Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Писателите биле дно - дали се сложувате со ова?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Tanjamm, 9 јуни 2019.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.924
    Допаѓања:
    81.208
    Пол:
    Женски
    Има и таква опција, достапна засега само за Андроид.
    Од неодамна постои апликација Книготека, изборот е сведен исклучиво на наши издавачи, меѓу кои можат да се најдат и голем број дела од домашни автори и тоа баш по симболични цени.
    Си ги купуваш и си ги имаш во апликацијата. Може да се чита од мобилен или таблет, форматот е ептен прилагоден за да биде пријатно вртењето страници.

    Плус, сите електронски изданија се поевтини од печатените и тоа некои и по 100тина и повеќе денари, што не е воопшто малку.

    Или-Или и Антолог имаат најголем избор на книги од домашни автори и истите е-книги не се воопшто скапи, како што веќе кажав.
     
    На sanja.burgundy, Oxymoron и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  2. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам :D , но ќе ја искористам приликата да оставам свое непопуларно мислење.
    Главна инспирација на Петре М. Андреевски (па и Стале Попов ќе го спомнам) се злобни и психички нестабилни селани и тој придонес кон создавање на националната литература не ми се допаѓа, ниту е поучен, ниту претставителен.
     
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.812
    Допаѓања:
    266.933
    Баш ќе ја симнам.
    Ама сепак мислам дека треба повеќе внимание да се посвети на тој момент, не знам зошто тоа не функционира.
    Сфаќам дека на нашиов илегален пазар нема многу добивка, ама мора од некаде да се почне.

    Ако не постои книга во е-формат, треба да ми е баш баш важно да ја прочитам, за да појдам воопшто во книжара.
     
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.812
    Допаѓања:
    266.933
    @Mishela премногу ти фала за инфово :l:
    Има од повеќе издавачки куќи
    SmartSelect_20190613-015438.jpg

    И не само тоа!

    Да ви кажам финта :)

    Кога ќе си купите книга, било која, се симнува во телефон како epub :) После може така да си ја пратите на е-читачот, или во мојот случај да ја конвертирате во azw3/mobi и да ја пратите на Киндл :)

    Не е едноставно де како купување од Киндл директно, ама е на македонски :)

    Да ги поддржиме :l: башка цениве се сосема пристојни!
     
    На crimson, candy.cane, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.202
    Пол:
    Женски
    Во однос на преводите, пред некое време се навратив на книгите за Хари Потер, иако и порано ги имам читано. И сфаќам лош превод, менување зборови дури и цели реченици и изрази, ама не ми е јасно зошто им ги менувале презимињата на ликовите. Хермиона Желбогорска, Драко Лошоткоски, Рон Снајдоски... (facepalm)

    Јас македонски книги читам на Македоника, бесплатно е, не би давала пари за нешто за кое не сум сигурна дали вреди. Кога купувам, многу пребирам, гледам да ми се допадне краткиот опис на корицата позади или претходно разгледувам критики од читатели.
    Ама овие на Македоника се очај. Ете пред некое време ја прочитав Теорија на заговор од Марија Спасова, таа ми се допадна. И ај си реков да видам нешто друго од неа, и сега ја читам Магијата на Атафу, која е далеку од квалитетот на другава. Не сум сигурна која од овие две книги ѝ е прва, ама оваа се борам со себе да ја дочитам. Најчесто ги оставам недочитани некои.
    Плус и оригиналност фали на нашиве. Сѐ е некако веќе видено.
     
    На irrelevant и Mrs. Lovett им се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.924
    Допаѓања:
    81.208
    Пол:
    Женски
    Е за ова со epub не знаев, си читав од телефон.
    Ќе си ги префрлам книгите и јас, фала ти за трикот, на раат ќе си читам од Киндл.

    Ти види ги Диссомнии и Стаклената река, изданија на Антолог.
    Трилери се. Диссомнии е одлична, а другава исто ми се допадна доста.

    Не се согласувам. Книгите се наменети за деца, преводот баш поради тоа е одличен таков каков што е зашто секое презиме носи карактеристика со која се одликува некој од ликовите.
    Кога се преведуваат вакви книги, не е целта само слепо да се препишат нештата на Македонски.
    Треба да му се даде дух на текстот, и преведувачот треба да умее да го пренесе и јазикот и сето останато во соодветна димензија за читателот да добие појасна слика за сè по ред. Затоа презимињата се такви и речениците на Хагрид се такви какви што се.

    И во книга на Фицек ја има истата игра со имињата, ништо поразлично од ова погоре.

    Ист случај е и кога се преведуваат делови од книги на некој сленг - тука не мислам на Лајла Грејс воопшто, туку почесто го имам среќавано во странски книги преведени на наш јазик. Вакви делчиња има низ книгите на Сузан Елизабет Филипс, Лиса Вингејт, други не ми текнуваат ама поентата е таа, да се долови подобро сликата за некој од ликовите и според мене не е ни малку погрешно.
     
    На Nausicaa, Oxymoron и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.812
    Допаѓања:
    266.933
    Околу имињава само, не знам колку е правилно или не од академски аспект, знам дека преведени имиња ме нервираа уште во основно лектири кога читав :)

    Во хрватскиот јазик имам забележано дека имињата воопшто не се преведуваат, се пишуваат како што се напишани и изворно, а кога се преведува од некој јазик кој е непознат за читателите, да речеме исландски, на почетокот на книгата има кратко објаснување како одредени букви се читаат.

    Мене секогаш ми било подобро така, но кај нас сепак на кирилица пишуваме, па не е баш можно да не се преведуваат имињата.

    Сепак и како дете не ми се допаѓаше тоа буквално преведување, ама сепак, тоа е моја лична преференца, не знам како е баш правилно.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.924
    Допаѓања:
    81.208
    Пол:
    Женски
    Јас само наведов дел од причините зошто е направено тоа и зошто истото не е воопшто погрешно. А дали некому му смета или не, тоа е веќе друг муабет. Ама тие работи не го прават преводот лош или погрешен, туку може само да не ти се допадне, а тоа веќе е лична преференца и е субјективно нешто. Не е лош превод по дифолт.

    Да не забегуваме, за преводот може да дискутираме во соодветната тема во некоја друга прилика, Хари Потер е далеку од книга на домашен автор.
     
    На Oxymoron и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.954
    Допаѓања:
    12.631
    Регистрирај се на Фондација Македонија, и таму симнуваш книги и читаш. Бесплатно е, само треба да си направиш профил, да се регистрираш, и потоа бираш книга, ја симнуваш во Мои книги и читаш.
     
    На sjdgo и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  10. DenaM

    DenaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    234
    Пол:
    Женски
    не сум компетентна да коментирам а и не знам, ама кога ке слушнам дека старлети и сл. такви некој квази суштетства да расказуваат пишуваат за глупостите што ги праела кој притоа не се ништо и притоа не се ни граматички ни никако добри не ми се верува кој се издава книга. срамота и греота ѕа некои што стварно тоа им е професија. иако у принцип не сум против ничии труд и енергија.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.812
    Допаѓања:
    266.933
    Сакам да прашам нешто, можеби не сум во право, но одамна немам читано на македонски, посебно не од наши автори.
    Забележав неколку вакви зборови, колку што знам "негде" е "некаде" на македонски.

    20190625_152521.jpg

    Ок сум со доловување на некој момент и користење на жаргон, но во овој случај на пример не ми е јасен изборот.

    Извадокот е од книгата "Гаргара" на Игор Станојоски, не сум читала ништо претходно од него па и немам мислење за него како автор.

    Сега, дали е исправно вака, дали е пропуст бидејќи авторот е и лектор на книгата... не знам.
     
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.924
    Допаѓања:
    81.208
    Пол:
    Женски
    Не е жаргон.
    Исправно е и негде и некаде. Ги има и двата изрази во дигиталниот речник на македонскиот јазик патем.
     
    На Biljarkata и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.812
    Допаѓања:
    266.933
    Благодарам! :)
     
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.924
    Допаѓања:
    81.208
    Пол:
    Женски
    Нема на што.
    Инаку мислам дека повеќе ќе ти се допаднат „Првиот универзитетски ден на мојата ќерка“ и „Диссомнии“.
    „Гаргара“ беше солидна книга, ама најслаба ми беше од трите негови.

    Во меѓувреме ја прочитав и „Последното име на иднината“ од Живко Грозданоски и воодушевена сум. Многу го надоградил стилот на пишување, одлична книга.
    „Куфер за тројца“ се вика неговата претходна книга, солидна ама не ме воодушеви како новата.
     
    На Tanjamm и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  15. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Каква красота од опис.
    Општо не ми се допаѓа реченичната конструкција во извадокот.
     
  16. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Не знам книгата на која што си налетала од која издавачка куќа е, но во повеќето (секоја чест на останатите) вработените за некој денар плус ги преведуваат и книгите се каша попара (затоа и преведувачите не се ценети, зошто некој/а ќе ги преведе за далеку пониска цена, а за квалитетот... како и се останато не им е битно). Лектор веќе одамна не се користи за жал. А за имињата и презимињата, тоа е нешто што ужасно ме иритира, Хари Потер може да се нарече веќе и класика и ја читаат и ден денес на разни возрасти, воопшто не би ми пречело и по 10 пати да ги читам книгите. Не ни знам дали имаат и право тоа да го прават и да ја менуваат книгата како ќе им текне, до имиња, настани и тн.. Имам налетано на неколку книги кои претходно ги имам прочитано на англиски или српски, можам да кажам дека преводите се тешка мизерија од превод до правопис (иако е наведен лектор, се кладам дека и тој ја нема чепнато).

    А за членката претходно што имаше пишано дека имало други млади квалитетни писатели што не биле спомнати. Па реално и некоја одбивност се ствара кога се пласира и се става акцент на ужасни книги и се мава толку маркетинг, затоа што мама и тато имаат да платат и затоа што не постои селекција како порано, бајаги да се измачиш за да можеш да издадеш книга и наредно кога ќе видиш македонски писател, не е мн пријатно (па макар и навистина бил добар авторот). На саемов беа викнати Ксенија, 2Бона, “ѕвездата“ на саемот Оливера Цирковиќ, наместо некој квалитетен наш писател. Сега и сите блогерки, блогери, јутубери и јутуберки ќе издадат книга, земајќи пример од онаа „Нашиот пат“ мислам дека се викаше и од онаа познатана блогерка или што и да е Зорана... се за пари.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AnnabelLee

    AnnabelLee Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2018
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Не ги читам и немам поим, али чисто се сомневам дека би нашла некоја по мој вкус, како некоја ете од француски класици или англиски, едноставно не се нудат веќе книги (барем овде) што имаат што да ми понудат за радост на душата или ете, за некакво наравоучение. Значи и странска литература премногу бирам, и книги од типот на “Оркански висови“ми се надраснати, да не зборувам за трилериве или Шелдон типови. Сега ја читам Трилби, од дедото на Дафне де Муриер, авторката на преубавата Ребека. Мшне уникатна книга, баш она што го барав.
    Инаку, писатели ете конкретно ко МАрија, сфаќам зошто имаат #certain appeal# на помладите генерации што не се баш искусни во литература и не им е истанчан се уште вкусот, па нејзините книги им имаат допирна точка со нивниот секојдневен живот или лајфтајл.
    Ме нервира исто и за македонски филмови.
    мора да бидат тешки црнила, со маки, со ужаси, зарем немаме други жанрови како комедија, како романса, фантазија и сл. сфаќам дека треба буџет, но не мора да биде Оскаровски материјал, или ете. некаков квалитет, туку чисто да се има кино. Веќе аман од холивудскиве.
     
    На Tanjamm и Mrs. Lovett им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.954
    Допаѓања:
    12.631
    Диссомнии читав, супер роман, од Игор Станојоски, а Ксенија појма нема, пишав во друга тема. Од цел роман има само почеток, 30 страници, другото е импровизација со патетични дијалози, нема уметност тука. Пишаа погоре, еве ќе се надоврзам, не доаѓаат до израз паметните од таквите како Ана Бунтеска што со пријатели без осет се промовира, од таквите како Лешоски, Драган Таневски и слично. На паметните нема кој да им направи интервју, нема начитани новинари и тоа е тоа. Шундот е на сцена.
     
    На Mrs. Lovett му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Кој има пари и пријатели ќе стане писател. А и не секој што сака да чита може да е писател. Од Бунтеска немам читано ништо, но насловон кога ќе го видам стави лајк на сопствениот живот не знам зошто коса ми се крева. Ксенија цитатите на гугл што ги собирала исто како и Коста Петров ај ќе ги лупнеме во книга и ќе се наречеме писатели. Не знам како може народов тоа да го чита, но ок очигледно сме многу негативно и разочарано општество на кое примарно нешто во животот му е да се крши и да чита такви цитати на невозвратена љубов и тн. И замислете ни еден весник не излезе со некоја критика за книгата, во други земји пепел ќе ги направат.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  20. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    7.820
    Пол:
    Женски
    Си ја вртев темава и го прочитав мислењево. Инсталирај си македоника, има многу убави книги од мк автори. Јас бев изненадена искрено.
     
    На CameliaMiller и Tanjamm им се допаѓа ова.