Драг Дедо Мраз, Зошто останав само јас дома да вервам во тебе, де исполни ми желбата за добро здравје, мир, љубов и разбирање пред се, па ако ти се дава нешто поќе - добре дојдено е. Те сака, theowndemon
Драг Дедо Мраз, оваа година бев добра и можам да кажам послушна па имам неколку големи желби да посакам од тебе ако може да ми ги оствареш. Најпрво сакам мама да се осеќа подобро и посреќно. Повеќе и од заслужено има. На тато да му се исколне желбата за неговата замисла за “совршена куќа“. Брат ми да се осеќа послободен и да не го исмеват другарчињата за некој работи шо и он не е виновен за тоа. Куќата секогаш да ми е полна со луѓе. Сите да сме заедно, да сме среќни, барем за еден празник ако е можно. Ветувам дека ако оваа ми се остваре нема да сум депресивна веќе!
Драг Дедо Мраз, годинава бев добра и затоа сакам да ми донесеш здравје, среќа и успех, па може и малку љубов. За друго ќе се снајдам. Поздрав, Стефи.
Дедо Мраз, ако воопшто постоиш значи..иначе фала за пакетчето полно со чоколада(благодарам мамо шо на 18 години се радвам ко мало дете хахах шо си дедо мраз за оваа година) значи чекај са озбилно да ти кажам...викаат дека постоиш така? Епа види вака муцје златно...дај паричнико дебел да биди
Драг Дедо Мраз, мислам дека годинава бев добра, и ќе побарам неколку работи од тебе во 2016 Сакам да ми донесеш првин здравје,мене и на сите мои најблиски, потоа повеќе трпение и нерви, да немам толку стресови како што имав оваа 2015. Сакам и да ми ја оствариш желбата конечно да почнеме сами да живееме,и да си го средиме станот. Да ми дадат и договор на неопределено време, за да можам да заглавам во некој кредит Останатото нека остане исто. Поздрав
Абе деде, ко ти реков прати некој саглам да ми се посреќи годинава, не мислев на другар ми. Немој вакви ситуации деде, аман. Не се договоривме така
Драг мил мој Дедо Мраз, јас барам некои мали нешта од тебе: 14. Сакам суши за вечера, секој ден, цела година. 14. Сакам да имам 25 години до крајот на животот, ако е тоа возможно. 14. Сакам да се отвори Happy Bar & Grill кај нас и да ме вработат. 14. Ако мама и тато веќе ти пратија писмо во кое велат дека не сум бил добар оваа година, тоа е вистина. Но, сети се дека многу се променив пред две недели. 14. Како дефинираш кој е добар а кој не? Дали е дозволено да се подригнува? 14. Зошто Африм доби PlayStation 4, а јас не? Мислиш дека тоа е фер? 14. Многу фала за минатогодишните подароци. Оваа година сакам дупло повеќе. 14. Може ли Баба Мраз да дојде место тебе? Од тебе ми е многу страв! 14. Мама вели дека нема да дојдеш ако пцујам. Дали си алергичен на пцовки? 14. Кога ти ќе завршиш, можам ли јас да станам нов Дедо Мраз? 14. А, ти што правиш кога има војна? Не можеш да леташ низ светот!
Драг Дедо Мраз, ги научив сите лекции благодарение на предизвиците и искушенијата пред кои ме стави. Сега не барам среќа, сама ја создавам. Созреав многу и нема да ти побарам среќа, но ќе ти побарам здравје за да можам да ја креирам среќата. Ќе побарам да ми го чуваш највредниот подарок со кого ќе ја крунисаме љубовта во 2018. Само кога него му е добро, тогаш и мене ми е. Чувај не сите на број. Ако ми донесеш и една работичка, ќе биде добро, но и да не ми донесеш нема да се лутам. Мајка ми вели кога мажот ти е погоден, ти е погоден животот. И јас верувам во тоа. Нашата љубов не мотивира да постигнеме се, кога тогаш.
Драг Дедо Мраз, овој пат не ти барам ништо само те молам земи ја Коронава и носи ја во неповрат. Фала пуно.
Драг Дедо Мраз .. Нема да барам многу од тебе , само ако може еден пар нови живци и едно малецко вреќиче со € . П . С . Благодариме за минатогодишните исполнети желби . Се надевам дека и годинава ќе ни се смилуваш и ќе ги исполниш оние две од погоре . Со почит , КрејзиГрл15
Благодарна сум што секоја година до сега пишував писма до Дедо Мраз и моите родители ги исполнуваа Сестра ми дури до скоро веруваше дека Дедо Мраз постои поради тоа