Драга Џинџер. (пишувамбрзоотипребзоразмислувашпобрзоиодјазикоткојгокористишзазборување) Се надевам дека за 10 години, ќе ги надминеш сите ниски страсти(мисли, стравови, депре мудови и анкс периоди и глутен и шеќер бре.) кои со години те реметат. Кога вистински ќе се смениш и нема било-какви-ситнурии, наречени проблеми и проблематични луѓе, да си замислуваш дека се пречка за прекрасното утре. Кога ќе бидеш благодарна за се она што имаш и немаш, уживајќи во денот без енормни планови за после 16 и пол години и кенкајќи на најблискиот за тоа, зошто златцето се вика златце а е сребрено и зошто нештото е такво какво шо е , а не какво што ти си го замислила со свои бои и конци.... Да ми се јавиш, океееј? Длабок поклон.
Само биди она кон кое си се стремела отсекогаш. Не верувај никому. Сите лажат, не мораш и ти .Биди исклучок, крши стереотипи, промени ја колективната свест кон подобро.Биди пример , постигни хармонија , живеј за светлината и биди светлина.Чувај ја и негува ја душата.Верувај безрезервно во она што произлегло од нејзините длабочини.Се надевам дека еден ден ќе ме анализираш и ќе сфатиш дека си поголема од она што сум јас. Памти ме по добро...
Драга Симонке, Се надевам дека веќе успешно и безболно си ослободена од стегите кои те притискаа Сигурно сега си посреќна и поисполнета Имаш стабилна работа, и мастер диплома Детето расте среќно, иако само неколку дена во неделата сте заедно Исто така, се надевам дека ја имаш љубовта, прегратките и човекот по кој копнееше Оној што е твојата сродна душа Помина низ многу, беше тешко, дури и претешко, но секоја борба вредеше за да бидеш кај што си сега Биди добра
Драга идна јас Се надевам дека си го средила проблемот со родителите, и сега си успешна млада жена на која и цути бизнисот. Се надевам дека кога ќе го читаш ова ќе бидеш покрај љубовта на својот живот, моменталниот партнер кој го вади најдоброто од тебе. Се надевам и дека нема да се нервираш за секоја ситница во животот, смири живци, здравјето е побитно.
Ќе бидам краток. Само сакам да те потсетам на некои работи кои во минатото ти изгледаа нормално. Во минатото мислеше дека е нормално да се извинуваш на некого поради тоа што си му згрешил. Не требало да се извинуваш, бидејќи тие никогаш не би ти се извиниле зошто тогаш би им се извинувал ти на нив? И нема потреба да се нервираш и да се грижиш за нив бидејќи и на нив не им е гајле за тебе и имаат погрешно мислење за тебе. И да не ти е гајле какво мислење имаат тие за тебе туку какво мислење имаш ти за самиот себе? Кога ќе дојдат тие стресни и тешки моменти само земи длабоко воздух и ќе помине се. Ќе помине се можеби нема да се сеќаваш на деновите претходно оти ќе немаш време да размислуваш за тоа. На крајот од денот можеби ќе научиш нешто ново, а можеби и нема да научиш. Само од тебе зависи. И пишувај почесто оти во тие зборови кои ќе ги напишеш често се крие магија за која не си свесен дека постои...
По две години повторно да ти се обратам, и да ти кажам дека тоа што си го пишала во претходните два поста си го реализира. Горда сум на тебе, да. Веќе газиш по патот кој го сакаш за себе, продолжи да одиш по него. И поради фактот што си тоа што си веќе, нема да ти кажам ништо повеќе. Само гази напред.
Извини што не те послушав, извини што секогаш друга работа беше поважна од тебе, извини што не ти ја негував душата и ти правев болка на срцето, извини што силата им ја давав на други луѓе..извини, ама неможам ништо да оправам, помири се со настанатото, избриши го лошото и чекај го крајот.
Душо, се надевам дека сфати дека не вреди животот да го дадеш за некој друг. Дека почна да се почитуваш и сакаш себе повеќе и дека со тоа привлече и други такви луѓе околу тебе. Дека си успешна, напредуваш и се доквалификуваш. Дека луѓето се задоволни од тебе како пријател, сопруга, професионалец. Дека чуда правиш за други луѓе и дека чуда ти се случуваат и тебе. Се надевам дека имаш малечки, среќни, палави главчиња дома и дека си задоволна од тоа како ги воспитуваш. Дека си сигурна во тоа што го правиш и дека се чуствуваш способна. Запамти дека те сакам, иако понекогаш знам да те повредам или запоставам.. Држи се!
Првпат ти пишувам и се надевам дека тоа што ќе ти го напишам ќе го исполниш, мораш. Биди повеќе силна од секој претходен ден, верувај во себе секогаш и не биди толку емотивна да плачеш за се,биди горда на себе и не се потценувај. Тоа што те мачи највеќе работата, пронајди ја и не се нервирај ќе биде подобро, мора.
Драга идна јас,се надевам дека веќе ги надмина сите шамари од минатото,се надевам дека сега се ти е добра лекција,се надевам и очекувам конечно да се вразумиш и да си бидеш најважна на самата себе,и да престанеш да се обвинуваш за се,бидејќи треба да сфатиш дека минатото не можеш да го вратиш,ни да го промениш... Сакај се многу душо моја напатена,ако не се сакаш ти,како очекуваш да те сакаат другите? Ајде земај го животот во свои раце и да не слушнам веќе кукање и не можам ова,не можам она.... Очекувам да бидеш со подобро физичко здравје,а посебно со подобрена психа,очекувам да те видам сакана,цел живот мечтаеш да бидеш сакана,се надевам ќе имаш среќно и исполнето катче со љубов,се надевам дека кога ќе го прочиташ ова писмо по неколку години,со насмевка ќе се сеќаваш на овој ден кога го пишуваш ова,денес се е празно и тмурно,те владее длабока осаменост,ама те молам кога ќе го препрочитуваш ова писмо да ми напишеш одговор дека имаш свое катче,две големи раце те гушкаат наутро и навечер,исто така и две малечки рачиња постојано те гњават што ти доаѓа да полудиш од среќа,ама немој да се жалиш ти го посакуваше ова До скоро!
Не се форсирај премногу себеси да бидеш совршена. Едноставно биди тоа што си пред другите и не плаши се.. Дозволи твојата вистинска природа да дојде до израз. Не дозволувај расположението и твојата среќа да биде под влијание на други личности. Биди среќна, најсреќна
Не биди глупава.Верувај си само на себе и на своите инстинкти.Учи на грешките од минатото и никогаш, ама НИКОГАШ не го повторувај. Биди воздржана, отмена и секогаш со крената глава срци
Драга Ygritte, се надевам дека си успешна жена, со успешна кариера и ценета личност во општеството. Се надевам дека твоето семејство е збогатено со уште неколку членови, и се спремаш за Божиќната трпеза , се надевам дека сопругот те сака, почитува и поддржува исто како и ти него, се надевам дека здравјето е на завидно ниво и си почнала редовно да вежбаш, дека твојата психа е стабилна исто така и твојата, лична, финансиска состојба е во ред биди секогаш тоа што си
Не знам на кој јас да му се обратам, ги има и сега многу, а не па во иднината. Претпоставувам дека целото ова обраќање е за да се успокиш себеси во сегашноста, гледајќи нанапред - се обраќаш на идниот јас за да си го потврдиш сегашното јас. Претпоставувам „јас„ научил/е нови трикчиња да цапа и прета без да ме слушне, како и секогаш, научил други јазици да се прави дека не разбира, ама сепак некако преживува. Се разбира дека би му рекол: f_ck you ass_ole, I'm better than you, сега во сегашната сегашност! Истото и тебе ти преостанува да го мислиш и правиш!
Драга Афродита Се надевам си ја научила лекцијата од сите твои грешки и падови и те направиле личноста која што си сега.Извини што навреме не научи да се цениш себеси и што беше наивна.Се надевам вербата, фамилијата и љубовта ти останаа приоритети во животот.
Немој да бидеш наивна ,внимавај на кого веруваш ,не ти требаат многу пријатели доволно е 1 ама да е вистинско пријателство! Понекогаш не е лошо да бидеш себична , успеа во многу работи што ги сакаше ,помина низ многу страшен и тежок период ,штом го помина ова можеш и се !! Ти си многу силна ,кога ќе го читаш ова верувам дека ќе бидеш уште понапред и верувам дека ќе успееш се што ќе наумиш !
Мила идна јас, Никако немој да дозволиш да се спушташ себе си и да се затвораш. Никој, апсолутно никој не е вреден ти да плачеш за него. Дури и тој што сега спие покрај тебе, земи го со доза резерва. Не откривај се што знаеш и не брблај многу. Твојата искреност те чини скапо, а тек е само почеток. Биди мудра. Размислувај. Како и секој пат, така и овој идеш со срцето. Подзастани и процени дали е тоа тоа. Не сите насмеани лица ти мислат добро. Не сите пружени раце ти нудат помош. Не сите прегратки се искрени. Не сите зборови се вистина. Слушај го срцето, не заборавај го разумот. Делувај, но не претерувај. Биди она што си и што сакаш да си. Не се менувај за други. Биди љубов, почитувај, сакај, смеј се, патувај и уживај во животот. Љубовта љубов ќе повлече. Ако тој не е љубов према тебе, остави и замини. Биле љубов, ќе бидат пак. Чувствувај и биди ми жива.