Писмено или усно одговарање?

Дискусија во 'Образование' започната од QueenElena, 9 ноември 2013.

  1. cherry-on-top

    cherry-on-top Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2013
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    45
    Ни тоа ни тоа леле :D Но кога би морала да одберам, дефинитивно усно. Колку трема ме фаќа од писмено не е можно. Пред тест шеќерова вода пијам дома за да се смирам. И мислам дека преку усното повеќе може да се процени дали ученикот учел, а и се побргу поминува. Кога ќе се збркаш нешто на усно професорката ќе те поправи или ќе ти каже не е така, а на тест кој ќе ти каже дека не е така ? Ќе си пишуваш ти мислејќи оти е точно :D И најкатастрофалните ученици на тест можат да препишат нешто, ќе прашаат некој до нив и ќе извадат повисока оценка, додека на усното кога ќе го испрашат ќе си ќути и ќе се воочи за која оценка е. Колку ќе бев задоволна да не постоеше писменото проверувањее :worried:
     
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.169
    Допаѓања:
    175.423
    Пол:
    Женски
    Писмено, дефинитивно, но сепак зависи од предмет до предмет, Англиски, Македонски, Биологија ми е многу полесно усно на пример за разлика од останатите предмети. Не препишувам па да речам дека писмено ми е полесно, но кога ќе станам усно ме фаќа трема, пример Психологија, кога ќе видам професорката крвта ми застанва и се бунам.
     
  3. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.701
    Пол:
    Женски
    дПисмено, дефинитивно! Одсекогаш сум сакала да пишувам. За зборување, прва одпозади сум. Си ќутам и слушам.
    А, за лесно, не ви е виновно испаршувањето какво е, туку колку знаеш.
    Ако наставникот те поправа, спиред правило би требало да се има 4. Го знам тоа зошто мајка ми е наставничка.
     
  4. coralin-e

    coralin-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2013
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    98
    Ако имам научено сеедно ми е дали писмено или усно. Ако немам, ќе си наоѓам замерки. :D
     
  5. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    И усното и писменото одговарање имаат свои недостатоци и предности.
    Пред некое време да ме прашавте, ќе ви одговорев писмено. Полесно ми беше да решавам тестови. Но, сега мислам дека усното одговарање е подобро.
     
  6. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Зависи кој предмет. Историја, географија, биологија е многу подобро усно да се одговара оти тоа се сепак лекции. Е сега јас имам предмети кои не верувам некоја од вас да ги има а тоа се дизајн и моделирање, конструкција, технологија и слично, тука е подобро псимено оти сепак се работи за цртање и такви работи и професорот неможе да те оцени додека не се научиш правилно да го црташ тоа што треба точно до сантиметар и без грешки. Тука се и странските јазици повеќето од нас учат англиски и германски а некаде учат и руски и француски ама овде се добри и двете опции. Писмено за да увиди професорот дали ученикот знае правилно да ги пишува зборовите и да сврзува реченици, усно за да види како го зборува јазикот нели јазик како јазик треба правилно и течно да се зборува. Математиката и македонски е подобро писмено од причина што има ученици кои се средно а сеуште незнаат да пишуваат како што треба. Мислам на тоа дека безразлика дали се пишува на компјутер или рачно многу е важно да се внимава на некои работи да се знае каде треба точка, запирка, прашалник, извичник, празно место а најчеста грешка една реченица е долга 1 метар без точка. Истото можете овде на форумот безразлика дали е од телефон пишувано или во брзање треба да се почне со голема буква, запирки, точка да се знае каде почнува една мисла а завршува друга. Математика се знае задачи се решаваат писмено.
     
  7. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Мене ми е подобро писмено одговарање. Плус имаш поголема концентрација и никој не ти смета, секој си гледа за себе. На усно одговарање и не сум толку добра, бидејќи нели, пред сите одговараш, и сите тебе те чекаат да дадеш одговор на прашањето/да ја раскажеш лекцијата, а, и поголема трема имам, па да не згрешам, па ова, па она. :)
     
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.223
    Допаѓања:
    81.770
    Пол:
    Женски
    Отсекогаш повеќе сум го сакала усното одговарање. Добар оратор сум, а и знам да манипулирам со зборовите, па никогаш не ми било проблем да одговарам усно. Тремата поминува по првите неколку изустени зборови, а по толку поминати испрашувања и испити, мислам дека веќе и воопшто ја немам.
    Не знам колку пати усното одговарање ме извадило, поточно, извртувањето на зборовите и доаѓањето кон суштината на прашањето на мој начин и од моја гледна точка. Имав професорка во средно која нон стоп ме испрашуваше баш заради тоа, наводно дека обожавала да ме слуша како одговарам детално, надолго и нашироко. :D

    Писменото понекогаш ми ствара непотребен притисок или нервоза, посебно кога во амфитеатар во погоден момент за препис некои ми шушкаат од сите страни - а шестото? А како е осмото? А или Б ? :drunk:
    Сакам да се сконцентрирам за да почнат да ми навираат мислите, а не беспотребно да ми биде одвлекувано вниманието.
    Среќа моја што немам многу за пишување на колоквиуми и повеќе е техничка работа која се врши самостојно, па поштедена сум од „колегијалните“ шушкања. :wasntme:
     
    На ShawtyGIRL и simoncelicius им се допаѓа ова.
  9. alexa_dimoska

    alexa_dimoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    951
    Пол:
    Женски
    Многу зависи од самиот професор, како и од предметот.
    Двата начина на одговарање имаат свои предности и недостатоци.
    Генерално сметам дека писменото е многу поефикасно и подобро од усното. Од проста причина што многу пати кога сум одговарала усно, наеднаш ќе сум се блокирала, а поголемиот дел од професорите се за жал такви какви што се. Сакаат како песничка да им го рецитираш материјалот, а ако и најмалку се збуниш значи дека ''не си учел доволно''. Не е суштината брзо да зборуваш за да покажеш дека си вложил напор за да го совладаш материјалот, важно е да знаеш што зборуваш дури и тоа да е бавно. Од друга страна има и такви што имаат малку повеќе разбирање, а кои се ретки, па нема веднаш да кренат револуција.
    За среќа го пребродив тој проблем, но сепак си останувам на писмено одговарање.