1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Писмо до идната јас

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од rici.aaaaa, 19 март 2013.

  1. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Наидов на една тематика, не така малку сериозна, но сепак креативна и одлична за мотивирање.
    Сте се запрашале ли некогаш што би се случило ако си пишете на идниот вас? Во смисол - пишувате сега за сегашните (и минатите случки) но со назнака да обрнете внимание на одредени детали во иднината.Слободно можете и креативно да размислувате на оваа тема.

    Погледај во огледалото.Погледај длабоко во тие очи во кои се прелеваат боите на пролетта.Таму ќе ме најдеш.Лекот за сите болки веке одамна го најде и ти порачувам да го чуваш и да го пазиш и да го сакаш најмногу и да не се плашиш од ништо бидејќи ме имаш мене (себе) и го имаш него,а знаеш дека тоа е единственото нешто што ти е битно во животот.За твое добро избриши ја нервозата која ја имаш немој да ти стане навика ..Имај повеќе разбирање,трпение,љубов ,чувај ја главата исправена нагоре и кога ти е тешко.
     
    На GirlLove, Katerinceee, popi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439
    драга енци

    се надевам дека ова писмо ќе те најде во топол дом,после дежурство, во прегратките на човекот за кој си се родила...
    ти пишувам во 2013, година во која донесе големи одлуки и беше многу силна...
    биди така силна секогаш..решителна и храбра..

    чекори гордо напред во високи штикли и лелеави фустанчиња.. :)
     
    На cresa-jagoda, Oneo, thelittle17 и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Slim-Shady

    Slim-Shady Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    21
    Само биди своја и никогаш не заборавај дека имаш свое јас. Никогаш повеќе немој да си дозволиш некој да те промени или да ти кажува што да правиш како во последните 2 години. Биди тоа што од секогаш си била и животот живеј го 68687685434 на час како што најдобро знаеш :*
     
    На Alegriaa, Katerinceee и rici.aaaaa им се допаѓа ова.
  4. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    Драга Лулабу,

    Ти се менуваше некаде на подобро некаде на полошо во изминатата 2012 а и 2013. Се надевам дека сега си посилна посамоуверена и не запаѓаш во црни дупки, се надевам дека имаш некој до тебе што те сака и те чува како што заслужуваш како што отсекогаш сакаше...се надевам дека имаш љубов и здравје и поголем мир...се надевам дека не се лесно заљубуваш како што знаеше и промислуваш пред да отвориш срце некому...се надевам си искрена како и секогаш но бираш со кого ...се надевам дека ќе си таму каде треба со тој кој треба и ,,,само да си среќна здрава и блиските да се исто така..немам конкретни желби бидејќи никогаш не се знае а ме тера да се запрашам дали немањето на конкретни желби е всушност грешка? да се видиме за 5 да испиеме кафе :D
     
    На Katerinceee, rici.aaaaa и popi им се допаѓа ова.
  5. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.244
    Допаѓања:
    43.182
    Драга Шилеа,

    Посилна си одошто можеш да си замислиш.

    Ќе се менуваат видици, патишта, ситуации, глетки, луѓе низ ходниците на животот, но сето тоа ќе те води напред.
    Ти текнува кога беше малечка и гледаше кон небото и ги мапираше соѕвездијата? Сега веќе ќе можеш за нив да напишеш, да одведеш и други луѓе таму и да им помогнеш да станат верни на себе.
    Секогаш го имаш најсилниот водич во себе. Љубовта.
    Не запирај.
     
    На Starlič, Jordanovska-K, kravce и 4 други им се допаѓа ова.
  6. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Драга sadangel

    2013 година... се сеќаваш? Можеби годината кога работите не беа баш такви какви што посакуваше. Периодот во кој работите се менуваа. Погледите на животот се градеа. Можеби периодот во кој беше малку заслепена од минатото, беше лута на себеси за грешките и погрешните избори, беше лута на околината, беше бунтовна кога најмалку требаше...
    Сепак се надевам дека се останало далеку во минатото...
    Се надевам дека убавите спомени ги чуваш длабоко во срцето а лошите на некој начин се заборавени...
    Се надевам дека си опкружена со луѓе кои те прават среќна и кои те ценат така како што заслужуваш...
    Се надевам дека до тебе имаш човек кој ти покажува колку љубовта може да биде прекрасна и волшебна...
    Се надевам дека цврсто стоиш на свои нозе и си независна...
    Всушност сакав само да те потсетам дека најголем успех во животот е да бидеш свој, посебен и различен додека сите се обидуваат да те направат нешто што не си. Дека најважна е искреноста кон себе и способноста да не се залажуваш себеси, дека упорноста и позитивна особина но уште попозитивна е способноста да се откажеш од нешто што не оди.
    Животот може да те одведе во насока во која најмалку очекуваш...
    Животот не е многу за мислење, планирање, организирање, анализирање - животот е за живеење... :)
     
    На DELFIN-15, Katerinceee и rici.aaaaa им се допаѓа ова.
  7. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Драга Valerin,

    знаеш дека животот досега не ти беше ни малку лесен. Ти ѓи виде сите стрмни планини, и тогаш кога реши да започнеш да се качуваш по нив лошата судбина реши да ти обуе високи штикли.
    Се сеќаваш на денот кога реши да го промениш светот?
    Имаше само 10 години...

    Но, за жал тој те промени тебе.
    Ти стави маска, те затвори во една огромна кафена кутија во која темнината беше единствениот накит кој се прелеваше во твоите сини очи.
    Немо те втурна во пајажините на ниската вредност, тагата и завидливоста. Те покори на начин на кој беше дотогаш малку тежок да се замисли.
    Но, ти навикна на тоа, зарем не?

    Затоа сега после толку долго време го читаш ова и се смееш бидејки си среќна. Имаш ново подобро момче, подобри пријатели, а оние старите веќе не ѓи ни познаваш. Оваа етапа од твојот живот е прекрасна, бидејки од сега па натаму си вети дека животот ќе го гледаш од еден многу поинаков агол.
    Сега си посилна, личност со поинаква маска на лицето која зрачи топлина и позитивна енергија која е насочена кон вистински луѓе.
    Вечната депресија доживеа ерозија низ патоказот на стрмните планини.
    Ја замени со широка насмевка.
    Сега и највисоките врвови се прави, а ти по нив чекориш без колебање.
    Твоето семејство е конечно среќно, повеќе не владее тензија, бидејки заедно со тебе и тие успеаа да ѓи надминат проблемите.

    Патем конечно успеа да се изградиш себе си духовно, и да го видиш сонцето зад месечината. Ѕвездите зад темнината. Една од нив е и твоја. Таа телееше сето врем, чекаше ти да ја пронајдеш.
    Сега, сешто преостанува е да ѓи задржиш прекрасните моменти, а оние лошите и негативните да ѓи заборавиш засекогаш.
    Бидејки запомни...Сите имаат минато, а ти не си семоќна за да бидеш исклучок. :)
     
    На MarchelineAmaru, Dazey, Katerinceee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Најсакана tweety26

    Минатата година претрпе многу работи.Сфати дека полека созреваш и ги сфаќаш нештата пореално.
    Се појавија нови личности во твојот живот кои одиграа голема улога.Твојот живот доби огромен пресврт...запозна љубов совршена за тебе и токму кога се се чинеше дека е добро,се појави повторно он...се врати за да го доуништи твојот живот а ти го прифати назад.Токму кога бираше меѓу нив двајца направи грешка и пак го одбра него.Но добро,ти требаше лекција,барем сфати дека не е повеќе човекот кој го сакаш.Помина уште некое време со него и конечно се освести и стави крај.Сега си многу посреќна,не се нервираш толку,едноставно без него најреално животот ти е поубав.
    Се вработи на погрешно место,но и тоа беше за добра цел...запозна прекрасна пријателка за која си свесна дека пријателството со неа ќе биде долготрајно.Зацврсти и други пријателства и го подобри друштвениот живот.
    Тие личности кои беа непотребни во твојот живот ги отфрли,меѓу кои спаѓа и твојата долгогодишна пријателка која испадна дека е непријател сепак.Ако и тоа е лекција...
    Моментално посреќна не си била,тој те почитува,те цени и доживуваш една идилична љубов,а пат си кон успехот...

    А сега гледам чекориш самоуверено и гордо со крената глава.Имаш добра кариера,факултетот го заврши.Твоите се многу горди конечно на тебе особено мајка ти иако не покажува.Ги совлада јазиците,ги зема посакуваните курсеви.Си започна сопствен бизнис.Финансиите ти се доста солидни.Имаш круг на пријатели кои ќе останат засеекогаш се надевам.Патуваш каде што посакуваш,посети многу места.И покрај тебе е ТОЈ,толку многу се сакате,имате меѓусебно разбирање и почит,и се подржувате еден со друг во се,успешни сте двајцата.Твојот живот зачудувачки се промени на подобро...едноставно си среќна.Среќна си што ги помина сите тие лекции за да дојдеш до овде,до среќата и успехот.
     
    На vitomir, Katerinceee и rici.aaaaa им се допаѓа ова.
  9. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    Драга DreamAngel...

    Сеуште беше толку млада да чекориш по патиштата на скршеното срце, уништените соништа, пропаднатите желби...
    и покрај тоа што судбината те паѓаше на колена ти продолжуваше да чекориш исправено иако тие крвареа...
    Од секогаш си ја пронаоѓала надежта и во најлошиот кошмар...
    Знаеше да сакаш иако беше илјада пати скршена, да простуваш иако беше илјада пати изиграна, беше човек..
    се надевам таква и остана.
    Се надевам не дозволи суровоста на овај живот да те расипи и да станеш она кое од секогаш се плашеше...
    Се надевам дека го пронајде вистинскиот пат во љубовта и ги остави далеку зад себе сите погрешни а најмногу оној од кој толку патеше.. се надевам дека сега е само далечно минато и само избледен спомен.
    Се надевам го пронајде тој за кој секогаш велеше дека те чека и во вистинскиот момент ке влезе во твојот живот и ке се закотви засекогаш.. Се надевам дека се заљуби вистински во него,
    се надевам дека знае да те насмее, да се справи со твојата луда глава, и те сака со секоја твоја најмала маана...
    Се надевам дека сеуште го следиш твоето срце во донесувањето на секоја одлука, и покрај тоа што порано грешеше... следејки го научи многу работи кои сега те направија личноста што си..
    Се надевам си среќна со тоа што си и за крај...
    продолжи да го слушаш срцето, тоа го знае вистинскиот пат... Секогаш!
     
    На Katerinceee и rici.aaaaa им се допаѓа ова.
  10. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Драга Lux
    Денес е 20.03.2013, ќе го напишам датумов за чисто ако некогаш седнеш да го читаш писмово се сетиш дека си го пишувала на тој ден, ден пред почетокот на пролетта две илјади и тринаесетта.
    Ако би бирала наслов за писмово, би го нарекла - безвременско, зошто кога и да го читаш - советите ќе те потсетуваат дека секогаш треба да ги применуваш. ;)
    Низ се што имам поминато низ животот, знам дека уште многу нови работи ме чекаат, од моето скромно искуство, го научив следново, а тебе те замолувам секогаш ова да го имаш на памет:
    1. Направи се што е во твоја можност за да бидеш среќна, не жали за пропуштените работи, без многу колебање носи одлуки и не ја тргнувај насмевката од твоето лице.
    2.Биди тоа што си, безразлика дали им се допаѓаш на другите, безразлика како те гледаат, биди своја и не се грижи за туѓото мислење како и до сега што правеше, само продолжи тоа да го правиш.
    3. Исполнувај си го денот со активности кои ти значат, но се многу корисни за тебе, ако го читаш ова сега, значи дека е време да го исклучиш компјутерот, да се одлогираш од социјалните мрежи и да се посветиш на она што е твој приоритет. Давај им предност на работите кои после неколку години ќе те направат среќна и задоволна посебно поради тоа што цела енергија и напор си ја вложила во нивно правење!
    4. Не си го троши времето со личности кои не заслужуваат дел од твоето ценето присуство, не дозволувај никогаш да навлегуваш во конфликт со луѓе кои немаат култура, користи игнор за таквите и терај си го филмот.
    5. Потсети се дека од лошо има и полошо, од убаво уште поубаво и биди благодарна на она што си успеала да го постигнеш, но секогаш знај дека можеш многу подобро и повеќе, никогаш не се откажувај од зацртаните цели и гордо чекори по патот кој ќе ти отвори нови врати и патишта.
    6. Не дозволувај да патиш заради машко, никој не е достоен за да те натера да пролееш за него солза, љуби искрено, но очекувај го тоа и за возврат, помалку од тоа - не прифакај.
    7. Ако некогаш бидеш во ситуација кога треба да донесеш многу важна одлука, немој да брзаш при донесување на одлуката, но запамети дека можеш да избереш, но и да погрешиш во изборот, ништо не е совршено, никој не е безгрешен, ништо не е вечно, ништо не е трајно, никој не е незаменлив, никој не е совршен, ништо не е повредно од твоето здравје.
    8. Секогаш биди тука за најблиските и наоѓај време за нив, времето поминато без нив, нема да можеш да го вратиш!
    9. Биди реткост каква што си, биди единствена и најдобра, затоа што само таква можеш да бидеш.
    10. Не им земај за зло на душебрижниците, ионака немаат свој живот, па се за жалење, единствен живот кој го живеат е оној туѓиот, а тоа ти е исто како да не живееле, па поради тоа, остнаува само да ги жалиш.
    11. Нека твоите родители бидат секогаш горди што те имаат, направи ги уште погорди родители од тоа што се.
    12. Ако некогаш го оствариш она за кое моментално мечтаеш, знај дека се си правела како што треба и после тоа одма задај си нова цел и докажи си на себе дека си достојна за да го направиш и следното.
    Те сака, твоето второ ЈАС, вечно благодарна затоа што сум јас, ЈАС.
     
    На cresa-jagoda, Nihan, maravillosa и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Остани таква каква што си.
    :hai:

    И во моменти кога ќе немаш време да здивнеш и кога ќе трчаш по 12 часа на работа, и кога зад тебе ќе има други луѓе зависни од тебе, можеби дури и бебиња и мали деца, и кога толку многу ќе ти фалат пријателите и дружбите од овие години, и прошетките со момакот низ Скопје за кои се помалку ќе имате време во иднина, и полагањето на колоквиум, и пиење кафе со саати, и муабетите на Скајп со саати ќе се проретчат, и баба и дедо некој ден ќе ги нема за да минат неделни попладниња пиејќи чај заедно и кога седењето и безделничењето ќе бидат зад тебе, немој да те проголта машинеријата наречена живот.

    Сакај ги, радувај се на малите работи секогаш. Немој да станеш огорчена од градските автобуси. Немој да ја изгубиш и таа мала надеж и амбиција што колку и да викаш дека ја немаш, и сама знаеш дека нема така лесно да се откажеш. Немој да станеш нетрпелива, немој да престанеш да сонуваш и да се надеваш на подобро утре. Остани тоа што си.

    Заборави го минатото, заборави го човекот кој најмногу те повредил и осакатил, заборави ги сите страшни моменти кои и до ден денес ти ја тргаат насмевката од лицето. Сети се на сите кои те сметаат за блиска, кои те сакаат, те почитуваат, кои ќе дојдат во секое време да копате мртов човек.. Сети се на мајка ти и сестра ти, на баба ти и дедо ти, на сите луѓе кои сакаат да те видат и да испијат едно кафе со тебе.

    Никогаш немој да ги запоставуваш тие што ги сакаш, да станеш типична македонска жена, исфрустрирана и насекирана, животот е еден и треба да се проживее.

    Оди сега, ако си со истиот човек, оди и гушни го. Подобар нема да најдеш. Оди гушни ја мајка ти, сестра ти, баба ти, дедо ти, другарките, колегите, оди изгушкај ги и покажи им колку ти значат додека можеш.
     
    На cresa-jagoda, malerozna, Jordanovska-K и 12 други им се допаѓа ова.
  12. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Ej Meсечинкеее


    Веќее си доволно возрасна и зрела
    љуби повеќе
    сакај бескрајно
    пронајди усепех
    уживај во долгите ноќи со човекот ...се надевам дека си со човекот... кој ти ја оддбележа далечната 2012 :* и сеуште продолжува
    оддржувај линија и биди бескрајно среќна со луѓето околу тебе

    п.с те сака минатото
     
    На cresa-jagoda, maravillosa и rici.aaaaa им се допаѓа ова.
  13. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.012
    Пол:
    Женски
    Драга Донна!

    Се надевам не ме заборави. Се сеќаваш ли на 2013. Годината кога сфати дека има многу убави нешта за кои треба да се бориш и да живееш. Сега кога го читаш писмово се надевам дека сеуште си исто толку среќна и исполнета како во 2013 што беше, со истиот човек, но на некое повисоко скалило :)

    Знаеш и сама за грешките кои порано ги правеше, кои свесно кои несвесно. Се надевам дека од тоа „училиште„ научи премногу и дека таа „наука„ цел живот ќе ја паметиш.

    Исто така се надевам дека не ги заборави и останатите што животот би го дале за тебе. Те молам немој никогаш, ама баш никогаш да застаниш против нив. Секогаш поддржувај ги, сакај ги, и почитувај ти затоа што верувам дека и тие истото би го сториле за тебе.

    За крај ти посакувам многу успех на сите полиња, секогаш да бидеш ведра и насмеана како секогаш, позитивна и оптимист.

    Твоето минато....
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    До идниот Јипи

    Се надевам дека додека го читаш ова , надвор врне !

    А сега да почнеме.

    Извини ако во наредните месеци и години зезнам некоја работа или пак донесам погрешна одлука , извини ако забушавам со диетата , се надевам нема да се нервираш и да биде angry со мене, истотака би ти напоменал дека малце забушаваме со факултетот па ако нешто испадне лошо во иднината извини :P .

    Се надевам во иднината кога ќе го читаш ова , ќе имаш девојка и ќе имаш кола со која ќе можеш да леташ или ако не барем на вода да може да иде , многу е скап бензинот.
    По можност да научиш некој фудбалски потег и да ја гледаш Астон Вила во првата лига а не во 3та или 5та....
    Се надевам дека кога ќе го читаш ова сеуште ќе ги имаш истите другари и другарки , нема да бидеш во војна со некој и пред се ќе бидеш жив и здрав , се разбира со кока-кола и пуканки покрај тебе , да не напоменам дека ќе фрлаш капачки од шишиња врз децата кој галамат пред зграда .
    Друго знаеш за таа работа , се надевам дека ќе биде завршена до тогаш кога ќе го читаш ова.


    Друго да видам дали ќе ми успее предвидувањето , ако успее да се почастиш лесковачка во иднината

    1.Ќе имаш куче (ќе сакаш некое јако големо и силно куче ама ќе завршиш со пудлица :^) )
    2.Другар ти В. прв ќе се ожени иако вика дека никад не би се женел
    3.Ќе бидеш баниран 30 ден на фацебук за испратка на friend requests кога ќе го читаш ова
    4.Автограм од Леонардо ди Каприо ;( :tmi:
    5.Нема да живееш во Македонија кога ќе го читаш ова
    6.Ќе си купиш Џип , планински џип
    7.Ќе го пронајдеш тоа што со години го бараш ;)
    8.Милан ке освои ЛШ
    9.Ќе ја посетиш Америка
    10.Ќе има можност сам да си поставиш споменик било каде во градот


    Уф за малце ќе заборавев .... немој да не нема лубеница во иднината оти лошо се пишува

    Сега е 21.03.2013 , ова писмо прочитај го пак во 2020 и види колку и како си успеал со животот. Се надевам на позитивни резултати и слики од Бора-Бора
     
    На cresa-jagoda, malerozna, Umbrella22 и 14 други им се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.568
    Драга Лилит, Извини за се и се надевам дека за 10 години од сега ќе имаш три деца, кариера од љубов и си научила како да се издигнуваш над глупости и глупи луѓе. Не се менувај премногу, но не останувај ни премногу иста и заробена во себе и времето,движи се со него. А ако не, тогаш ќе ми извиниш и на шамарот што ќе ти го шлапнам!

    Лилит од минатото.
     
    На cresa-jagoda, Jordanovska-K, Plavusa.17 и 11 други им се допаѓа ова.
  16. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.738
    Допаѓања:
    8.146
    Пол:
    Женски
    Драга Рената,
    Се надевам дека кога ќе го читаш ова нема да имаш континуиран недостиг на сон,упорни главоболки,исцрпеност и високо ниво на стрес и нема константно да бидеш во една мачна состојба на неизвесност и исчекување.Барем најискрено ти го посакувам тоа.
    Ти посакувам во миговите кога го читаш ова да помислиш на тоа колку малку нешта си знаела.Нека животот те научи на многу работи,по можност оние кои облагородуваат,а не огорчуваат.
    Работи на себе,дури и во миговите кога тоа ти изгледа сосема бесмислено.Труди се да станеш онаква како што само ти сакаш,но никогаш немој да заборавиш која си.
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Драга цигарче...

    Се надевам дека еден ден кога ќе го земеш во раце ова писмо и кога ќе си го прочиташ твоето име,само ќе се насмевнеш и ќе можеш да кажеш "Јас веќе одамна ги откажав цигарите"..

    Немаше лесен живот некаде до 20та година.Многу ситуации и различни случки беа дел од твојот пат кон иднината.Успеа да поминеш преку се,но никогаш не заборавај дека немаш потреба да мразиш некого,бидејќи еден ден кога ќе му дојде памет на личностите што те повредиле самите ќе се мразат заради тоа што ти го направиле.
    Сега сигурно си многу променета,со полно срце се сеќаваш на убавите години кои одамна поминаа.Знам дека доколку ти се врати времето многу работи би променила и многу зборви не би кажала,но како и да е се надевам дека сега ти е многу,многу поубаво од тогаш.

    Знам дека повторно имаш грижи и проблеми.А каков е тој живот без проблеми?Само знам дека сега имаш проблеми за кои вреди да се нервираш.Имаш 2 прекарасни деца на кои не дозволуваш ништо да им недостасува.Имаш прекрасен сопруг кој што го заслужуваш,и те прави да се чувствуваш како најсаканата сопруга на светот.
    Имаш доволно финанансии за на твоите деца да не им недостасуваат оние материјални работи кои тебе некогаш ти недостасуваа и поради кои мораше многу ноќи да бидеш лута на животот.

    Незнам колку години ќе имаш кога ќе го прочиташ писмово,ти го напишав во една звучна вечер,кога ветерот ми правеше друштво,со цел еден ден кога ќе го прочиташ да се сетиш на самата себе,и сите работи кои вредат да ти останат во меморијата,а останатото да го имаш заборавено одамна...

    Знам дека луѓето кои што навистина те поддржуваа во се и ти пружија најмногу љубов се сеуште покрај тебе и имаат и тие свој убав живот,а тоа е твојата фамилија.
    Многу работи ги изгуби во минатото,иднината можеби не успеа да ти ги врати но ти најде подобра замена за нив.
    Кога ќе го читаш ова,се надевам дека нема да дозволиш ниту една солза да се лизне по твоите образи,бидејќи се надевам дека го имаш положено најголемиот тес во животот,да останеш присебна секогаш и да ја тргнеш емотивноста од тебе.

    Сега врати се покрај своите малечки и бакни ги за добра ноќ,исто како што мама ти правеше тебе секоја вечер додека беше мала.А потоа врати се покрај својот сакан и кажи му колку ти значи во животот.
    И надевај се,и заљубувај се секој ден повторно и повторно.
    Чувај си ги нервите ќе ти требаат за децата,сега за бориш за нив.
    Те гушкам силно и сеуште мислам дека си најубавата жена и најубавата мајка што постои.
    Чувај се.

    П.С.многу добра тема...
     
    На cresa-jagoda, Jordanovska-K, thelittle17 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. DjinTonik

    DjinTonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    110
    Драга DjinTonik

    Се надевам дека си среќна, зошто во периодот кога го пишуваше писмото твојата среќа не беше комплетна. Се надевам дека ги имаш родителите покрај себе, живи и колку може здрави. Се надевам дека имаш маж покрај себе кој те сака и ти го сакаш, разбира, почитува, подржува, помага и те прави среќна, со кој можеш да поминеш 24 саата без во ниеден момент да ти стане досадно.
    Ако го читаш писмото после 5 години откако е напишано се надевам дека веќе го роди првото дете. Твоите родители станале горди баба и дедо.
    Се надевам дека на работа ти оди убаво, зимаш солидна плата и немаш премногу нервози.
    Како и да е, што и да се случило, колку и да си постигнала, насмеј се, имаш убава насмевка... ке се остварат сите твои соништа порано или подоцна :*
     
  19. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Идниот Витомир

    Се надевам дека си подобар како човек,за разлика од порано,кога сите ти завидуваа на твојата искреност и добрина што ја правеше со твоите дела и постапки,исто така и луѓето што мислеа дека само се фолираш сега веке го променија мислењето за тебе,но ич да не се секираш,зашто тие луѓе не биле на твое ниво,и неможеле да те сватат,можеби разбрале каков си ти всушност,дека си човек кој вреди и тоа што си го посакал си го остварил.
    Пс поздрав до тебе уживај во твоето семејство.
     
  20. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Здраво идна јас :) .

    Се надевам дека ќе го прочиташ ова, ако уште постои Фемина се разбира :D. Да си ги читаш овде глупостите кои си ги пишувала, среќни и несреќни моменти итн :) .

    Се надевам дека во суштина ќе останеш иста, затоа што најпосле не можам на друг начин да те замислам. Знам дека нема шанси да ја промениш таа овенската тврдоглавост, инаетливост и избувливост . Се надевам дека малку ќе ја смалиш само. Оти без живци ќе останеш до 30-че :D.

    Се надевам дека си го завршила факултетот, си нашла добра работа, дека конечно си го остварила амбициите. Се надевам дека веќе си посетила многу места кои ти било желба да ги посетиш. Си ги гледала Реал на Бернабе, кој патем имаат уште едно пет титули во ЛШ :). Си го прошетала Лондон, Њу Јорк, си направила добар шопинг во најдобрите шопинг центри во светот :). Ај, доста со материјалното, тежок материјалист ]:).

    Се надевам дека имаш некој покрај себе, и колку и да си била ладна се недевам дека си нашла некој на кој ќе се посветиш, со кој ќе се опуштиш, кој ќе го сакаш, нели на начинот на кој отсекогаш си сакала. Се надевам дека и твојата желба, која не ја истакнуваш толку многу се исполнила, дека држиш малечко раче до тебе, женско или машко небитно, ако е машко Дарио, ако е женско Ребека :).

    Се надевам дека си расчистила со проблемите, не постои совршен живот, но убавината е во несовршеноста. Имаш сеуште добар вкус за музика верувам :), се надевам дека ќе ги гледаш One Republic, Coldplay или Enrique Iglesias некогаш во живо.

    И се надевам дека си ги ослабнала 6-7- кила и си држиш манекенска линија :). Во спротивно ќе се расправаме на друг начин.