1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Писателите биле дно - дали се сложувате со ова?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Tanjamm, 9 јуни 2019.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.394
    Петре М.Андреевски ми е во топ 3, а Стојан Тарапуза уште долго никој нема да го надмине за пишување на детски песни.
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.394
    Уште два статусти кои ме разочараа. Пишуваат за да некој тоа го чита, или за пари и награди, па уште и деградираат колеги.
     

    Прикачени фајлови:

    • 22222.jpg
      22222.jpg
      Големина на фајлот:
      130,3 KB
      Прегледи:
      32
    • 11111.jpg
      11111.jpg
      Големина на фајлот:
      31,9 KB
      Прегледи:
      30
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.394
    Читав бестселер, Парфем, роман која се продал во милионски тиражи низ светот, а авторот цели 20 години не дал ниту едно интервју, и за неговиот живот, се знае од тоа што го кажале колегите од факултет. Значи вистинскиот писател не пишува за пари, и слава, пишува затоа што сака да пишува. Овде кај нас се потепаа кој колку пари земал од Миинистерство за култура. Самиот Петар Андоновски устата пена му фали од жалење како тоа добил хонорар од 50.000 денари и со тие пари не можел да живее до следен роман, малку било. Бил принуден да работи нешто друго. Па нормално, и треба да се работи, и не една работа, и хонорарно плус, оти така налага ова темпо на живот. Хонорар не е доживотна пензија. Како сфаќаат, дека ќе напишат еден роман и треба да бидат обезбедени до крај на живот? А што романот му е 110 страници со букви фонт 16, и ако тоа се смени во фонт 12, ќе бидат 55 страници, односно толку страници се малку и за збирка поезија, не па за роман.
     
    На eliesaab и Persephone им се допаѓа ова.
  4. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    Писателов Петар Андоновски нешто конкуренција ти е што го испоанализира, или онака чисто колку за ширење на негатива?
    Ако некој смета дека сопственото дело вреди повеќе, има право да му ''фаќа пена устата'' додека збори за истото. Не гледам причина зошто толку исфрустрираност за нешто што воопшто тебе не те засега? Или од твој џеб бара пари?
    Секој што има идеја и смета дека е способен да ја пренесе истата на лист хартија, а воедно и тоа ќе го направи среќен, тогаш не гледам проблем за да не го направи тоа. Еве просветли ме, о, ти богињо на критиките на книжевни дела, пробај да ми објасниш да го сфатам твоето размислување.
     
    На black-angel и Abel им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.394
    И за спотови каде се велича УЧК даваа по 200.000 денари. Еве да не биде го спомнувам Петар. Беше актуелен скоро. Каква конкуренција да ми биде? Паѓа во очи тоа спомнување пари, пари, пари. Читам македонски автори, следам. Има многу добри меѓу нив. Автори кои пишуваат романи по 5 години пример, а нив не им остануваат ни 50.000 денари, па не се бунат. Да, треба да се даде пари, но на квалитетните. Еве ме нарече богиња на книжевите дела, да, читам по 30 и повеќе книги годишно и не е дека не знам кој како пишува.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  6. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    Сметам дека сме еден народ којшто е премногу суров кога станува збор за нешто наше. Дали било, како во ситуацијава, писател, или пејач, доктор, новинар, политичар. Како народ секогаш мора да потценуваме сѐ и секого.
    Како што кажав, и ти да напишеш нешто и да не биде прифатено како што си замислил/а ќе се трудиш да го слушнат твојот глас.
    Има различни луѓе, што значи дека и на различен начин ќе ги искажуваат желбите.

    И после ќе се чудиме зошто некој што стварно има дарба за нешто не сака да излезе на сцената.
    Па многу нормално дека ќе се сомнева во самиот себе кога знае дека ќе се појави некој ваков како тебе што чита ДУРИ 30 книги на годишно ниво и ќе си дозволи да критикува без причина.
     
    На black-angel, Besmrten и DAngel им се допаѓа ова.
  7. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    Линијата помеѓу лингвистиκата и уметноста е многу тенκа. Лингвистиκата е науκа за јазиκот а, уметноста е уметност. Јас ваκа гледам на оваа тема.
     
