Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Писателите биле дно - дали се сложувате со ова?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Tanjamm, 9 јуни 2019.

  1. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Шо ти смета кај Весна?
     
  2. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Освен мислењето дека е убер неталентирана, во неколку ситуации приватни (не на сцена и не на теве) не ми се допадна како се однесуваше, јас бев посматрач, не беше ништо лично насочено кон мене, ама тоа "помогна" уште помалку да имам потреба да ѝ давам шанси во професијата. Со писателите веројатно дистанцата е полесна, глумците се "поистурени" како ликови.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Мене признавам, некоја лоша ситуација знае да ме инхибира :) Не секогаш, ама ми се случило.
     
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.630
    Во право си. И јас беа запрепастена кога му ги прочитав првите две книги. Си реков млад човек , а како пишува. Потоа мислам дека го расипа пишувањето. Едноставно почнува да брка слава, награди и успех, па и пари со тоа. А тоа веќе ми е надвор од секаква уметност, ако брзаш да склепаш каков таков роман. Наградата се вика Европска, но ја даваат овде во МКД, и можно е да биле во игра 3 до 5 книги, да речеме. Мала средина сме и се што правиш под маса и зад грб се дознава. „Страв од варвари“ му е најслаба книга со најјака награда. „Тело во кое треба да се живее“ е најкомплетна. Собери одземи, има една комплетна книга, а ги навредува тие во ДПМ и слични на нив, но тоа не се менува со навреди, туку со личен пример.

    Неколку пати ги навреди постарите, не биле добри темите на кои пишувале итн. Јас пак мислам дека сегашниве уште многу фурни леб треба да јадат па да ги стигнат постарите.
     
  5. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Ама суети, его трипови и лични увреди не се новост за ДПМ, уште далеку пред постоењето на Петар и како човек (со оглед на тоа што е млад) а секако и како писател. И баш поради младоста, нешто може да му се прости. А "курварлукот" на постарите не може да им се прости, цел живот го поминале како полтрони, разбери дека Петар и не греши премногу во прозивките. На крајот од денот, токму постарите се тие од кои помладите треба да учат, и ете колку научиле :) Страв од варвари мене премногу ми се допадна, не се ни трудам да ги мерам или да ги оценувам за да кажам која е најдобра од сите што ги напишал. Можеби и јас сум ја читала во таква фаза од животот, па ми оставила таков силен впечаток. Секако посакувам што повеќе Петар, а што помалку Лајла за нашево книжевно небо :)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.500
    Допаѓања:
    201.471
    Пол:
    Женски
    Не сум го читала Петар Андоновски, имам намера, ама не дошол на ред. Ме чуди мислењето погоре, добил 50000 денари хонорар, и како можел да се жали дека му се малку. Што се 50000 денари ако треба да гледа семејство? Писател треба да живее од сопствениот труд, од продажбата на книгите, а не од еднократен хонорар. Не знам кај нас како е регулирано тоа, на запад знам дека со авторските права добиваат и некој процент од секоја продажба, додека има тираж од книгите, па ако има и филмски права, уште повеќе. Особено ако е популарен и баран автор, со секоја нова книга приходите растат.
    Кај нас пишувањето се смета за хоби, и за жал, не е професија со која можеш да се издржуваш. Најчесто хонорарот е еднократен, а ако си на почеток, и не се врзеш со некоја „појака“ издавачка куќа, тогаш трошоците за печатењето се на товар на авторот, а продажбата не знаеш како ќе оди, па делиш примероци по роднини и пријатели, колку да се дознае за тебе. Можеби грешам, ама така беше до пред некоја година. За среќа, мислам дека работите се менуваат на подобро. Имаме млади автори со солиден квалитет, и мило ми е што има издавачки куќи кои го препознаваат нивниот потенцијал и ние читателите имаме прилика да дознаеме за нив и да уживаме во нивните дела.
     
    На Mishela, 1209, do-re-mi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.630
    Има автори на кои денар не им останува, оти се зема издавачот, не останува вишок откако ќе се испечати книгата. Има автори квалитетни кои сами вадат од џеб 500 евра и си печатат роман, и не се жалат никаде, не кукаат. Пишуваат оти сакаат, парите не им се вишок кога би ги добиле, но не се приоритет. Запад е друга приказна, таму па не секој успева да стане писател како овде. Во Македонија и издвавачките куќи се на стаклени нозе. И на Балканот е исто. Заработка од книги нема, ниту во земјава, ниту во регионот. Америка, да, ама овде не.
     
    Последна измена: 11 октомври 2020
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.630
    Суетата многу штети. Не е добро да се биде суетен. Суетатата го „кочи“ човека да напредува. Јас не велам дека Петар греши, но додека не греши, станува ист како тие кои ги критикува, па дури и бетер ќе биде со годините. Во ДПМ делумно се зачленуваат за награди. Има награди кои само како член на можеш да ги добиеш. Одат таму, молат да се зачленат во „лошото“ друштво знаејќи дека е така, и потоа ама ова е лошо друштво, не ми чини итн. Зошто на овој сте му дале награда, зошто на тој, па потоа се јавува некој му се контра дека и тој местел некому нечија награда итн. Така човек влегува во круг во кој угледот се губи за 5 минути и потоа џабе е се. Да навлечеш пола град да те мрази и навредува како магаре, навистина не е ок, макар имал 100 европски награди наместени преку врски. Достоинството за мене е над се, кога е во прашање занимавање со уметност.
     
  9. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Настрана Петар, кажи ми еден автор кој не е суетен, било академик, било од ДПМ, било овие "писателиве у покушај" од типот Драган Танески, Лешоски, Лајла и слични, бидејќи колку и да се правиме дека не е така, тоа се авторите кои кај нас продаваат и за жал, се читани. И не мислам дека некој што пишува, не треба да пишува за пари и дека фактот што сака пари го прави недостоинствен или суетен или лош писател.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.630
    Суетни колку сакаш и затоа е на тоа дереџе Македонија. Правев муабет со еден странски автор кој ги знае сите од постарата генерација, и ми вели „Македонија има 5-6 добри“. Значи толку се добрите, се друго е недоволно за да привлече внимание надвор од границите на Македонија. Практично во 50 години се појавуваат 5 добри автори и тоа е се. Лајла, Таневски, Бунтеска, Лешоски, Сузе Турунџиева, такви само во Македонија може да издаваат и некој да им ги купува книгите.

    Сметам дека треба да наведнат глава и да работат, работат, и работат, не само на пишување, туку на целокупен имиџ оние како Петар кои ИМААТ потенцијал, а не да се топат во масата.
     
  11. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    Можи и да се. Зависи од која гледна точка. И на светски најпознатите писатели низ историјата некој им наоѓал мана ако не му се допаднала темата....нели тие во приватниот живот често имале пороци и зависности....а не овие кај нас копи кетс што не се интернационално препознатливи и се кој писмен, кој не.

    По некоја случајност имам читнато бугарска белетристика.... како и од српско-хрватското поднебје и повеќе ми се допаднале од книгите на македонските автори. Но не би сакала да плукам и на тоа да ја насочувам својата енергија, поскоро ќе го читам она што го сметам за квалитетно.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.630
    Не е грев, тоа е за поздравување тоа што си прочитала автори од различни поднебја.
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.