Драга Ема Се надевам дека не го читаш ова после гледање на некоја серија! Ако уште гледаш серии маратонски и не правиш ништо продуктивно во животот срам да ти е Па ти дечко си имала? Браво браво, уште долго да си идете! Сакам да те гледам вака заљубена и среќна.. Неможам да не приметам дека си права бомба, значи се исплатело сето ова потење од вежбање и диети држење. Супер си Еве неколку совети од старата ти Немој да правиш непромислени ствари, простувај на луѓе и не ставај се на срце, еднаш се живее. Не се нервирај толку. Фантазирај, играј, пушувај уште дневник, вежбај, учи, доброо ајде, изглеј некоја епизода..Не сум до толку лоша па и ти Пред се, не се затварај дома, како што јас сега правам. Се надевам дека тој проблем си го решила.
Кај си бе Цацко сува лепото Додека го читаш ова знам дека се смееш, ете видиш како знам Се надевам дека ја доби и шмизлата која сега се вртка околу тебе и гледа како да те изгребе некој денар за нови чевли а малиот сега веќе голем девојки по дома ти носи, син на мајка тој Сигурно фати некое темпо на живот и водиш по смирен живот, тогаш си ја добила најголемата битка. Гледам со тек на време го убеди мажот и куче да ти земе , ако убаво, животните знам дека те смируваат. Дворот како бавча го работиш гледам, од кај црпеш енергија од цвеќињата Еј, золвата ја омаживте ?? туууу штета ајт со здравје се гледаме кога ќе чуваш внуци Спојлер не ја разбирам поентата на темата него ај
Мила Дони Кажи колку смешно ти изгледаат сите работи кои ги гледаш ти сега, а јас се нервирам. ЕЕЕее знам, си викаш е да го имав овој памет тогаш...Дони за почеток да ти кажам право се надевам дека си дошла до поубав компјутер бе мајката, редно е, човек не може едно писмо да ти прати на раат. Се надевам дека и ти си се вработила по мерак, знам јас ти си единствена будала од твоите колешки што сака да стои на шалтер во аптека. Се надевам дека си работиш мирно во некоја аптекичка, а потајно си правиш планови за своја. Абе сам директор на себе е најубаво, нели? Се надевам дека кога ке дојдеш дома ти трчкаат барем две мали дечиња. Се надевам дека маж ти те сака и цени како сега. Што направи со идејата да се запишеш на книжевност? Знам дека отсекогаш сакаше. Пишувај Дони пишувај ти си поетична душа, и да цртај повеќе инаку ќе пукнеш од емоции. И за крај се надевам дека се научи да молчиш понекогаш. Поздрав, Твојата Дона2013
Мила идна Sweet Candyy Се надевам дека ќе го прочиташ ова писмо. Се надевам дека твоите желби се исполнети и дека сега имаш завршено факултет во Лондон и дека сега се наоѓаш во Њу Јорк кај роднините. Се надевам дека досебе имаш еден прекрасен човек кој те подржува и те сака без оглед на се. Се надевам дека животот ти е таков каков што ти посакуваше пред многу години. Незнам што ти се случило сиве овие години кој сеуште се пред мене, кои сеуште јас не сум ги проживеала, но знам дека досега проживеаното ти беше премногу за твојот краток живот... Мислам дека ако досебе го имаш саканиот и неговата љуови ќе можеш да поминеш преку сите планини на светот. Тоа го знам, во тоа сум сигурна. Всушност незнам колку твоите чувства се измениле преку годините, но едно знам, дека ти секогаш во душата ќе останеш иста. Ти секогаш ќе бидеш наивна, со мека душа, тврдоглава и секогаш ќе ти треба нечија подршка и љубов. Незнам што уште да кажам и да ти посакам, освен да ти кажам ти посакувам се најдобро. Со надеж за подобра иднина и повеќе успеси. Со љубов старата ти. Ми олесни затоа што си кажав што сакам за себе во иднината. Се надевам дека веќе "нема" да го користам зборот се надевам.
Лепа бе! Ти си дипломирала! Конечно, а? Еее ти си исполнила една желба...уствари две! Со твојот А. си сега нон стоп заедно. Поминаа и тие нервози. Нема сега далечина, гушкај го, до тебе е. Како викаше дури пиевте кафе со другарките, "Барем на две минути да го видам, да го гушнам и толку." Е сега го имаш, до тебе, гушкај го кооолку ти душа сака. Верувам и писмово го читате заедно. Туку, го задржа твоето презиме? Мх, мх, сигурно убава невеста си била, не се сомневам во тоа. Ќе одмараше после дипломирањето, ама ти немаш мир девојко и свадба направи. Ако, го чекавте и го заслуживте тоа и двајцата. Работа најде? Знам, знам, ќе шетате сега со А. Ајде сега едно бебенце, не заборавај, отсекогаш сакаше млада мајка да си. Се' се среди. Гледаш? Џабе се измачуваше. Ќе ти пишам јас пак, а дотогаш уживај во заслуженото.
Драга Вики... -Знам додека го читаш ова се смееш, си мислиш кај ми бил разумот кога сум го пишувала оваа. Али ајде, да не ти биде срам од самата себеси само сакам да кажам дека сигурно до сега си успеала нешто во животот, како што одсекогаш сакаше! -И да, можеби и си се заљубила. И еден совет „Никогаш, ама баш никогаш не се врти назад, живтот твој продолжува. Ќе имаш подеми и падови но ТИ треба со крената глава да се соочиш со се! Тоа... Гушкиииии
Драга chocolate...girl Се надевам дека сега во мај ке зедеш некоја стипендија за да се запишеш во Yayha Kemal College. Би била среќна да си најдеш подобар и поубав партнер, бидејќи тој не е за тебе и нема да се осеќаш убаво до дека си на прославата. Те молам да си најдеш подобро друштво, затоа што ќе те израсипат и тебе и рано е сеуште да размислуваш за дечко! Излегувај почесто, дотерувај се, не си само ти дебела на овој свет (поточно не си каца, туку само имаш вишок килограми). Не биди потрчко за само да имаш другарки. Помагај и на мајка ти, бидејќи и таа има свои проблеми како што имаш и ти. Ајде биди ми со здравје и дигни ја и ти главата бидејќи ти што мислиш за некои души оти се над тебе и тие го мислат истото за тебе.
Драга Морганке Ќе помини време и ќе видиш дека сите тие твои проблеми биле само обична шега.Се надевам дека си одбрала еден факултет меѓу филозофија и криминалистика и дека не жалиш што не си се запишала на другиот.Се надевам и дека си расчистила со семејството и сега те почитуваат и си во добри односи со нив.Се надевам и дека си во добри односи со скопјанецот кој се претставуваше дека ти е сродна душа.Продолжи си со пишувањето дневник и текстови,собирање слики,цртањето и пеењето и онај луд мозок кој постојано смислува авантури. Покрај тебе очекувам дечко и друштво кои просто те сакаат и те исполнуваат.Се надевам и дека барем до сега си била навистина среќна. Поздрав од твојата психа ФатаМоргана
Мила јас Искрено се надевам дека не го читаш ова писмо во раните часови, како што љубеше да правиш како помлада. Се надевам дека сега си во твојата куќа од соништата, го гледаш како спие, а ти правиш планови за наредниот ден. Знаам дека си успеала во сите твои цели и веќе си го исполнила својот сон. Потајно се надевам дека не си иста како пред 10 години и не се грижиш за се и сешто. Ќе те навратам во детството од кое немаш многу убави спомени, се сеќаваш ли кога немаше со кого да си играш, се сеќаваш ли кога куклите ти беа единствени пријателки, кога првата љубов те остави поради нешто тривијално!? Се сеќаваш ли на сите навреди, на сите понижувања во средно? На малтретирањата!? Се сеќаваш ли на ноќите поминати низ солзи, на ноќите поминати со добра книга во рака, на ноќите во кои требаше да скиташ и да запознаваш нови луѓе, но место тоа ти седеше дома и работеше на себе? За се да оставиш зад себе и да заминеш во сосема непознат град, сосема сама. Се сеќаваш ли како ти се промени животот тогаш? Не, немој да се каеш поради сите лоши спомени. Тие те направија тоа што си сега денес. Силна и одлучна жена, која знае што сака, која го има тоа што го сака. Ти беше борец и ќе останеш. Колку ли пати само си паднала, па без никој да ти даде рака си станувала сама. Се надевам дека сега тој ќе ти дава подршка. Инаку да, имаше голема љубов пред 10 години, која се надевам дека сега ти е сопруг. Ако не, сигурно нешто зае*ал на големо, бидејќи ти беше толку вљубена во него, не ни гледаше некој друг освен него. Се надевам дека сте се избориле до крај. Немој да ги забораваш пријателите и роднините, тие ти беа се првата година на факултет. Поздрави ја мојата најдобра пријателка, знаам дека и таа успеала исто како и ти . Кажувај и фала на мајка ти секој ден, освен татко ти и брат ти, таа нема ништо друго. А, се надевам дека се грижиш добро за косата . Ама во никој случај немој да заборавиш која беше, од каде дојде и што постигна. Чекор по чекор мила моја, знаеш дека мирна вода брег рони. Од секогаш беше таква трпелива, остани таква. Те молам, бори се. Немој никогаш да се предаваш, дури и кога мислиш дека нема надеж. Те сака твојата помлада верзија. Пс Редовно јади чоколадо, дај му на душичката
Драга Катеринче Се сеќаваш како ти беше лани?-Епа конечно се научи да веруваш во своите соништа. Конечно научи да веруваш во себе, научи како да се однесуваш кон тие што заслужуваат добрина и кон тие што не ја заслужуваат. Научи многу работи, како на пример дека сите машки се идиоти и дека нема до толку да се вљубуваш повеке во ниеден. Научи како да го живееш животот! Мила иднино Во иднина сакам да продолжам да верувам во себе и да не слушам никог друг. Сакам да си терам по свое бидејки мислам дека тоа е најдоброто за мене а и за другите околу мене. Сакам повеке да учам и да постигнам поголем успех од сега. Сакам да си ги исполнам сите фантазии, бидејки сите тие ми даваат чекор кон иднината. Сакам само да кажам дека сонувам и верувам во моите соништа, бидејки еден ден сите ке ми се исполнат и тие ке ме водат кон самата иднина!