  8. Persephone

    Persephone Активен член

    Се зачлени на:
    6 август 2019
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    25
    Постои една стара добра поговорка која вели „Остави делата да зборуваат за тебе“. Мислам дека нема потреба повеќе да се коментира.
    Писателството уште кога за прв пат се појавило во светот не било професија од која се заработувале пари, нити тоа било целта на писателите. Писателот го остава во наследство на идните генерации својот збор кој смета дека треба да биде чуен. Писателот создава нешто кое ќе остане.
    Побарај и информирај се околу најпознатите писатели чии книги денес се сметаат за литературно богатство не биле некои истакнати благородници, сите од нив живееле скромен живот, некои дури умреле доста сиромашни, дури имало и такви кои никогаш не ги издале своите книги, биле издадени од нивни внуци, правнуци, пријатели..

    Жално е ова што се пласира денес. Што се однесува до горенаведениот писател - никогаш не сум чула за него. Навистина жално што на таков начин го погани писателството, она кое е добро и квалитетно нема потреба да се нуди на таков начин.
     
    На eliesaab и Tanjamm им се допаѓа ова.
  9. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    Сите знаеме колку кај нас се почитува и цени трудот на писателот во денешно време. Нема потреба да правиме вакви празни муабети.
    Те разбирам за што ми збориш, но како што кажав и претходно, секој човек различно гледа на работите и во случајов може да се забележи дека писателов не е задоволен од поддршката на Министерството и својот револт го изразува на тој и тој начин.
    Тоа што било некогаш писателството не постои веќе, земајќи предвид дека денес станува збор за професија од којашто нечив живот зависи.
     
    Последна измена: 27 август 2020
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.394
    Се согласувам, уметноста ако ја претвориш во бизнис или ја гледаш како бизнис, веќе не е уметност. Тој што јавно навредува доволно кажува за себе кој е и што е. Пред да земеш од државата дај и прво. Јас тоа правило го ценам. Дај, па потоа мисли дали ќе земеш. Секако дека од писателство и книги не се живее, и така е и во светот. Пабло Неруда, нобеловец едвај прибрал пари да ја објави првата книга поезија, носел чевли кои протекуваат, а имал богата кариера потоа, бил дипломат, спасил 2.000 или 3.000 бегалци од граѓанската војна во Шпанија.

    Габриела Мистрал останала сираче, работела од 15 години, за да се образува да стане учителка, а потоа врши и многу јавни функции во Чиле. Никогаш не се омажила, а се што заработила, тој нејзин скромен имот го оставила на децата од соседните села, нив им припаѓа. Тие дале многу на светот, а за возврат добиле малку.

    Кај нас Петре М.Андреевски не кукал за пари, туку работел во МРТ до пензија, а само Дениција е безвременска, за другото да не правиме муабет. Огромна вредност има.

    Денес само пари, пари, пари. Па види оној колку земал, па види јас малку земав. И секоја година по еден роман од едвај 100 страни. Зошто е тоа така? Па за пари и за хонорар секако.

    Сум зборувала со познати автори, квалитетен роман се пишува со години, не за 9 дена или 1 месец.
     
    На Persephone, eliesaab и Sahlene им се допаѓа ова.
  11. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Петар Андоновски мене во последно време ми стана омилен. Книгите се одлични, ако е некаква потврда за тоа, има добиено Европска награда за литература 2020 и Роман на годината 2015 година. За толку млад автор, секоја му чест. Во однос на критиките, секој збор му е на место. Друштво на писатели и МАНУ се одамна дувла на мувлосаните академици кои освен што цицаат пари, друго абер не сме виделе од нивното "академување". Неговите лични ставови за политиката, урбанизмот, егзистенцијата не се приоритет, затоа што Петар е писател. Ако одиме по таа аналогија и ги критикуваме сите писатели за своите ставови, каде ќе ни биде крајот. Факт е дека си постојат кланови, како и во секоја струка. Дали треба да биде така, тоа е друга тема.
     
    Последна измена: 9 септември 2020
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.394
    Ако не сум грешка таа Европска награда се вика така оти ја доделува ЕК, но таа се доделува во Македонија, во БиХ, во Србија, значи во секоја земја поединечно. Не е дека неговиот роман е најдобар во европски рамки. Коригирај ме ако не е така. Е сега, наградата носи пари, но и преводи на повеќе јазици. Преводот е голем плус.

    Лејла Калајмиќ од БиХ е дел од тој „клан“ да кажам. Таа е лезбејка, и јавно се декларира како таква. Станува збор за ЛГБТ лоби. Пријателка ми е на Петар, блиска. Таа ја има добиено таа Европска награда претходно, и ништо чудно ако преку неа лобирал. Самиот скоро кажа дека очекувал дека ќе ја добие во едно интервју, што некако пресамоуверено звучеше. И за лобирањата кажа па да, демек и за Нобелова имало местенки. Се бунат против местенки, а од друга страна, па добро имало местенки сегде демек. Двојни аршини. Ако е за мене ок, нека се намести, ако е за друг, ќе хејтам. Ако земам пари, малку се ќе хејтам, а тој што 5 години пробува и не добил денар од Министерство, што да каже? Чудно ми е што 2-3 имиња секаде фигурираат, земаат хонорари од секаде, и пак се жалат.

    Ако веќе има лош став за ДПМ, зошто се зачленил? Мислам дека со позитивен став и пример човек повеќе може да помогне отколку јавни навреди кон тие кои те примиле во тоа ДПМ.
     
    Последна измена: 10 октомври 2020
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Мораше да кажеш дека е лезбејка, многу битна информација во однос на писателство
     
    На martiiinna и Biljarkata им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.394
    За тоа пишува, препознатлива е како таква. Петар е инаку геј. Геј лоби е во прашање, толку ли не сфати зошто потенцирав за неа? Книгата за која доби Европска награда е за тоа меѓудругото, нејзина.
     
    Последна измена: 10 октомври 2020
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.643
    Допаѓања:
    176.953
    Не читајте лезбејски книги, ќе се полезбејчите:D(facepalm)
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  16. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Имаат и предности и недостатоци денешните книги недостатоци се што ако некој богаташ нема што да праве одма пишува книга уствари не ја тој пишува му ја пишува некој му фрлат ситни пари што се разбира во литература и филозофија а името е негово на книгата како тој да ја пишувал секако има различни книги од трилери до комедии, предности се тоа што порано се мажи пишувале бидејки се сметало дека се попаметни и образовани денес многу жени имаат книги и благодарение на книгите се милионерки имаат книги многу добри пример е Колин Хувер, книгите ретко некој да не ги знае.. Сите твои несовршености, Верити, Само пријатели и др познати, а кога ке чујам Кија Коцкар, Луна Џогани бљак 2 збора не би прочитала од таа книга.
     
    На eliesaab и Tanjamm им се допаѓа ова.
  17. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Сите овие информации за кои пишуваш, за мене се нови, очигледно си поупатена. Јас за Петар размислувам исклучиво како автор, значи сум пристрасна бидејќи навистина ми се допаѓа како пишува, ептен ми е освежување и детоксикација и Лешоски, Лајли и сите чудесии кои се објавуваат во последниве години.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.643
    Допаѓања:
    176.953
    Па правилно размислуваш, писател читам ако ми се свиѓа пишувањето, што праи во приватен живот баш не ме интересира. Зошто би ме интересирало?:^)
     
  19. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Во смисла на тоа дека живееме во едно минијатурно земјиче во кое ништо не може да се сокрие. Детали од личниот живот секако не, ама постојат фаци од јавниот живот кои на пример не можам да ги метаболизирам поради однесувањето кога мислат дека никој не ги гледа, многу е лесно да створиш антипатија кон некого (во мојот случај Весна Бејби на пример која колку и да се трудам, поради нејзиното понашање не можам во театар да ја гледам, среќа неталентирана е па не сум во загуба). Офф топик, до некаде можам тоа да го разберам, имаме потреба да се идентификуваме со луѓето или да ги идеализираме дури. Ама ете Петар не го перцепирам надвор од неговите дела, каков е таков е.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.643
    Допаѓања:
    176.953
    Не знам. Јас скрос можам да се исклучам. Ништо не ми значи какови се приватно ликовите од Балкан кан , филмот го сакам. И Венко Андоновски имал испади во колумни ама книгите му се топ.