1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Писмо до идната јас

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од rici.aaaaa, 19 март 2013.

  1. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Драга Lella,
    Како си? Арна? Мило ми е. Ако се знаете уште до Дала, поз ја. Мислам дека знам каква ти е ситуацијата, да видиме колку ќе ти погодам:

    * Не си заборавила што е geek!
    * Ги имаш испрочитано и пополнето сите белешки во Кутијата Со Спомени
    * Имаш одено на Хаваи.
    * Имаш слики од таму.
    * Имаш магнетчиња од таму.
    * Не си мртва, не дај боже (од таму) :tmi:
    * Имаш уште неколку делови од твојот Сикретчувар.
    * Ете она, де.. тоа! :wasntme:

    Се надевам и дека книгите ти се завршени, за првата знам - туку втората е муабетот :talk: Ако не тогаш беси се на борчето што го засадив. (секако ако е пораснато)
    Се надевам дека повеќе нема турски циганарии по ТВ како сега. Се надевам дека имаш повеќе памет в глава :fubar: и дека нема да ги заборавиш лудациде од девеес-деветката...
    :inlove:
    Можеби уште имаш контакти со нив. Моментално една од нив те замара. |( само се надевам дека ќе престане.. :doh:
    Ќе ти се јавам пак со писмо... чаос.. цмокченценценце. :hai:
     
    На popi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Идна џимиринке Каренин!

    Моментално лежиш во изнајмен стан и во позадината од левата страна слушаш звуци од некој nigros филм. А пак од десната страна ги наслушнуваш звуците од гласот на твојот како работи. Тој беше твојот зрел, трпелив, рационален, не лесно налутлив другар. На него можеше лесно да му кажеш како си сонувала дека старееш со симпатијата, а сепак да знаеш дека нема да те испцуе или пак да те пушти да си одиш. Не него му кажуваш дека мајка му греши тука, тетка му таму, баба му ваму, а дедо му е јагне. Тој никогаш нема да ти раскине што и да му кажеш. Колку и да го пцуеш или колку и да го правиш лош тој ќе те гушка.

    А сега се надевам имаш дом, не куќа или стан, туку дом. Околу домот се наоѓаат илјадници зимзелени дрвја, една цреша за твоето дете, една јаболка и една жална врба. Има и три дрвја јоргованчиња. Има зумбули и други цвеќиња, само немора да има ружи.
    Ти си сеуште често замислена, расеана, водиш битки со правдата, твојата и онаа општествената. Ти секој ден се искачуваш на некое брдо со малечкото и твоето дете и секако твојата љубов. Ти секој ден веслаш по тесната река која ја имате во близина. Ти секој ден лежиш под жалната врба и пишуваш книги :?: . Исто под таа жална врба многу често водите љубов со твојата љубов. Ама знеш на какво место ќе ви биде домот?! На слично место како Равна Река!
    Се надевам сеуште си искрена, а и дека и тој е.
     
    На Jordanovska-K му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Antigonna

    Antigonna Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    257
    Мила Антигона,
    се надевам дека во моментов околу тебе го слушаш гласот на своите дечиња. Најголемото ете,девет ипол има..се сеќаваш кога,пред десет години,дозна дека си бремена? Епа сакам,да бидеш толку среќна цело време,и да не му дозволиш на никого тоа да ти го одземе и расипе. Се надевам дека твојот сакан,конечно се стабилизирал и моментално си во неговите прегратки...се надевам дека,за доброто на дечињата,веќе не раскинувате за глупости...се надевам дека,на рацете носиш прстен. Верувај ми,ништо повеќе не ти треба. Па дури и патувањето околу светот,кое толку го посакуваше ќе може да почека. Обиди се да шириш многу љубов околу себе,обиди се да ги усреќуваш луѓето.

    На малечките,пружи им се што не ти пружиле твоите родители. Па дури и да дојде до тој степен,целата плата да ја потрошиш за нивните играчки...за што друго и би ја искористила? Повеќе не ти се потребни најубавите штикли и најмодерните ташничиња. Потребно ти е само - среќа и љубов. За друго,можеш да се снајдеш. Верувам во тебе.
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Драга Лин,

    Се надевам стана она што секогаш сакаше.
     
    На Jordanovska-K, Trendafilka, prettyliar и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Драга идна Плавуша,
    прво и основно грижи се за своето здравје. Без здравје, џабе си планираш.
    Потоа верувај во Господ затоа што ти си верник иако понекогаш бараш наука во верата, и моли го за среќа, зошто понекогаш џабе е се ако немаш среќа.
    Стани онаква каква што отсекогаш посакуваше, надмини ги сите препреки, маани, биди јака, немој да бидеш ситничарка, не ги измислувај проблемите кај што ги нема, не биди толку арогантна, дрска, не го менувај така често расположението, не претерувај, не оди во крајности, не биди импулсивна, не биди кавгаџика итн. си знаеш во однос на карактерот треба да поработиш, но задржи си одредени особини кои ќе ти требаат во животот, не мораш да стануваш така „добра“, не е тоа твојот план.
    Заврши го факултетот успешно затоа што го учиш тоа што го сакаш, вработи се на посакуваното место и секогаш напредувај во животот, знаеш што сакаш и постигни го тоа, и потоа постигнувај се повеќе и повеќе и не запирај, напредокот нема крај. Образованието и работата се една од најважните работи во животот за тебе, не заборавај, и само надградувај се себеси. Биди бренд, ти вредиш и мораш да вредиш, зошто инаку ќе пропаднеш.
    И да, засекогаш остани си со него зошто ти вреди најмногу од сите и труди се и ти да бидете среќни, затоа што заслужувате. Имајте убав, среќен и исполнет живот во иднината.

    Се надевам ќе ги оствариш поставените цели и нема да ги изневериш моите очекувања. Многу среќа понатаму,
    досегашната Плавуша.
     
  6. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Драга Прити,
    Ти пишувам од 2013 година,се надевам дека си она што сакаше да бидеш,дека ги имаш направено работите за кои сонуваше и чекаше и сега си една успешна жена со семејство.Се надевам дека им покажа на тие што не веруваа во тебе дека можеш да успееш и сигурно останале со отворена уста и зачудени кога ги гледале твојте успеси.Се надевам дека си завршила факултет и сега си наставничка.Ти си јака девојка,одсекогаш си била,сигурно си се борела за себе,за тоа што го заслужуваш и никогаш не си се откажала.Сигурно си најдобра мајка каква што секогаш викаше дека ќе бидеш,сигурно имаш две ќерки со виткани коси како тебе.Рече дека кога ќе имаш деца ќе им ги исполнуваш желбите кои тебе никогаш не ти биле,ќе им го дадеш тоа што тебе не ти било дадено,секогаш ќе ги подржуваш без разлика на се и ќе им кажуваш колку си горда на нив без разлика на се.Се надевам дека си им се спротиставувала на мајка ти и татко ти кога се обидувале да прават од тебе нешто што не си.Се надевам дека сеуште се дружиш со Сара иако е во Данска и ретко скоро ич не сте се виделе неколку години,дека си ја пронашла онаа другарка која не се откажала од тебе колку и да си се променила,што и да се случило.Се надевам а и мора да имаш полн плакар со алишта и штикли.И најважно дека го имаш мажот кој те сака највеќе на свет без разлика на се,дека ќе биде покрај тебе засекогаш,што нема да дозволи никој да те повреди и тебе и децата и се надевам дека сте едно среќно семејство.
     
  7. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Драга Ричи
    Долго време беше проклето несовршено суштество. Знаеше по 10 пати да се сопнеш на ист камен, па доста често и да се прекршиш на него. И се ми се чини дека ќе продолжиш така долг период, додека не се испокршиш цела.

    Затоа, стани девојко, вразуми се, скокни го тој камен и не се враќај на истото место, престани да се измачуваш себе си за не битни и не реални работи бидејќи сигурна сум дека додека да дојде време да го прочиташ ова, нема да имаш еден здрав нерв за да го разбереш од толку солзи и непроспиени ноќи кои во добар дел биле без ама апсолутно никаква причина ами фантазија.
    До сега, се надевам дека она на што мислеше секоја вечер пред да заспиеш ти се остварило.
    Дека си успеала да го работиш тоа што го сакаш и дека си многу силна, смирена и сталожена личност.

    И се надевам дека моментално ме читаш со своето детенце во стомаче или во лулашка покрај тебе додека човекот на твојот живот те милува со поглед очекувајќи што побрзо да се ослободиш за него.

    Промени се, биди силна, биди она што сите мислат дека си, бидејќи навистина си и сите знаат освен ти!
    :l:
     
    На Antigonna, Libera и rici.aaaaa им се допаѓа ова.
  8. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Miss Ricci и јас се пронајдов во твоево писмо :*
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  9. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Мила Лавли

    Ти ја посакувам сета среќа на овој свет , да го постигнеш тоа што го сакаш, да најдеш мир и спокој, да уживаш повеке во животот, да постигнеш успеси на секое поле. Давај ја својата љубов, бидејки само една книга повеќе прочитана дозволи да ти го смени животот и да те натера да размислиш длабоко за иднината.Биди горда на себе, на тоа што си , и пред се горда на сикреноста која ја имаш, а која малку ја поседуваат, тоа патем е и една од твоите најголеми карактерни особини. Немој да бидеш себична, не се плаши з аништо, биди горда и своја. Продолжи да одиш таму каде што тргна .

    Давај повеќе љубов отколку што можеш,сакај го својот дечко бидејќи тој прави се за тебе,неизмерно те сака,те почитува и е горд на тебе, а ти во моменти не веруваш во тоа. Многумина би ја посакале таа љубов, но дозволи овој миг да биде само твоја.

    Дај голема насмевка на лицето, малку шминка, и во прошетка.

    Те сака твојата совест !
     
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.671
    Пол:
    Женски
    Еј ти, луда женска главо,

    Се надевам дека си ја остварила замислата околу сите некогашни итни и битни „проблеми“ и задолженија и искрено се надевам дека не си станала анксиозна при нивната реализација, зашто ако навистина сѐ уште се цениш и сакаш себе си како во моментите кога ти доаѓаше да се самогушнеш и да се потапшаш по рамо - сигурно веќе си сфатила дека сите тие нервози и трескања од земја биле непотребни.
    Се надевам и дека не ти е жал, зашто ... поминало и тоа, веќе одамна.
    Доста седиш пред компјутер, оди гушни го и трошете уште делчиња од животецот, заедно. Зашто заслужува да добие посветено време, оној кој ти ги бришеше солзите и ти велеше да дишеш длабоко и да се соземеш кога беше на раб на тотално разочарување. Знаеш дека ќе биде подобро, некогаш.
    А можеби и веќе е, зар не ?
    Не потклекнувај пред предизвиците никогаш, дури и ако не успееш да се справиш со нив.
    Запиши си ја мислава, испринтај ја, стави ја во новчаник (се надевам дека си купила конечно |( ) или залепи ја некаде каде често ќе ја гледаш.
    Ова ти беше слаба страна - мекуш си. Па се надевам дека си научила да се справуваш и со таа твоја некогашна слабост ...

    Те поздравува твојот некогашен одраз во огледалото, драга моја М. од сегашноста.
    Биди добра. :hai:
     
    На Jordanovska-K му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Camellie

    Camellie Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    107
    Драга девојко,

    ти го пишувам ова за да те потсетам на нашите жолчни расправии и дискусии. Ако си успеала да се смениш, веќе нема да слушнеш од мене. Ако не - тоа е едно длабоко разочарување.
    Зарем не ти беа доволно нервози и црни мисли кои само си ги трупаш на срцето. Сфати веќе еднаш!!! Никој освен ти не се мисли за тие работи. Можеби не си тоа што си замислила, ама па што ти фали овака? Исфрли го целото сомневање што го имаш за себе. Престани толку многу да им веруваш на другите и верувај си - колку и другите да велат дека е грешно. Стави се себе си пред нив, гледај напред и не се врти на страна, а назад па - ич!!! Знаеш дека човекот си е сам на себе најголем непријател. Негативноста и немањето самодоверба се тие кои те влечат надоле и не ти го покажуваат излезот. Собери сила и фрли ги далеку. You can do it!!!! :D

    Не преценувај, ниту потценувај некој. Полека со импулсивноста, не може некој веднаш да ти стане најдобар пријател или најлош непријател. И сама си видела дека со избрзување правиш грешки. Закочи малку и размисли. Не оди веднаш во екстреми, средната мера е најдобра.

    Повеќе движи се, читај по некоја квалитетна книга... и прочитај ја, не ја оставај на пола!!! Се надевам дека се научи дека кога ќе фатиш нешто треба да го истераш до крај, а не да го оставиш на средина зошто нешто ти се видело поинтересно. Стабилизирај се веќе, имаш 30+ години!!!!

    Сега за сега толку, се надевам дека веќе нема да чуеш од мене. Јас сепак ќе си чучам во некое темно ќоше во твојот мозок, чисто за да те потсетам на сите глупости...
     
    На BeLLaDona23 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    мила мири :)

    минатиов преиод сто измина ти се слуЧија многу работи,работи сто мислесе дека нема да ти се слуЧат,работи кои беа тески и работи кои бесе радосна.
    ти си една лиЧност која неможе да ги привати оние лазења,оние лоси работи од овој свет,ама знај дека денес сите така живеат за подобро нив.
    те молам, обидисе и направиго следново во иднина,обидисе да не се нервирас за работите кои не се како сто сакас и каko сто треба да бидат,обидисе да ја тргнес нервозата од тебе и да бидес позитивна и со голема верба дека тоа сто треба и сто сакас да биде ке успее многу бргу. ;)
    живеј смирено и се не носи на срце :!: така да смирис малце овие стресови сто ги помина.
    смеј се,јади,пиј,пеј,трЧај,радувајсе, знас засто :!: имас прекрасни родители и внуци и сестра, а маж koj е само твој. :*
    имас многу работи сто многу мина ги немат :) затоа радувајсе,а на тие негативци во животот ама воопсто не ги гледај :)

    и така мила моја мири :) од сега натака ова да биде :!: се разбравме ;)
     
  13. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Dear anichka

    Се надевам дека некаде седиш,со водка швепс во рацете,и славиш за положената матура.
    А воедно си и горда на твоето затегнато тело особено стомачните.
    Славиш и за преболената љубов,се смееш гласно,и наздравуваш за бившата на твојот бивши.
    Се надевам дека успешно се избори со твојата срамежливост,редно беше,покрај сите тие пропуштени шанси токму заради неа,како главна пречка.
    Се надевам не си повеќе невина,и научи да уживаш во моќта на сексуалното задоволство,секако со оној вистинскиот,кој сакаше да ти биде прв,а ти него последна :)
    не сакам да бидеш разочарана мила моја,ако баш не ти излезе по планот,знаеш дека машките се големи гадови.
    Баш ме интересира момчето со кое последно се гледаше, дали ти пишува од далечната Швајцарија.
    сигурна сум дека не те заборавил,остави предобар печаток кај него.
    Душичка моја,таман ти се посреќи со некој,тој ја кидна..
    Ќе се врати мила,повторно ќе бидете заедно.
    Незнам баш точно каде се наоѓаш дали Скопје на музичка академија,или си тапкаш покрај Охридското езеро,одсекогаш си го сакала факултетот за туризам..
    Незнам знам само дека до последно се двооумеше,се надевам си ја донесла вистинската одлука.
    пиши ми
    те сака твојата среќна ѕвезда <3
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  14. deedee0

    deedee0 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    364
    Драга deedee0

    Здраво. Се надевам дека се е добро и дека не си веќе песимист како што беше пред неколку(или можеби повеќе) години. Дали сеуште се караш со сестра ти? :^) уфф имам толку многу работи да те прашам, па не знам ни од каде да тргнам...
    Кога ќе го читаш ова веројатно ќе имаш матурирано, но и нервно попуштено. Памтиш дека порано се замараше за се и сешто? Дај Боже да не си таква веќе, се молам да си сменета и да не ти е гајле за другите, бидејќи секогаш кога се обидуваше на некого да му помогнеш на крајот ти испаѓаше крива :puke:
    Сеуште збориш со другарките по 5 саата на телефон? хахахах some things never change :$
    Веројатно си на факултет или пак си веќе вработена. Ако си стигнала толку далеку се надевам дека ја работиш работата што те исполнува и прави среќна, бидејќи и самата знаеш дека кога нешто не правиш со цела душа и срце, не можеш да постигнеш добри резлутати. Дали имаш време да одиш на пливање? Ако си прекинала со тренинзите, ова писмо нека те мотивира да се запишеш повторно. Памтиш ли колку среќно се чувствуваше за време на секој тренинг? Пливаше во водата како делфин и сите грижи ги снемуваше само со еден замав на раката.
    Уште една важна работа што сакам да ја запамтиш е дека секогаш треба да и веруваш на својата интуиција, бидејќи никогаш те нема излажано :!:
    И секој пат кога ќе помислиш дека си басуз запомни дека имаш повеќе среќа отколку што мислиш!

