1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Писмо до идната јас

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од rici.aaaaa, 19 март 2013.

  1. candygirl

    candygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    99
    драга јас


    се надевам ке го прочиташ ова и нема да бидеш старата ти...добрата душа убавиот збор секогаш ке останат во тебе но наивноста се надевам ке ја тргнеш ке имаш науцено дека луѓето т.е не сите луѓе ти мислат добро само те користата!
    исто така се надевам ако го прочиташ ова за краток временски период ке бидеш средена со мислите и ќе знаеш што сакаш со поцврст карктер и сеа засеа ова доволно е ке ти пишам пак

    бакнежи
     
  2. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.239
    Допаѓања:
    5.667
    Пол:
    Женски
    Здраво идна Спичлес,
    Верувам дека ако сеуште постои фемина после некои 10тина години ќе се смееш на постов и ќе си викаш леле дете што си дрндало безпотреба, и ќе се смешкаш горделиво дека си исполнила барем некои од овие мои “идни“ желби! :)
    Прво, верувам дека се исполнила најголемата желба.. Во реално време сум/си завршила факултет, и се каеш што си забушавала првата година. Извини :$
    Со тоа, иде и некоја убава работа, секако.. Верувам дека не си веќе со мама и тато. :D Ама не ги заборавај :!:
    Како и да е, морам и да ти кажам НИКОГАШ ама никогаш да не си ја заборавила оваа желба, нели се договаравме секогаш дека ќе е исполнета.. И да, знам ЗНАМ дека во моментов си негде надвор од Македонија, во преубав стан, (немора да е голем, малечок некој), разгледувајќи ги сликите од неколкуте држави што си била. Лондон ти е следна локација.А може и таму да си сега :wasntme:
    Ако не е вака, ајде шибај надвор, или ќе се караме!
    И имаш повеќе од 10 пара штикли! :D
    Нема да го спомнам дечкоми сега што ми е, можно е и да не си со него :D
    Е така! И.. Да не заборавам имаш изгубено едно 5-10 кила, и си го обожаваш своето тело, а и моментално идеш на фитнес :!: И.. Не ги забораваш чоколатцата :wasntme: :D
    Е тоа е тоа, се надевам барем нешто од ова ќе биде исполнето.
    Од, минатата 19 годишна јас.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Илу...

    До сега многу се промени. Околностите така ти налагаа. Ама треба да си среќна што некои работи ги промени. И самата чувствуваш колку ти е сега опуштено.
    Во иднина уште многу ќе се менуваш. Во однос на твоите ставови, мислења...но, убаво е нели? - Тоа значи дека зрееш. Дека ги поправаш работите.
    Те молам немој да бидеш перфекционист. Знам, дека ја занемаруваш и криеш таа особина. Не дозволуваш да влијае...но, ти сакаш се` да е под конец. А, тоа ти прави само внатрешен притисок.

    Во оснос на луѓето. Знаеш да се справиш со околината. Забележувам, дека сега ориентирана си кон себе. Кон својот живот и остварување на замисленото. Тоа ти е најдоброто нешто што можеше да го направиш за себе. Да ги кулираш и да не допираат до тебе малограѓанските муабети.
    Си поминала многу во животот. Се докажа тоа, дека годините не се мерило на искуството.
    Тебе животот те стави на доста искушенија. Во ниеден момент не подклекна. Беше прав борец.
    Тој страв да не се повторат работите, нека не владее со тебе.
    Уживај додека е добро. Собирај сили, оти лоши денови секако дека пак ќе има. Сега...или некогаш.

    Продолжи си со твојата фантазија. Така си поблиску до целта.
    Фантазирај, замислувај, идеализирај...уживај. Полека, полека...се` си доаѓа на свое место.
    Луѓето секогаш се стремат кон уништување. Можеби ќе бидеш нечија мета. Затоа, пази се од итроштината и изопаченоста на општеството. Внимателно, полека и сигурно чекори понатаму.
    По љубов одсекогаш копнееше, ЉУБОВ си најде! Aморова стрела те погоди. И, имаш некој покрај тебе кој те држи, кој те прави среќна и душата ти ја исполнува од задоволства.

