1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Писмо до идната јас

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од rici.aaaaa, 19 март 2013.

  1. newme

    newme Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Se nadevam deka ke se cuvstvuvas podobro vo toj moment koga ke go citas ova . Se nadevam ke se pojavi nekoj koj ke ti pruzi raka . Te guskam
     
    На Summer16 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Elinora

    Elinora Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    550
    Пол:
    Женски
    "ГЛУПАВА ЕДНА"
    - Кратко и јасно -
     
  3. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Драга јас,

    Знам дека кога ќе го читаш ова за 5+ години, ќе си речеш, колку сум била млада, неискусна, плашлива тинејџерка која за брзо ќе стане полнолетна и ќе влезе во светот на возрасните. Тогаш сигурно и ќе се смееш кога ќе ти текне за што сега си се нервирала, си била загрижена, дури може и ќе се заблагодариш за се што испаднало така во некои ситуации. Што и да ти се случува, држи ја главата крената горе, не заборавај дека кога еден пат ти се затвора, друг ти се отвара, во секое лошо ќе ти следи и нешто уште подобро. Храни се здраво, внимавај на себе, вежбај, намали со стресот и загриженоста, не вреди, а и сама знаеш дека секогаш беспотребно се нервираш и дека премногу ги мислиш работите, а на крај сфаќаш дека не вредело. Заборави го минатото и лошите спомени од него и посвети се на сегашноста и иднината. Поминувај повеќе време со фамилијата, со блиските пријатели. Ако си уште со истиот дечко, ќе имате долга врска, не се карај за ситници и уживај во љубовта. Посвети се на студиите, биди одговорна и амбициозна, можеби за 5г од сега ќе спремаш дипломска. Запознавај што повеќе луѓе, стекнувај пријателства, патувај кога и да можеш, шетај и забавувај се. Веќе ќе бидеш возрасна девојка, мора да си поодговорна и повнимателна во одлуките. Но, дури и да згрешиш нешто, не биди престрога кон себе, има решение за се. Биди паметна, зграпчи ги сите добри шанси пред тебе. Животот е еден, а овие студентски денови пред тебе нема да ти се вратат, уживај во нив.
    До наредни 5 години. :d:
     
    На Summer16, senjorita-v, prominent и 5 други им се допаѓа ова.
  4. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Драга идна Црешке,

    Писмово ќе патува долго, но времето брзо лета. Се преслушувам колку години имам, се чудам скоро 22, за уште некој месец. Писмово ќе ти стигне за 3-4 години. Си велам таман.

    Драга идна Црешке, веќе имаш дипломирано. Се надевам дека веќе ја работиш работата за која сонуваше уште како дете и за која вредно учеше и неспиеше за успешно и навреме да ги положиш сите испити. Се надевам дека целиот труд на крај ти се исплатеше и дека сега секое утро на работа одиш позитивно возбудена и со насмевка на лицето. Сигурно сите те обожаваат на работа. Се гордеат со тебе и твоите успеси. А тоа тебе ти ја полни душата и уште повеќе те мотивира. Пази се од користољубиви и љубоморни колешки, не секој ти мисли арно. Многу ќе гледаат како само да те искористат. Не повторувај ги грешките од минатото. Проценувај ги луѓето и знај кога треба да кажеш НЕ.
    Додека си млада и без поголеми обврски, гледај колку можеш повеќе да работиш и да заработиш за да имаш за во иднина. Штеди колку можеш. Не троши пари за глупости. Знаеш колку е тешко без пари во џеб, многу добро знаеш, го имаш искусено тоа. Затоа биди мудра. Не се сомневам во тебе, ама јас да ти кажам сепак.
    Одвојувај си пари за на одмор, не пропуштај да се одмориш заслужено и да прошеташ. Не жали за потрошените пари за на одмор, затоа што заслужуваш да надокнадиш за сите тие изминати години кога ни еднаш не беше на одмор. Оди на што повеќе различни дестинации. Не заборавај некогаш да ја прошеташ и мајка ти, заслужила. Колку и да е строга, таа е единствената личност која те сака најмногу и најискрено и секогаш е тука за тебе. Не заборавај дека она ти е цел живот и мајка и татко, иако имаш татко. Затоа сакај ја, почитувај ја, биди и поддршка во животот и кога и да и треба помош помогни и. Не се сомневам дека и понатаму ќе бидеш најдобрата ќерка со која она ќе се гордее.

    Се надевам дека си во врска. И дека покрај себе имаш човек кој неизмерно те сака и почитува и кој ти е верен. Сигурно е некој мирен, добар и пред сè искрен. Само таков човек е за тебе. Сигурно секогаш е тука за тебе и во добро за заедно да се радувате, но и во лошо за да ти понуди рамо за плачење и прегратка во која ќе се чувствуваш спокојно, сигурно и сакано. Сигурно те чува како капка вода на дланка. Ако си со таков човек, те молам не го испуштај, не дозволувај да го изгубиш, зашто тешко таков се наоѓа. Почитувај го, никогаш не го лажи, биди му верна и сакај го искрено со целото свое срце. Никогаш немој да дозволиш чувствата од минатото да ти го уништат животот, затоа што многу ќе се каеш.
    Ако не си во врска со баш ваков човек, не се задоволувај со ништо помалку. Знам дека ќе се измачуваш и нема да бидеш среќна. Затоа внимавај со каков човек си во врска, за да не си ја удираш покасно главата во ѕид. Ако не иде, подобро раскини, отколку да бидеш во токсична врска.

    Сигурно веќе си го средила и физичкиот изглед со кој не беше задоволна и си наоѓаше самата маани. Сигурно редовно одеше на фитнес откако се вработи и внимаваше на својата исхрана, па сега верувам дека имаш тело за какво одсекогаш сонуваше. Сигурно не беше лесно, но сигурно сега гледаш дека ништо не е невозможно, ако навистина се посакува и се преземе нешто за да се постигне предвидената цел. Со своја плата во џеб, сигурно сега и повеќе се дотеруваш. Па сето тоа ти влијае да бидеш полна со самодоверба и сигурна сум дека многу машки, веќе со други очи те гледаат, после таа твоја позитивна надворешна трансформација. Но, карактерот никогаш не го менувај, биди секогаш таква каква што си, уникатна. Само така, ќе бидеш совршена.

    Кога треба да донесеш некоја одлука во животот, одлучувај подеднакво и со срце и со разум. Не дозволувај едното да биде господар, а другото роб. Потребен е баланс, за да донесеш исправна одлука за било што во животот.

    Најважно од сè, не се нервирај, не си ставај сè на срце, чувај си го здравјето, тоа е најважно. Ако немаш здравје, немаш ништо.

    Те гушкам најсилно и не заборавај да напишеш и ти едно писменце до идната Црешка. Чувај се :hug: :hug: :hug:
     
    На Cherry blossom89, Feminka192, GirlLove и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.470
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    Не знам кога ќе ти треба пишаново за да го прочиташ, колку скоро ќе се случи тоа, колку пати ќе треба да го прочиташ текстот- ама еве тука ќе биде, и ќе бидам кратка и јасна.

    Не постои работа во светот која е невозможна и неостварлива за тебе. Ако не си таму каде што сакаш да бидеш, тоа значи дека не си целосно посветена на тоа нешто. Имаш проблем да оперираш секогаш на 99% континуирано, и тоа е она што треба да го надминеш за да си успешна колку што сакаш. Мило ми е што работиш на тоа, знам оти ќе дојдеш и до таа точка кога тоа нема да ти претставува проблем повеќе. Само продолжи.
    Кога мислиш дека ништо потешко не си преживеала пред дадената ситуација да настапи, кога низ глава ти минуваат мисли дека не си доволно добра и дека немаш успеси кои ќе ти бидат основа и мрежа за спасување во исто време, кога мозокот почнува да работи против тебе самата, сети се на ова лето. Сети се на првата недела на семинарот, на првата недела на теренот, сети се на заминувањето и отпочнувањето на ново, сети се на здобивањето на сертификатот. Сети се на луѓето што ги запозна, на работите кои ги научи, на сеќавањата со кои се здоби. Заслужено е се'. Биди благодарна.
    И ќе те замолам за голема услуга, која треба да си ја правиш на самата се додека не ти премине во навика: соочувај се со непознатото со отворени очи и раце. Не застанувај, не размислувај, не се плаши. Доволно си паметна да ја решиш секоја ситуација, без притоа да си правиш дополнителен пртисок од најлош тип.
    Верувај во себе.

    Толку порасна... имаш идеја колку си горда на самата себе. ;) :d:

    Растеш секој ден- продолжи така, надминувај ја секоја сопствена верзија од вчера, живеј слободно и полноценно небаре секој ден ти е навистина последен до крајот на животот.
    За да не се каеш за ништо повеќе понатаму.

    Те сакам :f:
     
    На prominent и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. Fantasy33

    Fantasy33 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2019
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.025
    Пол:
    Женски
    Драга идна јас
    Ова го напишав на денот кога започнував со нов почеток и нов живот, ќе се присетиш на него со сигурност и ќе се присетиш колку само плашливо, несигурно и носталгично отиде во друг град на студии. Целта се надевам ти е исполнета, вложи многу труд и треба да си горда самата на себе. Главата горе и докажи им на сите дека не биле во право, дека се издигна самостојно и со верба во себе се може да се постигне.
    Биди силна како што успеа да бидеш на овој ден пред многу години.
    Посвети се и на твоето семејство кое те сака без разлика на се, а и ти нив, пријателите кои останаа со тебе и покрај се и оној што ти го освои срцето, ако има таков.
    И запамети да ги цениш и сакаш оние што ти даваат неизмерна подршка.
    Биди силна и чувај се :hug::l:
     
    На joy1 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    Драга идна prominent,

    изминатиов период ти беше бурен, исполнет со многу промени, многу нешта веќе не се исти како што беа.
    Ти си доволно чувствителна и понекогаш, за жал или за среќа, не многу флексибилна. Некои нешта ти се собраа и сега мора некаде да избијат.
    Мораш да се научиш да се чуваш повеќе, да ја чуваш енергијата, да не бидеш толку великодушна за луѓе што не го заслужуваат тоа. Зашто добро знаеш дека на крај ти ќе бидеш таа што ќе плаче. Зашто се' те погодува. Не можеш да избегаш од своите емоции и тоа е во ред. Во ред е да си чувствителна но стави ја маската кога е потребно. Биди ладнокрвна кога треба, или барем прави се дека си.

    Знај дека не може секогаш се' да оди по план. Биди спремна на пречки, сопки, болка. Без тоа нема да продолжиш да учиш и да се развиваш во правилната насока.
    Ако денес е добро, уживај во тоа. Не мисли дека утре ќе се расипе нешто. И да е така, па што? Важно е што го имаш денешниот ден, имаш љубов, имаш работа за која сонуваше, имаш здравје и мир. Денеска е во ред. А утре којзнае. И тоа е сосема во ред. Биди спремна и на хаос, иако толку го мразиш.

    Силата, упорноста и одговорноста нема никој да ти ги земе. Токму тие квалитети те изградија во личноста што си денес.

    Ќе биде во ред. :hug::f::sun:
     
    Последна измена: 29 септември 2019
    На Ambitious, senjorita-v, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    11.357
    Пол:
    Женски
    Драга идна @Ambitious

    Кога ќе го читаш оваа писмо ќе бидеш веќе дипломирана, самостална личност. Ќе имаш работа и свој дом со љубовта на твојот живот. Конечно, после долги години копнеж за неговата прегратка и тага што не е покрај тебе, ќе можете да се радувате на заедничкиот живот. Ќе ги поминувате деновите заедно, ќе заспивате и ќе се будите еден до друг. Успеавте, биди среќна! Можеби веќе планирате и свадба, а потоа и дечиња, ти ги посакувам од се срце бидејќи знам дека секогаш сонуваше за големо, исполнето и среќно семејство.

    На професионален план, најверојатно сеуште не си на посакуваната работна позиција. Ќе ти кажам само да продолжиш да веруваш во себе и никогаш ама баш никогаш немој да се откажеш и да се задоволиш со нешто помалку од онаа за кое си сонувала. Продолжи да вложуваш во себе, да учиш и да се надоградуваш како личност.

    Од друга страна ако сеуште не си успеала да комуницираш лесно и самоуверено, те молам работи на тоа. Немој да се изолираш и да мислиш дека можеш се да постигнеш и да се справиш со се сама. Некогаш ќе ти треба помош, затоа стекнувај пријатели!
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sandzesss

    Sandzesss Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2018
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    Разбуди се веќе еднаш.Животот е само еден не вреде да тагуваш цел ден и да мислеш што мислат др за тебе.Не биди толку добра,не вреде.Поминувај време со вистински личности,а не со лицемерни.Биди си своја.Не дозволувај никој да те команда.Не дозволувај да те навредуваат личности што не се вредни ни 1 дена.Едноставно живеј го живото како ти што си го замислуваш
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Feminka192

    Feminka192 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.566
    Пол:
    Женски
    Драго другарче,
    Се надевам дека славата не ти удри во главата :devil::angel:
    :l:
     
    На cresa-jagoda и martiiinna им се допаѓа ова.
  11. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.034
    Допаѓања:
    26.569
    Не те можам жено. Не.
    Какви пеперутки, какви бакрачи.
    Од 2014 година е ова.
    Море ова со карактерот како така се оствари некако, делумно.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ImePrezime

    ImePrezime Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2020
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    33
    Име,
    Пред 2 години знаеш кои беа плановите
    Ако уште ништо не е реализирано фрли се во Вардар :D ако сме на прав пат зимај коктелот шо го обожаваш и слави :d::dance:

    Име од 2020та:l:
     
  13. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    7.436
    Пол:
    Женски
    Драга КiT размислувај со главата, не со срцето.. освести се веќе
     
  14. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    Добро де, не ти се остварија сите планови и желби, но што ако? Не е крај на светот. Ќе дојдат подобри денови. Не си ниту слаб карактер ниту пак лоша личност. Твојот недостаток е тоа што го носиш и туѓиот товар на твој грб, додека другите уживаат ти се грижиш и за нив. Престани со тоа. Пушти го мозокот на пасење и одмори малку. Има време за се'. Здравјето и младоста никој нема да ти ги врати и никој нема да ти каже благодарам. Мораш повеќе да се грижиш за себе. Чувај се.
     
    На marija305, Bozica1980, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  15. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.081
    Пол:
    Женски
    Драга идна Крејзи ..

    Немој да бидеш толку искрена , особено не на форум каде што ретко ќе си сфатена онака како што навистина сакаш да бидеш . Луѓето се злобни и само ќе ги извртуваат твоите зборови . Затоа , чувај си го она што ти е важно за себе . Кога сакаш да помогнеш , подобро пиши лична порака до членката , не пишувај јавен коментар бидејќи и онака ќе е погрешно сфатен .
     
    На Mama993 и marija305 им се допаѓа ова.
  16. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    772
    Драга Х..

    Во овој период незнам на каде одам со животот. Се надевам дека ќе бидеш во ред и среќна и сакана во иднина.
     
    На MeowMeow и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.800
    Пол:
    Женски
    Oh, honey. :rofl:
    tenor (2).gif

    Драга идна Демонка,
    Намали си ги очекувањата па можи ќе бидиш посреќна. До тебе е и за тебе е. :l: Исто така жити тебе не користи зборој ко "маца- меца", едно 10 минути ми требаше да сфатам.
     
    На cresa-jagoda и Iva9612 им се допаѓа ова.