Драга рррррррррррррррррррр Ти пишувам од 2013 година. Се сеќаваш ли колку проблеми имаш само. Колку пати се караш со мама и тато, само поради тоа што не можат на ме сфатат. Се надевам ќе го прочиташ ова писмо и ќе се сетиш на љубовта. Знаеш колку си заљубена и колку го сакаш школскикот нели. Денеска е Недела а ти си многу тажна бидејќи тој се нема уклучено 5 дена на фб. Се прашуваш како му е, дали е добро. Но за жал прашањата се неодговорени. А го немам видено 2 дена. Сепак незнам во која година ќе ти стаса писмото, но знам дека еден ден ќе го прочиташ. Во иднината од мене сакам да остане само мојата упорност, и големата надеж што ја имам. Би сакала да сум барем малку променете и да не бидам многу наивна и на секому да му мислам добро како што сум денес, бидејќи знам дека ако сум останата таква со добра душа, сигурно во животот многу ќе страдам, многуу. Je t'embrasse, oui tu parle france
Драга Лара Ова писмо напишано една темна ноќ, проследена со горчливи солзи кои допираа длабоко до твојата душа и си мислеше дека те уништуваат... Со испреплетени мисли и страв од иднината... Гледаш, страв и солзи воопшто не биле потребни. Иднината си го направи своето. Ти си сега една среќна и зрела личност, која не верува секому, која станала успешна и без ничија помош. Која знае да се носи со проблемите и знае како да најде решение за нив. Имајќи ги покрај тебе луѓето кои неизмерно те сакаат и ги сакаш, ти си најсреќната личност на светот. А знам, сеуште постојат оние прашања на кои ти никогаш не доби одговор, немаш одговор ни сега... а и не е потребно. Нека се биде онака како што е. Тие одговори и воопшто не ти се потребни. Знам дека можеш многу и ќе успееш, верувам во тоа.
06.05.13 Понеделник 0:07 Здраво! Ако се викаш Наталија- читај, ако не- дај и го писмото одма на мајка ти оти ќе те кажам на тато! А Роберт Патисон и нема таква лесна рака нели? Јас нема да напишам ништо сериозно во писмово, така да нати44, слободно читај! Што и да работиш, знам дека си ја избрала вистинската професија.. Ако има пари де, а знам дека има.. Кога Питер ти е маж.. Аа Роберт беше.. Извини! Исто и кој маж и да си го избрала - не си зажалила.. Кога сите се толку згодни.. Децата немој да ги жалиш, Сети се на мене секогаш кога нема да им дозволиш да седат до касно на компјутер! Па ќе видиш како се спие уште во 9. Нешто немам инспирација денеска, така да оди види да не ти изгори тортата од кавијар.. После нема што да го послужиш Чак Норис!! АА да! Да не заборавам.. Христос се роди.. оваа ВОСКРЕСЕ!! И уште нешто заборавив.. Се сеќаваш кога цело лето не правеше ништо? Даа тоа лето 2012.. Кај ти бил паметот.. Хаха знам сега се сеќаваш кога сум го пишувала ова и си велиш- тогаш кај ми бил паметот? Јас ќе ти одговорам: во глава каде што обично им стои на луѓето!! ПС: Поздрави го Рафа греота е човекот што не ме запозна мене туку тебе..
Убава, мноооогу убава самобендисана Лела во 2000 и не знам ти таму која година, Ете сум пак јас. Аааа.. ти да не мислиш дека има спас од мене? Се лажеш, како и секогаш. Белки веќе не ти бучи над глава Will You Be There од Мајкл Џексон. Поздрави го. Од Хромоменталболимот, ако постои такво нешто, де! Сигурно не си ги сменила особините кои сега ги имаше. Како на пример да трчаш со брзината на светлината по скалите мислејќи дека некој оди зад тебе, дека се осеќаш непријатно кога камерата од компјутерот е свртена кон тебе! Дека ги користиш фацките од Фемина обидувајчи се да ги имитираш нивните ликови, дека имаш многу време, а 80% од тоа време го трошиш мислејќи што да правиш со останатите 20%, и кога нема да ти текне, онака на екс - ги преживуваш останатите 20% Убаво е тоа. Што и да е. И јас не знам што е. Ама сепак убаво е. Аха да! Многу убаво! А сега, кога веќе го читаш ова Спојлер Извинете за вас кои како мене немајќи што да правите читате глупави писма до идната јас напишани од мене, ама да ви кажам, не се замарајте, продолжете со скролање, тука не е нешто интересно, џабе влезница сте плаќале. Да продолжиме. Кога веќе го читаш ова........ ох да. Сигурно кога пишуваш текст пак го прекинуваш за да одиш до ВЦ и за милисекудна слугинката на Пепелашка (ако постои таква) со метла ти ги брише идеите од мислите. Да, си замислувам и звучни ефекти. Како и да е. Кога веќе го читаш ова, значи дека треба подхитно да го оставиш таблетот (се надевам) и да се фатиш за работа. Да подзачистиш низ дома, ова она. (Пак си ја замислувам метлата, за жал) Да ја фатиш метлата и шлуп - шлап да... не знам да излетиш. А потоа со метлата по глава. Па белки ќе ти дојде паметот дека тебе за метење, врткање, џогирање и други такви слични работи не те бива. Да, еве знам уште од сега дека со метлата во школо кога ми ја тутнаа враце за денот кога се чистеше, со рачката залепив добри шамари на неколкумина. Ех, така е. Ајде чао, јас си одам. Имам работа, и ти исто. Бај Бај!! Твојата убава, мноооогу убава, самобендисана Лела во 2013 година.
Драга Јас.. Ова писмо го пишувам наместо да ти залепам 2 шамари и да те разбудам од твојот волшебно-магичен свет.Се надевам во блиска иднина да не бидеш толку наивна и добра кон другите зашто како што и самата забележуваш наместо да ти се заблагодарат тие те газат.. Светов не е толку магичен како ти што го замислуваш.Тука не можеш да преживееш говорејки добри, слаткоречиви зборови, едноставно неможеш-околината те спречува во секоја твоја добра намера. Колку и да се трудиш секогаш ќе се најде некој со извртена и чудна дефиниција на зборот „паметен“ и ќе се потруди толку да ти го загорчи животот додека не зажалиш што си се родила.А зашто ?! Добро прашање но....сеуште не е пронајден одговорот! Се надевам дека ќе се опаметиш пред да те израмнат со асфалтот некои кои вода неможат да и носат на твојата добродушност,карактер и убавина. Yours Faithfully 3m43
Можете навистина да си напишете писмо до вас-во-иднината и да си одредите на кој датум сакате да ви пристигне. Електронски, се разбира. http://www.futureme.org/
Драга Барби! Сега е 2013 год,а писмово ќе го добиеш за отприлика година или година ипол.... Се надевам дека веќе не се нервираш за ситници и дека си посреќна од било кога.Се одлучи на кој факултет ќе идеш,нели?Се одлучи за Филолошки нели? Или не?Како и да е..Знам,знам имаш многу обврски..И веројатно зимаш часови за возење..?Матурата помина супер претпоставувам..Е за љубовна состојба,богами незнам Барби што ти е во паметот.. Знам дека сеуште средуваш впечатоци од се она што ти се случи во изминатава година..И признај плачеше кога си одеше од средно,наместо да се радуваш Ајде ја те оставам сега,биди поздравена Барби П.С. И ајде наместо да седиш на интернет,стани и заврши си некоја обврска 08.05.2013
Јануарска сесија 2014 Драга Хипица, Се сеќаваш како пред една година мака мачеше со Луди Елиот и како мачна Мод Гон (види фотос) со пушка на рамо се трудеше да го собориш? Го собори, се сеќаваш? Е, ако се сеќаваш, сети се дека тоа беше лани, нека не те фаќа мрза, имаш за учење.
Драга Белче Не е грешка да престанеш да играш спортска оти многу одамна немаш добиено ! Наместо тоа купи си еден пар балетанки да не одиш боса Или уште подобро стави ги тие пари што мислиш да ги уплатиш во фонд за црни денови, ќе ти се најдат. Престани да се правиш паметна и земи однеси детето во градинка, оти свекрва ти не може да го гледа,а и на колегите им скурчи да те мењаат на работа. Обрни му повеќе внимание на мажот ти и оди легни си порано, не виси на Фемина и Ф:Б оти ќе си најде швалерка па ќе ти биде криво. Со почит твојата идна Иднина