Според вас, што е подобро, писмено или усно? Кое ви е полесно? Спојлер Ја видов темата на друг форум Јас мислам дека усното е подобро бидејќи така полесно може да се одреди дали ученикот разбира и размислува. А и не може да се добие послаба оценка ако не е разбирлив ракописот (мојот најголем проблем, ракописот ми е како некое старо писмо на некое си старо племе, ако разберете нешто, ви давам 1 денар). Исто така, и резултатот се дознава побрзо, веднаш откако ќе те испрашаат. Полесно ми е усното. Значи, гласам за усно.
Зависи кога како... Историја писмено, Математика на табла никако, писмено пошто цела се збрлавувам а за другите не ми е проблем кога си имам научено ништо не ме буни (ама кога... )
Мене ми е сеедно,дали е усно или писмено.Али сепак повеќе сум за усно.Писмено те фаќа некоја трема и можеш во момент потполно да се блокираш и на ништо да не ти текне,пример сум јас .И како што рече ти Елена,преку усно одговарање професорите можат да го ученат нашето размислување,начинот на кој одговараме,а и понекогаш со усно можеш да поминеш и со 3 прашања,а писмено 10,15 зависи
Па зависи за кој предмет станува збор, ама јас повеќе сум за писмено... Кога сум на табла ме фаќа трема, а и наставничката гледа цело време во мене така да не може никој ништо да ми каже, а писмено ако нешто не знам или ќе прашам некој или ќе препишам, така да гласам за писмено!
ако имаш научено сеедно е. ако немаш а мораш да бираш зависи од професорот, а и од своите (фешти ) способности. хаха, се надевам ме разбирате
Зависи кој предмет пример географија писмено,оти помалку прашања дава на тест А и математика нема шанси за усно .. на писмено можеш да се снајдиш нешто да препишиш а кога те испрашуваат те фаќа трема, сите во тебе гледаат и се буниш Значи гласам за писмено одговарање
Писмено ме фаќа страв и сето знаење што го имам ми се блокира Усно е подобро може и со помош на наставникот и ќе те потсети малце Иако се повеќе писмениот начин се употребува
Дефинитивно писмено. Иако, ако имаш научено и тој и тој начин не треба да прави разлика ама сепак јас би идела на писмено. Од причина што има професори кои не дозволуваат ни воздух да земеш кога одговараш усно, ако буквално 3 секунди подзастанеш го сметаат за не доволно научено. А има и професори кои кога одговараш усно доста помагаат, ама поретки се. Додека писмено е друго, ако не ти текне нешто ќе се сконцентрираш, убаво ќе размислиш и ќе напишеш. На некој начин си сам со себе и ниедни очи не се вперени само во тебе. Никој не ти создава дополнителен притисок. Кај усното ако сакаш убава оценка нема размислување, почнуваш и нема "А како беше тоа?", а факт е дека колку и да имаш научено кога ќе седнеш пред професорот може да се случи да се блокираш.
Порано ќе речев писмено, дека помалце трема... ама после толку поминати испити сфаќам дека на усно е тешко додека ја изустиш првата реченица, после тоа тремата поминува и зборовите сами си течат, нормално ако си учел доволно. Плус, има доста простор за импровизирање и изразување на свој начин, а тука е и впечатокот за тоа колку навистина знаеме. Поверодостојно е усно. Кога почнав факултет усните испити ми беа ноќна мора, ама сега веќе се навикнав, дури и како што кажав преферирам такво полагање, подобро се изразувам така отколку писмено.
Писмено, колку толку и да не сум учела баш, ќе се снајдам, ама усно шанси нема и се да имам научено неможам уста да отворам, се блокирам, ако ми верувате не можам ни името да си го кажам.