    Поздрав :hai:
     
  15. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Мило SONCE


    Самото твое име кажува колку силно грееш и си тола душа.Хороскопскиот знак Овен најдобро те отсликува.
    Дал да почнам со критикување или фалење за постапките на мојот живот се прашувам во овој момент.
    Додека се убивам од досада во оваа запушена соба од цигари го составувам писмото и за чудо една инспирациија во мене за пишување.
    Ти ја давам целата подршка да чекориш уште посмело во животот само напред....
    Колку беше наивна добродушна искористена повредена останаа траги кој се паметат но никогаш на никој не се налути на никој директно во лице ништо не му кажа си плакаше тивко сама во собата ,да можеби е грешка малодушна душа страв да не останеш сама но не се каеш поради тоа тие луге се со тебе ги сакаш и се им е простено.Паѓаше во бездната се соочуваше со проблеми,душевни,финансиски но најдоброто го имаше покрај тебе ,мајка ти нејзината подршка.
    Грешки непотребни нервози плачки се -то тоа е дел од твојот живот да тоа те направи да си посилна позрела и самостојна.Согледуваш ли во последно време помалку плачеш на ситните проблеми не им придаваш важност и се помалку се нервираш.
    Твојата заоблена снага измазнетото лице бистриот поглед веселиот дух се ова те издава sonce драго дека си срекна личност исполнета и задоволна немој да го брзаш живот како што го правеше досега знаеш дека не е добро и имаше последици.
    Во иднина немам големи желби зошто затоа што работам на нив и една по една се исполниа...
    Убавата насмевка позитивноста смислата за хумор во иднина треба да останат зачувани затоа што си тис таа неможе да биде поинаку....Уникатна ,посебна карактерните особини во иднина да ги чуваш добрината,работливоста дружељубивоста неалчноста за пари човечкото во тебе што го носиш.Остани хуманитарец и најголем другар тебе тоа те исполнува и во иднина зачлени се во некоја хуманитарна организација и биди дел од тој тим.Работи од ентузијазам така во иднина ке бидеш посрекна.
     
    На Jordanovska-K и levely им се допаѓа ова.
  16. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Драга Левели

    Пааа незнам од каде да почнам има толку многу работи за кажување.Како и да е ,супер е тоа што одлочи (со поддршка на твоите родители) да учиш средно во друг град, а воедно и да посетуваш часеви во модна агенција, и покрај тоа што сите беа против таа професија.Но тоа е далеку , сега ти се наоѓаш во Париз , твојот град од сонштата , ти се оставари најголема желба во животот , ангел си во Викторија Сикрет , имаш добра работа како главен уредник на списание и стан со поглед на Ајфелоата Кула....Се ти оди како подмачкано зарем не? Стигна до посакувана цел , и покрај тоа што на тој пат до упехот наиде на многу пречки , но беше јака , не дозволи тие да те соборат и да те наведат да милиш дека не можеш да успееш во остварувањето на своите соништа.Се надевам дека си ги повлекла твоите зборови од пред многу години, сигурна ли си дека сега не сакаш да се вратиш во твоето мало градче , да се видиш со родителите, роднините , а најмногу со твојата сестра , зарем не паметиш колку пати велеше дека не ја сакаш , зарем на паметиш колку пати велеше дека не сакаш да видиш никој , дека сакаш да избегаш во Париз и да не се вратиш до крајот на животот.Сигурна сум дека сега сакаш да ги повлечеш сите тие зборови ,знам дека доколку имаш можност (а немаш) би го фатила првиот авион и би се вратила во Македоја , земјата која не сакаше ни на пишан камен да ја видиш , би ја гушнала својата сестра и родителите , братучедите , бабите ,дедовците , вујните , чичковците....сите до еден......Знам ни таму животот не е лесен но барем го живееш твојот сон , се надевам.....Толку од мене.....биди среќна......
    И мавни си ја мислата од глава дека не ти требаат деца, затоа што тие ја прават смислата на животот :)
     
    На sonce777 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Драга Ана,



    Не знам што ќе ти се случи низ животот и каде ќе те однесе ветрот.
    Само се надевам дека ќе продолжиш да ја бараш среќата во малите нешта и конечно ќе го прифатиш фактот дека животот е само едно патување со воз. Луѓето постојано ќе влегуваат и ќе излегуваат од него. Едноставно - тоа е кругот на животот.

    Патем, не заборавај секогаш да гледаш низ прозорецот.
    Секое нешто крие своја убавина.
    Пронајди ја.
     
    На Jordanovska-K, Umbrella22, lunicka и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Nefertitii

    Nefertitii Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    239
    Мила Нефертити

    Знам дека беше тешко да донесеш некои одлуки ,но благодарение на нив си сега каде што си.
    Се надевам дека кај и да е сега се спремаш да пиеш чај со млеко ,отсекогаш го сакаше дождот и ти се оствари желбата да живееш во Лондон.Гушни го тоа малото црнче што се топиш кога ке ти рече мама.
    Кај и да е љубовта сама ке си дојде,секогаш си била независна и никогаш не те интересирало туѓото небитно мислење, затоа и стигна до овде.Можеби жалиш за него ,но секоја убавина си има своја цена .
    Доживеа многу падови но исто толку и издигнувања ,затоа не жали за тоа што било ,тоа веќе поминало спреми се за она што допрва доаѓа.Секогаш беше дете во душата желна за авантури,знам дека ке доживееш уште многу убави работи.
    Биди храбра и упорна ,тоа е патот до успехот .
    Животот е автобуска станица ,сама бираш во кој правец ке отидеш.

    Старата ТИ.
     
  19. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Ричи.ааааа
    Успеа да се спротиставиш на твојте стравови,го послуша ехото на сопствената душа и ѓи тргна тие тмурни облаци.Но внимавај се уште не е готово...Биди силна бидејки патот на животот ни дава широк преглед на можности и предизвици.Но поучена од грешките ќе напишам само не се опуштај и неверувај премногу...Уште ќе патуваме низ нашиов живот,биди силна и верувај во себе.....
     
  20. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Драга идна Леличке,
    ете сум пак... не се секрај, знам дека се уште многу слатка како сега. Знам дека веќе не се нервираш што времето надвор е тмурни инаку е веќе април... И се надевам дека нема да ти требаат во живтот оние хемиските поими. И не знам зошто ли ќе ти е маетематиката? Ти ќе бидеш писателка, тоа е тоа, ти ќе бидеш уметничка душа. Чекај малце, се збунив, ти СИ уметничка душа.. а тоа е супер.

    Мислам дека дрвото кое моментално го гледаш преку прозор пораснало дури преку кровот на куќата каде што стои.. да, и проклетиот ветер не го однел борчето. Ако го однел се надевам дека е први април - како сега. Всушност, не... на први април не дува ветер, ами рози цветаат. Не, никогаш не научив дека розите не растат на први април... Не знам од кој се состои твоето друштво сега, ама се надевам дека има барем еден што останал од девеес-деветката.

    О, дали е тоа сонце надвор? :sun: Прекраснотии. :inlove:

    Па, како што знаеш, госпоѓице ******, се што правам сега правам само за тебе.. Чудно, зашто јас никогаш не правам работи за другите освен за себе, за жал.. Всушност, малку е иронично, зашто јас ова што го правам не го правам за некој друг, туку за самата мене. Да, дури и не ми се верува дека ти се вслушност јас! :o



    [​IMG] ОФФ!! Секакогаш ли, мори Лело си вакви? Види мори што пишуваат другите во писмата, охрабри се, крени ја главата, а јас? Јас пишам дека не ми се верува дека ти сега си всушност јас.

    |( Хау јес ноу...

    Ајде чао!
    Твојата, стара Lеееееееееwwaaa! :drunk: