1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Писателите биле дно - дали се сложувате со ова?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Tanjamm, 9 јуни 2019.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.394
    Точно. На Ксенија дијалозите баш како копирани цитати личеа. Книгата без поента. На Ана од првите три книги, има во два наслови исти збор живот и животот „Стави лајк на сопствениот живот„ и другата е „Да му се насмеванеш на животот“. Тоа укажува на неинвентивност. Стави лајк на сопствениот живот, во право си. Насловот кажува се.
     
    На Mrs. Lovett му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.394
    Добар е Живко, и скромен, не лета во облаци. Му ги читав и јас двете. Бил на резиденција во Босна и таму е пишувана Новото име на иднината. Алал да му е, за месец дена како стигна тоа да го спакува, да истражи на терен, да напише книга. Завршил добра работа. Ако најдам, ќе читам и поезија од него.
     
  3. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Каде ги има книгите на Живко? Која изфавачка куќа?
     
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.394
    Јас земам од библиотека. Додај го на фб, прашај го, сигурно ќе те упати каде можат да се купат.
     
    На Mrs. Lovett му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.877
    Допаѓања:
    81.139
    Пол:
    Женски
    Антолог.
     
    На Mrs. Lovett му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.394
    Се сложувам со тебе. Не секој што чита може да биде писател. Ќе чита, чита, и можеби ќе прави обиди за пишување, но тоа ќе биде слабо, без идеја, без тежина, бледо пишување по долго и долго читање. Инаку, овие имиња што ги дискутираме, тие не верувам дека читаат, тие само имаат пријатели и фб следбеници кои ги лајкаат. Инаку, да читаат горе наведените, тие нема да пишуваат 5 книги со една иста тема идеја и сите да личат една на друга. Зошто пишуваат пет книги поезија кои личат на романи? Така само Ана и Дарко пишуваат. Кога земав книги поезија, се чудев зошто се толку дебели книгите поезија, мислиш Ана Каренина.

    Се на се, талентот ништо не може да го замени. Но, и тој што има талент мора да чита оти така учи.
     
    На Mrs. Lovett му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Точно, но има луѓе што не читаат ама едноставно знаат бе како да играат со зборови, знаат д доловат. Само мн понижувачки е што има премногу публика кои ги читаат што значи дека повеќето луѓе кај нас да им дадеш книга со глупи цитати за невозвратена љубов ќе се задоволат и не бараат повеќе.
     
    На Zimone и Tanjamm им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.394
    Да, се сложувам. Тој што има талент, одлично ќе пишува, а ако плус чита и се надоградува, ќе биде брилијантен. И уште едно нешто што ми падна во очи, одредени автори прават промоции во кафичи. На што личи тоа? Си има установи, библиотеки, центри за култура, а не во кафичи и кафани.
     
    Последна измена: 24 ноември 2019
    На Zimone и Mrs. Lovett им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.394
    https://kumanovonews.mk/vesti/koga-...fija-togas-dobivate-grad-kakov-sto-e-kumanovo

    Дали оправдувате вакво однесување на јавна личност? Писател? Јас му ги имам прочитано сите негови книги, но по ова интервју каде тресе навреди од ракав, веќе ништо не би прочитала. Штета. Мислев дека е надежен писател, ама со глава во облаци ништо. Интервјуто му донесе преку 50 навредливи коментари каде граѓаните му пишаа да се исели ако не му чини градот, дека не знае кај тера, дека такви кумановци не им требаат, дека е ова доза на ароганција, дека прво треба нешто да направи за својот град, па дури потоа да кажува дека работите не чинеле. Што мислите вие? Јас мислам дека за јавно изречен збор треба МНОГУ да се внимава, затоа што писател не може да нападне директно дека градоначалникот не работел, не е компетентен, исто како што градоначалникот не може да ги нападне писателот дека не знае да пишува. Многу лошо, невоспитано за млад човек, не му личи.
     
    На Zimone му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    Какви навреди? Да не треба да преќути за реалната состојба на град во кој израснал? Да фали место што пропаѓа заради некомпетентни само затоа што се родил таму? Да не треба да напише како му се допаѓа кичот за да некој кој мисли дека на дедо му е градот не се навреди?
     
    На темјанушка, Nausicaa, MarigoldA и 4 други им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    Секој што плаќа данок може и смее да нападне власт, бил писател, доктор или касиер.
     
    На TeonaZ и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.394
    Добро, ама со поблаг тон можат да се кажат работите. Сега излистав негови интервјуа, напаѓа постарите писатели пишувале за тоа како македонскиот народ бил жртва, биле досадни, напаѓа Влада, министри, нво сектор, и сето тоа за тие години е премногу. Да е некој со 60 години, со дебело цв зад себе, ок. Вака невкусно ми е мене лично. Ако кажеш урбана мафија, тоа е тежок збор, треба да си човек кој се разбира во архитектура, а не обичен лаик, па да тврдиш нешто со сигурност. Мислев за вокабуларот. Само си навлече жестоки реакции дека е партиски писател, треторазреден, дека никој никаде не го знае, а и тие кои го знаат, мал круг во Куманово немале убав збор за него.

    Неговиот роднина Венко Андоновски пишува колумни, му ги читам, ама никогаш никого не навредува, туку ги кажува работите реално и меѓу редови. Вака самиот Петар ќе се орни дека се пробива на слава на роднината, а при тоа создава одбивност кај читателите со тоа што вели „ние од 80-те придонесовме граѓаните да читаат македонска литература“. А пред тоа? Тие не чинат? Грешка, денешните уште многу фурни леб ќе јадат и нема да ги стигнат постарите.
     
    Последна измена: 11 јануари 2020
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.394
    Ама имаше и невистини во текстот, дека театарот се распаѓа, а не е точно, од времето на Канческа Милевска имаат нова опрема, се е ок, функционираат нормално.

    Фалеле библиотеки, книжари, има, ама нема кој да чита.

    Јавно изречен збор може да подлежи и на клевета.
     
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.643
    Допаѓања:
    176.953
    Бужаровска, Ќорвезирова, Јагода, Винка, Венко. .. сте ги спомнале, тие се писатели во Македонија. Образовани, речити, со издавачи кои знаат што значи книжевност.
    Тие другите што ги зборите немам појма кои се и од каде писатели. Демек револт против естаблишментот, па сами си пишуваат и објавуваат? Тоа е ко за човек што научил да свири една песна на флејта во основно, да кажете дека е музичар, па да отворите тема, музичарите се вакви, такви. Среќа па таков нема да го вработат во филхармонија, ама па затоа секој може да си пишува книги и да се нарекува писател.
    Грешна ви е темава, не се писателите некакви, ако е шундот читан, не го прави тоа белетристика.
     
    На Tanjamm и eliesaab им се допаѓа ова.
  15. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.904
    Допаѓања:
    11.924
    Пол:
    Женски
    Би го издвоила Јосип Коцев како единствен од нашиве што пишува нешто квалитетно (го читам уште кога пишуваше под псевдоним). Тихомир Јанчовски не е лош, макар што на промоција на книга ми делуваше малце егоистично. Стефан Марковски и неговата Среќата е глагол - ептен ми ја фалеа, ја прочитав од ко излезе и ми наликува на нешто пишувано само за да биде прифатено од мнозинството.. Другиве од Ксенија, Таневски и сличните не ни знам како се изборија за нешто како писатели..
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.394
    Oд Јосип имам читано песни по зборници, ми се допаѓа, и имам чуено многу убави муабети, дека е прекрасен поет и човек. Тоа ценам, едм поет, ем човек. За Петар Анадоновски баш ме изненади, оти 4 книги, од кои последната Страв од варвари не личи на ништо, не ти даваат за право да ги навредуваш постарите писатели, да навредувам министри, нво, политичари. Едноставно не е компетентен. Поезијата Ментален простор и таа не е нешто посебно, затоа што пишува за смрт, за морничави работи, како комшиите му се ситат дека ќе умре, итн. Бужаровска е супер за мене, заслужено е тоа што се пробива.

    Страв од варвари има некаде 110 страници, но забележете дека буквите се фонт 16, и ако фонтот би бил нормален, книгата би била од 50 страници и како такво не би личела на роман. Содржински многу пропусти. Тоа е доказ, дека не работат на себе, туку ќе издаде една, две книги, и почнува со стагнација, назадување, и навреди кон секого.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  17. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.904
    Допаѓања:
    11.924
    Пол:
    Женски
    @Tanjamm Петар Андоновски го немам читано.. ама баш ќе го видам. Инаку малце се тие што пишуваат и почитуваат правила. Знам и луѓе шо не се писатели и имам прочитано дел од нивното творење и ми се далеку подобри.. Бидејќи гледам дека имаш читано доста од нашите, дали може да ми препорачаш книги што ти оставиле впечаток?
     
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.394
    „Мојот маж“ од Румена Бужаровска, „Новото име на иднината“ од Живко Грозданоски, „Диссомнии“ од Игор Станојоски, „Нишан“ од Блаже Миневски...
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Дно е Петре М. Андреевски или Ванчо Николески или Стојан Тарапуза или Горјан Стефаноски...дно се само ако си неписмен.
     
    На S.W.A.G му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Persephone

    Persephone Активен член

    Се зачлени на:
    6 август 2019
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    25
    Денес нема кој не стана писател. Самиот епитет писател изгуби на вредност од таквите квази самонаречени писатели како Лајла Грејс, Коста Петров, Драган, Ксенија, Лешоски. Тие таквите што само сакаат да се обогатат и да стекнат популарност со нивните лимонади.
    Вистинскиот писател пишува само поради тоа што во пишувањето пронаоѓа начин да се изрази себеси, да си ја олесни душата, да ги сподели мислите со светот, тој не тежнее за популарност а во тоа докажуваат бројни успешни писатели кои пишувале под псевдоним бидејќи не целеле кон популарност.
    А овие горенаведените само ја унаказуваат оваа професија. Тие се самопромовираат повеќе отколку самите книги кои ги напишале сметајќи дека со тоа ќе стекнат одреден статус во општеството. А да не спомнуваме за тоа дека публиката им е претежно тинејџерки од 16-18 години кои едвај прочитале 2 книги во животот.
    Жално!
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.