    Се надевам нареден пат кога ќе го прочиташ ова виртуелно писменце...ќе имаш некоја мала колиба во длабока шума. Каде што не допира сигналот на модерниве технологии. Ќе бидеш со твоите сакани, на психичи одмор. Каде што по цел ден ќе шеташ по планина, ќе читаш некое книжуле на лулка, мирисот на ''машкиот'' ручек ќе те опива, а навечер ќе заспиваш во неговата прегратка додека мачорот ве гледа од прозор, и завидува.

    Ти го бараше мирот, ете го...
     
    На kravce, lunicka, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Почитувана,драга

    Со сигурност знам дека кога ќе го читаш писмово после долг период ќе имаш многу поубава иднина од моменталната твоја сегашност.Ти си таа која цел живот се бореше и газеше низ многу трнови,прескокнуваше низ многу препреки и со мака и труд се бореше секој ден.Затоа...и заслужуваш да си среќна,сакана,почитувана...
    Писмово ќе го читаш заедно со твоите мали дечиња,во твојот нов дом каде ќе има среќа во изобилие.Дом каде секој со секого ќе има разбирање,дом во кој ќе го најдеш својот мир и спокојство.
    Посакувам да имаш успешна кариера,среќен брак и долг живот.Да заборавиш колку што е можно побрзо на твоето тешко минато и да имаш само убави денови пред себе.

    Со почит.
     
  5. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Земи го дневникот во раце, прелистај назад.
    Прелистај го целото минато.
    Застани, воздивни.
    Би те прашала искрено:
    Дали го постигнуваш она што го сакаш?
    Она што ти ја грееше душата во минатото, она што ги будеше твоите солзи, она по што копнееше постојано...
    Знам, можеби си имала тешки искушенија. Можеби си паднала, не знам, ти знаеш. Но каде и да си, што и да правиш, само не препуштај ништо на заборавот. Не дозволувај ништо земно и телесно да те промени.
    Но ако си таму, таму каде што посакувам да бидеш во овој миг, да знаеш дека си направила многу. Тоа значи дека си се жртвувала, си правела и многу повеќе.
    Ако го имаш Тоа во срцето, се поклонувам на таа твоја жртва што не си се штедела :bow: .
     
    На Jordanovska-K, do-re-mi, Stoimenovska и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Драга М,

    Додека го читаш ова, веројатно се чувствуваш лошо поради сите исцрпувачки диети кои ги држеше во младоста. Душо, немало потреба од толку притресување, совршена си. :D
    Не закопувај се во нервози, животот е прекраток за толку бес.
    Но, не опкружувај се ниту со злобни и несакани ликови, не си должна да трпиш никого.
    Веројатно го работиш она што отсекогаш си го посакувала, но не заборавај - парите не умеат да те гушнат, да те сослушаат или утешат.
    Одвој си доволно време за себе, за пријателите и за сопругот.
    Гушни го тоа најубаво суштество на светот и не заборавај секое утро да му (по)кажеш колку го сакаш.

    Не чувствувај омраза која ќе те затруе, that' so 2013. :emo:
    Насочи ги твоите негативни вибрации кон нешто креативно, и создавај уметност, секој ден. Секаде.
    Љуби, уживај и помагај. Сакај се и биди секој ден подобра верзија од себеси, од претходниот.

    Се надевам дека ги одржуваш роднинските врски, зашто фамилијата е многу важна.
    Но, уште поважно - се надевам имаш барем 3 пријатели на кои можеш да им се јавиш во која било доба, а тие ќе бидат покрај тебе. Без оглед на се`.

    Не очајувај за секоја пречка или несреќна ситуација која ќе ти ја приреди овој животец.
    Ти си сега и тука, и само тоа е важно.

    Не ги криј своите емоции и илјада бои.
    Тоа е твоето форте. Така си најсилна, и можеш да постигнеш се`.

    p.s. Се надевам уште ги имаш истите сексуални аспирации како во 20-тите години од твојот живот.
    :rofl:
     
    На Jordanovska-K, thelittle17, Ema.Sk и 14 други им се допаѓа ова.
  7. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.684
    Допаѓања:
    97.971
    Пол:
    Женски
    Драга Ж...
    Се надевам ќе си најдеш очилата да си го прочиташ ова писмо.А што да ти кажам ,што веќе не знаеш.Мислам се ти е е веќе јасно.Се надевам дека децата ќе пораснат во здрави личности и ќе бидат среќни...кој знае кога ќе го читаш ова може и некое внуче да ти лази по подот. :)
    Косата се уште ја фарбаш.И немој никогаш да си престанала.Жените со бела коса никогаш не ми изгледале убаво.Си ослабнала ,ама не е тоа од диетите годините си го прават своето.Се надевам дека се уште не му плачеш на оној твојот,кој така убаво знае да те повреди...сега можеби е мирен ,иако џабе е се,кога толку години поминале залудно.Се надевам дека успеа да си најдеш некоја работа за пензиичката да ти биде поголема.И да ти кажам ,лута сум ти.Што не умееше да живееш поопуштено,се некаков грч те притискаше.За сега се да ти биде сеедно.Немаш многу пријатели нели.Па да ,како сапун се ,секоја година се помалку.Ама се надевам дека како пензионерка ќе си поактивна,немој да допуштиш да не си дозволиш ситни задоволства ,за да имаат децата.Немој.
    Ти посакувам уште многу години добро здравје драга...и на твоите најмили секако...
     
    На Izaabella, Umbrella22, NoellePage и 10 други им се допаѓа ова.
  8. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Идна феминиум
    Знам дека помина низ многу тежок пат, можеби многу потежок од оној кој јас досега го поминав,можеби и ти беше потешко, и повеќе плачеше, но верувам дека го помина тој пат, дека иако многупати паѓаше не се откажа, од она за кое толку тежнееше, се надеваше и го посакуваше.
    Верувам дека сега си ги заборавила сите тетратки кои ги замислуваше како дневници и им плачеше за секој дечко и секоја кавга со другарките, сега кога го заврши факултетот, отиде во Лондон, Москва, Париз и Њујорк, се исели од огромната и преубава куќа на мама и тато и си купи мало станче во кое можеби сега седиш пред каминот со чаша вино и се сеќаваш на старите насмевки и солзи,мало но сепак твое.
    Покрајсебе сеуште го чуваш најверното суштесво од твојот живот, твоето кученце кое секогаш беше тука за тебе и кога ти беше најтажна само тоа успеваше за те расположи.
    Знам дека сеуште ја сакаш модата, но сега си совршена, не си повеќе она ниско и дебело девојче кое за една пица трчеше по цел саат.
    За жал сеуште си сама, знам.. едноставно ниту јас не го најдов совршениот, а нашиот идеал не дозволува несовршенство, можеби идната ти ќе го најде...

    те сака
    сегашната феминиум
     
    На popi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Драга Umbrella22

    Се надевам ако некогаш повторно го читаш писмово, тоа ќе биде со насмевка на твоето лице, се надевам де Тој ќе биде минато, само уште еден маж кој те повредил и оставил, уште една лекција во твојот живот.
    Би сакала во иднина да те видам насмеана, со поголема самодоверба, подобра.
    Се надевам дека ќе пронајдеш љубов каква што од секогаш си сонувала, маж кој ќе знае да те цени и сака баш онаква каква што си.
    Се надевам дека кога ќе го читаш писмово веќе нема да ја имаш истата огорченоста и лутината кон твоите родители, дека ќе ги гледаш поинаку, дека ќе им простиш за нивното детско однесување и погрешно донесени одлуки.
    Сакам да те видам како чекориш со крената глава, горда на тоа што го имаш и на тоа што си, сакам храбро да им се спротиставуваш на проблемите, сама да станеш успешна жена, да го работиш она за кое копнееш.
    Среќна жена со семејство и работа.
     
    На anichka94, kravce, ljubam и 3 други им се допаѓа ова.
  10. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Најдрага и најсакана А,
    :D

    Врска немам како ќе стоиш со килограмите понатака - можеби се`уште ќе губиш неврони заради матичниот број на вагата, а можеби и не, но немој во никој случај да се чувствуваш обесхрабрено заради нив. Диши со пол ек и понатака, радувај се на денот што се раѓа и остани своја! Секогаш се тука Ун или Аткинс да ти го загорчат животот, и затоа додека го читаш ова - остави нека ти се топи во уста коцка Мони чоколада со ориз, знам дека ја сакаш. ;)

    Соочувај се повторно со предизвици, немој никогаш да се откажуваш од желбите и целите, и земај ги работите во свои раце. Размилувај секогаш со ладна глава, и немој да бидеш толку брзоплета како што си во моментов. Не чини!

    Најди ги конечно совршените фармерки, и немој да окапеш во нив! :D

    ...
     
    На Libera, kravce и feminium им се допаѓа ова.
  11. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    3.498
    Пол:
    Женски
    Драга Маја..
    Се надевам дека ова писмо ќе ти пробуди некои емоции на задоволство и сеќавања од минатото.Знаеш кога беше помала, беше мноогу емотивна и смирена, беше љубопитна за многу нешта, беше премногу креативна и знаеше како сама да си го направиш денот поубав..Се надевам дека тоа сеуште ти е карактеристика, и се надевам дека сеуште стоиш цврсто пред препреките и секогаш се обидуваш да ги поправиш грешките но најмногу се надевам дека си научила да победуваш и да губиш.Продолжи да чекориш по животот,биди она што навистина си!! :)
     
    На anste, ljubam и Trendafilka им се допаѓа ова.
  12. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Драга Ане

    Биди како секогаш што беше-со високо крената глава,гордо исправена.Не се понижувај на никого.Докажи се.Покажи дека можеш и заслужуваш повеќе.Се надевам дека писмово ќе те најде таму каде што сакаше да бидеш.Писмово ќе ти побуди стари сеќавања,добри или лоши-зависи од тебе.Само сакам да кажам чекори исправено кон она што сакаше да го оствариш.
     
  13. Danai4

    Danai4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    37
    Еј,Данаи,

    Стани од компјутер веќе еднаш.И престани да читаш глуши статии,пример,на каква диета е Ким Кардашиан и дали денес изела краставица или зелка.Од такви статии немаш никаква полза,а преплавена си во такви.Престани да ги читаш,аман веќе.
     
    На Tiki-lolipop му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    До мене,

    Се надевам дека:
    - Утре не ти се оди во Дубаи, а мораш.
    - Не го отвораш и затвораш фрижидерот 20 пати на ден. Оти ќе се расипе, не за друго.
    - Уште оддамна се немаш фукнато во двокатен автобус, паднато пред зграда или по некои скали.
    - Си заборавила како изгледа да се ѕвекнеш со малото прсте во некое ќоше.
    - Ти се сменил организмот. Јадеш колку сакаш, а не се поправаш.
    - Спиеш секој ден, минимум по 10 саати.
    - Кога ти е досадно, решаваш математика задачи. Just kidding. Се надевам дека Питагорова теорема, те потсетува на пита со праз.
    - Си покрај тие што ги сакаш.
    - Имаш со кого да исправаш криви дрини и да откачуваш од време на време.
    - Ќе преживееш уште некој крај на светот.
    - Веќе еднаш ќе престанеш да им ќутиш и да им угодуваш на сите.
    - Ќе си ја најдеш љубовта.
    - Уште си пееш детски песнички и никој не може да ти го расипе денот.
    - Си останата таква каква што си.
    - Секој ден јадеш полнети пиперки.
    - Станално легално, да се шета по улица со пижами. Па си уживаш.
    - Имаш библиотека.
    - Не се водиш со поговорката „Што можеш денес, остави за утре“.
    - Си останала во добри односи, со повеќето.
    - Сите твои драги, се живи, здрави и будали. Во позитивна смисла.
    - Си станала певаљка, естрадата ти е втора куча. Озбилно сега. Се надевам дека си нашла некоја пристојна работа. Иако врска немам што сакам да бидам кога ќе пораснам. Да се надевам дека до тогаш, ќе ми текне.

    Не се сеќирај. Ако толку ти е мака, ако немаш рамо за плачење... секогаш ќе има некој, што ќе сака да те отера у три лепе. За без пари. А ако толку не сакаш да се испружиш под воз, можеш слободно под авион. И искрено се надевам дека кога го читаш ова, не е зима. И што е најбитно нема снег. И уште побитно, се немаш опрчено некаде. :!:
    Ајде сега, оди почасти се, со нешто од фрижидерот. Знам дека сакаш. :D
     
    На Estranged, Jordanovska-K, sweetgirl1106 и 15 други им се допаѓа ова.
  15. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Денес, 24.03.2023 сваќаш дека:
    - требаше помалку да мислиш на другите
    - времето е скапоцено, а ти го поклони
    - трошењето на живци за утнатиот тест на ќерка ти, е пародија
    - твоите блиски се живи и здрави
    - твоите картици се полни
    - непроспиените ноќи сега се гледаат на твоето лице
    - тоа што стави точка не е граматичка грешка, туку живот, еден и единствен
    - душата ти е чиста, спокојна
    - среќата ја споделуваш со оние на кои не треба да им зборуваш, доволно е да ги погледнеш
    - седиш во својата канцеларија, во својата фирма и гледаш низ прозорецот
    - му наоѓаш мани на дечкото на сонцето твое
    - ти викав дека колку и да чистиш, утре пак ќе биде иста песна? ете ти виде!!!
    - имаш личен шофер и не те нервираат утринските гужви
    - немаш мобилен
    - не одиш на гласање, конечно свати дека не треба да се грижиш за оној кој не знае ни дека постоиш
    - на фемина некоја си новодојдена те нарекла метузалем, а ти не се нервираш
    - многу си искулирана (ех камо да беше таква пред 10 год)
     
    На anste, Miss.Ricci, NoellePage и 5 други им се допаѓа ова.
  16. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Душо до кога ќе се мачиш и ќе те рушат личности кои не заслужуваат ни да ги погледнеш два пати .
    Вистината е дека си многу разочарана во моментов , и дека можеш река солзи да исплачеш . Но емоциите толку ги потиснуваш што чиниш ќе се загушиш . Се осеќаш како да си до работ , дека ќе паднеш во бездна .Дека болката и грутката што ја чуствуваш ќе те проголта .
    Ама тука не е крајот уште помалку откажувањето !
    Идна јас ...
    Ти ветувам најодговорно дека ова нема да ми се повтори , дека во иднина широко ќе ги отворам очите . Дека нема да паѓам на една па исти препреки . Не помалку да мислиш на другите , туку сега ќе мислиш само на себе ! Зошто имам 99 причини за тоа . Ќе се радувам на успесите не си го потценувам трудот . Ќе бидам нескромна , ќе се гордеам со себе , придавам значење на постигнатото ! Ќе учи млекции ко ќе паднам ,но не се предавам никогаш за никого . Жртви повеќе не давам ни шанси , ни простувања ни ветувања . Навистина ми е преку глава од сите . Идна јас ќе ти ги сменам приоритетите во Животот зошто сега делуваш збунето и испобркано . Не заборавај ова е само период само криза , не и крај . Лош ден не значи лош Живот .Биди благодарна што си Жива и здрава , и што твоите најмили се покрај тебе живи и здрави ! Заблагодари му на Господ за тоа.
    Зацертаните цели време е да ги реализираш , доста ги одложуваш , доста се откажуваш од нив . Оди до крај оди до целта . Имаш определено време , доколку не забележам разлика , позитивна промена тоа ќе го сфатам како да потфрлив , како пораз како неуспех .
    Време е да почнам сега !
     
  17. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Краво

    Веќе не си кравче :lol:
    Дали навистина пораснавме? Се надевам не целосно. Сакам да те видам среќна, сакана, исполнета. Си избегала далеку од оваа професија, си испробала можеби и 10 други, ама сега го сакаш тоа што го работиш. Сонуваш и остваруваш. И не се плашиш, те молам не се плаши. Знам што се крие во нас и колку стравот не спречува да одиме напред... сега го нема нели?
    А како ли беше во Јапонија лани, м? Е алал да ти е. Сега веројатно се пакуваш за Ирска, ах колку ти се радувам, еве си треперам и се смеам. Не ме разочарувај дека не е така. Разочарувањата се деца на очекувањата, а јас од тебе скромно очекувам само работи што искрено ги сакам. Си имаме прекрасно семејство, тој те разбира, тој е тој. И дечињата се златни. Убаво ти е на душичката, љубов полни гради. Работиш, ако не со 100, тогаш барем со 70% од сопствениот капацитет. Уморна си, ама физички и убаво ти е, оти таа болка минува за час (ќе те измасира Тој вечер ;) ). Научивме да бидеме потрпеливи, да дадеме повеќе разбирање, да примиме повеќе знаење. Животот е како пролет или есен, мириса убаво, и цути и врне. Сите се добри, здрави, живи. Само здравје нели :) Убавини бре.
    Можеби преоптимистички :^) башка па и сега дознаваш дека маж ти има некои француски корени. Не баш полуфранцуз, ама и дел се важи :!: Кој е како тебе бре :lol:

    Биди само храбра, не се плаши и се ќе биде во ред. Ветувам.
     
    На Jordanovska-K, Bright, WarriorAngel и 6 други им се допаѓа ова.
  18. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    Идна Лана :)

    Се надевам дека толку не се окупираш со политиката , како денес. Дека не се нервираш.
    Нема потреба, се се знае пред време.
    Ланичке се надевам дека живееш добро, дека си среќна и исполнета.
    Дека преубаво си поминала Америка, во 2013 год, и дека се е во ред.
    Би ти препорачала, гледајќи те до сега, дека си похрабра, пожива, ии дека конечно мислиш пред да судиш.
    Дека си среќна со човекот што го сакаш, дека не се двоумиш околу него.
    Дај Боже дека не живееш со свекрвата ако си венчана.
    Подобро за тебе :)
    Се надевам дека бркна нешто секси, нешто јако.
    Е сега некој совет од минатото.
    Слушај ме лано, биди повесела и посмела, знаеше дека од факсо ништо не бива.
    И дека стипендии земаше, знаеш на што ги потроши. Нели?
    Биди храбра, смела и истрај до крај. Другото ќе си дојди.
    Биди со твоите, те прават среќна.
    А денот заврши го со љубовта твоја и со чаша вино. Тоа од Бога е дадено.
    Се надевам, искрено се надевам дека сета упорност се исплати. Дека сега си успешна и независна жена.
    А АКО НЕ СИ ТЕ МОЛАМ МАНИ СИ КЛОЦА ок?

    Се надевам тоа ни стои уште тоа јако газе и тие кренати цициња. Ако не направи нешто добро?
    Се надевам дека уште си секси како некогаш и дека конечно ја исфарба косата.
    Се сеќавам дека и за тоа немаше храброст.
    Биди храбра и пробувај нешта во животот. Жено еднаш се живее.
    Кулирај и биди добар пример за децата!
    Те сакам жено.

    Лана од 2013. Позз секси :*
     
  19. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.306
    Допаѓања:
    16.767
    Прима: Идна јас...

    Веќе си голема и созреана мома/жена како сакаш, имаш 35-40 години.
    Знаеш дека неможеш на секој да му веруваш и дека со секој другарство неможеш да изградиш.
    Веќе си најде еден прекрасен момак шо ќе биде со тебе и у добро и у лошо. Можеби веќе имаш брчки по лицете од трчањето секојдневно на сонцето по децата, ама уште си таа будалетинка. Ја имаш најпрекрасната работа на светот, воено лице си, а тој е технички информатичар. Имате убава мала куќарка со прекрасен двор каде што има диви јаготки и многу цвеќиња. Децата трчаат по зелена ливада, а сега е пролет. Ти како мала/млада многу ја сакаше пролетта, се надевам уште ти е омилено годишно време. Децата ти се добро воспитани уште од мали нозе и сеуште гледаш да ги изведеш на прав пат. Гледаш да им удоволиш на децата се во границите на нормалата, никако да ги направиш разгалени мази и да ти рипаат по глава.
    Од плата секогаш си оставаш пари за лични потреби. Со старите другарки сеуште си во одлични односи, еднаш-двапати месечно излегувате на ручек да се видите и да се присетите на глупостите од младоста. Идете заедно на шопинг, се смеете и уживате исто како порано. Тие се среќни по дома, исто како и ти. Едната уште во себе го носи младешкиот дух и игра ракомет. Другата ја има работата што ја посакувала и има исто мала куќарка на планина, и двете ослабевте околу 20-тите години.
    Момакот твој (тогаш малку постар момак) мие садови по дома, и знае да пуште машина за алишта, некогаш и да ги постеле алиштата. За пеглање нема да му даваш оти ти знаеш подобро од него (да се разбереме, кога го пишував ова, ни јас незнаев). Наместо аларм, наутро те буди он со убав сочен бакнеж. А од работа си доаѓа саат пред тебе и секогаш те пречекува со децата заедно уште во двор, заедно сите се гушкате. Семејното гушкање ви е дневен ритуал. Преку еден викенд, децата ги оставате кај баба и дедо и една цела вечер си посветувате еден на друг. Знаете да се скарате, само за тоа причина не се финансиите. Знаете еднаш во два месеци да тркнете на утакмица кога игра Звезда, а ти уште ги знаеш сите навивачки песни и знаеш страсно да навиваш (до сега само пред ТВ кога се работело за Звезда). Екс-ју музиката сеуште ја носиш во срце. Секогаш ќе се сеќаваш на твојата прва љубов, на ЧеГевара. Имаш многу кучиња по двор, како во најраното детство, иако во младоста неможеше ниедно да имаш.
    Знаеш убаво да готвиш, исто како мама. Он те сака највеќе, макар и да најде луша од јајца во јадењето (знам, ова се случива кога си изнервирана само).
    Веќе ги имаш посетено Куба и Јамајка.
    Не си зависна од ниедна политичка партија и не градиш кариера благодарение на некоја од нив. Се што имаш се ти е заслужено со сопствена пот и труд.
    Веќе им докажа на некои дека можеш да успееш во животот!
    Веќе многумина ги спуштија главите и ги повлекоа старите зборови!

    Испраќа: Стара јас.

    П.С: Денес имаше избори, победи ВМРО. Знам дека не се замараш со политика, туку чисто информативно. :)
     
  20. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    срцка

    ова писмо ти го пишувам како мотивација и охрабрување за понатаму во животот
    од денот од како ти се роди ти си борец девојко, и после се што преживеа во животот не престануваш да чекориш и да се справуваш на твој начин со проблемите-само храбро :!: нема откажување-знам дека знаеш :* :hug:
    не дозволувај твоите непријатели да ти се ситат-стисни заби и машки исдржи-белки еднаш и тебе сонце ке ми те огрее-со нови сили, кон нови победи :!: