1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Писмо до идната јас

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од rici.aaaaa, 19 март 2013.

  1. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    3.936
    Допаѓања:
    30.769
    Пол:
    Женски
    Драга Qween

    Што се случува со тебе? Зошто мора да си толку добра кон луѓето кои не го заслужиле тоа? Зошто секогаш мораш да попуштиш,само за да нема повеќе караници и расправии?
    Пред 2 години,ти беше поинаква.Зошто се смени тоа? Искрено,веќе не те познавам.Си ја сакам старата Qween назад.Таа Qween,која беше цврста и строга девојка.Таа која секогаш кога и да ја повреди некого,го повредуваше дупло,а не му простуваше.Таа која имаше остар поглед и мала насмевка на лице,а сепак среќна! Може пак да ја имаме таа личност? Благодарам,пријатно. :)
     
    На Crna Dama му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Agatha

    Agatha Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    1.147
    Конечно разбра дека животот е бројки а не чувства. За доброто на тие околу тебе. За тебе и онака нема да биде добро!
     
    На Crna Dama му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Драга Бјути..(после 1 година читање)

    Како си?Дали конечно откри која всушност си ти?Што всушност сакаш и што те исполнува?Или сеуште трагаш по себеси?Ако е така не се грижи,сеуште си млада и има време да се пронајдеш.
    Дали си задоволна од животот?Дали си среќна?АКо не е тоа така,зашто?

    Дали си сеуште со истата личност која што не прави ништо добро и убаво за тебе?Што ти брани милион работи и што не се грижи за твојата среќа?-Ако си со него,дали си среќна?Дали се сменил?Дали е он тоа што ти го посакуваше цел живот?Да знам дека сакаш вистинска љубов НО дали ја најде?Затоа што личноста од сегашната јас не е вистинскиот.Ако си прекинала со него,и ако има друг или пак и да си сама и ако сеуште ти фали и недостига само сетисе на се.Отвори си ги Лп и сети се на маките кои што си ги имала за што се си се жалела...

    Но што и да се случило сигурна сум дека се каеш.Ако си сеуште со него се каеш зашто си и зашто го трпиш неговиот однос.Неговата незаинтересираност и одвратност.А пак ако не си гарант ти фали.Ти фалат неговите добри особености-што иако ги има многу во однос на неговите мани се ништо.Да сите имаме мани ама само сети се што се он ти правеше.

    Живот иде даље,не очајувај...Имаш фамилија,а и се надевам и најдобрата другарка е сеуште до тебе...
     
    На Crna Dama му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Здраво Голден,
    Се надевам веќе дека тиквата ти проработела и не си екстремно глупава како што си сега. :rofl: Се надевам дека барем си исполнила нешто од тоа што си замислила.И после 5000 години ти текнало да се ставиш на диета и да ослабнеш.Уште си ли заљубена во него?Залудно е.И иди да ги поравиш оценките трапезоид еден.Се надевам дека нема да се правиш паметна и ќе ја користиш црпката.Каков кикс :rofl: Ајде иди да спиеш Голден,глупа си. :wasntme:
    Чао :*
     
    На Anja98 и kristince51 им се допаѓа ова.
  5. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    по 30год...
    Ти пишам со голем фонд, претпоставувам слабо гледаш...кога ти викав да си купиш наочари ..ти не ми стојат е сега ако ти е... Се надевам дека имаш деца , сопруг,...можеби и внуци. Се надевам дека барем имаш некој а ако немаш сместа да одиш во дом за старци. Претпоставувам дека го среди носот и веќе дишеш нормално, а ако не си го средила мислам дека е крајно време да го средиш, каков ке биде таков, на 60 сигурно нема да најдеш некој. Се надевам дека за овие триесет години успеа барем да го прошеташ пола од светот. Не ти сум лута за ништо. Знам дека да ти се даде повторна шанса пак би ги донела истите одлуки. Нели криво дрво не се прави. Многу добро се познаваме за да се лутиме. Само да знаеш дека ако барем малку си среќна и задоволна од себе и ако имаш за секој нареден ден тогаш сме си ја оствариле желбата ...нема потреба од повеке. Биди ми жива и здрава
     
  6. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    кај и да си, ако го читаш ова жива си, и добра си, поз
     
    На Crna Dama и disaster им се допаѓа ова.
  7. kristince51

    kristince51 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.021
    Здраво кристинче51
    Ако го читаш ова после 5години значи си жива и здрава тоа е најдобро и најубаво, се надевам дека твојата цел е постигнена , дека не си во сенка на другите чекајки да дојде твоето време,ако не си постигнала тоа што сакаше мислам дека треба да се освестиш да истапиш да ја бараш твојата цел а не да живееш исполнувајки ги целите на другите, ти си храбра , смела и способна жена искажи го тоа доста чекаше сепак еден пат се живее ако си во позадина секогаш кога ти ке живееш кога ти ке исполниш твоја цел, се надевам керкичката е добра и здрава и веке е самостална спремна за својот живот а се надевам дека ја запиша на англиски и германски и играорна :inlove: како што беше планот поздрав и неоткажувај се
     
    На Crna Dama му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WaffleGirl

    WaffleGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2014
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.046
    Waffle?Каква Waffle? луда една.Абре знаеш што си ветила себеси,а?,а? Знаеш ли?? Дај веќе не прекршувај ветувања кон самата себе.Ако си Waffle никој нема да те јаде..
    У кој свет живееш?Доста веќе плетеш глупави алки..И дај разбери,нака не те потсеќа таа песна на него
    Ајде голем поздрав,
    :wasntme:
     
  9. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    13.035
    Пол:
    Женски
    Хеј, ако некогаш го прочиташ ова, знај дека мора да силна. Запали го светлото во тебе, врати се во моите денешни мисли... Го направи тоа? Знаеш што се ми се случи денес, и мора да останеш силна. Не се предавај. Не потпаѓај на чувствата, не се заљубувај лесно, биди бунтовник.
    Сети се на сите личности кои влијае на твоите промени, сети се на силните настани, сети се на болката, сети се солзите. Не требаше да го пролееш, но да го оставиме тоа за другпат. Тука сум јас, секогаш ќе бидам. Можеби наредниот пат кога ќе го прочиташ ова ќе бидеш оставена сама, но јас сум тука. Јас, единствено јас сум тука. Распали ги спомените, сети се на насмевките, сети се на среќата која можеби ја немаше многу често кај тебе. Насмеј се, и сети се, ќе биде подобро. :)
     
  10. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Драга Ања,
    се надевам сега си задоволна со својот изглед со кој се заморуваше толку долго време. Остани цврста и решена како што си секогаш,и не дозволувај на никого да ти стои на патот. Ако сакаш да студираш медицина,студирај. Ако сакаш да станеш кардиолог,стани. Не се заморувај многу со тоа што мислат другите. Се надевам престана да се замараш со копукот кој ти го скрши срцето. Сигурна сум дека заслужуваш многу подобар,некој кој ќе те цени таква каква што си. Избувлива,искрена,остра,ладна,но во исто време дружељубива,насмеана,позитивна,биполарна,со еден збор комплицирана. Потруди се да не ја фрлиш сестра ти од прозор и покажи разбирање,сепак мало идиотче од 12 години е. Покажи и барем малку на мајка ти дека ја сакаш и дека ти значи тоа што би дала се за тебе. И не заборавај,најважно е тоа ти како се чуствуваш и ти што мислиш. Ништо не постигнуваш ако ги задоволуваш другите. :*
     
    На Crna Dama му/ѝ се допаѓа ова.
  11. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.032
    Допаѓања:
    26.557
    Драга Роуз
    Зошто неможеш да се помириш со фактот дека никој не е совршен,дека колку и да се поправаш не вреди.Сите ќе те гледаат така како што тие сакаат,а не каква си всушност.Неможеш ли да разбереш дека ретко ќе најдеш другар што секогаш ќе биде тука за тебе.Никогаш немој да се откажуваш,биди силна.Немој никогаш во себе да си кажеш:така е пишано.Тоа го прават само слабите.Биди силна.Биди девојка со цврст карактер.Немој да си девојка кон која сите ќе покажуваат со прст.Секогаш оди со исправена глава.Учи од најдобрите.И за крај биди како пеперутка убава да се види тешко да се фати.
     
    На Crna Dama му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Kaley

    Kaley Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    3.023
    Пол:
    Женски
    Драга идна јас :wasntme:

    Е сега знам дека кога го виде ова писмо ја имаш најголемата насмевка на лицето и се смешкаш, ама и некако како малку тага да те фаќа м? да, да (стално мори сестро те преовладуваат емоциите, знам, ..смали ги малце)
    И како ти е сега? Баш ме интересира дали си ги исполни плановите што ги имаше зацртано во животот :^) ?
    Најверојатно го заврши факултетот на време и се надевам дека сега веќе си вработена( го работиш она што те прави среќна) и го живееш животот.
    Хм уште си со В? Можеби сега сте во брак , заљубени како што бевте на времето, можда имате основано и фамилија дечиња, ах се надевам не се 8 како што си мислевте луда главо. Ма не е битно колку се, само немој да допуштиш да станат багабонти. :angel: А што знам сега јас? Може имаш веќе некој друг што чиста сумља тоа :?: , ама верувам јас во тоа дека секогаш ги носиш најдобрите одлуки, и немој да го даваш срцето тука така некому, не биди наивна. Само се надевам дека си среќна, дека се ти се среди во животот како што посакуваше, а можеби и замина од пустелијава, баш посакувам да е така, и сега со љубовта уживаш некаде таму без никој да ти смета, а ако не, ако си уште овде онадак тоа е, важно е да сте среќни заедно и да те слуша и чува како кралица :$ без разлика каде сте и со кого. Друго што сакав да пишам, сигурно научи досега дека пријателите постојано се менуваат, разликувај кога некој те бара ради корист, а кога ради тебе. И внимавај со какви луѓе се зближуваш знаеш и самата дека не се сите со крстот на чело.
    Но немој никогаш да заборавиш на мама и тато и сестричката, посетувај ги секогаш кога имаш време и гушкај ги.
    Насмејсе и кога ти е најтешко, не дозволувај да те нервира некој и ништо, и дај не биди веќе толку фина со луѓе кој не го заслужуваат тоа и знај да заржеш кога е потребно. Не биди стегната, биди дете уживај во деновите, стај го слободно мозокот во лер некогаш и опушти се посвети се малку и на себе. Ама не заборавај секогаш ама секогаш биди позитивна, оптимистична како што и отсекогаш си била. Бори се во животот за повеќе, но биди задоволна и со тоа што го имаш. Биди поотворена, покомуникативна личност :!: не се затворај. И уште нешто, помалку земај си ги работите при срце те молам, секогаш ќе фали нешто - факт, здравјето жено пази си го тоа ти е најбитно. Имаш цел живот пред тебе!

    П.С Живо ми е бе папагалчево? :angel: Не се подсмевнувај, озбилно си прашувам ..сега еве го до мене дреми и мрмори нешто зборува, знаеш какво е, душичка ^^.

    Гушки од 19 годишната ти.
    И знај дека си најубава!
    Чувај се, :hug:
     
    На Crna Dama му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SweetGirl234

    SweetGirl234 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Драга SweetGirl.
    Никогаш повеќе не дозволувај да те газат, никогаш не потпаѓај под нечие влијание, стој цврсто и не тепај ги сите како мене :$
    Тепај ги само тие што заслужуваат навистина, ама убаво истепај ги. :3
    Сакај го твоето семејство и никого не повредувај никого.
    Не се мрази самата себеси затоа што никој не е совршен. Не копирај никого биди своја. Не откажувај се од своите сништа можеби ќе ти се остварат. <3
     
    На Crna Dama му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    234
    При крај сум, ке биди донт вори.

    П.С. Да, расипан беше. Грешка број 15 во животот.
     
    На Jordanovska-K и kikikikirika им се допаѓа ова.
  15. Fatalnata

    Fatalnata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Драга Фатална,

    Веќе подолго време се бориш самата со себе, дозволуваш да грижите те надвладеат, работите кои не си ги завршила а требало веќе да се готови или при крај те убиваат. Престани веќе еднаш. Сфати дека и ти постоиш за се има време каде брзаш девојко! Цел живот е пред тебе, па што ќе правиш наредните неколку години ако сега сакаш се да сработиш и постигнеш.
    Млада си, УБАВА И ПАМЕТНА тоа многумина ти го кажале, факултетот кај и да е ќе го завршиш, не се оптоварувај со тие 2 испити кои треба да ги научиш и положиш во оваа сесија а не си почнала ни да читаш. Се ќе биде. И сама знаеш дека можеш.
    Обрни внинамие на себе, на луѓето околу тебе, уживај, имаш мн. убави шанси за тоа. Биди посигурна во себе. Биди со луѓе кои те исполниваат,смеј се, сакај се, УЖИВАЈ.

    Сл. пат кога ќе го читаш ова знам дека се ке е ок, и убаво ќе се изнасмееш на ова што си го пишала.
    А, да и испитите ке ги положит и тоа со висока отценка.
     
    На Crna Dama му/ѝ се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Драга Buba4e89

    Се животот си оди и си заминува, запомни не вредело за да останело тоа што сега го немаш. Немој да брзаш и биди си горда на себе си. Донеси, се што можеш да донесеш од далеку за себе и за другите. Дарувај, не биди себична. Се ќе биде во ред. Ако преживееш сега, прижевеј и за понатака.
    Ќе работиш со деца, те молам контролирај си го бесот и нервозата. Одржувај ја самоконтролата, заборави го она што те уништило и живеј за себе си. Биди среќна, секој ден укради насмевка и кого и да видиш од минатото одмини го со едно здраво и замини си. Остави го минатото да почива во мир, не се враќај и не се надевај дека ќе биде подобро, бидејќи иднината е подобра од него.
    Ако се омажиш чувај го тој покрај тебе, но гледај и тој да те чува. Ако не, не губи надеж чувај се за некој што навистина вреди да те има и плаче да го помине остатокот од животот со тебе.

    Те поздравува минатата твоја Јас од 2014 година.
     
  17. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.442
    Пол:
    Женски
    Драга Natemila

    Посилна си одошто можеш да си замислиш. Се надевам дека ке си го докажеш тоа што поскоро.
     
    На Crna Dama му/ѝ се допаѓа ова.
  18. blosson

    blosson Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    Најдрага Блосон,

    Оваа година беше година на поразите и на успесите :!: во твојот живот, се сеќаваш кога беше срушена до темел и исмејувана , изневерена од оние од кои најмалку очекуваше, па после следува пресвртот кога наеднаш доби шанса и чекор по чекор се издигна над оние што бараа само причини да страдаш..е сега ти останува да ги гледаш од ВИСОКО. Учењето и трудот се клучот за успехот и ја отвара врата на твојата желба да завршиш Правен Факултет, и да бидеш успешен адвокат во Америка :up: . Запомни ги тие луѓе кои не ти дозволија да се помрднеш од замката која ти а беа убаво ѓаволски наместиле, Памти па врати и се се враќа се се плаќа. Продолжи да бидеш самостојна и не давај никој пред тебе да биде (се надевам дека си ја научи лекцијата од лани знаеш People would kill to see you fall)

    XOXO
    blosson :l:
     
  19. Makeup

    Makeup Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2013
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    50
    Драга makeup

    Посилна си од што мислиш можеш да ја пребродиш секоа болка и гордо да продолжиш понатаму само обиди се биди своја имај свое ЈАС следи го остварувај си ги соновите и ке видиш дека се ке биде полесно . И најважно од се секогаш секогаш ама секогаш верувај во себе при најмала пад довербата се губи но не заборавај Нов ден нова надеж. :)
     
    На Crna Dama му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    302
    (Не)Драга СпоилдБејби,
    оваа година, поточно ова лето беше со многу падови,грешки,секакви испади и изливи на бес на твоја сметка,знам дека ќе ти треба време да го подзаборавиш тоа(знам дека нема да го заборавиш),знам дека имаш лузни на срцето од личности што ти упатиле зборови што не си ги очекувала,верувај ќе зараснат со текот на времето...те молам сокриј го малку инаетот твој,биди таа ладната личност-можеби така повеќе ќе те сакаат...мислам,не вреди на денешново време да имаш добра душа кога се околу тебе е лицемерие..знам дека понекогаш си велиш-за ваквите души како мене нема место на овој свет-ама сепак има едно специјално место за тебе-во неговото срце и неговата прегратка-чувај го тој човек!
    П.С.животот е пред вас деца-don't give up,it's not worthy и поздрав за тебе со песната Between the bars-Elliot Smith.
     
    На Crna Dama му/ѝ се допаѓа ова.