1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Писмото на госпоѓата Вилма (Јелена Бачиќ- Алимпиќ)

Дискусија во 'Книги' започната од zlatnaa, 28 јули 2012.

  1. zlatnaa

    zlatnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2010
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    56
    Во својот нов роман, Бачиќ раскажува за тајните на семејното минато и за судбината на жената што својот живот го жртвува заради љубовта. „Писмото на госпоѓата Вилма“ е чувствителна приказна за љубовта и за пријателството.
    Оваа е нова книга на Јелена.
    Ја читал некој или уште не стасал ?
     
  2. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да ја читам, сигурно е убава. Се надевам дека ќе биде и тоа во скоро време. :)
     
  3. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
  4. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Ја немам сеуште прочитано, а многу сакам. Ми се допадна Рингишпил, а за оваа имам прочитано добри критики, се надевам е добра. Прва прилика и ја читам.
     
  5. Cakica

    Cakica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    7.664
    Пол:
    Женски
    Прочитав дека од делово ќе биде снимен и филм
     
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.284
    Допаѓања:
    101.268
    Пол:
    Женски
    Книгата ја читам моментално , при крај сум и можам да кажам дека сум пријатно изненадена од тоа што го читам. Го прочитав и Рингишпил кој за мене беше роман со многу пропусти но тоа во друга тема. Книгава остава без здив. Не е праволиниска, таман кога ќе мислиш дека го знаеш крајот со секоја страна откриваш нешто друго. Препорачувам.
     
  7. macefeminka

    macefeminka Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    7
    Книгата ја прочитав за 5 часа. Ми се допадна, непредвидлива е и итересна.Ја препорачувам
     
  8. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Прекрасна книга! Искрено не очекував вакво нешто, се изненадив.Ептен добра приказна, неможев да ја оставам ја прочитав за 2-3 дена.Рингишпил ја немам читано така да неможам да правам споредба но се надевам дека ќе биде исто толку добра како оваа.
     
  9. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Книгата си е на место. Мене ми се допадна многу повеќе од Рингишпил.
     
    На Ljubavv91 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.331
    Допаѓања:
    47.772
    Пол:
    Женски
    За разлика од претходната,Рингишпил,оваа повеќе ми се допадна.
    Рингишпил ми беше по срцепарателна,драма со глорифицирање на хероината,додека оваа ми остави многу убав впечаток.Многу реална,потресна приказна со комплицирани семејни односи, помеѓу топлиот балкански менталитет и ладниот запад.
    Ја препорачувам.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  11. marina22mk

    marina22mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    51
    Книгата е преубава, не можев да се одделам од неа додека ја читав.
     
  12. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Неверојатно дело....ја прочитав по Рингишпил и од двете книги сум фасцинирана ! 10ка ! :inlove:
     
  13. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Ја прочитав прво оваа, па после Рингишпил.
    Прекрасна книга што се чита во еден здив.
    Не знам што повеќе да додадам, но сите ликови, содржината и пораката се' си е на место!
     
  14. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Ја прочитав оваа книга а подоцна Рингишпил.Мислам дека Рингишпил е на прво место но не би рекла дека и писмото на г-ѓа Вилма не е добра книга.Почетокот ми беше доста интересен но како се наближуваше крајот веќе знаев што ќе се случи,сите среќно си живееја до крајот на животот :lol: шала на страна,се на се ми се допадна книгава :)
     
  15. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528
    Ја прочитав,многу добра книга,па ја препорачувам.Ја прочитал некој ? :wasntme: :wasntme: Го делиме мислењето со некоја феминка ? :D :) ;)
     
  16. mihaela55555

    mihaela55555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    121
    Јас ја имам прочитано и можам да кажам само дека е многу, ама многу убава книга!
    Се чита буквално во еден здив :)
    Алал да и е на авторката! :clap: И оваа и "Рингишпил" се предобри, само што мене "Писмото на госпоѓа Вилма" ми е поинтересна ;)
    Ја препорачувам на секој што сака да потроши 2-3 дена на нешто што вреди ;)
     
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.707
    Пол:
    Женски
    И двете ги прочитав и сега се мислам да ја пронајдам и новава да ја прочитам, ми се свиѓа начинот на кој пишува и ме инспирира многу, ама многу. Не можам да кажам која е поубава!
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.519
    Книгава, малку е да кажам - интересна. Малку е да кажам прекрасно љубовно четиво за вистинската љубов, затоа што не е книга за конвенционална љубов. Глупаво е да кажам оваа книга ми е поинтересна или помалку интересна од другите на Јелена, затоа што навистина се ежев додека го читав секој настан, секоја случка, секоја болка, и ја прочитав за 6 часа.
    Стилот не ме воодушеви, освен што е едноставен и ме нервираше усилениот начин на прикажување на занесениот професор по книжевност, демек професор.
    Идејата - не можеме да избегам од тоа кои сме, никогаш, особено кога семејството наидува на љубовен чвор и љубовта не тече непречајно... мајка према дете, татко према дете, дете кое има улога на родител, родител кој е отуѓен, чичко кој е и родител и сопруг на жена која не е негова, кукавица која си го спасува семејството, но барем е способен за тоа за разлика од другиот.
    Страшно добра испреплетеност на настаните, особено на семејната констелација која воодушевува. Не верувам дека и авторката е свесна за мастерпис од делото и за тоа како магијата на љубовта, онаа универзална љубов, а не романтичарска прави - ЧУДА, со оглед на нејзината белешка дека се работи за вистинска семејна приказна која успеала да ја преточи.

    Сакам да навлезамво психолошката интрига во книгата чија вистина си ја живее секој од нас, ама навистина буди голема потреба да го знаеме своето минато за да ги разбереме луѓето кои толку многу ги сакаме, но и мразиме, иако ни се крв, па полесно ни е да ја држиме дистанцата.
    Гизелда е секако несреќникот кој нажалост е потомок на братот кој најмногу и се одликува на самата Гизелда која нема свои потомци, па така и внуката го презема тој јазол... за жал.
    Магда умира од истата причина како и нејзината мајка - не болеста, туку огорченоста и христијанските пранги на морал кој често пати негира љубов, а не дека ја немаат љубовта во себе.

    Пораката е - знајте си го семејството и сфатете ја сечија огорченост, болка и тага, не сте никои за да го осудите вашиот татко или вашата мајка или некоја баба или некој ваш дедо... Секој се однесува најдобро што знае и мисли дека знае дека е најдобро.

    Прекрасна книга, само ако се препуштите и не ја читате како настан во настан, случај во случка и дозволите само да ве забавува.
     
    На Ljubavv91 и Neytiri им се допаѓа ова.
  19. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764
    Прекрасна книга, ја прочитав летото. Се чита во еден здив, авторката има лесен стил на пишување и не можеш да ја оставиш книгата. Прекрасна приказна, изобилува со различни настани и се доловени два комплетно различни периоди на живеење.
    И од мене една топла препорака за оваа книга.
     
    На Ljubavv91 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Maca Macovska

    Maca Macovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Многу добра,мене искрено ми се допадна.