Гледам се врти по фб една нова книга од млада авторка Флерт,уцени и високи потпетици, незнам дали читал некој но мене ми изглефа светски и корицат и се, кога ќе прочитам ќе кажам мислење. Има и некои автори на пример издаваат 6 7 книги во година дена. Оливера Ширговска, на пример, имам прочитано една книга нејзина, ок ми е онака за лектира. И во шраво сте нема поука, нема дејство, обак заплет,расплеѕ, кулминација, како што сме учеле и обработувале дела. Пак ќе речам, кој има повеќе пари се смета дека напишал нешто вредно.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.954
    Допаѓања:
    12.631
    Нема шанси 6-7 книги да издадеш во година и сите да бидат квалитетни, нема шанси. Дури мислам дека секоја година книга е претерано, а има автори и тоа го прават.
     
    На Mrs. Lovett му/ѝ се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.812
    Допаѓања:
    266.932
    Како и во се' друго и во литературата постои шунд.
    Колку е прифатен шундот е прашање.

    Ако тие кои творат шунд се популарни кај читателите, нормално е и дека ќе бидат "популарни" и слика за нашето литературно творештво.

    А и не знам што очекувате искрено, кога најслушана музика е турбо-фолкот, најгледани серии турските сапуници, зошто литературата би била поштедена?

    Консумерите се исти...

    Ах, арно ме потсети.
    Немаме ли лектори во државава?
    Па на сопствен јазик не знаат да пишуваат, да не зборувам за жалните преводи.

    Одамна не ни читам на македонски, за жал.

    А има и еден друг момент.
    Јас исклучиво читам во е-формат.
    Никаде нема, или барем јас не сум нашла, книги на македонски јазик - од домашни или странски автори.

    Да постојат, да можат да се купат, без размислување еве сите што ги спомна ќе ги читам.

    Ама немам опција, треба физички да одам во книжара и да ја купам конкретната книга.

    Малку заостануваме, не само ние, ни соседиве не ни се нешто поарни.

    Во Србија мислам дека само Лагуна продава е-книги и тоа нереално скапи како за е-книги, ама пак нешто од нешто.

    Многу мразам што читам "илегално" ама па и често немам друга опција за е-формат.
     
    Последна измена од модератор: 13 јуни 2019
    На Oxymoron, supergirlmb и Mr. Right им се допаѓа ова.